Author Topic: 16X Oversampling дигитален стерео кодер  (Read 11959 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
За жал со овие интегрирани кола не, овие делат само „бинарно“ со 2,4,8,16,32 итн. За да дели со 24 треба друго коло за делење (програмабилен делител). Сепак може да се изведи горната шема со микроконтролер и да се употреби некој постандарден кристал но за тоа потоа.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
дај сликни ја одоздола плочката одприлика да видиме како идат водовите ама со салам апарат да не е матно а јас ке се потрудам кога ке имам време оти одам на работа тргнав у леов како сервисер за двд тв и немам многу слободно време до 3,15 сум на работа така да малку по малку ке ја досредам па ке ја ставам на нетот


Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Плочката колку на колку цм те фати?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Не сум сретнал 608 Кхз кристал ,а ни керамишки филтер.Каде го извади? Оваа сема сум ја видел некаде,ама не е баш вака,Не сум сигурен дека ова ке работи!!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5315
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
работи, тестирано 100% ;D
има слики од изработениот модел и од цело радио што го користеше човекот
само избарај по форумов
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Кристал од 608KHz е еден од користените кристали за далечински управувачи и би требало да го има во подобро снабдените продавници :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
Одг: 16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Reply #21 on 29.11.2016, Tuesday, 12:24:26 (Edited 02.12.2016, Friday, 02:30:58) »
Ова е плочката за тој кодер средена во Sprint Layout

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Браво и за Борче и за тебе Димче одлична шема е оваа на Борче сум ја гледал од порано и ете сега Димче постави и готова ППК се супер браво  ;D 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Reply #23 on 02.12.2016, Friday, 02:40:29 (Edited 02.12.2016, Friday, 02:42:00) »
dimce, зошто го ставаш само распоредот на елементите, а не и ППК-то? Не гледам поента ако веќе сам си го направил тоа, само распоредот на елементите од монтажните шеми да го имаме, а не и ППК-то.

Освен тоа, ако веќе не сакаш да ја споделиш со членовите на форумот работната верзија на ППК-то (.LAY фајлот), најчесто вакви работи се експортираат векторски (преку PDF принтер под Sprint-Layout) во PDF. Најмалку место зафаќа, а освен тоа, вектор е, може да се зумира до... колку сакаш... нема ограничување. Вака, како слика, мора сликата да е во голема резолуција, а тоа одзема доста простор.

И, ако веќе мора да поставиш слика со некоја шема, монтажна шема, ППК или нешто слично, пожелно е сликата да е во PNG. Помалку зафаќаат во однос на JPG за вакви работи. Сликите немаат премногу бои и компресијата е поголема, а и во PNG е lossless (не се губи квалитетот).

Еве, на пример, твојата слика, во JPG на 100% компресија (највисок квалитет, т.е. lossless компресија) зафаќаше околу 1.5MB. Во PNG со 256 colors (нема потреба од повеќе бои во конкретната ситуација) на max компресија, зафаќа околу 200KB... значително помалку (околу 7.5 пати).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
Одг: 16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Reply #24 on 02.12.2016, Friday, 11:35:59 (Edited 02.12.2016, Friday, 11:52:35) »
Кај мене ја нема таа опција за претворање од спринт во PDF фајл има Microsoft XPS Document Writer , и Fax. Треба надградба некоја зашто пиратски ми е спринтот.А плочката за неговиот кодер се чека борче да ја провери зашто  ми рече да не имаш некоја грешка при цртање.Благодарам за помошта ке се обидам со PNG Слики но минатиот пат се блокираше постот и никој не можеше да го отвори.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Важи важи кога ќе се провери ќе ја постираш ќе се среди
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
Одг: 16X Oversampling дигитален стерео кодер
« Reply #26 on 02.12.2016, Friday, 19:48:42 (Edited 03.12.2016, Saturday, 00:47:50) »
Засега плочката е оваа но сакам да ставам излезен степен како засилувач и филтер 15Khz на влез. Само ако каже Борче дека е ок се ке го надградам и ке го ставиме во Sprint Layout дирекно за Download.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кај мене ја нема таа опција за претворање од спринт во PDF фајл има Microsoft XPS Document Writer , и Fax.

Побарај некој free PDF printer (пиши на Google) и ќе ти извади мал милион програмчиња што инсталираат виртуелен PDF принтер.

Јас користам два конкретно, Adobe Acrobat Pro XI (не е бесплатен) или PDF Creator 1.7.3 (бесплатен, има и понови верзии, ама ептен ги направија за никаде, затоа ја користам постарата 1.7.3).

Благодарам за помошта ке се обидам со PNG Слики но минатиот пат се блокираше постот и никој не можеше да го отвори.

Не можеше бидејќи резолуцијата на сликите е преголема. Затоа се препорачува вакви работи во PDF да се ставаат бидејќи скриптата нема автоматски preview за PDF фајлови, само за слики. И, ако сликата е со некоја огромна резолуција, се блокира и не може ниеден post да прикаже од темата.

Затоа, ако мораш да прикачуваш слики со огромна резолуција (3000 X 3000 pixels или повеќе), стави ги во архива (rar, zip, 7z...) за да не може скриптата автоматски да пробува да прикаже preview од сликата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."