На декстопот користам од новите амд ryzen 3800x, го користам 6 месеци работи одлично не грее но неговиот фабрички кулер не е доволен и е многу гласен.
Е да... мада исто ко и stock cooling-от на Intel, моментално ладилните тела што стигаат заедно со процесорите, врска немаат. Прост пример, димензиите на stock ладилното тело за i3 и i7 се исти, а и кулерите
. Се водат по претпоставка дека поголемиот дел од времето, процесорот ќе го работиш во low power mode, дека половина од јадрата ќе бидат idle во поголемиот дел од времето, дека 100% CPU usage ќе има само на peaks, не и подолго од 10, 15 секудни... епа, ако така треба да ми работи процесорот, ќе си купам некој Pentium, што барам да купувам i7
. Не го земав за прашина да ми фаќа, го земав за да го гњавам
.
Како и да е, скоро сите менуваат stock cooling моментално. Во времето на Core2 Duo/Quad, да, stock cooling-от беше одличен (имам монтирано ваков cooling и на i7 од Intel, одлично работат, без никаков проблем, ладилното тело е едвај млако
), ама вакви ладилни тела веќе не даваат со stock cooling... за жал. Ќе си земеш друго поголемо и ќе си тераш со него
.
Има многу мал избор на лаптопи со амд 5 или 6 модели колку што знам јас, ниеден од производителите на лаптопи не става амд во неговите врвни модели.
Е, за ова се виновни AMD
. Кога еднаш ќе стекнеш репутација дека процесорите ти се фурни, тешко се тргаш од таа налепница
. За жал, со процесорите за лаптопите, AMD имаа проблеми се до пред 10-тина години. Intel-овите грееја доста (генерациски, ова се поклопува со Core2 сериите), ама AMD-овите грееја повеќе
... и изгорени од тоа искуство, производителите не сакаат да ризикуваат и ќе направат, на пример, 20 нови модели со Intel, но само 1, 2, 3 модели со AMD. Нормално, корисниците се имаат изгорено еднаш, не сакаат да се изгорат по втор, трет пат и едноставно, престанаа да ги купуваат. Intel пак, од друга страна, брзо си ја вратија назад репутацијата дека „нивните процесори не греат“ со префрлувањето на 22nm-арска литографија и работите се стабилизираа во светот на Intel. И AMD се префрлија тој период на помала литографија, ама џабе... едноставно налепницата им остана и почнаа да се „баталуваат“ од неа тек сега, пред неколку години
. И тоа не поради друго, туку поради тоа што почнаа да нудат дупло повеќе јадра и дупло повеќе cache за иста цена како за адекватен Intel-ов процесор. Инаку, не верувам дека некој ќе ги погледнеше повторно AMD да не се одлучеа на овој чекор. Луѓе кои работат во видео индустријата почнаа масовно да ги купуваат од оваа причина. Им треба многу CPU power, right here, right now. Тоа Intel не го нудеа. Заглавија со 4 јадрени i7 и hyper threading. AMD ја сменија играта, и тоа им беше единствен начин да повторно некако станат конкурентни на пазарот, инаку, немаа шанси. Е, тек тогаш, значи тек пред 3, 4 години, луѓе почнаа да се уверуваа дека нивните процесори не се веќе фурни и дека слободно може да работат и со ладилно решение со некои нормални димензии (не мора да купуваш клима специјално само за компјутерот веќе, LOL
).
Значи, ќе треба време, ова нема да биде процес кој ќе се смени преку ноќ, но мислам дека по уште едно 3, 4 години, бројот на произведени модели со AMD процесори ќе биде барем 1/3 од бројот на модели со Intel-ови процесори. До тогаш, може само да чекаме и да се надеваме... трето, не ни останува.
Тоа некако ме двоуми, сега се очекуваат и лаптопи со USB4 и pci4, па оди одлучи што и како,дали интел дали амд дали сега дали после 2 месеци .
Искрен да бидам, мене ова не би ми бил пресуден фактор дали да купам сега или по 2 месеци од само една проста причина, ретко кога нешто што е пишано на хартија во однос на брзина на комуникација и слично, за вакви и слични протоколи, се поклопува со она што во реалност се добива како резултати. Искрен, да бидам, јас сум си прилично задоволен и со брзината на USB 3.0, така да, мене лично, не ми прави ова некоја разлика, но секој со своите убедувања
.