Е сега и јас не знам што треба за изработка на плочка со фломастер. Највероватно до сега eptenstrucnak иам научено како што треба...
Прво треба добар фломастер. Ротринг, Штедлер... се добри ама и скапи... 700-2000 денари. Така да нема логика. Барем колку што знам јас толку се цените.
Инаку со кинески фломастери кои ги купив топтан 12 парчиња за 80 денари, со повторување на линиите и тапкање во место, исцртувајќи точка по точка (малу е тешко) користејќи 12% хидроген и стандард солна киселина (од продавница) без вода добив солидна плочка за 15-тина минути. Може и со 47% киселина (мислам тоа е максимумот) и 99.99% хидроген ако ти се брза ептен.
ама нема потреба од тоа. Само хидроген или само киселина ке ја нагризуваат плочката со недови. Може и други хемикалии да ја нагризат плочката, може и некоја комбинација од средствата за чистење ама ова ти е наједноставно. А да . Прво плочката ќе ја потопиш во киселина, 5-7мм над плочка. Одоко ќе туриш хидроген. Кога ке почне да "врие" бакарот тоа е максимунот, односно ако ставиш повеќе хидроген ќе се наруши балансот, па ќе нема ефект. Сепак скоро во секој број на списанието Eмитер има објаснето за растворот. Да не барам сега, ама мислам дека пропорциите беа 1:2:1 Хидроген(3%):Вода:Киселина . Ако си почетник ова ти е најдобро решение.
Исто така, ако си во можност растворот и цела процедура прави ја на отворено, само пази да не има метал, плочки бетон во близина. Садот во кој е потопена плочката може да го стаиш во поголем и подлабок пластичен НЕПОКРИЕН сад, односно НЕЗАТВОРЕН, а може да е покриен со 2-3 листа од весник, но важен е слободниот проток на воздух. Не мора да "светиш" нонтоп на плочка, доволно е на 5 минути да ја понаѕираш.
Инаку, потрошен фломастер може да се наполни со седимент од растворен тонер, ама нее пожелно да се експериментира, поготово за почетници.