Author Topic: 300W Појачало за FM предавател  (Read 3227 times)

Offline gocebabe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
300W Појачало за FM предавател
« Opened on 18.03.2016, Friday, 21:33:38 (Edited 18.06.2019, Tuesday, 10:09:18) »



Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Совет: гледам користиш од лошите плочки (пертинакс се викаа?) ... за RF работи се _за_никаде_. Употреби витропласт (FR4) :-)

Offline gocebabe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
Да лоша е плочката таква се погоде ова тура  на плочки  >:( не можам да најдам двослојни ако има некој нека пиши  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Освен слики никакви други податоци не гледам.Не знам зошто воопшто се трудиш да правиш нешто кога не можеш практично да го употребиш.Плочката ти е лоша.спомнаа зошто.а лемењето не оддава баш мајсторлук.Се на се,објасни ја намерата и ме интересира со што би го побудувал и каде би го користел??

Offline gocebabe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
batka  ќе нагласев се кога ќе беше се во кутија кога ќе соберев прво има PLL со 400mw снага па има 2sc1971 заедно со 2sc1946 побутата за 2sc2782 и kt971a сега како ке тргни ќе видиме плочката е добра тел не ми слика чисто :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 Па за тоа зборувам - ако правиш предавател за ФМ радио дифузија во опсег 88 до 108 Мхз хз со јачина 300 W,добро размисли за законските последици .Ако АЕК те слушне, оние 300W може и 3000 ЕУ да те чинат + друго што следува.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: 300W Појачало за FM предавател
« Reply #6 on 19.03.2016, Saturday, 18:35:45 (Edited 19.03.2016, Saturday, 18:53:05) »
Браво за храброста да правиш волку јако нешто пази на хармоници на ваквиве чуда да не упаднеш лесно ти треба спектралец а незнам дали во аматерски услови ќе поседуваш.Јас кога бев на пракса со MRF212 10 вати покренувавме излез со 2N6084 мислам дека 80 вати без проблем ги извади. A MRF212 го покренувавме со 2SC730 три вати, а 2SC730 го покренувавме со 2N3866. Но секако првин нагодување на степените меѓусебе да не растураат моќност што би се рекло меѓу мајстори и секако се пратевме на спектралец но тоа е во сервис.Во аматерски услови многу тешко дека ќе го наштелуваш пази ако ти растура снага нема да ти работи правилно засилувачот и скратен век на траење ќе има може и да прегори пази многу на хармоници да не забега некој негде АЕК се будни и најстрого санкционираат.За оваа работа без спектралец ништо фреквенцметар и некои други инструменти 8). И секако секој предавател барем ваков јак мора да има и соодветна антена за фреквенцијата која ќе се наштелува инаку SWR ќе го изеде излезниот степен со тек на времето ако врати моќност ќе го пробие излезниот транзистор затоа кога се штелува се става и лажна антена лажен потрошувач отпорник 50 омски од неиндуктивен карактер нормално со јака моќност нормално поголема од моќноста на излезниот степен што е онака скапичка работа. Со други зборови ова бара доста инструменти и големо практично знаење 8).
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Самоградбата на вакви уреди беше интересна и се исплатеше 90-тите години,кога  започнуваше бранот правење приватни радија за радиодифузија.Но сега е друго-  нормите се изменија,И да сакаш да платиш фрекфенција и легално да работиш некаде,со ваков уред немаш шанси.А да направиш уред ( и тоа 300W!!) ,само за да се пофалиш...,не оди - скапо е! 8) Друга работа е ако те фатат да емитуваш ( сметаш!) ,е тогаш ке си го окркаш. ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
.Во аматерски услови многу тешко дека ќе го наштелуваш пази ако ти растура снага нема да ти работи правилно засилувачот и скратен век на траење ќе има може и да прегори пази
Како мислиш да растура снага?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: 300W Појачало за FM предавател
« Reply #9 on 20.03.2016, Sunday, 11:31:26 (Edited 20.03.2016, Sunday, 17:04:35) »
Кога мислам дека растура снага значи не си ја извадил целата снага што може да ја даде тој високофреквентен засилувач.Овде како и кај сите помоќни засилувачи има и предзасилувачки степени нормално нели кои активираат друг појак засилувач па тој друг уште појак засилувачки степен активира.За таа цел при првото пуштање на излезот се поврзува рековме лажен потрошувач се поврзува вф сонда вф ватметар, мерач на поле.Со вртење на тримерите(тример кондензатори затоа се поставени кај сите степени за нивно штелување како спрега меѓу степените да бидат) во првиот предзасилувачки степен се врши негово нагодување но се следат промените на ватметарот и вф сондата целта е да се извлече колку што е поголема моќност за правилна работа на уредот.Откако ќе го направиш ова, правиш исто вакво нагодување на следниот излезен степен исто вака гледаш да извлечеш максимум да е добро наштелуван и тој. 0ва се прави поединечно на секој засилувачки степен, зависи колку степени има во вф засилувачот. Постапката штелување на сите степени се повторува неколку пати за да се извлечат максималните вредности ете тоа е растурање на снага не смее да ја има. Ќе оди во греење голем дел од енергијата ако степените не се добро меѓусебно наштелувани. Секако проблем ќе ти направи ќе ти растура снага уредот и прописно ако не е умасен оклопен каблите да се пократки и поквалитетни конекторите да се квалитетни исто затоа и плочките се лемат одозгора елементите знаеш нели што да им се пократки ногиците да не се јави паразитна капацитивност меѓу нив квалитетни транзистори излезни многу е битно да имаш.Голема маса на плочката. И како што реков антената е најбитна таа највеќе ја растура моќноста најбитен елемент кај секое вф појачало е антената. Ако се ова се запази ќе имаш јак предавател со јак излезен степен што стварно вади јака моќност измерена со RMS вф ватметар значи декларирано докажано дека стварно извадил многу вати. Ако е се вака направено предавателот ќе тера многу многу долго време без мака. И нормално со помош на спектрален анализатор додека штелуваш мора да гледаш колкави се и во колкава мера се зрачат хармоници за да ги сузбиеш и да го наштелуваш предавателот прецизно и прописно да го пуштиш во работа. 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Секој предавател ,било како изограден *троши* од јачината и тоа на повеќе начини.Тоа се укалкулирани губитоци на са самиот предавател,на степените,но и губитоци во каблите ,антената.Значи,покрај хармониците ,постојат сметњи што ги ствара еден предавател поради неоклопеност,лош квалитет на каблите,конекторите (кои греат) и сите тие не се мерат само со SWR ,туку со мерач на поле итн.Ако само антената не е добро подесена во однос на предаватеолот можно е и до 50% снагата да се *расипува*, да *оди во ветер*, да се троши на греење ...

Offline gocebabe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
Ништо од 300w  :D ојде КТ971а со бормашината >:(

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Залеми го така без поклопецот можи ке работи  :D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline gocebabe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
Одг: 300W Појачало за FM предавател
« Reply #13 on 21.03.2016, Monday, 20:55:41 (Edited 21.03.2016, Monday, 22:32:54) »
Вгодина ова година не верувам  8)