Author Topic: Општи прашања околу TV приемници  (Read 59485 times)

Offline spiritos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
  • A waking ghost
Здраво,
Позадинското светло на лед телевизорите најчесто е од 3 до 4 реда сериски врзани лед диоди. Една или две се пробиени ќе имаш пад на напон на напојувањето ( едноставно телевизорот или ќе ти се гаси, пали или воопшто нема да добиваш слика). Дека се сервисираат посебно  можно е. Јас лично сум сменил многу на Lg телевизори, но се зависи колку диоди ти се пробиени во низа и дали ти се исплаќа да мењаш диоди или цел ред. Во зависност што марка на телевизор, различни диоди се користат за позадинско осветлување. Во Скопје има на полно места цели ленти за пристапни цени. Се разбира цената ќе биде далеку поефтина, ако веќе имааш набавено резерни диоди па самиот да си ги смениш.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали може да се сервисираат и дали ако секоја лед диода од лентите работи индивидуално сепак може да има проблем позадинското осветлување, односно да не се вклучи кога се вклучува телевизорот?

Да. Ако се лентите во паралела врзувани, ако една лента има една или повеќе диоди во краток спој, ниедна лента нема да работи бидејќи ќе проработи заштитата кај напојувањето. Ако една или повеќе диоди се изгорени, но во отворена врска (не во краток спој, изгореле но не настанал краток спој), само таа лента нема да работи, другите ќе работат и би требало да не изреагира некоја заштита кај напојувањето поради помалиот проток на струја (обично имаат заштита од преоптоварување, не од подоптоварување).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Quote
Да. Ако се лентите во паралела врзувани
Се работи за 32 инчен лед тв, има три ленти врзани се сериски и еден конектор до плочата со две жици (плус/минус).
Не сум сигурен дали е до матичната плоча или до самите лед ленти.

Дијагнозата е следна:

1. Сите напони од напојувањето се присутни кога е исклучен телевизорот (Stand By) и по вклучување. (12V, 1V, 1.5V, 3.3V, 5V)
2. Една "чудна" работа што можам да приметам е кога телевизорот е исклучен, на излезот на конекторот за позадинското осветлување има напон од 34V. По вклучување има пик до 100V и постепено опаѓа до 38V (без приклучено позадинско осветлување)
3. Најдов само една прегорена диода на една од лентите и истата ја заменив со соодветна. Сите останати диоди на лентите светнуваат ако индивидиуално ги тестирам со напон од 3V и затоа прашав дали иако секоја диода светнува, сепак "колективно" може да има проблем, односно да прави проблем самата лента како цел сегмент.
4. Отако го поврзав позадинското осветлување имам само бледо многу слабо осветлување на одредени делови од лентите и останува истиот напон од 38V на контекторот.

Заклучокот е дека сум во бунило дали да инвестирам во нови ленти кои би чинеле околу 1000 ден или мислите дека може е проблем до самата плоча?

Фала ви дечки на коментарите од претходно!

Поздрав и убав ден.

Offline spiritos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
  • A waking ghost
Пробај да ги оделиш посебно секоја лента и измери ја отпорноста на секоја. Треба да добиваш скоро идентични вредности. Разгледај ги убаво диодите, дали имаат црна точка, светлината што ја даваат може да е бледа. Колку укупно диоди има ? Дали кога ќе ги собереш напоните од секоја добиваш вкупен напон од 38 волти.  Незнам што модел на тв, али по мене напонот треба да ти е поголем.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сите останати диоди на лентите светнуваат ако индивидиуално ги тестирам со напон од 3V и затоа прашав дали иако секоја диода светнува, сепак "колективно" може да има проблем, односно да прави проблем самата лента како цел сегмент.

Да, има шанси да има.

Тие дидоди се наменети да работат во импулсен режим. Со тоа што си ги тестирал со еднонасочен напон од 3V, можно е делумно да си зезнал некоја. Им се имаше случено и колеги на работа вака да зезнат диоди. Не дека тие биле сосема исправни, најверојатно и не биле целосно, но вака ги дозезнуваш многу многу побрзо. LED диоди не се компоненти на чии краеви може да донесеш фиксен напон и да се надеваш дека се ќе биде ОК. Им носиш определен „прилагодлив“ напон (да може да се менува во зависност од јачината на струјата што ја повлекува LED диодата... било каков извор за константен напон со отпорник во серија е сосема солидно решение), а ја следиш струјата која тече низ нив и гледаш да не го надмине максимумот деклариран од производителот. А колкав пад на напон ќе добиеш за определена јачина на струја на краеви на една LED диода, тоа е сосема друго прашање и зависи од нејзината UI крива.

Значи, кога се испитуваат вакви LED диоди, може да се искористи и извор на константен напон (лабораториски извор за напојување или нешто слично), ако се нема LED тестер на располагање, но во никој случај не се врзува директно, туку преку отпорник, за да и се овозможи на LED диодата да повлече определена јачина на струја, а не да работи во режим на фиксен работен напон. Ова не е во согласност со принципот на работа на обична диода, па и LED диода. Падот на напонот се регулира преку јачината на струјата низ диодата, а не обратно.

4. Отако го поврзав позадинското осветлување имам само бледо многу слабо осветлување на одредени делови од лентите и останува истиот напон од 38V на контекторот.

Една или повеќе LED диоди се отидени јабана, но не во краток спој, туку во отворено коло... или делумно во отворено коло. Дали си ги зезнал со тестирање, дали претходно биле при крај со животниот век, не е ни важно.

Ако сакаш да се бафташ, имаш милион туториали на YouTube за менување на LED диоди од заднинско осветлување на телевизори, пробај. Но, крајниот резултат може да биде разочарувачки, особено ако ти е прв пат да менуваш вакви LED диоди. Можно е некоја да зезнеш при менување и пак да не работат лентите.

Мој личен совет, ако ти е прв пат да поправаш ваков пробем, е да си ги замениш лентите со нови. Цената зависи од телевизор до телевизор, но шансите за позитивен исход на крајот, по промената, се драстично поголеми во однос на претходниот случај.

И, што и да се одлучиш да правиш, ако успееш да го поправиш проблемот, заднинското осветлување на 50% од максимумот, за подолг животен век на диодите ;).

Заклучокот е дека сум во бунило дали да инвестирам во нови ленти кои би чинеле околу 1000 ден или мислите дека може е проблем до самата плоча?

Дали кога ќе ги собереш напоните од секоја добиваш вкупен напон од 38 волти.  Незнам што модел на тв, али по мене напонот треба да ти е поголем.

Ако се во серија сите 3 ленти... да, би требало да е повисок напонот за напојување на лентите. Има шанси нешто и напојувањето да е зезнато.

@aleks2x: Подобро е да отвориш тема со наведен модел и бренд на телевизор, како и краток опис на проблемот во насловот на темата. Вака само ќе нагаѓаме. Немаме доволно информации, шема... оперираме со многу малку информации.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Пробај да ги оделиш посебно секоја лента и измери ја отпорноста на секоја. Треба да добиваш скоро идентични вредности. Разгледај ги убаво диодите, дали имаат црна точка, светлината што ја даваат може да е бледа. Колку укупно диоди има ? Дали кога ќе ги собереш напоните од секоја добиваш вкупен напон од 38 волти.  Незнам што модел на тв, али по мене напонот треба да ти е поголем.
Здраво, мерев но немам никаква вредност за отпорност на ниедна од лентите...да напонот по логика би требало да е поголем бидејќи се по 9 диоди на една лента, што значи околу 27-30 волти по лента.

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Quote
Тие дидоди се наменети да работат во импулсен режим. Со тоа што си ги тестирал со еднонасочен напон од 3V, можно е делумно да си зезнал некоја. Им се имаше случено и колеги на работа вака да зезнат диоди. Не дека тие биле сосема исправни, најверојатно и не биле целосно, но вака ги дозезнуваш многу многу побрзо. LED диоди не се компоненти на чии краеви може да донесеш фиксен напон и да се надеваш дека се ќе биде ОК. Им носиш определен „прилагодлив“ напон (да може да се менува во зависност од јачината на струјата што ја повлекува LED диодата...
Да, во право си, тука направив аматерска грешка.
Quote
било каков извор за константен напон со отпорник во серија е сосема солидно решение), а ја следиш струјата која тече низ нив и гледаш да не го надмине максимумот деклариран од производителот. А колкав пад на напон ќе добиеш за определена јачина на струја на краеви на една LED диода, тоа е сосема друго прашање и зависи од нејзината UI крива.
Вредноста на отпорникот претпоставувам си зависи и од самата ЛЕД диода?

Quote
Една или повеќе LED диоди се отидени јабана, но не во краток спој, туку во отворено коло... или делумно во отворено коло. Дали си ги зезнал со тестирање, дали претходно биле при крај со животниот век, не е ни важно.
После гледање на доста клипови и читање на нет, мислам дека проблемот е сепак во лентите.

Quote
Ако сакаш да се бафташ, имаш милион туториали на YouTube за менување на LED диоди од заднинско осветлување на телевизори, пробај. Но, крајниот резултат може да биде разочарувачки, особено ако ти е прв пат да менуваш вакви LED диоди. Можно е некоја да зезнеш при менување и пак да не работат лентите.
Имам некое скромно познавање, имам и опрема, далеку од професионална, но сепак би рекол солидна за хоби.
Инаку изгледав доста видеа на јутјуб, но има и многу лоши видеа каде што директно ги тестираат диодите без отпорник како што направив јас. Некои од нив ги тестираа и со мултиметар во диоден режим и после благо светнување на диодата одма доаѓаа од заклучок дека е исправна...не знам колку е ова доволно за заклучок...

Quote
Мој личен совет, ако ти е прв пат да поправаш ваков пробем, е да си ги замениш лентите со нови. Цената зависи од телевизор до телевизор, но шансите за позитивен исход на крајот, по промената, се драстично поголеми во однос на претходниот случај.
Да бидам искрен, изгледа научив на потешкиот начин. Чепкајќи ја плочата (бидејќи бев убеден дека е до неа) претпоставувам дека го прегорев процесорот, но не можам да бидам сигурен сепак. Единствено што можам да кажам е дека имам наизменично трепкање на индикатор диодата и ненормално загревање на самиот процесор после 30 секунди работа.

Quote
@aleks2x: Подобро е да отвориш тема со наведен модел и бренд на телевизор, како и краток опис на проблемот во насловот на темата. Вака само ќе нагаѓаме. Немаме доволно информации, шема... оперираме со многу малку информации.
Не знам дали има потреба моментално да отворам, сепак нарачав нова плоча, па ќе видам што ќе искочи на крај. Ако повторно имам проблем дефинитивно ќе отворам тема. Инаку телевизорот е Fuego LED FG32 3202 а плочата е со број TP.SIS231.P83 Изгледа ќе треба да ставам и DUMP од Fuego ако најдам. Инаку плочава доаѓа во милион изведби ко што можев да видам, а не успеав да најдам сервисно упатство баш за Fuego телевизор.

Уште еднаш, фала ви на сите за помошта.

Offline spiritos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
  • A waking ghost
Истат плоча ти е и за qvart i vestel tv.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Вредноста на отпорникот претпоставувам си зависи и од самата ЛЕД диода?

Да ;). Разгледуваш datasheet на диодата, гледаш колкава јачина на струја повлекува кога е оптоварена, гледаш пад на напон на краевите на диодата за таа струја (значи ја гледаш UI кривата) и врз база на тие параметри и напонот кој ќе го дадеш од стабилизираниот извор за напојување, пресметуваш вредност и моќност на отпорник ;).

После гледање на доста клипови и читање на нет, мислам дека проблемот е сепак во лентите.

Да де, LED диодите на лентите ;).

Инаку изгледав доста видеа на јутјуб, но има и многу лоши видеа каде што директно ги тестираат диодите без отпорник како што направив јас. Некои од нив ги тестираа и со мултиметар во диоден режим и после благо светнување на диодата одма доаѓаа од заклучок дека е исправна...не знам колку е ова доволно за заклучок...

Епа еден колега баш вака зезна неколку LED диоди, со тестирање на унимер на диодно подрачје :-\. Според сите „правила“, овој начин на тестирање не би требало да оштети LED диода, но ете... се случи. Тогаш фатив подетално да читам околу овие LED диоди и зошто се има тоа случено.

Да бидам искрен, изгледа научив на потешкиот начин. Чепкајќи ја плочата (бидејќи бев убеден дека е до неа) претпоставувам дека го прегорев процесорот, но не можам да бидам сигурен сепак. Единствено што можам да кажам е дека имам наизменично трепкање на индикатор диодата и ненормално загревање на самиот процесор после 30 секунди работа.

Најверојатно :-\. Зависи колку е тоа „ненормално“. Ако не можеш да го допреш без да се изгориш, да, изгорен е.

Инаку плочава доаѓа во милион изведби ко што можев да видам, а не успеав да најдам сервисно упатство баш за Fuego телевизор.

Тоа се „универзални“ Кинески шасии, се ставаат на милион различни телевизори (Fuego, Neo, Vivax, Fox, Quadro...). Нема сервисни упатства за нив, само шеми се наоѓаат.

За dump, исчитај ја содржината на flash чипот од твојот телевизор и стави го истиот dump на новата плоча ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Дечки само да ве известам дека:

1. Да, најдов уште една изгорена диода (сепак пробав со унимер во диоден режим) најверојатно сум ја изгорел после лошиот тест кој беше и со напон поголем од 3 волти, така да голема е можноста плочата да била исправна, а проблемот да бил само во лед лентите :) Но да сме живи и здрави, се учи на грешки (среќа што не се скапи):D
2. Ќе ја почекам новата плоча, па ќе ве известам на крај што сум направил или ќе отворам нова тема ако ми се отворат нови проблеми (се надевам нема) :D

Јавна благодарност до GigaWatt, Spiritos i Toma!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нема проблем, повели и друг пат :).

Со среќа ;).