Многумина почетници за прв свој проект одбираат ФМ предавателче,кое е ефективно и со малку делови.Сепак,изработката крие многу работи кои на шемата не се видливи.Најчест проблем е изработката на калемот.Тука се губат нерви и неретко конструкцијата се откажува.Затоа,да не се разочарате веднаш ,од прва и да дигнете раце од електрониката предлагам да изработите една шема чиј најголем проблем е изработката на печатената плоча.На самата плочка е нацртан калемот и плочката е дадена во оригинална димензија.Тоа значи дека со трансфер на ласерски печатар и обична мазна хартија од каталозиве што секојдневно ми ги ставаат во поштенското сандаче,направете си плочка во оригинална големина и залемете ги елементите.Оригиналната верзија е со 3V батерија од матична плоча за РС ,а може да се користи и со батерија 9 V ,само јас ставам 2N2222 ,2N2219,3866 дури може и BD 139.Внимавајте само на изводите на транзисторите.Во овие зимски денови кога е кoчан мраз надвор, освен на Фејзбук најдете си забава и во вашата работилница.