Author Topic: Проблем со LED ТВ Quart LP32 MSD309 нема stby [Решено]  (Read 8263 times)

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Проблем со LED ТВ Quart LP32 MSD309 нема stby [Решено]
« Opened on 08.06.2018, Friday, 14:23:58 (Edited 27.06.2019, Thursday, 23:42:10) »
Проблем со LED ТВ Quart LP32 MSD309 нема stby

Main board:471-01A5-D3702G
Power Supply Board: K-75L2 (4701-2K75L2-A3135D11)
T com Tcon: K-4L-OM1 (479-01A5-31501G)Но изразот Tcom не е точен туку би требало Tcon ама во суштина овде тоа е Inverter или LED Driver
Проблемот со овој тв е настанат од удар на гром по кој уредот е мртов и не свети standby led диодата.Во него е искористено напојување К-75L2 на него ги измерив полупроводниците и мосфетите и се исправни а ги заменив фотокаплерите,stendby напонот го има и е 5.1V додека напонот на PS-ON е 2.5V останати напони нема.Помош од каде да почнам и каде да го барам проблемот дали во напојувањето или во другата плоча?

од Toma Мала измена

Main board:471-01A5-D3702G MSD309
Power Supply: K-75L2 (4701-2K75L2-A3135D11)
Inverter или LED Driver :K-4L-OM1 (479-01A5-31501G)



Оваа ориентационо!


Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Не е Quard туку Quart Исправи го насловот.

Погледај дали оваа шема одговара со К-75L2
Code: [Select]
https://www.electronica-pt.com/esquema/lcd/fuente-k-75l2-k-75l1-36000/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислиш на оптокаплери ::).

Матична плоча, LCD?

Ова ли е шемата од напојувачката секција?

Code: [Select]
http://www.mediafire.com/file/25vt1kciiwgdt05/K-75L2_Power_Supply_Schematic.7z
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Да мислам на оптокаплерите.Моментално не сум во можност да дадам информации за матичната и LCD-то но во текот на денот ќе ги пишам,додека шемата одговара на напојувачката секција.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Која? Бидејќи на линот од Toma, PDF-то има две страни со две различни шеми (слични, но различни... барем вака колку што разгледав бегло), а на мојот линк, извадена е само првата страна од тоа PDF, односно шемата на која на страната има ознака K-75L2 (на втората страна, другата шема, ја нема таа ознака). И дали е шемата слична или идентична со плочката која ја имаш на располагање? Најчесто по ознаки и вредности на компоненти се гледа тоа, особено полупроводнички, ако барем 5, 6 компоненти се со ист број и вредност, на пример C23 = 150nF и на шемата и на плочката, најверојатно шемата е таа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Проблем со LED ТВ Quart LP32 MSD309 нема stby [Решено]
« Reply #5 on 08.06.2018, Friday, 20:22:37 (Edited 08.06.2018, Friday, 23:16:09) »
Ако на овие двата електролити нема напон од 370 до 400 волти, тогаш проблемот барај го во PFC секцијата.
На првата слика се кондензаторите а на втората дел од PFC контролата.



Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Re: Проблем со LED ТВ Quart LP32 MSD309 нема stby [Решено]
« Reply #6 on 09.06.2018, Saturday, 16:39:07 (Edited 09.06.2018, Saturday, 18:06:48) »
Ова е шемата која одговара на напојувањето,инаку напон на двата електролити има и како што пишав погоре ги имам 5V stendby додека другите напони како што се 12V и 24V ги нема вопшто.

Code: [Select]
http://www.mediafire.com/file/25vt1kciiwgdt05/K-75L2_Power_Supply_Schematic.7z

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: totii
...инаку напон на двата електролити има и како што пишав погоре ги имам 5V stendby додека другите напони како што се 12V и 24V ги нема вопшто.
Не напиша колку е овој напон на електролитите
Quote from: Toma
Ако на овие двата електролити нема напон од 370 до 400 волти
Тогаш ќе ги нема ниту 12V и 24V
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Откачи ја матичната плоча од напојувањето и донеси +5V на PS-ON (преку посебен извор за напојување). Ако се добијат 12V, 24V и напонот од 370 до 400V кој Toma го спомна, напојувањето е најверојатно исправно, неисправно е нешто на матичната плоча.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Напонот на електролитите е 330V, на P-ON од друго напојување му донесов +5V но ситуацијата останува непроменета напојувањето несака да стартува.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Toma
Ако нема напон од 370 до 400 волти тогаш ќе ги нема ниту 12V и 24V

Колку е напонот на 5 извод од IC1 мерено во однос на минусот од мрежниот електролит. Исто така провери омски колку е отпорот помеѓу 1 и 5 од IC1.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Помеѓу 5 пин и 1 пин на IC1 има отпор од 4ома, а напон на пин 5 нема.Го одлемив интегралецот и повторно измерив помеѓу пин 5 и пин 1 и сега отпорот е голем неколку мега оми така да овој интегралец е мртов ке се обидам утре да го набавам и да го заменам па ќе пишам што се случува.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: totii
Помеѓу 5 пин и 1 пин на IC1 има отпор од 4 ома
На лице место залемен не е сигурно

Quote from: totii
Го одлемив интегралецот и повторно измерив помеѓу пин 5 и пин 1 и сега отпорот е голем неколку мега оми
Каде мереше, меѓу 1 и 5 на извадениот дел или на местото 1 и 5 каде треба да стои тој дел а е изваден.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Го одлемив интегралецот и повторно измерив помеѓу пин 5 и пин 1 и сега отпорот е голем неколку мега оми така да овој интегралец е мртов...

Ако си мерел на самото интегрирано коло, извадено од плоча, не мора да значи. Пин 1 е GND, пин 5 е Vcc. Само ако се краткоспоени значи дека е изгорено колото. Ако има голема отпорност меѓу нив, ова е најчесто нормално за исправна компонента... иако се сложувам дека отпорноста е прилично голема, но тоа не мора да значи дека интегрираното коло е изгорено.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
 Се извинувам што погоре не напишав каде е извршено ова мерење значи бесконечен отпор е измерен помеѓу пин 1 и пин 5 на самата плоча додека е извадено интегралното коло,а на самото коло додека е извадено од плочата помегу овие два пина е во кратка врска измерени 4 ома.