Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Acki2009 on 28.02.2013, Thursday, 19:43:46
-
Се работи за тв Elekta кој го имам скоро 12 години, до пред некое време добро ме служеше. За која шасија станува збор незнам поради тоа што немав време да го отворам и виддам. Се беше океј се додека пред неколку денови на сликата почнаа да се појавуваат црвени сенки, претежно на лицата од ликовите. Дали проблемот е во дотраени електролити или се нешто друго.
-
Мислам дека ти умира екранот.. ама почекај поискусните да ти кажат поточно
-
Што знам, можеби е до екранот. Но ќе причекаме да видиме што ќе кажат поискусните членови во оваа област.
-
купи си нов !!! :D :D
пробај смени го електролитот за филтрација на РГБ излазот работен напон 100-120V го добива од трафо за хоризонталниот степен (10-32микФ / 163V) би требало да е напонот за транзисторите кои се монтирани на плочката на топот од екранот.
првичниот предлог не ти бега ;D
-
Го замнив со нов 10uF 250 волти но пак е истото, најверојатно екранот зафркава.
-
За кој модел и шасија на ТВ се зборува во темата.
Се бара помош на основа на недефинирани показатели !!! ;D
На која основа се даваат мислења.
-
За кој модел и шасија на ТВ се зборува во темата.
Се бара помош на основа на недефинирани показатели !!! ;D
На која основа се даваат мислења.
Се сложувам, не е дадена никаква информација освен дека станува збор за ТВ Elekta. Модел и шасија, никаде не видов. Можно е и да не е проблемот до екранот, но за да се потврди или негира ова, треба да се имаат адекватни информации на располагање.