Author Topic: Графен - крајот на силициумот?  (Read 8275 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Графен - крајот на силициумот?
« Opened on 24.02.2010, Wednesday, 01:14:09 (Edited 13.10.2014, Monday, 14:04:05) »
[float=left][/float]Малкумина знаат дека во текот на втората светска војна некои радио-аматери немајќи извор на делови правеле пасивни радио приемници од намотана жица (калем), слушалки и графит од молив како диода за демодулација. Оваа карактеристика на графитот да биде полупроводник кога ќе се направи контакт на неговата површина на одредени „жешки“ точки беше долги години истражувана од страна на научниците. Од друга страна пак нано технологијата се развиваше и во денешно време зема се поголем замав и кога во еден момент се споија тие две истражувања се успеа да се добие сосема нов вид на полупроводник изработен од многу тенок слој на графит (јаглерод). Новиот полупроводник доби име Графен.

[float=left][/float]Се карактеризира со неверојатна дебелина (танкост) од само 0.14 нанометри или просто: дебел е колку еден атом. За да може да се изведе во облик на фолија се редат еден врз друг повеќе слоја на Графен. Неговите тестирани електрички карактеристики укажуваат на тоа дека е одличен полупроводник од кој можат да се изработуваат ФЕТ транзистори, диоди, ЛЕД диоди и интегрирани кола. Исто така и неговата голема брзина (IBM успеа да направи 100GHz фет транзистор од графен)[float=right][/float] укажува на тоа дека можеби на силициумот му се броени деновите како примарен материјал во изработката на електронските компоненти.

Моментално цената за добивање на Графен е превисока но кога ќе размислиме дека се работи за графит сосема сигурно е дека цената драстично ќе падне па дури и под нивото на силициумот и тогаш можеби следува уште една електронска (р)еволуција.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.