Проблемот е следниот:
Веќе неколку дена имам проблем со компјутерот. Кога го вклучував, не правеше ПИИИП, а тоа редовно го прај. Пробвав да го пуштам неколку пати, па ќе запалеше, ама вадеше error и после то ми ја прикажваше ова црната слика.
И еве веќе неколку дена не го гасам компјутерот оти неможам да го уклучам после.
Од тоа негасење, почна многу да кочи и да заглавува.
Кога ќе го пуштам без рам прави пип пип пип ....
Арно ама, од сабајлето и воопшто не сака да се пушти..Го извадив ладњакот и кулерот на процесоро, пастата беше никаква, исушена...Го средив то, сега пак пробав ама џабе е неќи да запали.
Пробав и со друг рам, ама правеше пип пип, најверојатно не се годи фрекфенцијата, го пробав на 2та слота. Кога некако на среќа ќе се пуштеше ми пишеше Windows is loading files...
Сега го отворив и напојувањето, вака од око делува арно, нема подуени кондензатори, освен тие 2та големите 200в, но не многу.
Се работи за матична abit I45D.
Заборајв да напоменам дека и ваков ерор ми даде, оваа сината слика.
Фала однапред, поздрав