Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоматика => Topic started by: deni1 on 12.04.2013, Friday, 21:14:18

Title: Eлектронски систем за мерење на тежина
Post by: deni1 on 12.04.2013, Friday, 21:14:18
Значи ми треба помош ако некој знае или има идеја да ми помогне како би го дизајнирал овој систем , ми треба за факс Фала однапред.
Да се дизајнира електронски систем за мерење на тежина на материјал на транспортна лента со капацитет 10т/час. Решението да опфати избор на компонети за преобразба на мерниот тежински сигнал во импулсен сигнал, струен сигнал и напонски сигнал. Импулсниот сигнал се носи на бројчаник за мерење на импулси. Напонскиот сигнал се носи на аналоген инструмент. Струјниот сигнал се носи на ПЛЦ.
а) избор на тежинска келија (load cell),
б) соодветна обработка на сигналот од мерната келија,
в) трансдуктор за преобразба на мерниот сигнал во импулсен,
г) трансдуктор за преобразба на мерниот сигнал во струен,
д) трансдуктор за преобразба на мерниот сигнал во напонски,
ѓ) избор на ПЛЦ,
ж) поврзување на ПЛЦ на персонален компјутер и интра мрежа.
Title: Одг: Eлектронски систем за мерење на тежина
Post by: batka on 12.04.2013, Friday, 22:14:09
Батка,ова што го бараш ја надминува помошта од форумџииве.Не знам дали некој ке сака да ти направи или отстапи цел проект,кој ако е добро направен може добро да се уновчи.Бидете малку поскромни и реални!! Ако има некој, сепак,нека му се јави на членов.
Title: Одг: Eлектронски систем за мерење на тежина
Post by: Devil on 12.04.2013, Friday, 22:24:58
Ќе му помогнеме, ама нека си го дефинира проектот, нека почне од негде, ако заглави можеби ќе има некој да му помогне, вака цел проект да му изработи некој тешко.

Нека го дефинира убаво како сака да изгледа што да има што да нема, дали можеби има нешто што би ни помогнало, пр. има некој карактеристичен тип сензори кој треба да се користат, дали има изработено некој блок дијаграм од процесот и така натака, пошто сите имаме различно мислење околу ова
Title: Одг: Eлектронски систем за мерење на тежина
Post by: GigaWatt on 13.04.2013, Saturday, 06:46:46
deni1, ти почни нешто, па ќе пробаме да помогнеме ;). Како што пиша batka, не верувам дека некој на форумов ќе се нафати да ти прави готов проект.
Title: Re: Eлектронски систем за мерење на тежина
Post by: dela on 06.02.2021, Saturday, 18:50:05
Тој систем што го бараш го има во секоја фабрика за бетонски елементи, Бехатон, мозаик плочки,....
Се користи за правење на смесата(бетонот)
Со тежински ваги се мери килажа на песок, цемент,... а количината на водата со протокметар
Сите тие информации (аналогни, дигитални или пулс) влегуваат во едно ПЛЦ
ПЛЦ-то треба да се програмира, па да се направи програм за управување преку компјутер(СКАДА) и така натаму
Сето тоа кошта доста финансии така да не очкувај некој така да ти го подари
Како проект само е скап, а за изведба нема потреба да зборуваме