Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Филтри => Topic started by: DX-er on 11.10.2009, Sunday, 15:12:29

Title: 80MHz филтер
Post by: DX-er on 11.10.2009, Sunday, 15:12:29
Што е тој 80MHz филтер кој го користат кабловските телевизии и зошто го употребуваат? Имам приметено дека и без него има интернет.
Title: Одг: 80MHz филтер
Post by: BorceBT on 19.03.2010, Friday, 12:05:12
80MHz филтер го користат кабловските телевизии кога ставаат кабловски модем. Значи што е работата: Кабловските модеми прават download на некој предефиниран „телевизиски канал“ на кој му ја користат само фрекфенцијата (фрекфенцискиот опсег) со што тој TV канал не е употреблив повеќе за пуштање на TV програма. Овој сигнал доаѓа од нодот кај што има ваков кабловски кодер + појачало за интернет. Меѓутоа проблемот со Upload од корисниците кон нодот е проблем. Најчесто корисниците имаат долги кабли, лоши конектори и слаби модеми. Тоа е решено на следниот начин: Кабловскиот модем прави Upload на нискиот спектар (таканаречен T-банд) и тоа од 4 до 50МHz низ кабелот. Бидејќи овој сигнал мора да стигне до нодот мора да е многу појак од сигналот кој доаѓа од нодот. За да овој силен сигнал не му смета на телевизорот и да му прави проблеми на MF степенот (сметњи) дечките од кабловската ставаат 80MHz високопропустен филтер за да се пропуштаат само TV каналите кон телевизорот. Меѓутоа на некои телевизори не им смета Upload сигналот на кабловскиот модем така да затоа ти е исто со филтерот и без филтерот. Јасно?
Секој над 80МHz го пропушта а секој под 80MHz градуално го ослабува. (High-pass).
Title: Одг: 80MHz филтер
Post by: GigaWatt on 18.07.2010, Sunday, 13:35:16
Кај мене и без филтер нема проблеми телевизорот со приемот на каналите... а може и има сметња, не знам, мене и онака сите канали ми се со снег ;D, јас делам со комшијата до мене кабелска телевизија, а он дели потоа со цела зграда ;D. Само нема везе, мене не ми пречи, и онака не гледам телевизија, ставив кабелска кога ми требаше интернет (кога се преферлив од ADSL на кабелски ;)).