TONI е најверојатно во право. Бидејќи станува збор за постар лаптоп, најверојатно е проблематичен southbridge-от или northbridge-от, а ако има и засебен графички чип (прочитав online дека имал некој SiS графички чип), можно е и тој да е проблематичем.
Во секој случај, ако е навистина тоа проблемот, за целосно сигурно решавање на проблемот потребно е да се направи reballing на дел од чиповите (или сите, треба да се разгледа дали проблематичен е само еден или повеќе). Може да се реши проблемот и со reflow, поедноставно е и поевтино, но нема гаранција колку време ќе работи лаптопот како што треба... иако и со reballing можно е „операцијата“ да не е 100% успешна (зависи кој правел reballing и како го правел), но дефинитивно има поголем процент на долготрајна успешност во однос на reflow.
Јас лично, не би вложувал пари за толку стар лаптоп. Се што е под 2011 или 2012 произведено, веќе не се исплати да се прави. Сега да земеш двојадрен или четворојадрен Celeron, ќе го изеде Core2Dou-то од секој аспект, а тие лаптопи се сметаат за starter модели и се до кај 15, 16 илјади. Со овој што го имаш, само ќе се гњавиш. И да го направиш овој проблем трајно, за некоја година ќе се јави некој друг... дали дискот, дали екранот... нешто ќе почне да откажува.
Помина времето „купувам еднаш и го терам ехееее“... се станува старо и демоде за година или две, така да, јас не глеам поента да се вложува во нешто волку старо.
Но, како сакаш, изборот е твој
.