Електронски уреди > Мобилни телефони

помош-Искуство со кинески екрани за мобилни?

(1/3) > >>

bicikle:
Дали некој порачувал кинески екрани за смртфони, имам самсунг ј3 2016, ми пукна екранот, па да не стои џабе, гледам кинески екран сосе тач е 20-30усд, а овде е 4000 ден, ко демек оригинал. Што мислите дали овие кинескиве се горе-доле доволно добри ?

DX-er:
Јас имав ставено таков екран ама тоа беше одамна на Нокиа symbian телефон.
Сликата не беше така реална и требаше да го гледаш екранот под одреден агол, во спротивно се прелеваа боите.

dr-mr:
Јас имам порачувано кинески екрани за телефони и таблети, обично се добри само еднаш за тавблет (Surface Pro 3) не работеше екранот.
Немаш никаква гаранција дека ке биде добар тоа е лотарија.
Ако порачуваш прочитај што кометари имаат пишувано други што купиле има продавачи што продаваат добри екрани.
Ако го купиш најефтиниот ке добиеш ѓубре.

bicikle:
Па го гледав директно тој што има најмногу продадено, 70% се задоволни... Цените беа најчесто слични, а поскапите имаа само алат како додаток... Сепак треба 4 пати да се зезнам на али експрес за да ми дојде како да сум сменил овде.

Steff_92:
Јас порачував за LG G2, како што велиш 3 пати поефтин, ама за месец дена почна со флеки на дисплејот, чудни точки и сл.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version