Author Topic: Продавници за осцилоскоп  (Read 750 times)

Offline MasterOfReality

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Продавници за осцилоскоп
« Opened on 17.02.2021, Wednesday, 12:16:41 »
Здраво на сите.
Сакав да прашам дали знаете некоја друга продавница покрај Loging што продаваат осцилоскопи, или пак некој друг поприфатлив начин за набавување на осцилоскоп (по можност локално, од нашата земја)? Конкретно имам потреба од дигитален осцилоскоп со вградена FFT опција и да не надмине 270 евра. Друга алтернатива е некој од производите на Digilent, како што е Analog Discovery, но не знам дали постои некој што продава од нивните производи.
Ви благодарам однапред.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12652
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #1 on 17.02.2021, Wednesday, 12:50:50 »
Јас колку што знам, не... евентуално да прашаш во Алфа во Битола, испорачуваат преку карго.

Code: [Select]
http://alfaelektronik.com.mk/
Пребарав низ сајтот, изгледа не продаваат, само сонди ми извади... но, прашај, можно е да имаат.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #2 on 17.02.2021, Wednesday, 14:47:55 »
Дигитален осцилоскоп со FFT за 270 евра ???  Какви карактеристики бараш за тие пари.
Една од опциите е да разгледаш на Aliexpress или Ebay, некоја од Hantek, OWON, Uni-T брендовите клои нудат  Handheld или USB осцилоскоп и да се надеваш дека нема да ти стават данок и царина.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12652
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #3 on 18.02.2021, Thursday, 00:04:30 »
Сега ми текна, Мегамобил ;). Можно е да немаат ништо на сајтот, слабо го ажурураат, а и рачно им е ажурирањето, не е автоматски преку софтвер, така да, јави се и прашај ;).

Code: [Select]
https://www.megamobil.com.mk/
Прашај и дали може да се договориш за некој осцилоскоп да ти го донесат. Еден пријател така се имаше договорено со нив за лемна станица ;). Мада се познава со голем дел од луѓето кои работат, но... што знам, не шкоди да прашаш :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MasterOfReality

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #4 on 18.02.2021, Thursday, 11:31:21 »
Многу ви благодарам за одговорите. Во текот на денот ќе ги контактирам Алфа електроник и Мегамобил. impexron.mk исто така можат да набават осцилоскопи, им се испраќа мејл и враќаат со понуда, но сепак цената за осцилоскопот гледана на интернет, без вклучени трошоци за транспорт, даноци, царини е скоро двојно поголема, но искрено не знам како се движат овие дополнителни трошоци (без транспортот.) Како отприлика се движат овие дополнителни трошоци?

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #5 on 18.02.2021, Thursday, 15:03:45 »
Доколку мислиш за трошоци околу увоз.
Колку што се секјавам јас за МК 21% данок 17% царина плус шпедитерски трошоци помеѓ 1000 и 1500 денари, плус поштарина која зависи од каде доагја  и колкав е пакетот.
Линк од Царината.
Code: [Select]
https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk
 Незнам каков осцилоскоп сакаш да купиш (какви карактеристики), јас мислам доколку самиот го порачаш осцилоскопот  ке ти излезе поефтино одколку да одиш преку Македонските продавници, трошоците околу увозот највероватно  ке треба пак да ги платиш, но нема да плакјаш провизија на продавницата а и ќе имаш поголем избор од  каде и што да нарачаш.

На Aliexpress  има Ridol, Siglent, или поевтини брендови како Hantek, Owon Uni-Tдоколку ти ги задоволуваат потребите може да порачаш самиот, потоа во МК да платиш трошкови за увоз.
Јас мислам така ке ти биде поевтино отколку преку Продавница/Посредник.



Пред да се одлучиш за  кој осцилоскоп разгледај по интернет има многу теми во кои се дискутират осцилоскопи посебно кинеските.
Има теми за хакирање на осцилоскопи каде од 100Mhz може да го направиш 200, 300 или 500Mhz зависно од осцилоскопот. Има и многу теми каде луѓе се жалат дека одредена опција не работи или не работи како треба.
Многу од ефтините осцилоскопи од сите брендови посебно кинеските имаат FFT ама е скоро неупотреблива.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12652
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #6 on 18.02.2021, Thursday, 17:55:36 »
Многу ви благодарам за одговорите. Во текот на денот ќе ги контактирам Алфа електроник и Мегамобил. impexron.mk исто така можат да набават осцилоскопи, им се испраќа мејл и враќаат со понуда...

Зошто не сум изненаден од .mk сајтови и вакви работи ::).

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MasterOfReality

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #7 on 18.02.2021, Thursday, 19:53:56 »
Доколку мислиш за трошоци околу увоз.
Колку што се секјавам јас за МК 21% данок 17% царина плус шпедитерски трошоци помеѓ 1000 и 1500 денари, плус поштарина која зависи од каде доагја  и колкав е пакетот.
Линк од Царината.
Code: [Select]
https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk
 Незнам каков осцилоскоп сакаш да купиш (какви карактеристики), јас мислам доколку самиот го порачаш осцилоскопот  ке ти излезе поефтино одколку да одиш преку Македонските продавници, трошоците околу увозот највероватно  ке треба пак да ги платиш, но нема да плакјаш провизија на продавницата а и ќе имаш поголем избор од  каде и што да нарачаш.

На Aliexpress  има Ridol, Siglent, или поевтини брендови како Hantek, Owon Uni-Tдоколку ти ги задоволуваат потребите може да порачаш самиот, потоа во МК да платиш трошкови за увоз.
Јас мислам така ке ти биде поевтино отколку преку Продавница/Посредник.



Пред да се одлучиш за  кој осцилоскоп разгледај по интернет има многу теми во кои се дискутират осцилоскопи посебно кинеските.
Има теми за хакирање на осцилоскопи каде од 100Mhz може да го направиш 200, 300 или 500Mhz зависно од осцилоскопот. Има и многу теми каде луѓе се жалат дека одредена опција не работи или не работи како треба.
Многу од ефтините осцилоскопи од сите брендови посебно кинеските имаат FFT ама е скоро неупотреблива.
Фала ти многу за информацијата и советите :). Досега немам порачувано пратки над 50 евра од ebay/aliexpress, па мислев дека би ме фатило поскапо или исто колку да купам од локална продавница, па дали би ми се исплаќало целото тоа време чекање, а исто можеби проблеми со гаранција за уредот. Ќе истражувам дополнително и ќе ги разгледам сите опции  :)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #8 on 18.02.2021, Thursday, 20:57:38 »
Доколку не е проблем, може да кажеш осцилоскоп со какви карактеристики бараш.
Друга опција ти се соседните земји, Бугарија и Грција.
Комет од Бугарија работи со Farnell, мислам дека може да порачаш од Farnell а пратката да ја подигнеш во Комет во Софија.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5313
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #9 on 20.02.2021, Saturday, 17:35:10 »
Комет испраќа во Македонија, не мора да одиш до софија, со тоа што ќе треба повторно да платиш царина и данок
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12652
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #10 on 20.02.2021, Saturday, 23:17:57 »
Комет испраќа во Македонија, не мора да одиш до софија, со тоа што ќе треба повторно да платиш царина и данок

Значи ќе мораш да одиш ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
  • Gender: Male
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #11 on 21.02.2021, Sunday, 13:29:17 (Edited 22.02.2021, Monday, 11:06:07) »
Здраво на сите.
Сакав да прашам дали знаете некоја друга продавница покрај Loging што продаваат осцилоскопи, или пак некој друг поприфатлив начин за набавување на осцилоскоп (по можност локално, од нашата земја)? Конкретно имам потреба од дигитален осцилоскоп со вградена FFT опција и да не надмине 270 евра. Друга алтернатива е некој од производите на Digilent, како што е Analog Discovery, но не знам дали постои некој што продава од нивните производи.
Ви благодарам однапред.
Можам да ти набавам вакви:

Owon SDS1102
Code: [Select]
https://www.amazon.com/Digital-Oscilloscope-SDS1102-Bandwidth-Horizontal/dp/B07F681N3K
Hantek DSO5102P
Code: [Select]
https://www.amazon.com/Hantek-DSO5102P-Digital-Storage-Oscilloscope/dp/B01EJLZYN8

Offline bkupev@gmail.com

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #12 on 05.03.2021, Friday, 23:49:04 »
Quote
Можам да ти набавам вакви:
Owon SDS1102

Дали можеби има можност да се набави Siglent SDS 1104X-E или Siglent SDS 1202X-E и по која цена и време за доставување?

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
  • Gender: Male
Re: Продавници за осцилоскоп
« Reply #13 on 06.03.2021, Saturday, 20:45:17 »
Ги има, околу 500€ се тие модели