Author Topic: Намалување на аудио сигнал  (Read 6528 times)

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
Намалување на аудио сигнал
« Opened on 19.02.2010, Friday, 12:09:29 »
Вака,изработувам појачало за во афтомобил со TDA1562Q во мостна врска,но бидејки радиото нема излез за појачало сигналот треба да го земам од еден од излезните канали на радиото,но бидејки тој сигнал е веке засилен дали ке треба да го ослабнам или ке мозе да работи појацалото и со него.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
стави отпорник во зависност од тоа колку треба да намалиш
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Вака, ако ставиш само отпорник ќе имаш проблеми со зуење од алтернаторот, но бидејќи влезот на TDA1562Q е диференцијален ќе направиш вака:

1. Ни еден од влезовите на TDA1562Q нема да го поврзеш на маса!
2. На излезите од радиото мора да има потрошувач, или нека си има звучник и од него земаш сигнал или стави отпорник од 100 оми/2W наместо звучник.
3. Од секој излез (+ и -) пушташ отпорник од 10К кон секој од влезовите на TDA1562Q.
4. Кондензаторите што се на секој влез на TDA1562Q мора да останат!
5. Ставаш тример отпорник од 1К помеѓу двата влеза после отпорниците од 10К, на самиот влез од TDA1562Q пред кондензаторите нормално.

Со тримерот од 1К ја штелуваш гласноста, т.е. вака:

1. Поврзуваш звучник на излезот од радиото.
2. Пушташ некоја техно музика.
3. Го пушташ радиото додека почнеш да слушаш грчење и го намалуваш малку пред да се појави грчењето (да нема грчење, т.е. изобличување).
4. Го подесуваш тримерот од 1К до ниво да засилувачот со TDA1562Q почне малку да грчи (изобличува).
5. Подесен си на најгласна комбинација - радио/засилувач и може да уживаш.

Се надевам дека ме разбра, сепак ова е теорија пробај да експериментираш со вредностите на елементите за да ја добиеш бараната гласност.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
Значи вака сигналот ке го земам од еден излез на кој веке има звучник,значи треба само да ставам по еден отпорник од 10К на влез пред тримерот,ако грешам поправете ме,инаце фала на одговорот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Да, така би требало да работи со напомената дека ниеден влез од TDA1562Q не смее да биде поврзан на маса (-) туку секој пол од влезот да си е поврзан преку отпорник од 10К на + и - на звучникот соодветно, и плус тој тримерот за регулација што го спомнав. Пробај па пиши што направи.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
значи ниеден излез од радиото не е поврзан на маса,секој си има посебен кабел,на масата од автомобилот ке иде само - од напојувањето.

Offline antonio@arsenal

  • Баниран
  • Експерт
  • ****
  • Posts: 513
И јас го правам истото појачало само незнам како да го врзам откако ке го направам се бунам со муабетот на Борче и сакам да прашам дали може да работо појачалото со влезен сигнал од мобилен т.е. да ги пресечам слушалките и да ги врзам како влез на појачалото ?

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Можеш така да направиш,само немој да ги сечиш,што мобилен имаш првин,ако имаш сони ериксон може и џекче да се најде без да ги сечиш ке ги поврзиш преку џекчето.

Offline DARK

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 389
јас пробав со моето работи но звукот е за половина по намален од  релниот односно со пола перформанси работи бидејки телефонот дава негде околу 200 до 300 мв а на појачалото му требаат бар 500 за да работи како што треба

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
DARK ке си направиш некое предпојачалце и ке си шибаш...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline DARK

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 389
знам знам но веке нема да се користи за мобилен , спремам несто ново проектче не ке дознаете понатека за што и за каде ке ми биде   :P