Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: DX-er on 08.02.2012, Wednesday, 15:37:11

Title: Што има во интегралното коло CD4020
Post by: DX-er on 08.02.2012, Wednesday, 15:37:11
На сликава се гледаат некои водови или што и да се што наликуват  на некои лавиринти. Но каде се транзисторите, диодите, отпорниците и кондензаторите?
(http://pic.mk/images/l5sgX.jpg)
Title: Одг: Што има во интегралното коло CD4020
Post by: GigaWatt on 08.02.2012, Wednesday, 17:32:24
На сликава се гледаат некои водови или што и да се што наликуват  на некои лавиринти. Но каде се транзисторите, диодите, отпорниците и кондензаторите?

Лавиринтите се транзисторите, диодите, отпорниците и кондензаторите ;). Така се изведуваат во микроелектрониката ;).
Title: Одг: Што има во интегралното коло CD4020
Post by: SKOLS_OLD on 08.02.2012, Wednesday, 17:36:12
овие чипови се прават со слична постапка каква што е фото постапка за изработка на плочки.Со слоеви се изведуваат диодите,транзисторите итн.На едно квадратче од силициум се редат неколку слоеви,секој слој поврзува неколку делови.Ова е слично за изработка на повеќе слојна плочка.Со помош на осветлување и развивање се прават тие лавиринти,бар така знам.Гледав едно клипче на You Tube.
Title: Одг: Што има во интегралното коло CD4020
Post by: Devil on 08.02.2012, Wednesday, 18:21:12
тој начин на правење на вакви работи се вика литографија инаку :)
Title: Одг: Што има во интегралното коло CD4020
Post by: GigaWatt on 08.02.2012, Wednesday, 19:17:06
Па не е баш така, можеби така било порано, ама сега веќе не. Микропроцесорите во nm-ска технологија сигурно така не се изведуваат ;D. Има други постапки, со бомбардирање на електрони на P или N субстрати, ама ова е прекомплицирано за објаснување, има цели книги за оваа наука ;).