Author Topic: Правилно проектирање и изработка на кутија за ТL-линија!  (Read 3934 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Колега Ван од мое искуство драјвери купувам исклучиво одкога ке ги разгледам со свои очи,а по можност и ке ги приклучам на некој извор на звук.Поедини примероци многу се разликуваат меѓу себе. Јас лично никому не му препорачувам на * невидено* да нарача пр. пар басови од 300 ЕУ. Најдобро е да ги видиш со око и фатиш во рака.Има многу детали кои може да пресудуваат во изборот! Не велем дека некој намерно сака да Ве измами,ама веке и сериите не се толку уедначени,па има некои *фалинки* кои мене ми сметаат.Можеби пребрзо залепена мембрана од која потекол на некое место лепак или нееднакво шприцана шасија....итд. Може би сум * цепидлака* за тие детали,ама сакам за парите да купам најдобро.Најголемиот проблем е што нашите *увозници* ( читај - шиткачи) не водат сметка што носат,па секоја фирма во странство може да им *бутне* било што.И потоа- маржа - 300% ,од око! Секаде на светот ако се троши робата,цената паѓа.Кај нас е обратно - ако нешто се троши - цената постојано расте! ;D