Останато > Сè останато

Електрични возила и слично

(1/25) > >>

Atanas:
Светот оди напред  :)

GigaWatt:
Ова се е многу убаво... но за жал, неизводливо на Балканов :(... кај имамe време да се за*баамe со тоа кога едвај сврзуваме крај со крај :-\. Плус, ова е сеуште релативно скапо хоби... вика „си одбираш кола и ти ја прават електрична“... електричноно Фиќо кај нас кошташе околу 7000 евра, а за тие пари ќе си земеш на старо две релативно очувани коли од 2006-та, 2007-ма... не е ова за Балкан... барем не сега за сега.

Ќе си преправиме по некоја шрафилица и тоа е тоа :-\.

Devil:
Не знам дали го следите Garcia подолг преиод на youtube да видите зошто им се исплаќа нив, прават групни нарачки за батерии и им иди многу ефтино, или пак купуваат по 100 батерии за 60$ нови не користени.
Кај нас прво Sanyo или samsung батерии нема, имам начекано LG ама и тие ми се сумливи колку се LG.
Нај блиску во состедството, една батерија 5.5E (самсунг), на тоа има царина и данок, а за поголеми количини ќе ви треба и шпедиција. Не сум сигурен но за големи количини треба да се види и како е законот за електронски отпад.

BMS системи има за прилично мала цена, држачите за батерии се скро џабе, останува само некој да ги состави.
Нареден проблем се електричните мотори, ќе треба да се прави со трофазен мотор, па премотување, фреквентни регулатори ...

GigaWatt:

--- Quote from: Devil on 13.08.2019, Tuesday, 15:39:54 ---Не знам дали го следите Garcia подолг преиод на youtube да видите зошто им се исплаќа нив, прават групни нарачки за батерии и им иди многу ефтино, или пак купуваат по 100 батерии за 60$ нови не користени.
--- End quote ---

Нив $60 им е пола дневница... $60 кај нив и кај нас не се исто.


--- Quote from: Devil on 13.08.2019, Tuesday, 15:39:54 ---Кај нас прво Sanyo или samsung батерии нема, имам начекано LG ама и тие ми се сумливи колку се LG.
--- End quote ---

Ова е башка муабет... неквалитетна роба... да, second hand батерии, ама што бренд. Има разлика меѓу Samsung и „Чинг Чонг Чунг“ ::).


--- Quote from: Devil on 13.08.2019, Tuesday, 15:39:54 ---Нај блиску во состедството, една батерија 5.5E (самсунг), на тоа има царина и данок, а за поголеми количини ќе ви треба и шпедиција. Не сум сигурен но за големи количини треба да се види и како е законот за електронски отпад.
--- End quote ---

Моментално, само бакар и железо ги интересира од електронски отпад, ништо друго. Освен тоа, неписменине по отпадине треба да ги научиш како изгледа батерија од лаптоп за да ти ги собираат. Па уплата на трансакциска, дрн дрн јариња... ::).

Пак ќе кажам, тоа е многу убаво, ама не е за Балканов, барем не сега за сега.

И јас барем, лично, дури и ако правам battery wall, ќе ја ставам банката во посебна шупа, надвор од куќата. Ризикот е премногу голем, особено ако се во прашање second hand батерии.

Да не правам муабет што, барем за мене и сите оние кои живеат во зграда, ова е практично неизводливо. Евентуално може возилото да си го преправат, толку.

А и за оние кои живеат во куќи... не ги глеј Американцине, кај нив се е гипс картон и дрво, они кога сакаат си пуштаат нов кабел, дупки може со шило да прават. Ај иди кај нас направи го истото кога се ти е од бетон и малтер ::). Треба хилта да имам само за да пуштам уште еден кабел, па потоа опшивки да правам ::).

А тука не се гради од дрво и гипс картон бидејќи премногу големи разлики има во температурите зимно и летно време, по 50 степени е разликата, таква ни е климата, толку големи разлики нема во повеќето места на светот. И немојте да ги гледате „Хот и Хот“, тоа се практично монтажни дрвени бараки. Гаранција даваат 50 години, ама од кај да знам јас дека „Хот и Хот“ ќе постојат за 50 години ???... бетонот се има покажано како најдобра солуција за овие простори, не се користи за џабе наназад скоро цел век ;). Асеизмички лесно се „штима“ (се армира, ова она), а згора на тоа, отпорен е на големи температурни промени.


--- Quote from: Devil on 13.08.2019, Tuesday, 15:39:54 ---Нареден проблем се електричните мотори, ќе треба да се прави со трофазен мотор, па премотување, фреквентни регулатори ...
--- End quote ---

И, што ти кажува ова? Јас треба да се посветам на овој проект едно барем 3, 4 години континуирано за се да реализирам. Американецон оди во Wall Mart, купува мотор од 100 коњски сили и си брка работа ::).

Не е ова за кај нас... да имавме плати како Американцине, да, ама немаме, така да, тоа е тоа.

Да не праам муабет и за алат... јас гледам како да заштедам, сам да си направам големо менгеме од железна фурда, да не давам 3000, 4000 денари за менгеме (повторно, ова е половина дневница за Американците), они не му ја мислат нешто многу, иде и купува.

Devil, не се споредува... едноставно сме два различни света... џабе боље идеи имаме за еден куп работи кога немаме пари :-\.

Devil:
Се согласувам, сакав да нагласам само дека кај нас тоа не функционира баш така како што е во многу видеа, можеби во поголем дел од светот би функционирало тоа, но не и кај нас

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version