Електронски уреди > Мобилни телефони

Како изгледаа мобилните телефони многу одамна :)

(1/1)

DX-er:
Дојдов до едно интересно клипче каде ентузијаст го расклопува до најмало парче и објаснува кој ден што е.



Се работи мобилен телефон од прва генерација (1G) кој работел по стандардот NMT 450MHz. Системот е аналоген и таква мобилна телефонија до пред 7-8 години имаше во соседна Бугарија.

GigaWatt:
Човечееее... со RF модул е, хахахах ;D ;D ;D. Ова е навистина старо.

DX-er:
И јас се изннадив кога го видов тој RF Модул :) Модули со таа големина користеа некои од FM предавателите :)

Сегашниве мобилни телефони користат ептен малечки SMD чипчиња за засилување на радио сигналот.


Него сакам и ова да го кажам: Денешниве GSM телефони кои имаат дигитален сигнал, снага од 2W, фрекфенција од 900 и 1800MHz имаат домет не повеке од 35km а додека овие како тој на видеото беа на 450MHz, имаа иста снага од 2W, сигналот им бил аналоген а дометот бил woooow огромен. Со малце базни станици покривале цела држава. Еден бугарин сподели искуство на еден форум дека од Халкидики успеал да фати сигнал од Бугарија и да се јави кај своите роднини и да зборува на далечина од преку 160km :)

Navigation

[0] Message Index

Go to full version