во меѓувреме најдов едни пластични тела од осмо оделение од брмчалката се сеќавам што ја правев ке побарам мислам дека имам уште едно такво ако брка работа
Тие нема да ти свршат работа, прво бидејќи се премногу мали (знам какви се, и јас имам исти дома), второ дека имаат метално јадро (се поврзуваат двата дела пластичните јадра од брмчалката со шраф).
Пресметките не се нешто премногу комплицирани, станува збор за проста математика, собирање, множење, делење... не е квантна физика
.
Еве малку подетално обаснување за линкот што ти го има дадено baze за пресметка на калемите
.
http://www.captain.at/electronics/coils/
N=број на намотки. Кај повеќеслојните калеми се мота еден слој, па без да ја прекинеш жицата врз тој слој друг слој итн. Вкупниот број на намотки можеш да го добиеш ако го помножиш бројот на намотки од еден слој со бројот на слоеви кои ги има калемот.
а=надворешен дијаметар. На сликата што ја post-ирав не е обележана оваа вредност, но можеш да ја добиеш како
(r + (b / 2)).
а е надворешниот дијаметар на калемот. Значи од кога ќе ги намоташ сите слоеви од намотката, го мериш дијаметарот на целиот калем, или можеш да го пресметаш со следната равенка:
a = b + d*k
каде што
d e дијаметарот на лакираната бакарна жица со која го моташ калемот, а
к е бројот на слоеви што си го намотал.
b=внатрешен дијаметар. Овој дијаметар можеш лесно да го измериш со шублер или со лењир (линијар) ако немаш шублер. Тоа е дијаметарот на јадрото на кое го моташ калемот. На сликата исто така не е облежан, но може да се пресмета како
(r - (b / 2)).
l=висина на калемот. За ова не сум сигурен, но би требало да биде висина на јадрото за калемот. Ако е тоа што мислам дека е, на сликата е обележано со
l. И оваа вредност можеш да ја измериш со шублер или да ја пресметаш според равенката:
l = d*m
каде што
m е бројот на намотки во еден слој од калемот.