Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Забава => Topic started by: batka on 03.03.2013, Sunday, 23:48:53

Title: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 03.03.2013, Sunday, 23:48:53
Бескомпромисно,без преорачуни ,параметри и останати ситнурии,баткиве си направиле кутии за слушање музика.Ама видете какви:

Code: [Select]
http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=1&vest=810
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: electron on 04.03.2013, Monday, 15:04:57
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: Maki on 04.03.2013, Monday, 15:42:52
batka стално користи секоја прилика да каже дека добри звучници можат да се прават и без прорачуни и без книги, затоа што тој самиот не знае да работи со ТС параметри. Али џабе му е, нигде не се прават добри звучници на таков начин,без прорачуни и параметри.

Ево линк за тестот на звучниците
Code: [Select]
http://www.hartaudio.com/Reviews/D%26W+Aural+Pleasure+Review.html
На последната 69 страна, лево има интервју со David Hart, газдата на фирмата. Последната реченица од David Hart му е:
„Овие звучници се толку бескомпромисни,колку што може да се постигне со науката и материјалите што се достапни денес!“
Наука, batka, наука! Прорачуни и параметри! Ништо без нив.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 04.03.2013, Monday, 17:32:44
Конечно се јави! Морав да проверам дали си тука! Маки - без тебе не бидува,ти си параметар за вакви работи ;D ;D
И за последен пат за Маки: Твојата теорија дека јас безусловно не ги прифаќам Тс параметрите не е точна.Пронајди ја мојата прва статија *Како се прават звучници* и прочитај ја уште еднаш ,ама дословно.Таму се спомнати и донекаде објаснети параметрите,дури е прикажано кој се битни,кој не толку многу. Меѓутоа,проблемот е што ти Маки работите ги читаш и ги прикажуваш како тебе ти одговараат,а јас ти контрирам и пак ке кажам дека - сепак за да направиш добри кутии не е с е во параметрите! Е,сега кој како тоа знае да го тумачи.Сум слушнал многу кутии направени ( не само купечки,ами - направени!!рачно!) според и само според параметрите,па не звучеле никако! Тропале како канти.Е,сега зошто тоа било така- тоа е друга работа! Еве еден интересен текст,кој завршува со интересна порака на крајот,само кој знае да ја чита.А,да знаеш дека и Батка едно време се трудеше и прерачунуваше параметри,ама установив дека освен параметрите има и други работи врзани за звукот.А за овие златниве кутии,штета што немаме можност да ги чуеме па да муабетиме.Да не испаднат -повеке златни,а по звук-матни.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: Maki on 04.03.2013, Monday, 19:08:34
пак ке кажам дека - сепак за да направиш добри кутии не е с е во параметрите! Е,сега кој како тоа знае да го тумачи.Сум слушнал многу кутии направени ( не само купечки,ами - направени!!рачно!) според и само според параметрите,па не звучеле никако! Тропале како канти.Е,сега зошто тоа било така- тоа е друга работа!
Па не е све у параметрите,и јас тоа го кажувам. Али без нив - ништо! А ти веќе се изјасни дека не мериш ТС параметри, него ставаш звучник у една кутија и слушаш како звучи,па така одлучуваш каква кутија ќе правиш. Е така не се прават кутии!
Кутии направени спрема параметрите тропале као канта - е па зависи кој и како ги прерачунавал,ако го пуштиш компјутерот сам да ти прорачуна кутија за вуфер со висок Qts, онда сигурно ќе тропа као канта. Треба сам да штимаш величини и да видиш што се добива на компјутерот,ако знаеш да протумачиш што значат дијаграмите генерирани од компјутерот.

Еве еден интересен текст,кој завршува со интересна порака на крајот,само кој знае да ја чита.
Текст за мерење ТС параметри имаше у Емитер, ништо полош од овој.
А овде не гледам некоја посебно интересна порака на крајот,тоа е познато одавно - треба многу да се знае да се направи добар звучник,скупи драјвери аутоматски не значат добар звук ако не знаеш што да правиш со нив. И што е тука толку интересно и ново?  ???
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: StefanJapanac on 04.03.2013, Monday, 20:33:29
За мене овие звучници се глупост, нека имале и перфектни параметри, залудно потрошен материјал и залудно фрлени пари на тој што ке ги купи.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: Bojan on 04.03.2013, Monday, 20:43:49
ова ти е за ку*чење за тоа колку пари имаш...
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 04.03.2013, Monday, 21:10:37
Маки,абе и за првото и второто цитирање на мојот текст,мислам дека ти воопшто до крај не ги дочитуваш или следиш текстовите,Ако добро ги прочиташ ке си најдеш одговор.За вториот текст - што има ново??? Нема ништо ново,во тоа е работата.Текстов е од пред 15 години,брат.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: GigaWatt on 05.03.2013, Tuesday, 00:55:33
За мене овие звучници се глупост, нека имале и перфектни параметри, залудно потрошен материјал и залудно фрлени пари на тој што ке ги купи.

ова ти е за ку*чење за тоа колку пари имаш...

Се сложувам.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 05.03.2013, Tuesday, 01:52:04
Зборот ми беше:ако се земе само теоријата за простирање на звук низ дрвото,иверката,медијапанот,сибирската бреза... нема логика! Ама низ златотото?  И сега теоријата за неутрален звук,за сите светски познати параметри- пак нема логика.Значи може да се вршат мерења,да се фалиме,ама не можеме да ги слушнеме и спрема тоа и јас уште на почеток се сложив со сите-  може да биде само *кревање чалам* што би рекле некои припадници на еден наш убав Македонски град
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: Maki on 05.03.2013, Tuesday, 14:26:15
Маки,абе и за првото и второто цитирање на мојот текст,мислам дека ти воопшто до крај не ги дочитуваш или следиш текстовите,Ако добро ги прочиташ ке си најдеш одговор.

batka, ништо ново од тебе - не даваш одговор зашто не знаеш.

За вториот текст - што има ново??? Нема ништо ново,во тоа е работата.Текстов е од пред 15 години,брат.

 ???   ???
Овакви текстови има у книгите од пред 30 години.


Споено мислење: [time]05 Март 2013, 14:31:20[/time]
За мене овие звучници се глупост, нека имале и перфектни параметри, залудно потрошен материјал и залудно фрлени пари на тој што ке ги купи.

Се слагам, за верзиите у злато и сребро,али верзијата у бронза кошта 40 000 фунти што е у ранг на останати high end звучници и не е од најскапите.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: GigaWatt on 05.03.2013, Tuesday, 15:44:22
Се слагам, за верзиите у злато и сребро,али верзијата у бронза кошта 40 000 фунти што е у ранг на останати high end звучници и не е од најскапите.

Па ако гледам така на работите, можеле да ги направат кутиите од бакар, железо, алуминиум... било кој друг метал и ќе биле многу поевтини.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 05.03.2013, Tuesday, 17:34:51
Па Маки ,обратно од тебе - јас давам одговори и го докажувам тоа практично.Она што ти постојано го потенцираш -твоето знаење-(други ништо не знаат,за жал) е ,како што велиш.од пред 30 години.И на тоа се останало,веројатно,бидејки ниеден параметар не е сменет. Исто е и за овие звучници- не се интерсени ако не се направени од злато.За тоа како звучат тоа е за нагаѓање,макар што хартијата трпи и може се да пишат за нив страници во суперлативи,ама како во *Царевата нова облека* на крајот некој може да оди гол,или речено со технички јазик- кутиите да не даваат звук, ами да врескаат! Значи,обратно од тебе,кој техномански веруваш само во параметри или она што некој го напишал во некој часопис ( за пари - во суперлативи!) ,јас верувам само во она што ке го слушнам во уво.Тука е разликата,батка мој Маки.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: Maki on 05.03.2013, Tuesday, 18:05:21
Се слагам, за верзиите у злато и сребро,али верзијата у бронза кошта 40 000 фунти што е у ранг на останати high end звучници и не е од најскапите.

Па ако гледам така на работите, можеле да ги направат кутиите од бакар, железо, алуминиум... било кој друг метал и ќе биле многу поевтини.

Дали ќе биде од бронза или бакар нема некоја голема разлика у цена.
Има едни звучници од друга фирма у алуминумска кутија, али коштаат 107 000 долари
Code: [Select]
www.stereophile.com/floorloudspeakers/yg_acoustics_anat_reference_ii_professional_loudspeaker/Цената не е само кутијата.


Споено мислење: [time]05 Март 2013, 18:35:24[/time]
Па Маки ,обратно од тебе - јас давам одговори и го докажувам тоа практично.Она што ти постојано го потенцираш -твоето знаење-(други ништо не знаат,за жал) е ,како што велиш.од пред 30 години.И на тоа се останало,веројатно,бидејки ниеден параметар не е сменет. Исто е и за овие звучници- не се интерсени ако не се направени од злато.За тоа како звучат тоа е за нагаѓање,макар што хартијата трпи и може се да пишат за нив страници во суперлативи,ама како во *Царевата нова облека* на крајот некој може да оди гол,или речено со технички јазик- кутиите да не даваат звук, ами да врескаат! Значи,обратно од тебе,кој техномански веруваш само во параметри или она што некој го напишал во некој часопис ( за пари - во суперлативи!) ,јас верувам само во она што ке го слушнам во уво.Тука е разликата,батка мој Маки.

batka, појма немаш на кои принципи работи науката - ако нешто е докажано у науката, нема зашто да се менува. ТС параметрите се стари 40 години, па што? Кулоновиот закон е од пред скоро 230 години, па што му фали? Да не мислиш дека не е точен и треба да се смени со некој понов? Дај не кини зелени..  ::)   ::)

batka, ТС параметрите се докажана ствар у науката, не се тоа текстови од жута штампа па да не веруваме у нив. У ТС параметри не се верува, нивното постоење и употребна вредност се научно докажани. У науката нема верување или неверување,има само: докажано е или не е докажано.

А она дека не веруваш у она што пишуваат најпознати светски часописи.. Па има ли некој часопис у светов на кој можеме да му веруваме, или тоа све се фарбања и лаги? За пари - у суперлативи, кажуваш, а имаш ли доказ за тоа?  ::)   ::)
И што ни останува, да ти веруваме само на тебе, а не на сите оние светски експерти?  ???   ??? Јак фактор си у светов, нема што..  ???   ???
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: batka on 05.03.2013, Tuesday, 19:17:15
Ти Маки не можеш да се одлепиш од твоите простачки изрази( извини,ама за такви ги сметам!),а она - кој фактор си.... и батка,појма немаш... ама на ништо не личат и не се за на Форум.Ако сакаш да се навредуваме,за тоа не е овде местото.Ти не знаеш да се однесуваш културно,пристојно и без глупави и зајадливи тонови.Веројано си доволно исфрустриран ,а ова пишувањава на Форумов ти идат нешто како - вентил. Очигледно дека ти одговара само нивото на Стереофил - от и  се што пишува таму е закон за тебе. Извини што ти ги скинав зелените,не оставив веке ниедна зелена за тебе,па можеш да преминеш на плави.Впрочем,јас не сакам никој во мене да верува на Форумов.мене ми е важно да го кажам своето мислење,а дли некој или секој ке го прифати,тоа е друга работа.Јас не се борам за верување во мене (со  тоа само на избори се оди!),туку се борам против такви појави каква што си ти.
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: StefanJapanac on 05.03.2013, Tuesday, 19:28:53
Еии станав од пред телевизија дојдов овде да читнам нешто да научам повеќе, гледам слично се препукувате како оние на телевизор. Незнам што ви е толку интересно
Title: Одг: Најскапите звучници на светот
Post by: GigaWatt on 05.03.2013, Tuesday, 19:44:57
Ти Маки не можеш да се одлепиш од твоите простачки изрази( извини,ама за такви ги сметам!),а она - кој фактор си.... и батка,појма немаш... ама на ништо не личат и не се за на Форум.Ако сакаш да се навредуваме,за тоа не е овде местото.Ти не знаеш да се однесуваш културно,пристојно и без глупави и зајадливи тонови.Веројано си доволно исфрустриран ,а ова пишувањава на Форумов ти идат нешто како - вентил. Очигледно дека ти одговара само нивото на Стереофил - от и  се што пишува таму е закон за тебе. Извини што ти ги скинав зелените,не оставив веке ниедна зелена за тебе,па можеш да преминеш на плави.Впрочем,јас не сакам никој во мене да верува на Форумов.мене ми е важно да го кажам своето мислење,а дли некој или секој ке го прифати,тоа е друга работа.Јас не се борам за верување во мене (со  тоа само на избори се оди!),туку се борам против такви појави каква што си ти.

Maki, навистина не доликува како се изразуваш, без разлика дали си во право или не. И јас може да кажам дека некој „појма нема“ од нешто, ама не го правам тоа бидејќи не сакам да го навредам членот. 1000 пати пишав, ама изгледа не допира до тебе: ако сметаш дека некој греши, културно укажи на тоа (со факти, како што имав пишано неколку пати ScreenShots, извадоци, цитати, итн.), ако гледаш дека членот не го прифаќа твоето мислење, остај го на раат, никој никого не фаќа за гуша нешто да примени или да направи ниту пак да му смени мислење на определен член за нешто. Твое е да укажеш на тоа, а дали ќе прифати членот или не, тоа е веќе сосема трета работа.

Исто така, знаеш дека е недозволено да навредуваш други членови да створуваш напната атмосвера на форумов. Не знам која по ред е оваа опомена ::). Прекршуваш многу од правилата за бон-тон на форумот ::).

4. „Бон тон“ на форумот (правила на однесување)

4.1. Избегнувајте непотребни караници со останатите членови на форумот.

4.2. Почитувајте ги останатите членови на форумот и нивните мислења, иако можеби не се сложувате со нив. Се разбира, ова правило важи само за субјективни констатации и коментари, не и за објективни (на пример, доколку забележите дека некој член на форумот направил некоја грешка во определени пресметки, дозволено е да го корегирате во вашиот коментар доколку мислите дека сте во право, но корекцијата мора да биде аргументирана).

4.8. Вашите коментари не смеат да бидат нападни, дрски, вулгарни, цинични, арогантни. Исто така, не е дозволено индиректно користење на горенаведените стилски фигури и епитети.

4.9. Забрането е содавање на негативна и напната „атмосфера“ во определена тема со вашите коментари.