Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: didy on 03.07.2013, Wednesday, 20:43:01

Title: Сметка за мобилен
Post by: didy on 03.07.2013, Wednesday, 20:43:01
Барам некој поупатен за објаснување !
Како корисник на Т-Мобиле, тарифа фемили комфорт, сметката многу голема, но нота што ме буни е интернетот.
каде што живеам под мене има кафиќ и го користам за мобилните нивниот WI-FI , но исто имаат и хот-спот.
јас секогаш користам од кафиќот, а тој континуирано дење ноќе по 0,14 ден за конекција за интернет. три листа дури.
Кај нив не одам зошто нема кој да ми објасни како е тоа, дали има начин тоа да се запре?
Едно време во едноумието касиерите во некој дуќани ставаа метла нова потпрана на касата. и на секого ја отчукуваа, ако некој реагира тогаш извинете мислевме ваша е ... ;D ;D ;D
и ова нешто слично ми е.
Title: Одг: сметка за мобилен
Post by: GigaWatt on 03.07.2013, Wednesday, 22:00:24
Одамна ги баталив T-Mobile. Да, најдобра мрежа, се тоа е вистина, ама и највисоки сметки ;D. Па згора на тоа, има наведно и услуги кои не сум ги користел, како на пример разговори према Брегот на Слоновата Коска (без зезање, ова ми се има случено ;D).

Мој личен совет: плати ја сметката, раскини го договорот и смени оператор. Никогаш нема да докажеш дека не си ги користел тие услуги. Едноставно тоа е тоа. Они викаат „вака е кај нас“, ти викаш „јас ова го немам правено“... на крајот ке излезе дека телефонот бил виновен, дека бил расипан и сам се конектирал на интернет ;D. Абе циркуз ;D. Ама пак ти ќе бидеш оној кој ќе ја плати сметката, „не сме ние виновни што вашиот телефон е неисправен“, а притоа не наведуваат дека они бесплатно го дале заедно со некоја од post paid тарифите ;D.

Како и да е, на крајот ситуацијата ќе се сведе на „платете ја сметката или се гледаме на суд“ ;D. Фамилијарно, сме се нашле во ваква ситуација... на крајот ја плативме сметката и го исклучивме телефонот ;D. За среќа, ова беше пред околу 12-тина години, а тогаш немаше договори за претплата на фиксната телефонија (или имаш или немаш ;D, се плаќаше само за повторно приклучување, но бидејќи немаше договори, не се плаќаа казни за раскинување на договор ;)), така да, споредено со денешно време, ефтино поминавме ;D.
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: MetallicA on 03.07.2013, Wednesday, 23:21:57
абе т мобиле што се најскапи се најскапи али имаат и најдобри услуги, земеш си припејд и колку пари ставеш толку разговараш, сеа сум на вип али иста приказна, сега сум на постпејд  ама исти К*р друго паковање пример звониш на некој и разговараш 20 сек. ти се признава као цела минута, истотака и за one  не слушам добри коментари така да ако не звониш многу иди си у т-мобиле припејд.до Гигават: па и да смени операторот и тамо исто ке те еб*т  ;D, така да не ја бива работата....
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: GigaWatt on 04.07.2013, Thursday, 00:34:55
до Гигават: па и да смени операторот и тамо исто ке те еб*т  ;D, така да не ја бива работата....

Не знам, јас се префрлив на VIP уште пред неколку години и да бидам искрен супер ми е ;). Можам кога сакам да проверам online сметка и имам детален преглед на разговорите, пораките и податочниот сообраќај (до сега, немам видено да ми се додаваат разговори кои не сум ги правел, а баш детално имам проверувано, да не случајно ми накалемуваат разговори кои не сум ги правел), не ми наплаќаат повеќе од она што сум истрошил, тарифата која ја имам ми е супер, имам 1000 минути бесплатно во VIP, а сега скоро и да нема некој кој нема број на VIP, ако не му е примарниот, сигурно има барем уште едно VIP бројче за да му вртат бесплатно ;), така да, јас ретко и ја трошам тарифата. Плаќам 300 денари, а реално, од сметката немам истрошено ни 150 денари ;D. Јас се повеќе и повеќе ги трошам оние 1000 минути ;D, ми треба повеќе од нив ;D.

Како и да е, и покрај слабиот сигнал и паѓањето на мрежата, пак не би ги менувал VIP, барем не сега за сега ;). Мислам дека за парите што ги плаќам, услугата е солидна ;). Не е сјајна, секогаш може да биде подобра, нели ;), ама во никој случај не планирам пак да се вратам на Телеком ;D. Колку ме имаат тие одрано... со среќа нека си ги трошат парите, ама веќе не добиваат пари од мене ;).
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: MetallicA on 04.07.2013, Thursday, 01:17:28
јас сум нов на вип така да не сум многу информиран во врска со нивните услуги  :). Но пред месец дена ми се расипа мобилниот и бидејки беше под гаранција беше на сервис, и чекав еден месец за да стигне   мислам дека тоа е сепак премногу, но и така и така не сум многу зависен од мобилниот и ретко го користам. сум слушнал дека он-лајн можеш да си ја провериш сметката али искрено не сум разгледувал ништо. инаку за тоа со т-мобиле потполно се согласувам пример ке ми речат на сметката имам 350 ден и после два три дена ми велат дека имам 320 иако немам звонено на никој али тоа е тоа. досега во вип не сум имал никакви проблеми со мрежата, незнам како е кај вас  ;). на вип најмногу се префрлив бидејќи сите моу другари и роднини се на вип(само тоа мајка ми и татко ми никако де се прфрлат  ;D ;D се ги наговорувам ама не бива  ;D ;D), па кога им звонев од т-мобиле ме кинеа за пари, сепак најдоброто нешто од т-мобиле беше кога ќе ставиш пари и за викендот имаш бесплатни, тогаш се одерам звонејки  ;D ;D ;D... инаку досега најмногу поплаќи имам слушнато за one.
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: stefanstip on 04.07.2013, Thursday, 02:55:10
Сметката со тебе и правец АЕК, за ден до два дена ќе ти се јават од т-мобиле дури и гратис ќе ти дадат верувај. Мене ми се случи од Т-мобиле да ми стигне сметка од 39.013 денари демек имам вртено во Бугарија 12 пати и директно во АЕК и подоцна ми се јавија па извинување па ова па она и потражив од нив да ми го раскинат договорот али тие беа упорни да ми дадат гратис 7-8 месеца неограничено.
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: GigaWatt on 04.07.2013, Thursday, 04:11:32
Сметката со тебе и правец АЕК, за ден до два дена ќе ти се јават од т-мобиле дури и гратис ќе ти дадат верувај.

Ау, да заборавив на ова ;D. Да да, дефинитивно пробај, би требало да функционира ;). Еден другар сакаше да се префрли од One на VIP и го мафтаа две недели, баш сега, пред некоја недела се случи ова. Де едните не одобриле, де другите не одобриле... пинг понг си играа со човекот :S. Де иди кај едни, де кај други :S. Се изнервирал другаров, се јавил на АЕК... да видите како се префрлува број за 10 минути ;D. Му се јавуваат по 10 минути од One „господине, бројот е префрлен на мрежата на VIP, се извинуваме за техничките проблеми“ ::). Технички проблеми my a*s ;D.

Во право е stefanstip, јас сосема заборавив на АЕК ;D. Само со нивно посредство ;).
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: MetallicA on 04.07.2013, Thursday, 08:52:53
абе тоа се некои матни бизниси само и само да ги задржат клиентите, за срека АЕК сеуште работи независно, така да сеуште можеме да сметаме на нив.  ;D
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: Zdravkovski on 04.07.2013, Thursday, 16:14:46
Quote
Сметката со тебе и правец АЕК, за ден до два дена ќе ти се јават од т-мобиле дури и гратис ќе ти дадат верувај.
голема грешка АЕК не постапува се додека не те одбијат од операторот (давателот на услугата) и тоа на по поднесен писмен приговор, значи мора прво на писмено да се пожалиш кај давателот на услугата во случајов(’’крадецот’’) па дури потоа во АЕК од каде ќе ти го побараат решението по приговорот, но за ова време веќе ќе те остават без телефон и ќе ти пресметуваат дневна затезна камата за задоцнето плаќање. Мој совет ти е е ако сметката не ти е многу висока и можеш да ја платиш плати си ја но поднеси писмен приговор прво до операторот и они секако дека ќе те одбијат со некое смешно образложение па после пепрати го до АЕК. ако си во право не се откажувај јас ја истерав работата до крај еве ти доказ за тоа

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0XL0c5B.png)
Title: Одг: Сметка за мобилен
Post by: stefanstip on 05.07.2013, Friday, 01:35:33
Quote
Сметката со тебе и правец АЕК, за ден до два дена ќе ти се јават од т-мобиле дури и гратис ќе ти дадат верувај.
голема грешка АЕК не постапува се додека не те одбијат од операторот (давателот на услугата) и тоа на по поднесен писмен приговор, значи мора прво на писмено да се пожалиш кај давателот на услугата во случајов(’’крадецот’’) па дури потоа во АЕК од каде ќе ти го побараат решението по приговорот, но за ова време веќе ќе те остават без телефон и ќе ти пресметуваат дневна затезна камата за задоцнето плаќање. Мој совет ти е е ако сметката не ти е многу висока и можеш да ја платиш плати си ја но поднеси писмен приговор прво до операторот и они секако дека ќе те одбијат со некое смешно образложение па после пепрати го до АЕК. ако си во право не се откажувај јас ја истерав работата до крај еве ти доказ за тоа

Дека е голема грешка не е. Во АЕК обавезно со приговор и најкасно за 2 дена добиваш повратен одговор и биди сигурен дека нема да зажалиш ;D(од искуство)