Досега имам правено звучници на повеќе начини, само со штрафење, само со лепење, комбинација од двете и сл. и кај сите порано или подоцна китот има испукано, иако кај последните (комбинација со штрафење и лепење) тоа се случи после подолго време, а и пукнатините се тенки како влакно, ама сепак ги има. Во последно време ми се врти низ глава да пробам со самолеплива фолија - имитација на фурнир, на вратничка од кујна (оплеменета иверица) добро држи, на звучник не сум пробал, ако има некој искуство со ова нека пише.