Електронски уреди > Мобилни телефони

5-пин конектор за батерија за таблет

(1/2) > >>

roliver:
Се работи за таблет седум инчен Престиџио, кој има 5 пински конектор за батеријата: 2х +, 2х - и една средна жица - жолта која веројатно ја мери или дава повратна информација за температурата на батеријата.
Како старата батерија почнала да се надува и имало можност да пукне, веднаш е пресечен конекторот и старата батерија е исфрлена.
Сега има нова батерија која за жал е кинеска и не е оригинал за таблети со 5 конектори, има само 2 жици + и -.
Батеријата работи нормално како и таблетот освен што има еден голем проблем: постојано покажува дека батеријата е преладна и дека треба да се исклучи полначот (кој патем не е ни поврзан). Информацијата може да се тргне од екранот ама полнењето не работи. Но и откако ќе се поврзе не сака да полни.
Дали некој знае кој напон треба да има на оваа жица за да може полначот нормално да полни т.е. таблетот да детектира дека батеријата е на нормална температура. Таблетот има Андроид 8.1.
Во прилог е слика од интернет но бојата на средната жица е сина (жолта кај мојот таблет) но бојата не менува ништо.

LordZi:
Пробај на таа надуваната батерија измери отпорност помеѓу средната жица и плусот и средната жица и минусот.

roliver:
Веќе напишав дека старата батерија е веќе исфрлена (може да има и два-три месеци). Новата додека дојде од Али и требаа околу 80 дена.

LordZi:
Пробај тогаш со некој рандом отпорник помеѓу плусот или минусот и средната жица, да речеме 1к, ако не почне да полни пробувај други вредности и комбинации.

roliver:

--- Quote from: LordZi on 04.09.2021, Saturday, 20:05:56 ---Пробај тогаш со некој рандом отпорник помеѓу плусот или минусот и средната жица, да речеме 1к, ако не почне да полни пробувај други вредности и комбинации.

--- End quote ---

Пробав со вредности од 470 оми до 1 мегаом помеѓу плусот и средната но ништо не смени, не почнува да полни, останува да пробам помеѓу - и средната, или да вградам надворешен микро усб полнач.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version