Мислам дека е прекомплицирано да се прави вакво нешто. Се продаваат UPS-и со зезнати батерии, не се прескапи, јас имам купено за 800 денари... или тука некаде беше.
Имаше некој член на форумов продаваше повеќе вакви, мислам дека EATON беа, 800W или тука некаде. Бидејќи тебе повеќе од 100W не ти треба, нема шанси да изгори електрониката од преоптеретување, а згора на тоа ако ставиш акумулатор место класична батерија, може да тера и неколку часа
.
А да, еве ја темата.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11395.0
За жал, продадени се сите :S.
Ништо, ако можеш, дај оглас дека бараш половен UPS без батерии, не би требало повеќе од 1000 денари да биде, и околу 1000 денари акумулаторот, проблемот е решен за 2000 денари
. А ако фатиш да правиш, мерења, преправања, делови, ова она... не се исплати... барем според мене.
ПС: Ако ептен ти е страв дека електрониката ќе изгори при подолго оптеретување, на крајот на краиштата, може да монтираш еден кулер кој ќе активира во ист момент кога ќе се активира и UPS-от и решен проблем
.