Author Topic: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?  (Read 22513 times)

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Се извинувам.Не сум активен со години.Од Струмица кои репетитори поминуваат?Од овде Р3 цепаше од рака со пола ват.Планирам повторно да се реактивирам.Ме фати нешто мерак :) . Еве покренав иницијатива и за обнова на Радио клубот во Струмица... Z37CPR. Ај па моЖе и ке се чуеме. 73

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
е ок, се разбравме тогаш, не сум знаел дека Туртел е стара локација на R3.
@babaroga добредојде на форумот, се надевам дека ќе имаме доста заеднички теми на кои ќе дискутираме.  ;)
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Новата локација е пониква. Можеби врвот Туртел е подобра локација.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Пробав.Со 1W , стариот добар Yeasu VX 1R не поминува на Пониква. Толку му е снагата. У недела ако е добро времето ке се качам на Беласица...да видам од таму што поминува. Јас лично мислам дека Туртел е подобра локација.Ако се има можност да се премести (не знам како оди процедурата)...но од таму цел Југоисток се покрива без никаков проблем.Еј по цели 20 години ме фати мерак  :). Ај нека е.. 73.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
што се однесува до локација, мислам дека главниот збор го има АЕК, за се треба одобрување, дозвола итн. Не знам ни јас точно како оди сето тоа, но ќе се информирам. Се очекува и R2 наскоро да се постави на Галичица.
@babaroga, кој ти е повикувачкиот знак? Добро е што по толку време пауза се враќаш повторно во светот на радиотехниката.
73
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?
« Reply #20 on 13.09.2015, Sunday, 20:31:26 (Edited 13.09.2015, Sunday, 20:33:56) »
Денес убав и сончев ден го искористив за тестирање на радио станица на врв на Водно, направив неколку тестови и тоа, со 500mW излезна снага го отворив R2 на Копаоник (за разлика од минатиот пат кога тестирав со 2W) и на далечина од 150km сигналот беше Q3,5 што значи разбирлив но со шум.
Потоа на неколку места пробував да го отворам RU2 исто така на Копаоник но успеав да воспоставам врска само од едно место на врвот на Водно поточно на 400m десно од крстот во правец накај Матка/Треска и бидејки тој репетитор е линкуван со неколку други репетитори кои вероватно ја покриваат цела држава, си разговарав со радиоаматер од Белград кој ми рече дека одлично го фаќа сигналот. Но од овој тест помеѓу R2 и RU2 можам да речам дека на R2 многу полесно го отварав и од секоја локација на врвот на Водно а RU2 можев само од едно место и сигналот што го примав беше околу Q3,5-4. RU2 го отварав и со 500mW што беше изненадување.
Го фатив сигналот на бугарскиот R1 на Црн врв во близина на Софија но за жал сигналот кој го слушав иако беше чист имаше премногу прекини, кога ке емитував сигнал со 5W на другата страна се слушаше само дека го отварам репетиторот и имаше само шуштење, ова го увидов за тоа што користев Echolink како мониторинг.
Нашиот R7 го отварав без проблем со 500mW на далечина од околу 28km, а мојот емитуван сигнал беше Q4 а со 2W Q5.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дали некој знае колку dBi засилување имаат антените на репериторите и дали репетиторите користат засилувачи за приемниот сигнал?
Конкретно мислам за репетиторите поставени на високи планински врвови.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Затоа што антените се омни-дирекционални, не верувам дека имааат повеќе од 3-4 dBi хоризонтално засилување. Влезни засилувачи си имаат внатре во приемниот степен, не верувам дека имаат екстерни приемни засилувачи

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Денес бев во Катланово и со станцата испитував кој репетитор го отварам.

Бев овдека:



Криво ми е што ми сметаше еден рид за да можам да го видам Скопје, така да за жал немав оптичка видливост.

Прво пробав да се уклучам на Р2 на Копаоник но безуспешно

Потоа го отворив Р7 на Солунска глава без проблем и сигналот беше Q4 или Q4,5 на 5W, а далечината меѓу мене и репетиторот беше 32,41km

Го отворив и Р6 Бреза каде сигналот беше Q5, едино не знам каде точно се наоѓа репетиторот и не можам да измерам далечина но секако од прилика е околу 20km

Потоа пробав со RU5 на врв на Водно но за жал не сакаше по ниедна цена да се отвори.

За крај го отворив скопслиот Р0 каде разговарав со колега радиоаматер и ми рече дека ме слуша Q3 а јас него го слушав Q5, далечината беше 25,5km до R0 во Скопје.

Нај интересното беше што го отворив и прилепскиот Р0 и тоа без никаков проблем, остварив контакт со колегата Ивица од форумов кој ми даде оцена Q4 а потоа зборев и со друг колега радиоаматер од Прилеп, тој ми даде оцена Q5, вероватно малце ја мрднав станицата па и сигналот се променил. Работев со ниска снага од 2W и со 5W снага.
Прилепскиот репетитор се наоѓа на Селечка планина и помеѓу мене и репетиторот имаше одприлика 63km далечина.

Еве сликовито:


Ако некој знае каде точно на планината се наоѓа репетиторот нека пише координати за да одредам точна далечина

Иначе према
Code: [Select]
http://ham.pirot.org/ репетиторот е 5W но според спецификациите за репетиторот снагата е минимум 10W. Така да не знаеме која е точната снага на репетиторот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Супер радио експедиција.  :)

Стварно е интересно што прилепската нула поминува релативно далеку.

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Ај едно инфо..
Дали има тука некој од Југоисточна Македонија Радовиш, Струмица...Денес се качив на Плачковица, од Радовишка страна.На врвот Бел Камен(мислам има околу 1600 м)Земав две радио станици (YAESU VX1R i PO FUNG t.e Baofeng UV5R)рачни чисто да пробам дали нешто поминува.Ништо. Тапа. Единствено ја слушнав грчка Р6.Толку. Да не ја грешам некаде...да немаат влезни тонови репетиториве...шо знам.Да не може да помине ништо. Инаку струмичките радио такси и на ВХФ и на УХФ поминуваа без никаков проблем...а има некои 40 км сигурно.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?
« Reply #26 on 05.10.2015, Monday, 10:28:02 (Edited 05.10.2015, Monday, 13:29:40) »
Само кумановската Р0 има ПЛ тон, другите се слободни. Од тамо е далеку ни можеш да отвориш репетитор, пример Р6 кај Велес или Бена Кобила или Р0 од Прилеп. Грчкиот репетитор има ПЛ тон.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Мислев дека од таму некако Солунска Глава би поминал со 4-5w...ама јас не го слушнав.Сега само претпоставувам, ако не  го отварам од таму , а немало никакви активности...Пробав и на Пониква, и тоа ништо. Пример...од Штип, што поминува?? Сигурно Р3 без никаков проблем...ако боопшто работи. Поздрав.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Мислев дека од таму некако Солунска Глава би поминал со 4-5w...ама јас не го слушнав.Сега само претпоставувам, ако не  го отварам од таму , а немало никакви активности...

Не, намерно не ти го спомнав R7 бидејки репетиторот не е нешто нај нај, повеке луѓе го кажуваат истото, има проблем со осетливоста на приемникот и со антената, а и сигурно немал активност бидејки не си слушнал ништо.

Како опција ти останале R6 (преку ден, преку ноќ има послаб сигнал) или R0 Прилеп кој е одличен репетитор! Можеби е најдобар во моментов во државава.

Пробав и на Пониква, и тоа ништо. Пример...од Штип, што поминува?? Сигурно Р3 без никаков проблем...ако боопшто работи. Поздрав.

R3 Бог знае од кога не работи
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline babaroga

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Задоволство ми е да ве известам дека во Македонија, за краток период од само 7 дена,во употреба се пуштени два нови репетитори.
Прв беше поставен R6 на локација во централниот дел од Македонија, западно од градот Велес на планината Голешница.
Код:
R-6 Бреза (Z35VBR)
фрекфенции TX/RX : 145.750/145.150
output : 10W
опрема: - Repeater Yaesu VXR5000
        - antenna Diamond F23 6db Gain
QTH locator : KN01TS
Само седум дена подоцна на локација на Осоговските Планини во источна Македонија е поставен вториот репетитор R3
Код:
R-3 Пониква (Z35VPO)
фрекфенции TX/RX : 145.675/145.075
output : 10W
опрема: -Repeater Yaesu VXR5000
        -Diamond F23 antenna 6db Gain
QTH locator : KN12EA
За работа на овие два репетитори се обезбедени потребните дозволи од АЕК.

...А лани овааа време работела тројката. Што се случи?????
Дај да превземеме нешто. Да се сработи.Да смениме локација ако е потребно.Иницијатива.
Истокот е некако слепо црево.
Поздрав.