Да резимирам - многу е тешко да се дефинира ваков проблем.Сум имал вакви слушаи,со истата плоча и воглавном кваровите биле вакви:
1.SATA кабелот или портот- едноставна замена на кабел и порт или преправка со ставање SATA/IDE плочка на IDE порт,па исклучување на грешка од SATA портовите.
2.Електролити - има 6 или 8 беа електролити околу мос-фетовите.Иако на изглед не се подуени,замена на електролитите (сите по ред за 100 денари!) без проверка,едноставно - извади,стави нов!
3.Напојување - неретко ми се случува некои серии плочи работат и при 11,85V, а некои не! Значи ,се се отвора,работи,ама плочата *кочи*,застанува РС,вергла во место...
4.Мемориите - се случуваат чудни работи понекогаш,дали поради подесувањата или хардверски некои мемории не одговараат,спарувањето,итн.Мислам дека до 4 GB RAM може да оди ова MB.
Но,сепак има но ! Неретко некои ситни *caki*одлучувале ,односно биле пресудни - се случувало on-board мрежната карта да кочи се! Или несоодветни драјвери за графика ( ке работи,ама грешки колку сакаш!).Понекогаш ке исклучам мрежна или графичка on-board,ке ставам некоја друга и ке тргне!
Сепак,многу е неблагодарно без да видиш,да советуваш некого како да поправи квар на РС.