Јас секогаш правам. Можно е FLASH чипот да зеза, т.е. да е неисправен... иако најчесто се исправни, но овој начин на однесување (со два dump-а растартира... некако симптоматично) ме тера да мислам дека некоја рутина/подрутина не е запишана како што треба и едноставно „кикснува“ кога ќе стигне до неа.
Јас лично би пробал и со друг flash чип и двата dump-а... за секој случај. Ако и така пак зеза, најверојатно една од две работи се проблем. Или dump-от (софтверот) не е напишан како што треба (bug-осан е), или не е адекватно направен dump-от од исправниот телевизор (оној од кој си го земал dump-от)... освен овие две, останува некој хардверски проблем при комуникација на микропроцесорот со RF секцијата и истата некако да се „шекнува“ при скенирање па да враќа назад некој reset сигнал или глупости (jibberish) и процесорот да не знае што да прави и... едноставно се откажува и рестартира потоа.
Да бидам искрен, ова се многу малку веројатни сценарија... најверојатно чипот е неисправен. Offboard го програмираше или onboard?
ПС: Ако можеш, пиши и ознаки на панелот, напојувањето и линк до dump-от стави
.