Електронски уреди > Мобилни телефони

Општи интересни информации и новости

(1/2) > >>

DX-er:
Интересно видео за мобилните телефони кое вреди да се погледне. Според ова излегува дека еден дел од телефоните се генерички производи.

GigaWatt:

--- Quote from: DX-er on 30.01.2021, Saturday, 16:11:38 ---Според ова излегува дека еден дел од телефоните се генерички производи.
--- End quote ---

Да де, само се разликува квалитетот на изработка, ништо друго ;). Само софтверот се прави во фирмите, ништо друго, самиот телефон, како хардверски уред, generic е. Се додава или вади нешто по потреба, поддршка за овој екран се става, се вади за оној, ама генерално, цела плеада на уреди има со SoC MediaTek XXXX или некој трет производител на SoC-ови ;). Ги изработуваат подизведувачи.

Практично се се прави така во денешно време ;). Не само телефони... само за Sony знам дека сеуште само нивни фабрики (ама баш нивни) имаат во Кина... Samsung евентуално, ама не за се.

dr-mr:
Освен како clickbait видеото не служи за ништо друго. Тоа што типот го кажува во видеото е ниту нешто ново ниту тајно.
Патем ODM не значи дека ODM компанијата го дизајнира уредот, туку дека ODM компанијата добива оригинален дизајн од некоја друга компанија и тој дизајн го произведува.
Тоа се прави 50 години не е од вчера.
Незнам зошто Aple го нема на таа листа, Aple не произведува ништо од хардвер ниту ги склопува сопствените уреди, Aple e 100% зависна од ODM.

DX-er:

--- Quote from: GigaWatt on 31.01.2021, Sunday, 01:32:22 ---Да де, само се разликува квалитетот на изработка, ништо друго ;).

--- End quote ---

Мислиш на квалитетот од една до друга ODM фабрика или квалитетот од телефоните произведени во Самсунг и оние самсунзи произведени во ODM ?

Дали телефоните произведени во ODM би имале делови од исти производител (исти квалитет) без разлика дали се работи за Samsung или Alcatel?

dr-mr:
Квалитетот на деловите и изработката зависи од цената, доколку нарачателот плати повеќе ке добие подобар квалитет,  без разлика дали се работи за Samsung, Alcatel или некој друг.
 Голем дел од производството во ODM се врши со "off the shelf modules", готови веќе склопени модули за камери, екрани, полначи/контролери за батерии,  затоа и многу брендови имаат телефони со исти или многу сличен дизајн.
Обично компаниите како Samsung имаат подобар квалитет бидејки произведуваат голем дел од компонентите/модулите, можат тие компоненти/модули да ги добијат со подобар квалитет за пониска цена(цена на производство), додека некоја компанија која ќе ги купи тие компоненти/модули ќе плати повисока цена за истите компоненти или ќе набави понеквалитетни или компоненти со послаби карактеристики. Еден екран за телефон на Samsunga може да го кошта 50 евра да го произведе и користи во нивните телефони, на Aple или Alcatel истиот екран ќе ги кошта 60 евра (цените се само како пример), бидејки Samsung заработува од продажбата на компоненти/модули.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version