Да одам по ред: фреквенцијата на предавателот се менува со променлив(полупроменлив) кондензатор со воздушен калем или ако се стави фиксен кондензатор и калемот е со ферит (материјалот е ферит, а тоа не е бургија).Фреквенцијата ,односно нејзината стабилност зависи од стабилноста на напонот на батеријата и греењето на полупроводникот ( односно неговата температурна стабилност),потоа од квалитетот,стабилноста на калемот и елементите околу него.ВФ техниката бара подруг распоред на елементите,кратење на изводите на елементите до прифатлив минимум,поставување под агол на калемите,поставување метални прегради помеѓу одделни степени.Овој предавател е само осцилатор и врз него делуваат повеќе фактори,меѓу другото и доближување на раката,на некој метални предмети,магнет итн.Правило е - повеке намотки со кондензатор- помала фреквенција и обратно.Воздушните калеми може да ја менуваат фреквенцијата со растегнување или собирање на намотките.На почеток се почнува со калем намотан - намотка до намотка,без размак помеѓу навивките.Ако од прва не ви се погоди фреквенцијата,пробајте ставете паралелно со кондензаторот исто таков па повторно подесувајте.Некогаш е потребно и калемот да се промени,а најсоодветно е * на суво* да се мери осцилаторното коло со инструмент - дип метар.