Цел тим на инженери го имаат правено ова, ова не е FM предавателче за во кола, има подвижни делови, посебни механизми за серво системот, стабилизатори за ласер, не смее да рипне CD-то дури и ако ја уриш DJ-ката (моите рипаат, ама зошто се веќе стари и треба да им се направи мала генералка
), не смее да рипне ако ја тресеш во воздух, тест им се правеше (барем така гледав на времето, пред околу 8, 9 години) со фрлање на DJ-ката во слободен пад на земја, CD-то не смее да рипне, ако рипне, нешто не е во ред со DJ-ката
. Направени се да издржат истурање на течности (имаат коритца за собирање на течност под копчињата), прашина, екстремни температура, работат од -40 до +80 степени (барем така се дефинирани, половина од ова да е точно е супер, јас ги имам работено на прилично ладни температури, -15 мислам дека беше на Бабуна таа вечер
, само на почетокот дур се загреаја малку правеа проблем, потоа „не писнаа“
, лаптопи откажуваа, HDD-иња на „палеа“, ама овие мука немаа, на крајот само со нив тераше цела журка
), заштити од пренапони и поднапони имаат (значи наменети се да работат и со прилично променлив напон, како на пример напон од аграгати), напонскиот кабел е предимензиониран (намерно, заштита од превиткување и некои други работи), двојна примарна секција имаат за напојувањето (во случај да откаже една, друга да превеземе работа), одличен излезен степен, способен одлично да го „храни“ наредниот степен од ланецот на звукот, дури и ако тој бара прилично големо количество на струја... значи наменети се за користење во екстремни услови
... дури и да најдеш шема за вакво нешто, механиката нема шанси да ја изведеш сам, особено не серво системот, патентиран е од Pioneer и само они ја знаат тајната, Technics пробаа да направат копја од серво системот, се избрукаа
. Дури и нивните CDJ-ки се со бафер системи, немаат стабилни серво системи, не знаат како да ги направат како тие на Pioneer
. Први беа во светот на портаблните DJ CD плеери, не може некој баш лесно да ги надмине DJ-ките на Pioneer
. Пробале многу, ретко кој успеал
. Исто како што никој не пробува да го надмине MK-2 DJ грамофот од Technics... едноставно нема подобар, сите него го бараат, му нема конкуренција
.