Електронски уреди > Мобилни телефони

Како да декодирам евтин АЛКАТЕЛ телефон ?

(1/2) > >>

DX-er:
Дали има некој да ми помогне околу декодирање на мобилен телефон, да ми даде некој калкулатор за кодови. Се работи за евтин Алкател телефон за кој искрено не вреди да се даваат пари по сервисери за декодирање.

GigaWatt:
Бесплатните генератори на кодови се за многу стари модели. За понови модели (2005-та, 2006-та па нагоре), нема. Ако брка работа и ако сакаш да го користиш (не ти е за експериментирање), подобро фрли 300 денари, не би требало повеќе од тоа да ти земат за декодирање.

Евентуално, ако знаеш кој го има купено телефонот и од каде (T-Mobile, One, VIP) и ако е истечен договорот/гарантниот рок од производителот, може да го побараш кодот за декодирање од операторот со образложение дека сакаш да го отуѓиш телефонот (да го подариш или продадеш), а бидејќи веќе на операторот му истекла законската обврска да го одржува во исправна состојба истиот, треба да ти го дадат кодот за декодирање (отклучување) на мобилниот телефон. Тоа треба да го направи сопственикот на телефонот (оној на чие име се води гаранцијата). Се поднесува барање кај операторот и барањето се разгледува. Ако ти го одобрат, ќе ти се јават и ќе ти го кажат или ќе ти речат да дојдеш до некоја нивна филијала за да го добиеш кодот за декодирање. Ако те одбијат... тоа е тоа. Мислам дека имаш право на жалба до АЕК, но не се надевај премногу.

xantox:
Пред некое време требаше да декодирам еден алкател кој беше на т мобајл. Барав на нет калкулатори меѓутоа се е тоа ризик за пробување, бидејќи колку што разбрав постојат само неколку обиди. После тоа на клучот - катанец  :) Јас најдов на ибеј едно типче кое, во предходна комуникација, ми "гарантираше" успешно декодирање. Неговата услуга чинеше само 1долар. Еве сега алкателот работи на сите провајдери.

donis92:
Барај имаш сервери на ебај шо се сигурни за унлок , ако не прати ми имеи на ПМ па ќе пробам да ти завршам работа, пиши ми и кој модел е .

batka:
 donis92  постовививе што ги ставаш се за  теми  од пред  две- три години. 8)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version