Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: 5RuseV on 13.11.2013, Wednesday, 02:19:40

Title: Проверка на Транзистори !
Post by: 5RuseV on 13.11.2013, Wednesday, 02:19:40
Така буричкајќи низ нет наидов на една доста проста шема која проверува дали некој транзистор е PNP или NPN. Не верувам дека на повеќето членови ке и биде потребна но на почетниците ке и биде стварно од корист! Еве ја шемата подолу во прилог:

(http://img208.imageshack.us/img208/9480/bhh.gif)
Title: Одг: Проверка на Транзистори !
Post by: borisq10 on 13.11.2013, Wednesday, 02:36:31
Која е разликата помеѓу PNP и NPN?
Title: Одг: Проверка на Транзистори !
Post by: 5RuseV on 13.11.2013, Wednesday, 10:15:33
PNP транзисторт работи потполно различно од NPN транзисторт исто така тие две типа на транзистори се направени и од потполно различни материјали. Во транзисторот тековната струја тече од емитер кон колектор, а пак струјата коај протекува е контролирана од страна на базата.Kaj NPN транситорот струјата тече од базата кон емитерот, а кај PNP транзнисторт струјата тече од емитерот кон базата.
Title: Одг: Проверка на Транзистори !
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 14:47:21
PNP транзисторт работи потполно различно од NPN транзисторт исто така тие две типа на транзистори се направени и од потполно различни материјали.

Материјалите од кои се направени се исти. Се разликува распоредот на материјалите ;).

Kaj NPN транситорот струјата тече од базата кон емитерот, а кај PNP транзнисторт струјата тече од емитерот кон базата.

Таа струја која тече од база кон емитер е многу мала. Важна е струјата која тече од колектор кон емитер. Базата се смета за контролен пин, за контрола на струјата која тече од колектор кон емитер. Биполарните транзистори се струјно контролирани компоненти. Според техничката насока на струјата, кај NPN транзисторите струјата тече од колектор кон емитер, а кај PNP транзисторите од емитер кон колектор. Истото важи и за базната струја. Кај NPN транзисторите струјата „влегува“ во транзисторот, а кај PNP транзисторите, струјата „излегува“ од транзисторот.
Title: Одг: Проверка на Транзистори !
Post by: LordZi on 13.11.2013, Wednesday, 15:04:20
Оваа шема ја изработуваат како вежба по пракса во втора година средно ПТТ, по некоја случајност излезе вчера да треба да ја прецртам плочката во sprint layout, ако му треба на некој ја има закачено подоле.
Едино овде има некоја мала разлика во поврзувањето на отпорниците кај лед-диодите...

(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/555tr_test_zps2dfa7fc3.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/555tr_test_zps2dfa7fc3.jpg.html)