Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Dragan Stoilovski on 24.01.2014, Friday, 00:25:52
-
Здраво сакам да прашам дали некои знае дека во скопје може да се купи иструмент за детектирање метал и проводници под напон кои се наоѓаат под малтер.
Ако знае нека пиша во која продавница и каде се наоѓа, однапред благодарам.
-
„ Солено “
http://www.loging.mk/1661/183366/0/ShowProduct/Dvodelen_lokator_na_kabli_i__osiguruvachi
http://www.loging.mk/1661/178258/0/ShowProduct/Superioren_tragach_na_kabli_vo_sid
-
Зошто не си направиш? Едноставно е,мислам,а успева скоро секогаш 8)
-
Ако имаш смарт телефон постои апликација метал детектор мислам која функционира беспрекорно ;D
-
Да ли знаеш како се вика апликацијата сакам даја исталирам на телефонот и да видам како ќе функционира.
Споено мислење: 28.01.2014, Tuesday, 01:03:31
Имам правено два модела само некако са слабо осетливи за прекин на кабел да одредиш са тата мата али за проводник да најдеш под малтер не ги бива, ако некој има направено детектор кој може да детектира под малтер нека стави линк или ако прави нека каже цена ќе го купам.
-
Апликацијата се вика Metal Detector.
https://play.google.com/store/apps/details?id=kr.sira.metal&hl=en
-
Овој скен е од списанието САМ свој мајстор и уредот работи сигурно.Еден човек во бивша YU ги правеше и продаваше професионално ( ги имаше нагоре во продажба).
-
Во продажба најдов три четири модели али многу слабо фаќаат под малтер на некои 0.5cm ако некои знае продавница во која има детектори кои ќе откриваат проводници под напон до 10 cm под малтер или пак ако некои изработува нека пиша.
-
на бувљак имам гледано детектри на метал плус фазомер 10 денари беа...
-
Може ова ќе ти се најде, само види во подолните мислења..баатка што има постирано една шема.. ;)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11865.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11865.0)
-
Таа шема е за електроскоп,а човеков бара детектор...Тоа се две различни работи.
-
На сатот пишуваше дека мојата шема може да детектира тек на струја (проводници под напон) под малтер дебел 2 цм, а твојата шема е многу поосетлива и сигурно ќе може и подлабоко... Тоа што го пишав не го треснав така, со цврста подлога е... ;)
-
И на мојата и на твојата шема има врв направен од пертинакс или жица 5 см долга со која се допира телото кое е наелектризирано.Значи треба контакт да постои.Е,сега некој што пишал дека и напон детектира на 2 см под малтерот...тоа не го верувам.Овој принцип на откривање на водови со помош на магнетна индукција во полето кое го генерира проводникот под напон е веќе друга работа.
-
Јас знам дека светеше кога ќе ја приближеше пертинакс плочката до ѕидот...Но кога сакав да ти пратам линк, пишува: "this video is private". Изгледа работи на принципот на магнетна индуксија, минималната струја низ проводникот индуцира уште помал напон во спроводникот што е близу до нејзиното магнетно поле, кој потоа се зголемува, и зголемува, и зголемува, се додека сигналот не е доволен за да се вклучи последниот транзистор доволно за да светне диодата... исто така имаше слична шема со пиезо базер паралелно со диодата и отпорникот.. Тоа овозможувало да се слуша звук со фрекфенција на градската мрежа, односно 50 херци кога ќе ја приближеш пертинакс плочката до кабелот...
Тоа е мојата теорија за ова, тоа што ти го рече за допирањето на наелектризирани тела за да светне диодата, во колото што јас го постирав детектира полнежи од одредена оддалеченост...
-
Ако е така како што викаш,еве еден мерач на поле ,кој ке даде подобри резултати од електроскопот.Пробајте,кој сака да знае повеќе. 8)
Споено мислење: 04.02.2014, Tuesday, 19:15:43
Еве и некои мали шемички кои може да помогнат