Сега видов нема интегрирана графика.Позајми некоја друга графичка,а и РАМ една плочка барем од друга машина!
Има, користи Intel 945 Express Chipset кој има интегрирана графичка, но колку што гледам од сликата, конекторите не се поставени на плочата, така да, изгледа опцијата Integrated Graphics е изгасена под BIOS и воопшто не може да се избере. Ако се постави конектор и се стави BIOS од некоја плоча на Abit со ист northbridge и southbridge (најверојатно моделот само ќе се разликува во последните ознаки или ќе има додатни ознаки), би требало да работи и IGD
. Имам правено еднаш ваква преправка
.
Но, да се навратам на темата. Можно е northbridge-от да прегревал и да се одлемиле дел од BGA контактите. Ова најчесто се случува поради прегревање на northbridge-овите поради интегрираната графика во самиот northbridge, без разлика дали е активен IGD или не, скоро секогаш овие northbridge-ови повеќе загреваат од оние кои немаат IGD. Овој проблем обично се манифестира како „шарени коцкици“ по некое време работа на компјутерот, при што се кочи целата машина и мора да се ресетира. Но, овие „шарени коцкици“ се јавуваат само ако мониторот е врзан за IGD а не за некоја друга графичка. Бидејќи, во конкретниов случај, не можеме да врземе монитор за IGD, не може да знаеме дали се јавува тој проблем или не. Затоа и имам сомнеж дека тоа е проблемот. Некако, се ме води во таа насока, пред се начинот на кој прогредирал проблемот (прво не бипкал, потоа BSOD, па сега не ни пали... типично за лоши BGA контакти). Ова не личи на проблем со RAM, CPU, HDD или некоја трета компонента.
Проблемот сигурно не е софтверски бидејќи плочата прво не beep-кала, потоа јавувала BSOD при работа, сега не ни пали. Така да, проблемот сигурно не е софтверски.