Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: dare532 on 05.05.2012, Saturday, 23:23:55
-
Ги прочитав сите теми што се отворени во врска со аудио засилувачи од 10-15W ама не си најдов ниеден соодветен. Значи ќе го користам на скутер значи треба да работи на 12v, отприлика 10 15W ми се доволни значи може некоја по проста шема и интегралецот да можам да го купам во скопје. И ако некој има ваков изработен нека ми постира шема за на плочката што треба да ја нацртам. И ке му бидам многу благодарен.
-
Може да го искористиш TDA7297 (2 X 15W). Шемата е од datasheet, така да, можно е да треба да се направат мали модификации, но ништо пресериозно, најверојатно филтерска секција ќе треба да се додаде на напојувањето ако планираш да го користиш додека е пуштен скутерот.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0010.jpg)
Исто така може да искористиш и некое друго интегрирано коло, на пример TDA7266B (2 X 10W) или TDA8946AJ (2 X 15W). Шемите се многу слични, се разликуваат само некои ситни компоненти, како на пример standby и mute функциите и нивните компоненти, но податоците за нивна пресметка се дадени во datasheet-овите. Се разбира, и цените им се разликуваат. Мислам дека најевтина варијатнта ќе биде засилувачот со TDA7297, но сепак, треба да се разгледаат цените и на останатите итегрирани кола. Моја лична препорака е да не правиш засилувач од 2 X 15W туку од 2 X 10W бидејќи и 2 X 10W е прилично голема моќност, можно е да го испразниш акумулаторот за кратко време. Би ти препорачал да го градиш засилувачот со TDA7266B. Шемата е иста како и за TDA7297, само излезната моќност се разликува.
-
На еден другар му правев вакво појачало, на излез да дава 2 по 10 до 12 вати. Шемата беше доста едноставна, кога ќе ја најдам ќе ја поставам.
-
Me чуди на цел Форум да не си нашол ниедна шема!?? Еве некои постови:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3735.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3735.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3642.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3642.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3744.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3744.0)
а ако уште си неодлучен еве симни го и ова ( го има на Форум,ама не си го видел сигурно!)- 5000 шеми на НФ кола,па барај по Скопје!
http://www.box.com/s/3npnfosfdlulr926256x
Споено мислење: 06.05.2012, Sunday, 01:08:12
Еве и нешто како порачано за скутер
-
Може да го искористиш TDA7297 (2 X 15W). Шемата е од datasheet, така да, можно е да треба да се направат мали модификации, но ништо пресериозно, најверојатно филтерска секција ќе треба да се додаде на напојувањето ако планираш да го користиш додека е пуштен скутерот.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0010.jpg)
Исто така може да искористиш и некое друго интегрирано коло, на пример TDA7266B (2 X 10W) или TDA8946AJ (2 X 15W). Шемите се многу слични, се разликуваат само некои ситни компоненти, како на пример standby и mute функциите и нивните компоненти, но податоците за нивна пресметка се дадени во datasheet-овите. Се разбира, и цените им се разликуваат. Мислам дека најевтина варијатнта ќе биде засилувачот со TDA7297, но сепак, треба да се разгледаат цените и на останатите итегрирани кола. Моја лична препорака е да не правиш засилувач од 2 X 15W туку од 2 X 10W бидејќи и 2 X 10W е прилично голема моќност, можно е да го испразниш акумулаторот за кратко време. Би ти препорачал да го градиш засилувачот со TDA7266B. Шемата е иста како и за TDA7297, само излезната моќност се разликува.
Епа вака јас се одлучив за TDA7297 и во даташитот има плочка ама да ја испечатиш, јас сакам рачно да ја нацртам ако сака некој да ми нацрта шема за рачно цртање ели пак некоја финда да каже како да ја нацртам. Фала многу
-
Забоди го ИК на потенок лист бела хартија,исто и сите други делови.Потоа извади ги и со молив исцртај ги водовите меѓу деловите.Потоа појачај ги со фломастер ,преврти го листот наопаку и преку индиго прецртај ја монтажната шема на бакарот.Е потоа со маркер исцртај ја рачно плочката па обработи ја и готово!
-
Шемата е многу проста, може дури да се изведе и на универзална плочка без проблем ;).
-
Еве како излезе кај мене усте да се избуши и да се залемат елементите. И колку волтни треба да се кондезаторите?
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/IMG_3469.jpg)
[датотека избришана од администраторот]
-
Еве како излезе кај мене усте да се избуши и да се залемат елементите. И колку волтни треба да се кондезаторите?
Па бидејќи работи на 12 волти, сеа да не ставаш кнап кондензатори, поубаво е да ставиш од 25 волти кондензатори.
-
ако сакаш да биде како made in china стави 16V кондензатори, ако сакаш да си немаш гајле 25V кондензатори стави :)
-
Добро значи ќе се стават 25в кондезатори него овие GND-s Има усте едно GND-S i GND_PW Што треба да се приклучи на нив а и овие mute и stand by Како треба да се поврзани за да работат. Шемата за подетално ја има на 5 страна од линков
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00001048.pdf
-
Добро значи ќе се стават 25в кондезатори него овие GND-s Има усте едно GND-S i GND_PW Што треба да се приклучи на нив а и овие mute и stand by Како треба да се поврзани за да работат. Шемата за подетално ја има на 5 страна од линков
GND_S и GND_PW се Signal GND и Power GND, можеш да ги споиш заедно во една заедничка глобална GND.
Stand By и Mute може да се врзат со еден напонски делител и кондензатор. Сосема е солидна шемата што е прикажана на сликата 3 на страна 5 од datasheet-от ;). Може да се реши ова и на малку подруг начин, но овој е прилично едноставен и добар ;).

Вака сеа јас кога ќе го приклучувам на акомулатор плусот од акомулаторот треба да го поврзам на VCC, а минусот од акомулаторот на една од тие гранките GND. А исто и со влезовите на In треба да го поврзам плусот од телефонот што ке ми излегува а на GND минусот? И може ли тие копчиња mute i stand by да не ги користам да ги оставам така пошто не те сватив баш добро?
Се работи за овој линк http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00001048.pdf
Страна 5 ако сака некој друг да помогне слободно. Фала многу.
-
Пиновите MUTE и STAND BY се добро поврзани на шемата од стр.5, нацртај ја плочката според неа и немај гајле... ;)
Поврзувањето на напојувањето и влезовите е како што напиша претходно.

Фала многу така и ми е нацртана, него за да го користам на пр. mute од тоа излезот кај точка mute до gnd да не треба да се поврзе се прекунувач некој и на пример кликнам на прекинувачот нема звук, кликнам усте еднаш има звук. тоа не ми е јасно треба ли тука да има прекинувачи или што.
Споено мислење: 14.05.2012, Monday, 16:06:39
И ова дали ова интегрално TDA7297-ST е различно пошто ова е само TDA7297 без ST?
-
Фала многу така и ми е нацртана, него за да го користам на пр. mute од тоа излезот кај точка mute до gnd да не треба да се поврзе се прекунувач некој и на пример кликнам на прекинувачот нема звук, кликнам усте еднаш има звук. тоа не ми е јасно треба ли тука да има прекинувачи или што.
На шемата Stand By и Mute сзе врзани заедно, значи ќе има мало доцнење кога ќе се пушта засилувачот. Не мора ништо да ставаш, ни прекинувач ни ништо, се тоа е изведено со напонскиот делител R1/R2 и кондензаторот C4 ;).
-
И уште ова кажете ми дали има врска пошто утре ке зимам интегрално, ова дали ова интегрално TDA7297-ST е различно пошто ова е само TDA7297 без ST?
-
Би требало да бидат исти, STMicroelectronics е производител на колото, така да, можно е тоа да е ознаката на производителот ;).
-
На овој џек на сликата кое од тие три поделоци му е плус кое му е минус ако знае некој нека казува.
-
Овај ти е најобичен 3,5мм џек. Можиш прво да провериш на гоогле, гарантирам дека ќе најдеше.
Инаку, маса или минус му е металот до пластиката, а другото е за каналот.
Важно е дали џекот е моно или стерео.
Ко ќе го отвориш за да клајш жица и да лемиш, ќе сватиш која е масата ;)
-
На овој џек на сликата кое од тие три поделоци му е плус кое му е минус ако знае некој нека казува.
Види слика
-
Ај еве и вака, да може директно да се види сликата ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/35mmStereo.jpg)
-
Да не зафаќа многу место!? 8)
-
Значи вака Gr (Ми е минус) и тоа е тоа најдоле што се наога, А овие L i R (се плус ) И се второ и трето гледано од десно на лево. И фала многу

Вака ќе му дојде ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/35mmStereo-1.jpg)
-
Луѓе помагајте го направив ама никако дапроработи до што ли мозе да му е. Да не е од тие некое муте ели станд бу пустено да не е на муте ставено и нема глас сеа како тоа треба да се пусти како функционират тие
Споено мислење: [time]17 Мај 2012, 19:21:48[/time]
Еве и некоја слика
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG_3474.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG_3476.jpg)
[датотека избришана од администраторот]
-
Прво провери краток спој да не имаш. Ако немаш, провери кој напон го имаш на Stand By и Mute пиновите. Ако работеше според шемата од datasheet-от, би требало да биде точно половина од напојувањето на засилувачот.

Според таа шема е работено, за краток стој не би тербало да има а напонот е 0,5в не е половина од влезниот до што ли ќе му е

Имаш две лемни места што не ти се избушени, Stand By и Mute, тие две врзи ги за Vcc. Не мора да ги бушиш, само краткоспои ги со жички.
Требаше да провериш. Плочката не е изработена баш според шемата од сликата. Во datasheet-от убаво си пишува дека на плочката си има Mute и Stand By влезови.
Кондензаторите C1 и C3 треба да бидат блок кондензатори (MKT или MKP), а не електролитски. Пожелно е да имаат вредност од 0.47uF па нагоре (вредноста не е критична) со работен напон од 63V (може и поголем).

И сеа ако ги спојам муте и станд бу пак ли нема дами работи заради кондезаторите, А шемата истами е нацртана како таа
-
Што не зема некоја готова плочка, само да ја испринтас на хартија и да ја испеглаш, ако сакаш имам една таква шема. На еден другар му правев појачалце иста јачина како твоево, јас му го направив стерео, шемата е доста едноставна.
-
И сеа ако ги спојам муте и станд бу пак ли нема дами работи заради кондезаторите, А шемата истами е нацртана како таа
Ќе работи и со тие кондензатори, ама звукот ќе биде по „за никаде“.

Фала многу да не беше ти ништо немаше да направам фала уште еднаш многу. Сеа го пробав така работи а кога кидам ке му земам оддругите. И уште ова дали на интегралното треба да му ставам такво плекче ели како се вика за да не грее многу

Ако го возиш на максимум појачалцево, ќе треба зашто ненормално ке грее, ама стави и лискун и тремална паста и на страфовите има едни како капи им се продавбаат и тоа стаи, за да не напраиш спој.

Нема потреба од ликсун, никаде во datasheet-от не е наведено дека куќиштето е врзано за некој пин од колото (најверојатно куќиштето е N/C), така да, нема потреба од додавање на уште еден слој термо-отпорност на целата конструкција. Нека си се пренесува топлината „директно“, доволно е само термо-паста да се стави.
Ако евентуално е врзано куќиштето со некој пин, а не е наведено во datasheet-от, или ако едноставно бруи или прави проблеми целата конструкција откако ќе се монтира, тогаш, да, пожелно е да се додаде лискун и да се види дали така ќе се подобри целата ситуација.
ПС: Чисто ме интересира, колку чинеше колово и од каде го купи?

Се заедно ме кошташе 250ден а само интегралното е 215ден ги купив од логинг. И тоа лискун за што збориш е тоа плекот што се штрафи позади на интегралното и од тоа пастата кај да намачкам врз железниот дел на интегралното и одприлика колку е една паста.
Споено мислење: 18.05.2012, Friday, 19:24:16
И ова и дали двата звучника ако ги врзам на еден ке му биде несто на интегралното ке му штети ли
-
То плефчето за ладење се вика Ладњак, а лискун е друго. Пастата е бела, сребрена, зависи каква ќе купиш. Клај му од белата поефтина е, и ќе ти брка работа, 10тина денари е :) Ќе му биди на интегралното.. треба прво да знајш колку омски се звучниците, за да можиш така да ги врзиш на 1 излез ;)
-
Тоа што ти го спомнуваш не се вика плех, уште помалку лањак, туку се вика ладилник и обично е направен од подебел ребраст алуминиум, најди и стави некој подобар (поголем) зошто од него ќе зависи колку ќе ти трае засилувачот. Лискуни се викаат едни многу тенки парчиња изолатор, најчесто се изработени од лискун, од таму им доаѓа името, имаат форма како интегралецот и се ставаат помеѓу него и ладилникот за електрично да се изолираат еден од друг, во случај кога металниот дел од интегралецот е на некој потенцијал. Кога ќе купуваш паста распрашај се за ова во некоја продавница за делови, ќе ти објаснат се што треба да купиш.
-
Ладилнок може и од комјутер, нови се 400-500 денари, на старо има и за 50 денари, на бувљакон....
-
Тоа што ти го спомнуваш не се вика плех, уште помалку лањак, туку се вика ладилник и обично е направен од подебел ребраст алуминиум, најди и стави некој подобар (поголем) зошто од него ќе зависи колку ќе ти трае засилувачот. Лискуни се викаат едни многу тенки парчиња изолатор, најчесто се изработени од лискун, од таму им доаѓа името, имаат форма како интегралецот и се ставаат помеѓу него и ладилникот за електрично да се изолираат еден од друг, во случај кога металниот дел од интегралецот е на некој потенцијал. Кога ќе купуваш паста распрашај се за ова во некоја продавница за делови, ќе ти објаснат се што треба да купиш.
За ладилник има еден другар ќе земам од него ама значи директно не може да се стави на интегралното треба првин лискун да се стави па после паста па на крај ладилник. И за звучник погоре пишаа изледа се 4 оми
-
Ќе си видиш, монтирај го така без лискун и види дали ќе ти прави проблеми. Постави каде што мислиш да го поставиш (скутерот) и пушти го. Ако не прави проблеми, не мора да му се става лискун.
Би требало да издржи 4ohm-и звучници.

Го наместив јас си работи се добро ама кога ќе го пипнам кога е попустено поише е топло многу и стравми е да не изгори за тоа прашував. А за тоа звучниците прашував пошто имам еден по јак звучник (4 оми) дали мозе двата излеза да ги спојам на еден да не ставам два звучника.И фала многу.

Ти сакаш на мостна врска да направиш мост ;D. Двата канали веќе работат во мостна врска, така да, не, не може така да се врзе. Можеш да врзеш само на еден канал еден звучник. Да знаев дека сакаш моно засилувач, ќе ти предложев некое друго интегрирано коло.
-
Бате Даре ,можеше да си направиш со ТДА 2003 ,околу десетина вати појачалце ,по 23 денари е од Алфа БТ и да тераш без проблем !
-
Го наместив јас си работи се добро ама кога ќе го пипнам кога е попустено поише е топло многу и стравми е да не изгори за тоа прашував. А за тоа звучниците прашував пошто имам еден по јак звучник (4 оми) дали мозе двата излеза да ги спојам на еден да не ставам два звучника.И фала многу.
Ти сакаш на мостна врска да направиш мост ;D. Двата канали веќе работат во мостна врска, така да, не, не може така да се врзе. Можеш да врзеш само на еден канал еден звучник. Да знаев дека сакаш моно засилувач, ќе ти предложев некое друго интегрирано коло.
Не не добро е и ова си имам јас два звуцника баш за ова онака прасав само иначе фала многу. А може ли да се приклучи на акомулатор од кола ели има многу голема стуја да не изгори.

Колото е всушност наменето да работи како авто-засилувач, така да, нема да има проблем да работи и на акумулатор од кола. Нема да има проблем со било кој еднонасочен напон кој не е помал од 6V и не е поголем од 18V (мислам дека беше максимален работен напон на колото, не знам, провери во datasheet ;)).