Тогаш сигурно е со SATA, не со IDE.
Ако е со SATA, лесно е. Само земи SATA кабел, пресечи го, види pinout, залеми го на адекватните места (не мораш да го вадиш оригиналниот конектор, може да ги залемиш жиците и на самата плочка, до оригиналниот конектор)... а можеби ќе можеш да искористиш и напојувањето од лаптопот за HDD-то. Треба да провериш. Ако дискот пробува да се подигне (да заврти), ама не успева, тогаш најверојатно напојувањето на лаптопот нема да го издржи тој 3.5" HDD и ќе треба да му направиш екстерно напојување. За оваа намена одлични се оние SMPS адаптерчиња од set-top box-овине на One (мислам дека беа Sagem). На 3.5" HDD пред се му треба 12V-ниот rail за вртење на моторот, така да, најмногу струја мкне на тој rail. 5V-ниот rail најчесто го користи само за електрониката, така да, најверојатно со еден 7805 на 12V-ниот rail од адаптерот ќе го решиш проблемот
. Ама, ако успее да го заврти и подигне напојувањето од лаптопот, терај го така
. Ако лаптопот се изгаси по половина секунда откако ќе го врзеш напојувањето на HDD-то за него, значи дека има некоја интерна заштита од преоптоварување и дека нема да можеш да го „возиш“ HDD-то со интерното напојување на лаптопот.
А наједноставно ти е да си купиш ново 2.5" HDD. 500GB се околу 2000 и нешто... Hitachi... моментално само такви има на пазаров во Македонија.
Плочата можеш да ја извадиш, ама ништо на неа не е направено за да биде компатибилно со desktop куќиште, така да, можеш само да ја ставиш во desktop куќиште и... толку
. Само така да ти седи, за украс
.