денес (до пред малку) и јас поврзував еден пир сензор, само што ова е цел рефлектор
финтата беше тоа што во кутијата назад каде што треба да се спое кабелот од напојувањето имаше 6 жици од кој 3 од рефлекторот и 3 од пир сензорот, уредов купен од продавница, нема ни упатство нема ништо, само жиците од рефлекторот означени се како L N и уземјување
а тоа како се поврзува сензорот нигде не пишеше
ок некако на интернет најдов како сето тоа се поврзува, инаку работеше на 220V директно без посебно напојување за сензорот, најверојатно си има нешто мини напојување самиот сензор вградено.... како и да е многу фуш роба се продава по пазаров, пазете кога купувате пошто јас изгубив 1 сат барајќи на интернет како се поврзува и на крајот најдов една фирма која е производител на вакви рефлектори (не баш исти ко тој што требаше да се поврзи) и барав даташит по тоа страната па начекав некоја шема таму и по неа поврзав, па проработе од прва
само малку сумлив ми беше тоа рефлекторот пошто таа регулацијата за време и осетливост на уредот како да не работеше добро