не
во делот за видео обработката кај што се добиваат ргб сигналите, пошто претходно се испраќаат со сложена поворка CVBS сигналот кој ги содржи сите податоци како што се, луминентноста хроминентноста синхро импулсите и бурст сигналот се носат на посебни склопови кој подоцна ги издвојуваат овие сигнали од тој сложен сигнал... да не должам многу како оди тоа.. откако ќе се одвојат сите сигнали меѓу кој и F (хроминентност) од CVBS сигналот, со помош на бурст сигналот се синхронизира локалниот осцилатор кој ќе осцилира со иста фреквенција како и носителот на боја (4,43МХз или 3,58МХз). Со овај регенериран носител на боја и со помош на линијата за доцнење се врши демодулација на F сигналот. Со демодулирањето се добиваат U и V сигналите, а со нивно модифицирање со коефициент 1/0,493 и 1/0,877 се добиваат сигналите B-Y и R-Y. Овие сигнали заедно со Y сигналот одат во RGB матрицата од каде се добиваат примарните RGB сигнали.
Се додека се врши оваа претворање од едно во друго на сигналот F, се додека се обработува за да се добијат некој сигнали од него сигналот Y (луминентноста) е непроменат, тука доаѓаа таа линија за доцнење во игра, го задоцнува сигналот Y за да има синхронизација со сигналот F, доцнењето на линијата е така нагодено да после обработка на сигналите тие пак излезат истовремено како и што влегле во видео делот/ степенот ..