Пробав 2 апаратчиња за во кола на упаљач и како што кажавте немаат стерео.
Затоа што многу работи НЕМА, нема ни да има електроничари хобисти за некое време во оваа држава . Ако сакаш да направиш некој склоп ке треба да го прошеташ цело Скопје и вероватно ке ги најдеш сите делови, а може и не... а ако правиш предавател, тешко тебе, пола делови ги нема во македонија и скоро сите RF транзистори неможе да се купат кај нас, и тие што ги има се прескапи и со чуден квалитет.
Првин, мене ми е неисплатливо да дојдам во Скопје, да ги барам продавниците, па да ги барам деловите, а второ, ова беше да видам дали може нешто да се најде, ем да потрошам време, ем да научам нешто. Па на крај, ако ништо не биде кабелот е секогаш тука.
Види,треба многу пари ,а богами и знаење да се направи стерео предавател.И второ-преку компјутер ке си пушта музика.
Не знам колку е оправдано да даде стотина евра,ако може да се реши со кабел,ама... се е лична работа.Сите варијанти ги виде мислам.На крај нека си одлучи самиот.
Веројатно не е оправдано да се фрлат 100 евра секако, кабелот е тука секогаш, а личната работа кај мене е тоа што сакам да научам нешто и по можност да направам нешто корисно.
Батка го погледнав твојот ФМ предавател ама доста е комплициран има многу делови, дали ке се најдат и колку ке чини од прилика?