Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Забава => Topic started by: DX-er on 03.01.2012, Tuesday, 20:01:57
-
Вчера на телевизија гледав прилог насловен како "Здравко Чолиќ" живее во Битола. Дали некој го видел ?
П.С. знаете за што се работи нели... ако не знае некој ке пишам подоцна
-
ај пиши што е таа работа да видиме, некој мајтап или ?!
-
ај пиши што е таа работа да видиме, некој мајтап или ?!
Човекот е битолчанец и работи како службеник во битолска банка на шалтер. Копија е на Здравко Чолиќ, ви во лице и во фризура. Многу пати му се случило во банката, луге да му речат: ова е скриена камера, нема шанса ти да работиш тука. Или пак во ресторант да рече на келнерот, дај ми ја сметката, а келнерот да рече, куќата части бидејки ни е чест да не посети ваква звезда како тебе.
На прашањето на новинарката, дали би сакал да се запознае и да настапува со Здравко Чолиќ, одговорил дека сака да се запознае со него и би му било чест да настапат заедно.
Има понуда да глуми во театар улога на Здравко Чолиќ.
Zdravko Colic (http://www.youtube.com/watch?v=L9zkn0SJ3iU#)
-
Секаде има по некоја копија.Ние го имаме Павароти - Миле ,кој моментално живее во Битола,дури и пее како Павароти! Се некако во Битола се концентрира... :D :D :D :D
-
Хаха, него го знам, сме го викале за семинари и сл. :)
-
Ха,поздрави го ако го видиш ,од комшијата кој му го нацрта саатот од Велес ,да си го закачи на ѕид во Битола :D :D :D
Имаме копија и на Миле Мики Секуловски,од Идол,па на Ноне од Талент.... абе се се превлече оние три дена пред Нова Година ;D ;D ;D