Author Topic: Прашањa поврзани со звучници  (Read 112432 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
мислам дека и калемот игра улога за да ги придуши ниските фрекфенции што би дошде до високотонецот... Али ако не го цепиш до крај(ако слушаш нормално) ќе брка работа и само кондензаторче кое најверојатно ти се ноѓа :D

Не, калемот само ги филтрира високите фреквенции кои доаѓаат до бас-среднотонецот, дека може дел од спектаорот да се преклопува, бас-среднотонецот да репродуцира дел од спектарот на високотонецот, ама кај послабите и поевтините звуници, овој е ефект е минимален и тешко се забележува, така да најчесто таа намотка се изоставува и се остава бас-среднотонецот „сам да си ги филтрира“ фреквенциите над неговата гранична фрквенција ;).


не тој, другиот калем после кондензаторот за високите, пред високотонецот.
Ама чим има скретница поврзани на нив нема да има никаков проблем, ако се многу јаки високите- стави сериски некое отпорниче 4-15 оми, или намали ги од винампот или вм-плерот или попушти бас како што рече гигават.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Како што ти пиша Гигават на нет има многу формули за пресметка на компоненти за двосистемска скретница во принцип сериски кондензатор од 4.7 до 2.2 МФ со што поголема волтажа и нормално биполарен или МКТ МКП  а најдобро  Стирофлекс  и јас би ти препорачал прво да ги слушнеш двата звучника посебно за да заклучиш на увце до кој спектар имаат добар пренос односно најчесто високотонецот а особено пиезото не фаќа доволно средни тонови така да ќе мораш таа работа да му ја препуштиш на басот . тешко се објаснува но прво наштелувај ги да бидат на исто ниво односно поиграј си  со сериски  отпорниик ( од 1 ом до 6,8 отприлика ) и паралелен отпорник( од 3,3 до 22 ома  ) серискиот отпорник секогаш да ти е барем со дупло помала вредност од паралелниот .
Откако ќе го наштелуваш  нивото на двата зв во кутија  прејди на преклопување на спектарот како што ти спомнаа предходно односно употреби  сериски кондензатор од околу 3,3 мф  приближно 4 килохерци па види дали ќе ја зголемуваш вредноста на кондензаторот (така го пушташ високотонецот да работи уште поголем дел од спектарот ) или ќе ја намалуваш вредноста на кондензаторот пр.2.2мф и со тоа го ограничуваш повеќе .
на бас от ќе му биде доволно и еден калем воздушен со поголем пречник на жица барем 1мм .
Сето ова без мерење или барем ориентациони параметри и фрквенциска крива е мачка во вреќа но со време уво се вежба и сам ќе можеш да заклучиш што треба да промениш , слухот е ионака подложен на субјективност и вкус ,

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Не дека тоа не е така, ама мислам дека поентата е да не прегорат звучниците и да дрнкаат, да вадат неој звук, инаку тоа што го кажа бара време и добар слухиста. За "обичните смтрници" доволно е да се поврзат на скретница... барем така јас би направил, и нешто на еквиајзер би средил, можда и би додал 4 омски отпотник во серија со високотонецот, ради реда...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Изотоп вели :*Сето ова без мерење или барем ориентациони параметри и фрквенциска крива е мачка во вреќа но со време уво се вежба и сам ќе можеш да заклучиш што треба да промениш , слухот е ионака подложен на субјективност и вкус *Јас велам * Извини,ама не е мачка во вреќа! Сум сретнал многу *слухисти* кои слушаат повеке * дрвена * музика отколку звук.Сепак има правила кои налагаат како да постапиш и да направиш макар минимално пресметана  свртница. Тоа со менување ,просто, на кондензатори и отпорници можеби нема секој уво да го чуе,ама  ке го осети кога ке прегори високотонец или бас.Особено сум срекен кога се прави тросистемска кутија со 3-5 пиезо и се ставаат кондензатори и отпорници и се прави распоред за*средни високи,високи средни или супер -високи*.Ова се називите кои сум ги сретнал за супер свртниците со пиезо.
За ДХ-ер ,еве една табела за со рез од 6 дб/октава.Препорачувам малку повеке да го стишаш високотонецот кој има само 4 ома и повлекува во старт повеке струја кон себе.Неравноправното гранење на струјата пред се ке го оптовари и прегори високотонецот.Поглегај  ја табелава,ама и мојот пост за Л-падот со кој наједноставно се нивелира нивото на високите тонови во однос на ефикасноста на басот.
Ти препорачувам и мало испитување на звучниците.Ако најдеш софтверски програм кој преку звучната на комп. ке произведува звук со различита фреквенција ( тон генератор) употреби го за тестирање на граничната горна фреквенција на басот,за да знаеш отприлика каде да ја *пресечеш* свртницата.Немој многу * високо* туку оди некаде за мали басови на 3/4 од горната фреквенција ( пр.ако басот оди до 4000 Хз ,рез направи на 3000 Хз!)Оди по табела и ке добиеш некој пристоен звук од кутијата,не земајчи ги во предвид и другите карактеристики на самата зв.кутија.Откога ке го добиеш *основниот * тон од кутијата,можеш да го * штелуваш * според твојот вкус! ;D Еве и шема на прост тон генератот со чија помош може да се следат основните фреквентни карактеристики на звучникот ,како елемент. Сепак ,потешкиот дел е нивелирање,односно калибрирање на тон-генераторот со некој познати фреквенции.Тон генераторот се врзува на влез на појачувач чии фреквентни карактеристики ви се вам познати.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Фала за опширното објаснување, сепак најдобро е да купам друг 15W 4 оми звучник и да го заменам.


Него нешто сосем друго да ве прашам,
Имам појачало со TDA2003 кое според даташитот работи на 4 оми, е сега дали тоа значи дека ако го работам на 8 омски звучник ке биде проблем за самото појачало или звучникот ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Напротив,нема толку да грее,а ке има помала снага.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Само види што ме зачуди за TDA2030 пише дека на 8 оми дава толку, на 4 оми дава толку вати а за овој TDA2003 пише само за 4 оми па од тамо и сомневањето зошто испуштиле да наведат и 8 оми... ама ок чим нема проблем супер.

според моја логика снагата би била упола, односно ако на 4оми дава 6W на 8 оми би дал околи 3W
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па тука си некаде ,ама овие ТДА... монолити подобро и постабилно работат со 8 омски звучници.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
епа тогаш TDA2003 е околу 3W на 8омски звучник, и би можел да го пуштам на 3W 8омски звучник само да не го пуштам до крај :) ако грешам поправи ме :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ке работи и на 2 ватен звучник,ако знеш што пусташ.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
На ова појачалце највеќе ќе одговара 4ватниот звучник со облик на елипса од старите лампашки радија ;).

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
во основа секое појачало што работи на 4 оми без проблем ќе работи на 6 8 12 или 16 оми. Не секогаш даваат упола снага, на пример моето појачало дома вади 100 на 8 120 на 4 оми, додека некои вадат 100 со 150, значи различно, но со оглед дека не се работи за снажно појачало мислам дека нема да приметиш некоја разлика на 8 или на 4 омски звучник.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Многу ја искомплициравте работава ;D. Како што рече bicikle, јас колку што ставтив, битно е да „дрнкаат“ ;D (ако грешам, нека ме корегира некој, но и јас така сватив ;)). Сепак, наменети се за користење со PC (барем колку што разбрав од претходните post-ови, ако грешам нека ме корегира некој), така да, со onboard картица, не можеш и онака да извадиш некој супериорен квалитет на звук ;). Како што спомнаа претходно многу други и јас, еден кондензатор во серија со високотонецот и евентуално некој отпорник и готова е работата, се друго можеш да корегираш со интегрираниот еквилајзер во Winamp или WMP или кој и да е програм кој го користиш за репродукција на музика од PC ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
И нема потреба да земаш друг звучник, арен сие и тој...  ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
А да не знае некој како се отвара звучник за да му го сменам калемот ? Се работи за 15W звучник си дијаметар околу 10cm
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.