Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 19:05:24

Title: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 19:05:24
Пред некое време ми ја кажаа странава на еден друг форум, наводно праќале во македонија
цените се за нешто поефтини за нешто поскапи од кај нас, зависи што барате, поголем дел се прилично ефтини и има работи кој ги нема или потешко се набавуваат кај нас :)

Јас имам две нарачки од странава, ги чекам да стигнат, една е пред околу 2 недели а другата ми е од денес.

за квалитетот и за тоа дали има некој карактеристики за одреден дел/ производ можете да прочитате под секој производ, има нешто како преглед од купувачите, дали се задоволни или не се, некој карактеристики и така.

Можно е плаќање со картичка и има бесплатна поштарина на сите производи, што и беше најважно :)
може да плаќате со секаков вид на картичка, но јас би ви препорачал дебитна, и да си уплаќате онолку колку што ви треба за нарачката плус едно 20-30 денари, мене ми земаа на двете нарачки по 8 денари плус, најверојатно тоа е процент за префрлување на парите, како и да е, ова е некоја минимална сума.

Пошто има бесплатна поштарина, ги праќаат по некоја пошта на која и треба за првата нарачка негде 30 дена, човекот кој ми кажа за странава рече дека колку повеќе нарачувате толку побрзо ги праќале. Ова ќе знам кога ќе ми стигнат нарачките :)

Листа на онлајн продавници

сигурно праќаат до кај нас без дополнителни трошоци, пратките прилично споро стигнуваат, се случува да треба да чекате и до 30-50 дена за да ви пристигне пратката
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/
бараат онлајн сметка, paypal , имаат прилично ефтини работи, некои работи се поскапи отколку кај нас но има и многу ефтини работи (повеќе луѓе се имаат пожалено за квалитетот на производите)
Code: [Select]
http://www.goodluckbuy.com/
Имаат прилично голем асортиман на производи, немаат на сите производи бесплатна поштарина, со што цената на испорака би можела да биде висока
Code: [Select]
http://www.satistronics.com/
Слична страна на dealextreme, менито е од dealextreme, начинот на работа од Aliexpress, нема на се бесплатна поштарина
Code: [Select]
http://www.dhgate.com/
Производите им се со бесплатна поштарина,  за некои производи односот цена количина е многу подобар од останатите продавници.
Code: [Select]
http://www.suntekstore.com
Добра страница за нарачка на електронски компоненти, порачките стигнуваат за околу 8 дена, се плаќа некоја минимална сума за поштарина, имаат прилично ниски цени за производите кој ги нудат, некои од производите кој ги нудат на нивната ebay продавница се дури и со пониска цена.
Code: [Select]
http://www.taydaelectronics.com/
Продавница за продажба претежно на камери, има нај различни видови на камери, од фирми па се до некој no name кинески, цените варираат од тоа дали се но нејм или фирма, се наплаќа поштарина на производите
Code: [Select]
http://www.securitycamera2000.com
Една од прилично познатите продавници за електроника, цените и не им се баш најниски, наплаќаат по 5$ поштарина за производи до 29$
Code: [Select]
http://www.futurlec.com
Скоро иста со dealextreme, имаат бесплатна поштарина на производите
Code: [Select]
http://crazy-sell.com/
Доколку сте заинтересирани за нарачка на поголеми количини (5000+), ова е вашето решение, директен контакт со производителот, потребни ви се способности за преговарање, цените можат драстично да се намалат доколку умеете да преговарате. Внимавајте најчесто бараат да пратките се пратат преку некоја регистрирана брза пошта (ДХЛ, Федекс и слични), тие најчесто наплаќаат премногу големи поштарини (80$)
Code: [Select]
http://www.alibaba.com/
Доколку не сакате да контактирате со производителите на алибаба, а сакате нешто да купите што нудат тие, ја имате страницата од алибаба која е налик на ebay, само што има некој додатни функциии
Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 20:21:30
Баш разгледував, има доста работи, ама има повеќето работи кои ги барав, ги нема :S.

Devil, ај ако можеш пиши што имаш нарачано, да видам дали е нешто ретко, како што барав и јас ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 20:32:49
не е ретко ама прилично ефтини беа за разлика од кај нас
нарачав 5 пинцети
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/precision-tweezers-3-piece-set-ts-12-ts-13-ts-14-3552

http://www.dealextreme.com/p/stainless-steel-precision-beak-tweezer-2-pack-9163
и нарачав штипки (крокодилки и испитни)
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/multimeter-testing-clamps-10-pack-small-6345

http://www.dealextreme.com/p/electrical-wire-testing-hooks-10-pack-8391

http://www.dealextreme.com/p/electrical-wire-testing-hooks-10-pack-7218
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 14.12.2011, Wednesday, 20:51:01
Е, тие wire hooks и јас ги меркав на ибеј, ама ваму се дупло поевтини... :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 20:58:21
Конкретно пинцетите, да, поевтини се одколку кај нас, ама јас и онака користам заболекарски пинцети, така да, овие не ми требаат. Заболекарските се поизджливи и поквалитетни, па и попрецизни од било кои наменети за електроника.

А ги има оние пинцетине за вадење на интегрирани кола од лежишта? Не знам како се викаат на англиски, ако знае некој нека пише ;D.

Крокодилките не се поевтини одколку кај нас, не знам колку се во Алфа, но во Loging има мноооогу поквалитетни од овие кои се продаваат на сајтов за 20 денари од штипка. А такви како што има на сајтов се 10 денари во BT, а 8 денари во Loging ;). Така да, не би земал крокодилки.

Испитните сонди, да, поевтини се, а и ги нема кај нас, или се многу скапи, барем оние што се со куки, како што си нарачал. Така да, за нив, да, би ми се исплатело, ама па не ги користам :S. Место нив користам крокодилки, така да, мене не ми требаат :S.

Види, јас би го користел ова, ама само ако не можам да најдам нешто во МК, а побарав некои работи кои ми требаа и ги нема :S. Ги има на ebay, ама ги нема тука :S. Еве, на пример, барав PCIExpress LPT & COM контролер, ама имаат или само LPT, или само COM, а ги немаат двете во едно, ниту пак се на PCIExpress туку се на обичен PCI.

Е сега баш нешто разгледав, за осцилоскопски сонди, многу се поевтини одколку кај нас, кај нас се по 600, 700, 800, 1000 денари, тука гледам по 5 евра се ;).

Ќе видиме, вака не изгледа премногу promising, ама со време, ако се рзработи, можно е да биде подобар ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 21:23:41
има и пинцети за интегралци ама за она четвртасти Q..нешто пакување
има и од тие вакумските пенкала за смд интегралци, на страва се 3-4$

има интересни работи разгледај убаво :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 21:27:47
има и пинцети за интегралци ама за она четвртасти Q..нешто пакување
има и од тие вакумските пенкала за смд интегралци, кој гоце тука ги рекламираше како многу скапи 10+ евра, а на страва се 3-4$

Епа дај линкови од тие, не знам како се викаат на Англиски ;D. Ај, за вакуумските пенкала знам, ама за овие другиве не знам ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 21:34:24
еве
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/weitus-plcc-ic-extractor-tool-15065

http://www.dealextreme.com/p/weitus-stainless-steel-ic-extractor-for-electronics-diy-19855

http://www.dealextreme.com/p/lock-pick-for-vw-ic-card-909-17239
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 21:39:48
Хахахахаахахахах ;D ;D ;D... има и обивачи на брави, хахахахахахаха ;D ;D ;D.

Е сега, само уште ова да ми кажеш, каков тип на картици примаат, знам дека пиша дебитни, ама има дебитни и дебити ;D. Не се сите исти ;D. Од која банка зема ти дебитна и во кои девизи ја направи, во денари, во долари, евра?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 22:40:34
денарска Visa Electron од шпаркасе :)
кога плаќаш го внесуваш бројот од картичката и таму ќе почекаш, зависи колку брзо ќе ја спроведат цела нарачка може одма да ти бидат подигнати парите може после 1 ден :)

мислам дека ќе работи со сите visa картички, само гледајте ставајте пари колку што кошта нештото да не биде после повеќе ми подигнаа, пошто тие префрлуваат да им се исплати во долари, па може да настане грешка при пресметка денар-долар и така :)

еве да видиш извештајот што ми стигна дека ми биле подигнати пари за пинцетите
инаку јас нив ги купив пошто во алфа ми рекоа имале некој, кога бев да видам 1 кошташе 100-200 денари, а тука 5 ги земам за 180 денари :)

(http://pic.mk/images/mAo5Y.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 23:12:44
Епа ОК, ако не, дај да вадам дебитна и јас од Шпаркасе или било која друга банка ;).

Се плаќа нешто за вадење на дебитна или?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 23:17:48
не, доколку имаш веќе сметка во банката не би требало да ти бараат нешто
ама во некои банки па бараат редовни примања да имаш за да отвориш сметка :)

инаку има ардуино да си купите најефтиното е нано и кошта 17$
уното е 24$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 23:29:50
не, доколку имаш веќе сметка во банката не би требало да ти бараат нешто
ама во некои банки па бараат редовни примања да имаш за да отвориш сметка :)

Тебе ти бараа да имаш редовни примања во Шпаркасе?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 23:36:50
не, кога отвораш сметка те прашва дали си вработен, јас му реков не сум
и толку, после бев само им барав картичка, пополнив еден форумулар, име презиме матичен и слично и после негде недела дена ми дадоа картичка, и на крај после бев пополнував формулар за да си отворам електронска сметка, за да можам да си ја гледам сметката на нет од дома, не можеш да правиш трансакции и слично, но можеш да добиеш извештај, кој уплатил кој подигнал и слично :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 23:40:24
А задолжително е да имам електронска сметка за да може да плаќам online или не?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.12.2011, Wednesday, 23:45:42
не, мене тоа ми требаше за да кога уплаќам гледам да не ми се подигнат повеќе пари или слично, инаку не е морално по желба е, плус ништо не кошта :)
и имаш преглед на трансакции кој колку подигнал кој колку уплатил и слично :)

за да купуваш ти треба само картичка (Visa, MasterCard или слично) ништо повеќе (ок и пари на сметка да имаш)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.12.2011, Wednesday, 23:53:27
ОК, мислам дека имам доволно информации, јас примам пари, ама преку една друга трансакциона, е сега не знам дали може на неа да извадам дебитна ???. Ваљда можам, на Комерцијална банка е ;). Ако не може, је*ига, идам во Шпаркасе ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 15.12.2011, Thursday, 00:22:38
може да извадиш :)
од сите банки се вадат картички тоа не е проблем, проблем е доколку немаш редовни примања да отвориш сметка во банка доколку немаш, пошто не сите сакаат такви работи :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.12.2011, Tuesday, 11:36:33
денес ми стигна првата нарачка од dealextreme (ситгната е од порано, ама пошто поштата забушаваше нешто не рабтеше денес појдов и си ја зедов пратката)
поштарина не платив, немаше ни некој дополнителни трошоци...

ми стигнаа 5 пинцети, квалитетот е кинески ;D
од челик кој не рѓосува се, и се немагнетизирачки :)
не се нешто лоши, само една од ним има толку остар врв што 2 пати си го забодив во прст ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 27.12.2011, Tuesday, 12:02:00
Честито :) Вака одлично изгледаат
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.12.2011, Tuesday, 12:26:18
Со среќа да си ги користиш... ;) :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.12.2011, Tuesday, 15:11:31
Со среќа да си ги користиш ;).

Јас сеуште немам ништо нарачано, ама чекам да ми стигнат некои работи од ebay па да пробам од овде да нарачам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.12.2011, Tuesday, 15:42:25
фала поубави да си купите :)
сега чекам уште 2 нарачки имам од странава тоа крокодилките и испитните пипци и имам нарачано вакуум пенкало (за SMD интегралви), врист и едно комплетче со штрафцигерчиња, комплет од 3 ножа за кабли сечење/оголвање и пинцета за вадење на интегралци :)

ова последново комплетот од сите овие ме кошта 12$ што е прилично мала сума
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 27.12.2011, Tuesday, 19:17:46
Ааа одлични пинцети, со среќа да си ги користиш ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.12.2011, Thursday, 20:24:57
фала шедоу

ако сакате нешто во големи количини да нарачате и имате големи вештини во ценкање
странава е за вас, јас се договорив да купам 10 LCD 2х16 за само 25$ плус 13 долари поштарина
а на некои места ми бара преку 80 за иста колочина :)
Code: [Select]
http://www.alibaba.com/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 29.12.2011, Thursday, 20:55:23
Браво, 179 ден. е парче со се поштарина. Во Алфа и ГАЦ се по 370 денари!
Дај некој ако нарачува а е од Скопје да му дадам пари да ми нарача 2 за мене.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 29.12.2011, Thursday, 20:59:34
Само гледај да не ти стават царина на 10 парчиња, знаеш какви се нашите, ако видат повеќе на куп, одма царина пишуваат...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.12.2011, Thursday, 21:03:30
му објаснав на кинезов да стави цена дека се тоа кошта од 20 до 25$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 07.01.2012, Saturday, 18:46:17
Oва ми изгледа добро и евтино, има и ТВ приемник.
само 50 долари е :)

(http://img.dxcdn.com/productimages/sku_44739_1.jpg)

Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/c5-2-2-lcd-dual-sim-dual-network-standby-quadband-gsm-tv-cell-phone-w-fm-java-black-44739
Само овие како да не се марка или се марка која не се увезува кај нас?

исто и ова
1000mW 2.4GHz 802.11 b/g/n 150Mbps WiFi Wireless Network Adapter
(http://img.dxcdn.com/productimages/sku_112072_1.jpg)

Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/20000n-1000mw-2-4ghz-802-11-b-g-n-150mbps-wifi-wireless-network-adapter-112072
2000mW 802.11g/b/n 150Mbps USB Wi-Fi Wireless Network Adapter w/ 16dBi Directional Antenna
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/300000n-2000mw-802-11g-b-n-150mbps-usb-wi-fi-wireless-network-adapter-w-16dbi-directional-antenna-71930
360000N 3800mW 802.11b/g/n 150Mbps USB 2.0 WiFi Wireless Network Adapter
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/p/360000n-3800mw-802-11b-g-150mbps-usb-2-0-wifi-wireless-network-adapter-90110
е сега ова ме премисли:
(http://www.dealextreme.com/customerphotos/quarantined/201111/90110-3b034139-0107-49d8-b8f2-18d4156548fc.jpg)
Code: [Select]
http://www.dealextreme.com/feedbacks/browseCustomerPhotos.dx/sku.90110~id.137856
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.01.2012, Saturday, 18:56:26
тоа е копија на нокиа :)
не се марка кинески телефони се :) и е скапо, па ако го порачаш може да ти го царинат

околу антената, скоро за секој производ има слики од муштерии што купиле и како се задоволни од тоа што го купиле
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 17.01.2012, Tuesday, 12:14:50
Еве денес од ebay што нарачав
се е по 1 парче (по 1 нарачка) освем тоа дипслеите тие се 3 и коштаат 2.95$ парче што е каде каде поефтино од кај нас :) (кај нас овие би коштале околу 150 денари парче, апродавниците ги даваат за 400-500 денари)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 20.01.2012, Friday, 14:31:40
Дај предложете некоја ваша страна, од каде сте нарачале и ви стигнало без проблем, со ниски цени и мали дополнителни трошоци
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zdravkovski on 20.01.2012, Friday, 16:42:47
еве од оваа страна
Code: [Select]
http://chinabuye.com/ со келегите имаме порачувано неколку пати и имаме купено повеќе од 20 часовници и сите до сега стасувале
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.01.2012, Friday, 17:43:16
Code: [Select]
https://www.taydaelectronics.comденес порачав неколку работи, ке видам кога ке стигнат.
Има поштарина но е многу мала, а се плакја со paypal 
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 20.01.2012, Friday, 19:47:39
јас очекувам 2 нарачки од ebay и 2 нарачки од dealextreme
планирам сега од понеделник да нарачам од онаа кинеската goodluckybuy исто така па ако е се во ред ќе ги проверам и страниве што ги посочивте посебно таа на dr-mr изгледа интересно :)
само да видиме дали ќе стигнат и кога :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.01.2012, Friday, 20:52:56
од истиот тип имам порачувано и преку ebay, и стигаат за 2 недели а дирекно од неговата страна порачувам прв пат па ке бројам денови :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 19:53:13
Може да се порача со Маестро од Комерцијална Банка што е за плата ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.01.2012, Sunday, 20:00:36
Може да се порача со Маестро од Комерцијална Банка што е за плата ?

Не, не може, и јас имам таква Visa. Тие картички имаат само 8 цифри и немаат 3 цифрен сигурносен код на задната страна од картичката. Комерцијална банка не дава други типови на картички, ги дава само овие платежните.

Потребна ти е картичка со 16 цифри и со 3 цифрен сигурносен код на задната страна на картичката. Таква картичка во Македонија можеш да извадиш само во неколку банки. Не е битно дали е Maestro, Master или Visa, битно е да ги има тие две работи (сепак, би ти препорачал да извадиш Maestro или Master, повеќе сајтови ги поддржуваат овие картички, конретно Master картичките најмногу се поддржани). Банки кои знам дека издаваат таков тип на картички се Шпаркасе и Охридска банка. Некој ми има спомнато дека и Тутунска/NLB ваделе такви картици, ама ова не сум го видел ниту сум прашал. Мојата картичка е од Шпаркасе (сеуште не ми е издадена, но прашав, таква е каква што ми треба за online shopping).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 20:05:46
За кој цифри мислеш на картичката бидејќи има едни на средина цифри там има 16.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.01.2012, Sunday, 20:18:53
За кој цифри мислеш на картичката бидејќи има едни на средина цифри там има 16.

Скенирај ја картицата, или сликај ја, замати или прекиј некако тоа што не треба да се чита и опиши што каде е на сликите, ќе ти кажеме дали може со неа да правиш интернет нарачки.

На средината (од прилика) треба да има 16 цифри поделени во 4 секции, по 4 цифри од секција. На задната страна (од прилика на средината) треба да има 3 цифрен сигурносен код. Ако е таква картичката, да, можеш да нарачуваш со неа.

Не би ти препорачал да нарачуваш со неа (дури и да можеш) бидејќи татко ти зема плата преку неа. Ако некој случано ги дознае овие инормации (бројот на картичката, име презиме, сигурносниот код), може да нарачува и да ти ја празни картичката, а бидејќи цела плата ја има на неа, значи дека може да ја ситроши цела плата. Подобро извади си нова картичка, стави колку што ти треба на неа, 100, 200, 500 денари, и нарачувај со неа. И да ти ги најдат податоците и да пробаат да нарачуваат со неа, повеќе од парите што си ги ставил не може да истрошат, под услов да е дебитна кратичката, а не кредитна. За да можеш да извадиш кредитна картичка мора да си вработен, за дебитна не мора, така да, таа што ќе ја извадиш и онака најверојатно ќе биде дебитна. Се што треба да имаш е лична карта за да направиш трансакциона сметка во било која банка, а потоа дебитната картика ќе ти ја врзат за таа трансакциона сметка и само ќе си ставаш пари на неа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 20:24:43
Ај ќе видам што ќе направам можеби од Шпаркасе ќе извадам(ако го намолам татко ми да отиде да се потпише  :D)

Инаку вака изгледа картичката но со помалку цифри на денарска с-ка:
Code: [Select]
http://www.kb.com.mk/Handlers/getresource.ashx?id=EC5B0AD0-4B3C-487A-9E05-2D05A2129909.jpg
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 22.01.2012, Sunday, 20:28:13
За кој цифри мислеш на картичката бидејќи има едни на средина цифри там има 16.

Скенирај ја картицата, или сликај ја, замати или прекиј некако тоа што не треба да се чита и опиши што каде е на сликите, ќе ти кажеме дали може со неа да правиш интернет нарачки.

На средината (од прилика) треба да има 16 цифри поделени во 4 секции, по 4 цифри од секција. На задната страна (од прилика на средината) треба да има 3 цифрен сигурносен код. Ако е таква картичката, да, можеш да нарачуваш со неа.

Не би ти препорачал да нарачуваш со неа (дури и да можеш) бидејќи татко ти зема плата преку неа. Ако некој случано ги дознае овие инормации (бројот на картичката, име презиме, сигурносниот код), може да нарачува и да ти ја празни картичката, а бидејќи цела плата ја има на неа, значи дека може да ја ситроши цела плата. Подобро извади си нова картичка, стави колку што ти треба на неа, 100, 200, 500 денари, и нарачувај со неа. И да ти ги најдат податоците и да пробаат да нарачуваат со неа, повеќе од парите што си ги ставил не може да истрошат, под услов да е дебитна кратичката, а не кредитна. За да можеш да извадиш кредитна картичка мора да си вработен, за дебитна не мора, така да, таа што ќе ја извадиш и онака најверојатно ќе биде дебитна. Се што треба да имаш е лична карта за да направиш трансакциона сметка во било која банка, а потоа дебитната картика ќе ти ја врзат за таа трансакциона сметка и само ќе си ставаш пари на неа.

Што викаш да извади дебитна и да си става по 200, 300, 500 денари, ама во нашава држава тоа ти го рачунаат како дополнителни финансиски средства и за секои додаден денар на трансакциона сметка треба да поднесеш извештај во УЈП, и мислам дека доколку се внимава нема шанси да се загубат личните податоци, еве јас нарачувам со на мајка ми картичката, до сега две години сум немал пробле.  :)
А доколку вадиш картичка подборо оди извади од НЛБ тутунска банка, зашто на paypal можеш само со неа да направиш, ќе се ставиш како словенец таму и ќе си направиш акаунт :)

EDIT: А да прашам некој да не знае некоја друга страна покрај ebay.com за нарачување, ама да е така подобра и популарна :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 20:30:42
Бива со таква картичка како на сликата горе или не ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.01.2012, Sunday, 20:40:27
Што викаш да извади дебитна и да си става по 200, 300, 500 денари, ама во нашава држава тоа ти го рачунаат како дополнителни финансиски средства и за секои додаден денар на трансакциона сметка треба да поднесеш извештај во УЈП, и мислам дека доколку се внимава нема шанси да се загубат личните податоци, еве јас нарачувам со на мајка ми картичката, до сега две години сум немал пробле.  :)

Тоа важи само ако имаш ставено на картичката над 10 илјади денари се на се во рок од година дена (барм мислам дека беше вака). Да, тогаш треба да отидеш до УЈП и да платиш данок за тоа. За мали суми на пари мислам дека не треба ;).

Бива со таква картичка како на сликата горе или не ?

Види дали го има на задната страна троцифрениот сигурносен код. Ако го има, можеби и може.

Инаку вака изгледа картичката но со помалку цифри на денарска с-ка:

Како тоа помалку цифри. треба 16 да има, ако нема 16, не може.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 20:41:43
Од позади нема нисто освен тоа лентата што е за потпишување.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.01.2012, Sunday, 20:43:06
Од позади нема нисто освен тоа лентата што е за потпишување.

Епа не може. Дури и да го имаше троцифрениот код, ако нема 16 цифри, не може. А мислам и дека оние со 8 цифри што се воопшто и немаат сигурносен код, знам, имам таква од Комерцијална банка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 20:48:44
А која е процедурата за вадење на картичка од Шпаркасе ? И каква картичка треба да се извади ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 21:47:59
Па оди со мајка ти или татко ти во Шпаркасе и таму побарајте одговори.Кажи им што ти треба и ке ти кажат каква картичка ти треба да се вршат плаќања од тој вид. Кажи ја намената и тие сигурно знаат каква да ти дадат.Ти само покажи пари.. ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 22.01.2012, Sunday, 21:52:42
Јас имам visa electron од тутунска банка и visa debit од халк банка, и со двете картички можам да порачувам преку интернет.
Во шпаркасе ми рекоа дека треба да чекам 20 дена, одобрение да можам да ја користам картичката на интернет и не извадив од таму.
Халк банка ми ја даде картичката за 10 дена, а пополнив 2 формулари за да отворам сметка и да ми дадат картичка, ми дадоа и мастер кард и виза.
Процедурата во скоро сите банки е 15 до 20 мин, на шалтерот кажуваат се.

Code: [Select]
http://www.halkbank.com.mk/?ItemID=0797D38EE2F0004CAFA835A1969B55DBлинк од халк банка, таму има и формулар во пдф

Code: [Select]
http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mId=32&lId=1тутунска банка

Code: [Select]
http://sparkasse.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=127шпаркасе банка
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 22.01.2012, Sunday, 22:18:05
A дали би можело со овој тип на картичка,за неполнолетни што е?
Code: [Select]
http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mId=315&lId=1
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 22:30:15
Се плаќа ли нешто при отварање на таа лична трансакциска сметка и за картичка ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 22.01.2012, Sunday, 22:50:48
 ако ти дадат картичка која можеш да ја верификуваш на интернет би требало да може. Незнам точно

Халк банка не ми наплакјаат за користенје на картичките. Кога ја отварав сметката,  во халк банка ми рекоа дека не зимат провизија за плаќање преку интернет, а и не наплакјаат за користенје на картичката.
Тутунска банка исто не ми наплакја за користенје на картичката ниту за плакјањето преку интернет
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 23:00:32
Гледам за поседување во Шпаркасе не се наплаќа  за провизија за интеренет плаќање не пишува.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 22.01.2012, Sunday, 23:15:41
јас имам од шпаркасе, мојата ја извадив за 10 дена, од пополнување на формулари за трансакциона се до добивање на картичка 10 дена и плус 3 дена за отворање на онлајн сметка преку која си гледам трансакциите, не мора да одам во банка за да добијам извештај :)
си отворам на нет и си гледам каде колку пари се префрлени, кога се префрлени и по кој курс се префрлен. Шпаркасе нуди 2 вида на ваква онлајн услуга едната се плаќа едната е за џабе, таа што се плаќа има дополнителни опции од каде што можете преку неа и да префрлувате пари, ама тоа не ви треба :)

ако уплаќаш повеќе од 10.000 денари, или ако заработиш повеќе од 10.000 денари треба да ги пријавиш во УЈП, без разлика дали секојдневно добиваш по толку или 1 годишно

од шпаркасе земаат пари само за трансакција, ако вадиш од друг автомат, и ако плаќаш во продавница која не поддржува нивни картички (па да треба преку друга банка да се врши трансакција)

јас колку што забележав не земаат провизија за на интернет, и да земаат тоа би било нешто минимално (2-3 денари)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanstip on 22.01.2012, Sunday, 23:19:31
Значи при отварање на нова сметка не земаат пари ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 22.01.2012, Sunday, 23:24:50
не, за ништо не земаат пари
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 22.01.2012, Sunday, 23:25:12
Не зимаат пари за отварање на сметка.
Не треба да ставис пари на сметката кога ја отвараш, може да стои празна мислам до 2 години
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.01.2012, Monday, 00:03:33
A дали би можело со овој тип на картичка,за неполнолетни што е?
Code: [Select]
http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mId=315&lId=1

Прашај дали го има сигурносниот троцифрен код на задната страна од картичката. Ако го има, да, може. Колку што видов, има 16 цифри, така да, би требало да може ако го има и тој код на задната страна ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: go4o on 24.01.2012, Tuesday, 17:07:30
за колку време стигаат нарачките од dealextrime?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gochcommk on 24.01.2012, Tuesday, 17:18:22
еве  кој врши посредување при плаќање на вашите нарачки  од интернет што сакате

Code: [Select]
http://www.facebook.com/pages/%D0%95-%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5/359637870720042
јавете се и може да порачате и да платите што сакате
јас веќе порачав и ми стигнаа нарачките
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.01.2012, Tuesday, 17:20:43
од dealextreme стигаат од 15 до 40 дена, ако поминат 40 дена контактирај ги дека пратката не ти е стигната, или да проверат до каде е или да ти ги вратат парите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 24.01.2012, Tuesday, 17:27:26
еве  кој врши посредување при плаќање на вашите нарачки  од интернет што сакате

Code: [Select]
http://www.facebook.com/pages/%D0%95-%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5/359637870720042
јавете се и може да порачате и да платите што сакате
јас веќе порачав и ми стигнаа нарачките

Овој со провизијата малку да не претерува, 800 денари за 4.000 денари нарачка, јас колку што знам, бидејќи и јас имам таква картичка и нарачувам од ebay со помош на paypal и колку што знам од туунска банка не земаат провизија, а плус на тоа па треба и на него да му дадеш 100 денари за користење на негов профил на ebay, што во никој случај не се наплаќа >:(
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.01.2012, Tuesday, 17:30:54
ајде бе за 500 денари плус тоа што сакате да го купите (во денари) и јас нарачувам :)

без разлика на цената на предметот, 500 денари плус цената на предметот кој сакате да го купите :P

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gochcommk on 24.01.2012, Tuesday, 17:32:29
еее ако некој порачува без провизија нека каже !!!

 и јас сакама така !!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.01.2012, Tuesday, 17:36:49
до колку сте спремни да платите за провизија ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 24.01.2012, Tuesday, 17:39:44
овој од фејсбуков луд ли е или да??? што е тоа толку провизија земање бе...кој сака ке му нарачам од ebay што сака (или која било страна што сака pay pall) за 100 ка една :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 24.01.2012, Tuesday, 17:39:50
еее ако некој порачува без провизија нека каже !!!

 и јас сакама така !!

Не без провизија, ама да ти зима 800 денари провизија е претерано.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.01.2012, Tuesday, 17:50:07
ете и бојан нуди да ви набави нешто од нет, кажете која провизија ви се плаќа
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 24.01.2012, Tuesday, 17:51:42
Баталете го тој од ФБ, тоа е лихвар.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 24.01.2012, Tuesday, 18:56:57
Овој од ФБ недај боже да го прашаш нешто, ќе те напне, јас го прашав за еден саат, ми кажа колку е цена, после ме тагна на сликата, ми објави на профил и не знам што е следно :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 24.01.2012, Tuesday, 19:11:17
Овој од ФБ недај боже да го прашаш нешто, ќе те напне, јас го прашав за еден саат, ми кажа колку е цена, после ме тагна на сликата, ми објави на профил и не знам што е следно :D
:D :D :D :D

Па што не го избришеш од пријатели?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 24.01.2012, Tuesday, 19:38:45
Овој од ФБ недај боже да го прашаш нешто, ќе те напне, јас го прашав за еден саат, ми кажа колку е цена, после ме тагна на сликата, ми објави на профил и не знам што е следно :D
:D :D :D :D

Па што не го избришеш од пријатели?

A ти што мислиш дека напраив :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 24.01.2012, Tuesday, 21:36:26
А на кој начин дечкото гарантира дека тоа ке стигне?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 26.01.2012, Thursday, 16:10:59
денес ми стигна нарачка од dealextreme
20 крокодилки (пишани беа мали, ама овие кај нас се водат како средни :))
10 жолти и 10 црни испитни пипци (види слика)
(http://img.dxcdn.com/productimages/sku_7218_1.jpg) (http://img.dxcdn.com/productimages/sku_8391_1.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 26.01.2012, Thursday, 16:12:40
Oдприлика за колку време стигнаа?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 26.01.2012, Thursday, 16:19:22
оваа нарачка стигна за најмногу време, цели 43 дена :(
претходната ми стигна за 15-20 дена, сега чекам 3-та нарачка од оваа страна да видиме дали ќе си го поправат времето, ја нарачав негде кон 5-6 јануари
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 26.01.2012, Thursday, 16:27:38
не е до страната, до поштата е...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.01.2012, Friday, 01:12:31
ако не ми стигнеше денес пратката за малку ќе му пишев жалба на овие од страната да ми ги вратат парите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 27.01.2012, Friday, 20:33:48
ако не ми стигнеше денес пратката за малку ќе му пишев жалба на овие од страната да ми ги вратат парите
Ти стига дома.. Или ливче па идеш у пошта? Да знам. Направив 2 порачки па чекам да видам.. Ке бројам денови.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.01.2012, Friday, 21:02:54
до дома ти ги пуштаат, по нај обична пошта ги праќаат и треба до дома по обична пошта да ти стигне, е сега зависи како ти ги носат пратките, мене дома ми стигаат :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 28.01.2012, Saturday, 20:38:16
порачката од
Code: [Select]
www.taydaelectronics.comстигна за 8 дена
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.01.2012, Saturday, 22:54:47
и јас порачав на 23.01.2012 од таа страна сега чекаме да видиме што ќе се случи :)

исто чекам 1 нарачка од dealextreme
и 2 нарачки од ebay, поточно од ebay би требало 3 пакетчиња да добијам пошто купував од 3-ца различни, прво во првата нарачка некој конектори и дисплеи и после во втората нарачка некој игли за плетење за мајками ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 29.01.2012, Sunday, 09:47:09
а нарачувате до 45 евра или повеке од таа сума?Од
Code: [Select]
http://www.taydaelectronics.comстранава како е со shipping?која цена е?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.01.2012, Sunday, 12:50:06
Кога ќе влезеш  на страната, и ке ја избереш порачката, во  My Cart има калкулатор за поштарина.
Јас немам нарачувано над 45 евра.  
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 13:10:08
немој да се ограничуваш на 45E да нарачуваш, оди до кај 30$ максимално, и пази нарачката да не е над 1kg, ако треба нарачај 2 нарачки по пола да ти дојде, пошто кај нас царинат се над 1kg и се над 30-35$ ;D

моите нарачки не се повеќе од 20$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 29.01.2012, Sunday, 15:55:26
некој други вакви сајтови да не знаете ?  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 16:02:37
епа ти е се страните сега засега, ако најдеме некоја нова ќе пишиме

зошто?, што ти треба тебе па што бараш друга страна ?
на ebay имаш се и сешто
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.01.2012, Sunday, 19:55:14
Code: [Select]
http://www.futurlec.com/index.shtml
Code: [Select]
http://crazy-sell.com/Немам нарачувано од тие страни, незнаам дали и кога стигаат порачките.
Futurlec наплакја 5$ за нарачка до  29$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 20:02:44
а поштарината како иде ?
пошто ови епродавниците баш за електроника како маузер, диги кеј и компанија бараат по 50-70$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.01.2012, Sunday, 21:39:46
Futurlec наплаќа за испорака, 5$ за нарачки до 29$ и тежина до 2 кг.
Повеке пишува на нивната страна.
Code: [Select]
http://www.futurlec.com/Delivery.shtml
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 29.01.2012, Sunday, 22:17:27
знаете некоја страна за нарачување на лед диоди, освен ebay ? :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 22:20:30
на оваа од dr-mr
Code: [Select]
http://www.taydaelectronics.com
диодите се прилично ефтини :)
100 диоди od 5mm околу 90 денари те коштаат :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 29.01.2012, Sunday, 22:21:04
знаете некоја страна за нарачување на лед диоди, освен ebay ? :)
Пробуричкај малце ;D ;)
Code: [Select]
http://www.taydaelectronics.com/leds/round-leds.html
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 29.01.2012, Sunday, 22:32:31
ја знам оваа страна но сепак мене ми требаат вакви диоди
Code: [Select]
http://img.auctiva.com/imgdata/1/3/1/9/0/2/3/webimg/518745322_o.jpgпо можност да светат плави, бидејки најдов на ebay сеа сакам да побарам на друго место да видам кое поише ке ми се исплати :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 22:35:47
а зошто ти се вакви мат диоди ?
за големи количини на диоди (1000 па и 10.000 парчиња) на aliexpress можеш да добиеш добра цена, или пак на alibaba (aliexpres е помошна страна на alibaba каде што компаниите даваат понуди налик на ebay)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 29.01.2012, Sunday, 22:38:24
баш вакви и требаат мат, околу 1000 ке нарачувам, инаку фала ке пробам со овие што ги спомна alibaba и aliexpress :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 22:44:07
на alibaba оди само ако имаш нерви да одговараш на едно 10-20 емаил пораки секојдневно
и ако сакаш некој азијат да те дави по телефон како ти нуди најмала цена за производот, ама па затоа можеш да се ценкаш
јас ги доведов едни до 1.5$ за LCD 16x2 со црвено позадинско светло :)

друго пази цената за која количина се однесува и пази кога купуваш пошто може во последен момент без никаква причина да ти ја кренат цената :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 29.01.2012, Sunday, 22:49:22
ке видам што ке направам, па ако не ке си нарачам од ebay и ке платам за 1000 сини диоди околу 2000 денари се вкупно :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.01.2012, Sunday, 22:53:18
многу скапо ќе ги платиш :)
побарај за поефтино
пиши му емаил на продавачот дали ќе ти даде попуст за таа количина :)
можеш да се договориш  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 29.01.2012, Sunday, 23:02:39
ми доага по околу 1,7 денари по диода и тоа за сини диоди мат, па ако најдам поевтино ке купам ако не ке ги зеам овие :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 21:59:21
Само кога ке нарачате нешто и ке стигне пакетот кај вас пред да ставите потпис дека сте го подигнале ДОБРО проверете дали пакетот не е отваран, за тоа што мене редовно ми се случува пакет да ми го отворат и лошо затворат и залепат и така да ми го дадат! Ова се случува и кај Fedex (ФЕДЕКС) и кај UPS, така да следниот пат кога ке забележам вакво нешто нема да го примам пакетот и ке им го вратам назад и ке ја известам полицијата бидејки тоа што некој неовластено и без мое знаење и одобрение отвара мои лични пакети и ми ја нарушува приватноста прави кривично дело за кое заслужува ДЕБЕЛА КАЗНА! До сега им прогледував кроз прсти но следниот пат изгледа ке го решиме проблемот на друго место! Значи пазете, очите 16 отворете ги. Кога ке ви стигне пратката и ја фатите во рака прво прегледајте ја дали е веке отварана и повторно затварана и прелепувана а после ставете потпис и земете.

п.с. да се казни манијакот кој сака неовластено да зирка по туѓи работи
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 30.01.2012, Monday, 22:04:16
Oни скоро сите ги отвараат,тоа од царина,и такви купус направени се,исполепени,за никаде ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 30.01.2012, Monday, 22:07:18
Само кога ке нарачате нешто и ке стигне пакетот кај вас пред да ставите потпис дека сте го подигнале ДОБРО проверете дали пакетот не е отваран, за тоа што мене редовно ми се случува пакет да ми го отворат и лошо затворат и залепат и така да ми го дадат! Ова се случува и кај Fedex (ФЕДЕКС) и кај UPS, така да следниот пат кога ке забележам вакво нешто нема да го примам пакетот и ке им го вратам назад и ке ја известам полицијата бидејки тоа што некој неовластено и без мое знаење и одобрение отвара мои лични пакети и ми ја нарушува приватноста прави кривично дело за кое заслужува ДЕБЕЛА КАЗНА! До сега им прогледував кроз прсти но следниот пат изгледа ке го решиме проблемот на друго место! Значи пазете, очите 16 отворете ги. Кога ке ви стигне пратката и ја фатите во рака прво прегледајте ја дали е веке отварана и повторно затварана и прелепувана а после ставете потпис и земете.

п.с. да се казни манијакот кој сака неовластено да зирка по туѓи работи

Ми стигале многу пратки од FedEx и може да се случи на пример десет кутии да стигнат денес кај мене пред врата, они имаат отворено само една. Тоа морат да го направат ради царинска контрола, а најчесто се дешава доколку на пакетчето пишува една грамажа, а тие кога го мерат и се појавува дополнителна грамажа и тоа мора да се провери. Значи тие се што работат е законски и тие не ги отвараат во FedEx туку ги отвараат во TAV. Кај мене баш стигнаа кутии и прелепени беа со налепници царинска управа TAV. Значи нема врска приватно лице, сигурно тие во FedEx не им дошло да ти отвараат по кутиите ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 30.01.2012, Monday, 22:10:00
да де, ако има налепници дека е од царина ок, ама се случува без никакви налепници документација печати и сличнио да е отворено :)
тоа не е ок
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 30.01.2012, Monday, 22:11:27
да де, ако има налепници дека е од царина ок, ама се случува без никакви налепници документација печати и сличнио да е отворено :)
тоа не е ок

Тоа е веќе друга работа и тука може секој да го отворил почнувајќи и од поштарот. Кај мене си стигаат со налепници и со печати од царина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 22:11:32
да де, ако има налепници дека е од царина ок, ама се случува без никакви налепници документација печати и сличнио да е отворено :)
тоа не е ок
кај мене нема никаква налепница! Иначе знам каква е таа и како изгледа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 30.01.2012, Monday, 22:19:23
не смее никој да отвори без твое присуство, тоа е правило број 1 во поштата, на секој му е загарантирана приватноста во тоа што го праќа по пошта, доколку поради било каква причина пакетот/писмото треба да се отвори тоа се врши од службено лице (царина/полиција/пошта со судски налог) со што подоцна или претходно мора да се извести лицето до кое е адресирана пратката, треба или да те викнат или пред да го отворат да присуствуваш, или откако ќе го отворат лично да ти објаснат што како
или пак да наведат зошто е отворено, ако нема наведено и ако се прават на мутави слободно оди и буни се ;)

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 30.01.2012, Monday, 22:24:16

Абе ако не ти фали ништи седи си мирен, да не те стаат на така наречен црн список па да плакаш големи суми за секоја пратка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 30.01.2012, Monday, 22:32:20
Добро, значи не е проблемот до Федекс и УПС туку до ТАВ или царината. Бидејки отвараат и не кажуваат ниту дека отвараат а камо ли да кажат кој отвараат (ептен тајно) така да остана ние самите да ги најдеме кои се. Сега треба да составам едно писмо и да го пратам по мејл до царината дека следниот пат ке го решиме проблемот на друго место ако отворат паќет без мое знаење и одобрение, и притоа ми ја нарушат приватноста и квалитетот на пренесените работи кои биле во пакетот. Кога е без мое знење, од каде да знам што може да правеле со моите работи... може уринирале па ги плакнеле со само со вода :D :D :D се шалам за ова последново ама тоа нека биде само асоцијација.
За да бидам по јак во решавањето на овој проблем, ке ми треба помош од секој од вас кој е на исти начин оштетен. За тоа што што повеке оштетени граѓани поголема шанса да добиеме правда.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.01.2012, Tuesday, 00:47:19
не смее никој да отвори без твое присуство, тоа е правило број 1 во поштата, на секој му е загарантирана приватноста во тоа што го праќа по пошта, доколку поради било каква причина пакетот/писмото треба да се отвори тоа се врши од службено лице (царина/полиција/пошта со судски налог) со што подоцна или претходно мора да се извести лицето до кое е адресирана пратката, треба или да те викнат или пред да го отворат да присуствуваш, или откако ќе го отворат лично да ти објаснат што како
или пак да наведат зошто е отворено, ако нема наведено и ако се прават на мутави слободно оди и буни се ;)

1) Ќе го отворат и без ти таму да си, дури и да ти е загарантирано тоа право, ај иди буни се или тужи некој државен орган кај нас ::), па и на светско ниво, нема шански, 100% губиш, ќе најдат начин да изгубиш ::).

2) Кај нас тој „закон“ (под наводници е бидејќи очигледно не се почитува, освен ако треба да се апси некој, а и тогаш лабаво се почитува, читајте „се штанцаат по потреба“ ::)) не функционира, а и да функционираше, ќе требаше да те викаат на секоја пратка што ќе ти стигне бидејќи очигледно на нашава царина, се им е сомнително (ми се има случувано премногу често, затоа имам стигнато до тој заклучок).

3) Ако си решил право да бараш во оваа држава, со среќа ;D ;D ;D.

Добро, значи не е проблемот до Федекс и УПС туку до ТАВ или царината. Бидејки отвараат и не кажуваат ниту дека отвараат а камо ли да кажат кој отвараат (ептен тајно) така да остана ние самите да ги најдеме кои се. Сега треба да составам едно писмо и да го пратам по мејл до царината дека следниот пат ке го решиме проблемот на друго место ако отворат паќет без мое знаење и одобрение, и притоа ми ја нарушат приватноста и квалитетот на пренесените работи кои биле во пакетот. Кога е без мое знење, од каде да знам што може да правеле со моите работи... може уринирале па ги плакнеле со само со вода :D :D :D се шалам за ова последново ама тоа нека биде само асоцијација.
За да бидам по јак во решавањето на овој проблем, ке ми треба помош од секој од вас кој е на исти начин оштетен. За тоа што што повеке оштетени граѓани поголема шанса да добиеме правда.

Правда најверојатно нема да добиеш, а и да добиеш, чисто ќе биде „само на хартија“, или евентуално само за тебе, на сите останати, пак ќе им се отвораат пакетите.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 31.01.2012, Tuesday, 00:53:38
1) Ќе го отворат и без ти таму да си, дури и да ти е загарантирано тоа право, ај иди буни се или тужи некој државен орган кај нас

3) Ако си решил право да бараш во оваа држава, со среќа ;D ;D ;D.

Да, затоа и граѓаните толку ке се грижат за државата во случај на војна ? Затоа никој не се возбудува и не превзема ништо кога се палат наши знамиња... по таа логика така би дошло што и не е далеку од реалноста.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 31.01.2012, Tuesday, 12:05:37
Сметката од спраркасе каква ви е денарска или девизна???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 31.01.2012, Tuesday, 12:55:25
мојата е денарска,
денес ми стигна нарачката од tayda electronics, после точно 8 дена :)
на 23 ја направив нарачката денес стигна

страницата за одредени работи е ефтина, за помалите работи е прилинчо ефтина, за оние погломазни поголеми некој се поскапи некој поефтини :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 31.01.2012, Tuesday, 13:18:49
баш сега гледав од
Code: [Select]
http://www.musikding.de/index.php?language=enсајтот што како околу нарачките и баш приметив дека во цената го додаваат нивното ДДВ што е потполно бесмислено,што имам јас да и плајќам ддв на Германија.Им пишав сега што како околу тоа да ми кажат бидејќи нема логика да го плаќам тоа.
Иначе на овој сајт до 500грама пратки е 5 евра превоз,додека за 1кг е 10 евра т.е дупло.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 31.01.2012, Tuesday, 13:19:40
мојата е денарска,
денес ми стигна нарачката од tayda electronics, после точно 8 дена :)
на 23 ја направив нарачката денес стигна

страницата за одредени работи е ефтина, за помалите работи е прилинчо ефтина, за оние погломазни поголеми некој се поскапи некој поефтини :)
јас денеска направив денарска и девизна сметка за 10тина дена ќе ми стигни картичката
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 31.01.2012, Tuesday, 13:20:24
Девил баш ми е мило што слушам задоволен корисник од некоја ваква Online продавница...бидејќи скоро сите кај нас се жалат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 31.01.2012, Tuesday, 13:32:06
јас до сега не сум имал никаков проблем, освем со тоа што за одредени нарачки треба малку подолго да се чека додека стигнат, ама сепак вреди чекањето, не се брзам нигде, немам некој временски лимит, за некого ова би можело да е проблем
ама повеќето страници нудат и повеќе сервиси за праќање на пратката, е сега побрзите се поскапи, ама ако ви треба нешто за мног брзо да ви стигне со некоја минимална доплата 2-3$ мислам дека до негде се исплаќа
---------------------------------
страницата што ја наведе, цените им се тука негде со нашите :)
пр. бц547 кошта 3,9 денари кај ним, а кај нас е 3 денари, на tayda е 1,40 денари што е каде каде поефтино :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 31.01.2012, Tuesday, 14:08:51
тоа јасно,ама има проблем што кај нас нема ниеден квалитетен кондензатор све е кинеско.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 31.01.2012, Tuesday, 14:28:14
тоа да, ама од врме на време се наоѓа по некој NOS, какви што нуди LordZi, или пак користени но сепак исправни :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.01.2012, Tuesday, 14:42:53
Сметката од спраркасе каква ви е денарска или девизна???

Денарска, денарска, не се секирај, прашав јас во Шапркасе, ми рекоа дека автоматски се врши конверзија на парите во девизи по моменталниот курс на банката и се одземаат тие пари од сметката ;).

јас денеска направив денарска и девизна сметка за 10тина дена ќе ми стигни картичката

Така и мене ми кажаа, само што не е лошо да се јавиш или да отидеш сам, некогаш забораваат да се јават ;D.

Девил баш ми е мило што слушам задоволен корисник од некоја ваква Online продавница...бидејќи скоро сите кај нас се жалат.

Па не се премногу оние кои немаат проблем, ама мислам дека проблемот е пред се со картичките и фактот дека се вадени од „локални банки“, банки кои се останати уште од времето на социјализмот и кај нас се релативно познати, но не и на светско ниво. На пример, Шпаркасе е банка со традиција на светско ниво, мислам дека ако повеќето картички се извадени од вакви банки, мислам дека и луѓето помалку проблеми ќе имаат бидејќи продавачите, а и сајтовите, веднаш ќе знаат дека станува збор за светски позната банка (едно е да видите картичка извадена од Комерцијална банка, која е позната само на Балканов, а друго е да видите од некоја која има традиција век и нешто, не е исто ;)).

тоа јасно,ама има проблем што кај нас нема ниеден квалитетен кондензатор све е кинеско.

Јас најчесто користам вадени од стари уреди, не сум купил кондензатор, не знам од кога ;D. А во стари уреди, ехеееее, може да се начекаат ROE, WIMA, Iskra, Siemens, Philips, Rubycon, Nichicon, не се некои спеацијални Hi-End кондензатори, но одлични се ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 31.01.2012, Tuesday, 14:49:07
Тоа да ..добро е така да си имаш на залиха дома...случајно ако ти фали во моментот нешто па да употребиш,инаку сепак мислам дека е најдобро комплетно нови делови,посебно ако се работи за некој поскап проект во кои што само трансформаторите коштаат над 100 евра не е фер да се ставаат стари делови :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.01.2012, Tuesday, 15:00:24
Тоа да ..добро е така да си имаш на залиха дома...случајно ако ти фали во моментот нешто па да употребиш,инаку сепак мислам дека е најдобро комплетно нови делови,посебно ако се работи за некој поскап проект во кои што само трансформаторите коштаат над 100 евра не е фер да се ставаат стари делови :)

Паааааа, зависи ;). До некаде би се сложил и со оваа констатација, да не ми се има случено да извадам и 20 години страи кондензатори кои имаат подобри каратеристи од некои „Hi-End“ (или барем така ми беа презентирани, а така му беа презентирани и на човекот кој ги купил и беше убеден дека со овие кондензатори ќе добие суперирорен звук ::)) кондензатори.

Што се однесува до трафоата... мое мислење е дека со добра електромагнетна изолација и старите трафоа може да бидат многу добри, дури и ако се премотувани ;). Е сега, ако станува збор за излезни трансформатори за лампашки уреди, да, ново си е ново и во никој случај не би ставил некој стар трансформатор или некој наменет за користење на градската мрежа ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 31.01.2012, Tuesday, 15:07:38
немој да ги  преценуваш новите излезни трафа, повеќето се мотаат во кина и квалитетот е на мрежно трафо, квалитетни излезни трафа повеќе можеш да најдеш на старо отколку нови

да има нови и квалитетни ама цената им е ехаха
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 31.01.2012, Tuesday, 15:30:23
а случајно да не знаете кај нас некој што мота трафоа,зборам за комплетно нови со дадени спецификации,зборам за излезни и влезни трафоа не за напојувачки торус
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.01.2012, Tuesday, 15:30:41
да има нови и квалитетни ама цената им е ехаха

Епа јас за овие зборувам ;D. Не зборувам за тие Кинеските ;D.

Споено мислење: 31.01.2012, Tuesday, 15:31:38
а случајно да не знаете кај нас некој што мота трафоа,зборам за комплетно нови со дадени спецификации,зборам за излезни и влезни трафоа не за напојувачки торус

Не, колку што знам никој во МК не се бави професионално со оваа работа... а спецификации, хахахахахаха ;D ;D ;D... нема шанси ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 31.01.2012, Tuesday, 15:49:13
а случајно да не знаете кај нас некој што мота трафоа,зборам за комплетно нови со дадени спецификации,зборам за излезни и влезни трафоа не за напојувачки торус

Кај нас никој, ама во соседна Србија има неколку фирми што го рабоат тоа, и тоа како што читам со мошне пристоен квалитет, но и со троцифрена цена во евра.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 03.02.2012, Friday, 12:05:14
На alibaba.com што е страната навистина има делови кој се скоро за џабе, плус и ако се поценкаш малку може и за без пари ке ти ги дадат, ама маана е тоа што праќаат само преку DHL и China Express >:(
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 03.02.2012, Friday, 12:21:57
не, знчи биди цврст и убеди го продавачот, можат да ти пратат и по HK mail и по China post кој се многу ефтини за разлика од другите
значи се зависи од тоа ти како можеш д апреговараш :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 03.02.2012, Friday, 13:11:55
не, знчи биди цврст и убеди го продавачот, можат да ти пратат и по HK mail и по China post кој се многу ефтини за разлика од другите
значи се зависи од тоа ти како можеш д апреговараш :)

Тринаесет пати му реков дека сакам преку China post (зашто и предходно преку тоа ми стигало се покажало како ефтино) и само вика тоа е многу споро, ќе чекаш многу, јас пак ќе му пишам мене не ми се брза. Па сеа ке видиме, инаку преку DHL ти е 40 долари, а преку China Express ти е 60 - тина долари :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 03.02.2012, Friday, 18:57:07
пиши му дека ако треба да платиш повеќе од 5$ за поштарина дека подоцна ќе мораш многу голема царина да платиш и пиши му дека најде од друг продавач за пониска цена на елементите со помала цена за поштарина :)
биди иновативен малку :)
------------------------------------------------------------------
ЕДИТ

04.02.2012
Денес ја извршив мојата втора нарачка од Tayda Electronics, ќе чекаме да видиме дали и оваа нарачка ќе пристигне за 8 дена   :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.02.2012, Tuesday, 09:17:46
Денес ми стигнаа 3 LCD 2х16 со сина позадина, HJ1602A модели (компатабилни со HD44780) од ebay (2.95$ кошта парче)
ги порачав на 17.01.2012 , интересно е што секој од 16 пинови е обележан што е, почнуваат од Vss па се до A и К за позадинското осветлување :), вакви дисплеи (обележани) не сум сретнал до сега
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 07.02.2012, Tuesday, 09:33:49
Супер, со здравје да си ги користиш... ;) :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.02.2012, Tuesday, 09:51:02
Фала :)
планирам да го редизајнирам LC метарот, пошто малку го зафркнав првиот пат  ;D
планирам да направам некој добар фреквенциометар и уште еден дисплеј ми останува за нешто друго што планирам да правам  :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 09.02.2012, Thursday, 12:40:50
и мене денеска ми стигнаа тоа лед дисплеите како што ги има нарачано и ѓаволот...интересното е што ги нарачав на 27.01 а ми стигнаа денеска...нешто побрзо од ибеј што сум нарачувал ми нема стигнато
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stefanjanevski on 09.02.2012, Thursday, 12:44:41
и мене денеска ми стигнаа тоа лед дисплеите како што ги има нарачано и ѓаволот...интересното е што ги нарачав на 27.01 а ми стигнаа денеска...нешто побрзо од ибеј што сум нарачувал ми нема стигнато

Зависи и од ибеј стигаат некогас за 7 дена, зависи од кого купуваш :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 09.02.2012, Thursday, 13:27:35
какви лед дисплеи ?
не порачав јас од нигде такви дисплеи, само LCD имам порачано
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 09.02.2012, Thursday, 18:06:34
какви лед дисплеи ?
не порачав јас од нигде такви дисплеи, само LCD имам порачано

грешка ;D на LCD мислев...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 09.02.2012, Thursday, 19:56:29
па супер тогаш, за брзо време ти стигнале јас се изначекав :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 09.02.2012, Thursday, 20:27:25
стварно се изненадив, дека обично за еден месец ми стигаат, ова за 12 дена стигна...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 09.02.2012, Thursday, 20:28:17
колку дисплеи имаше нарачано ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 09.02.2012, Thursday, 20:29:01
3 дисплеи
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 12:49:45
Alibaba
се исценкав со еден за 10 парчиња прецизни повеќе обртни потенциометри, со се поштарина ми иди негде 25$
ако сака некој такви нека каже да му речам да ги прати
јас сакам само 5 парчиња, ако сака некој некое парче слободно нека каже, 1,5$ кошта парчето и плус зависно од тоа колку парчиња има ќе треба да си плати дел во поштарината
и 9$ е вкупна поштарина од кој јас плаќам 4,5$, останатото ќе го плати тој другиот што сака да земе, колку повеќе (5 души најмногу :D) толку поефтино ви иди за поштарината

ако сака некој нека каже, ако не да соберам некој денар и јас сам ќе си порачам, ама ко ќе ми стигнат под 400 денари не ги давам (толку се по продавници)
--------------------------------------------------------------------------

Unpacking a composite multirotor frame from GoodLuckBuy.com (http://www.youtube.com/watch?v=X7_TjC44xlA#ws)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 19:23:26
Здраво да прашам некој дали може да ми каже колку ке треба да платам за да ми нарачате еден лцд дисплеј 1х16 со зелено позадинско осветлување.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 19:24:22
со сино позадинско осветлување се нај евтини
коштаат 2.95$ плус ако ти земе некој провизија за нарачката :)
--------------------------------------------
јас ако ти нарачам би те коштало 140 денари по парче плус зависно од количината која сакаш да ја нарачаш додатна провизија, ама тоа ќе биде во некој граници од 50-200 денари, за едно парче 50денари
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 19:25:47
со сино позадинско осветлување се нај евтини
коштаат 2.95$ плус ако ти земе некој провизија за нарачката :)

А со зелено знаеш колку кошта, зашто со зелено подобро ќе се познаваат карактерите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 19:30:54
нема врска, на ова со сино се бели, така да убаво се познаваат и на тој дисплеј, јас користам со сино :)

на ebay нај ефтиниот е 3.88$ со зелено позадинско 1х16 HD44780 Компатабилно
на оваа цена плус 50 денари за мене :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 19:35:21
нема врска, на ова со сино се бели, така да убаво се познаваат и на тој дисплеј, јас користам со сино :)

на ebay нај ефтиниот е 3.88$ со зелено позадинско 1х16 HD44780 Компатабилно
на оваа цена плус 50 денари за мене :P

Ќе праиме муабет, нарачав јас еден од ebay со зелено позадинско, ама еве скоро 2 месеци го нема :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 19:44:14
пиши му на продавачот дека да си провери до каде се дека не ти имаат стигнато во спротивно ќе му дадеш негативен фидбек (тоа ти е смрт за продавачот) и/или да ти ги врати парите или да ти прати нови дисплеи :)

за се над 45 се пиши поплака, или пиши им на pay pal тие ќе ти ги вратат парите  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 19:45:36
пиши му на продавачот дека да си провери до каде се дека не ти имаат стигнато во спротивно ќе му дадеш негативен фидбек (тоа ти е смрт за продавачот) и/или да ти ги врати парите или да ти прати нови дисплеи :)

Зашто ако добие негативен фидбек е смрт? Инаку му пишав рече пратени биле.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 19:51:41
затоа што негативниот фидбек е лош за продавачите на ибеј, со тоа кога некој нешто ќе листа излегува дека одредени корисници имаат лошо искуство, а ако повеќе луѓе му дадат негативен фидбек, неговата реклама/понуда ќе оди се надолу и надолу, нема да биде на врв при листањето

не бери гајле испробано е, се плашат од негативен идбек и најчесто пишуваат пред да ни дадете негативен фидбек контактирајте не ќе средиме :D

ако не сака да ти помогне побарај  му тракинг број, најверојатно или нема да ти даде или ќе ти даде од HK mail или China Post :), со овие броеви ти ќе одиш на страната на pay pal и ќе пишиш таму жалба дека мислиш дека те зафркна и дека ти дава некој тракниг броеви кој не го следат производот, ама ова гледај убаво скоцкано да е, и од пеј пел ќе ти ги вратат парите, односно ќе му ги одземат нему :P

или договори се да ти препрати нови продукти (ама јас би зел пари, пошто пак може така да ти направи :P)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 19:57:31

Фала
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 11.02.2012, Saturday, 20:03:39
а доколку некој продавач добива негадивна репутација па се реши да ги измени сите негови лични податоци од акаунтот па потоа отвори нов акаунт на e-bay, дали е можно тоа?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 20:06:50
може да го откаже акаунтот и да си направи нов, ама ќе има 0 позитивна репутација
фидбекот е еден вид репутација, секоја позитивен фидбек е плус за продавачот, секој негативен - , ако влезиш во минус тешко тебе нема никогаш ништо да продадеш :)
колку повеќе позитивен фидбек, толку повеќе ќе те има тебе кога некој нешто бара

исто така се проверува колку работи има продадено човекот, од десна страна под тоа информациите од човекот има и едно Sold тука пишува број на парчиња продадени, колку поголем толку подобро, пошто можеш да сметаш дека стварно испраќа, тие што лажат најчесто немаат или имаат по 100-200 а немаат фидбек нешто не чини со нив
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 11.02.2012, Saturday, 20:14:32
Ама сепак е можно повлекување на акаунтот (доколку има негативна репутација) и отварање на нов акаунт со кој ке почне од 0 да измамува луге :o
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.02.2012, Saturday, 20:15:35
можно е, затоа тие од ибеј имаат фер политика и ако бидеш излажан на ибеј парите ќе ти ги вратат а членот кој те зафркнал ќе биде казнет на овај или онај начин
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 11.02.2012, Saturday, 22:46:45
Абе се прават секакви дубари, ќе направи уште 5 акаунти и од нив ќе направи поситив феадбек и ете ти го помеѓу подобрите, а тој не ни праќа работи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 11.02.2012, Saturday, 23:34:47
луѓе тие на ибеј не се македонци па да гледаат да те зафркнат на каков било начин  ;) мене не ми имаа стигнато едни лед диоди, му пишав да ми ги прати пак, и ги прати. така да не се зафркнува лесно на ибеј, и ако не ви стигне за еден месец, пишете му на продавачот, ако не ви одговори за 4-5 дена (една недела максимум) ке пишете на ибеј поплака и ке си бркате работа, во краен случај ке ви ги вратат парите...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.02.2012, Sunday, 07:40:46
Има сајтвови од кои може да нарачам со Maestro? Ми требаат PLCC Extractor и Flux Pen.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 12.02.2012, Sunday, 10:45:42
Има сајтвови од кои може да нарачам со Maestro? Ми требаат PLCC Extractor и Flux Pen.
Хах и јас барам вакви сајтови ;D.Мислам дека може да се нарача со Maestro од Amazon...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 12.02.2012, Sunday, 12:01:51
со сино позадинско осветлување се нај евтини
коштаат 2.95$ плус ако ти земе некој провизија за нарачката :)
--------------------------------------------
јас ако ти нарачам би те коштало 140 денари по парче плус зависно од количината која сакаш да ја нарачаш додатна провизија, ама тоа ќе биде во некој граници од 50-200 денари, за едно парче 50денари

А случајно да не ти се наоѓа по дома некој ваков, зашто мене итно ми треба, а ова нема да стигне сигурно за три недели. И ако знаете некоја страна за ЛЦД дисплеи дајте.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 12.02.2012, Sunday, 13:34:28
немам, имав, ама му ги дадов на LordZi, се трампавме за нешто друго :)

абе види, можеш да порачаш и по она експрес шипинг за 2-3 дена стига ама па ќе ти земат 30-70$ поштарина :)

ЕДИТ

еве уште една страница каде што продаваат системи за обезбедување, камери, монитори, аларми и слично
Code: [Select]
http://www.securitycamera2000.com
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.02.2012, Sunday, 18:27:25
Хах и јас барам вакви сајтови ;D.Мислам дека може да се нарача со Maestro од Amazon...

Фала, ама не ми треба ништо од таму :S.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 12.02.2012, Sunday, 18:38:51
Хах и јас барам вакви сајтови ;D.Мислам дека може да се нарача со Maestro од Amazon...

Фала, ама не ми треба ништо од таму :S.
Сигурно? ;D
Code: [Select]
http://www.amazon.com/s/ref=nb_sb_ss_i_0_7?url=search-alias%3Daps&field-keywords=plcc+extractor&x=0&y=0&sprefix=plcc+ex%2Caps%2C660
Code: [Select]
http://www.amazon.com/s/ref=nb_sb_noss_1?url=search-alias%3Daps&field-keywords=flux+pen&x=0&y=0
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.02.2012, Sunday, 19:05:51
Сигурно? ;D
Code: [Select]
http://www.amazon.com/s/ref=nb_sb_ss_i_0_7?url=search-alias%3Daps&field-keywords=plcc+extractor&x=0&y=0&sprefix=plcc+ex%2Caps%2C660
Code: [Select]
http://www.amazon.com/s/ref=nb_sb_noss_1?url=search-alias%3Daps&field-keywords=flux+pen&x=0&y=0

Абе ова се е многу убаво, ама цениве се барем дупло поскапи од dealextreme :S.

Ај, ќе видам, можеби и ќе нарачам нешто, ако нарачам и ако ми стигне, ќе пишам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.02.2012, Monday, 16:58:56
денес ми стигнаа 2 пакети
едниот пакет содржи 40 пински зиф сокет :)
10 машки и 10 женски 40 пински пин хедери (летва конектори)

во другиот пакет имаше, врист, 3 ножиња за кабли сечење?! (сеуште не открив како се користат) од оние вакуум пумпи за SMD делови држење со 4 различни продолжетоци, 4 штрафцигерчиња за мобилни со соодветни пластични помошни хеблиња за полесно растурање :)
и PLCC пинцета :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 13.02.2012, Monday, 17:01:16
Со здравје да се служиш. Треба и јас да видам, ако ме заинтересира нешто да нарачам
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.02.2012, Monday, 17:06:34
фала, квалитетот е кинески, немам мно гулеми очекувања, барем истите овие кој ги купив се каде каде поефтини отколку тука, а тука скоро исти (кинески) се продаваат за дупло повисока цена
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.02.2012, Tuesday, 05:37:18
Јас од Amazon нарачав PLCC Extractor и Flux Pen, па ќе видиме дали ќе стигне ;).

Инаку, само за информација, од Amazon не можете да нарачувате со Maestro (немам screen shot-ови, ама пробајте па ќе видите), нарачкава ја напрвив бидејќи и онака имав gift certificate од mturk, уште од времето ми била останата, па сакав да ги истрошам парите ;). Инаку, не се исплати, барем дупло поскапо се фаќа од цената на некои од овие работи од dealextreme и некои други сајтови ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 14.02.2012, Tuesday, 11:49:40
Знам за амазон најчесто е користен кај нас за книги и некој многу ситни работи,иако мислам дека овие германскиве сајтови ни се единствен спас :))) кога се работи за оригинални делови,а за кинески имате каде сакате и кај нас тука и на веке познатите сајтови
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.02.2012, Tuesday, 14:06:38
Знам за амазон најчесто е користен кај нас за книги и некој многу ситни работи,иако мислам дека овие германскиве сајтови ни се единствен спас :))) кога се работи за оригинални делови,а за кинески имате каде сакате и кај нас тука и на веке познатите сајтови

Абе да, ама проблем е што тие се скапи ;D. Овие кинескиве се евтини ;). А и кинескиве не се баш лоши ;). Како ќе ти се погоди е муабетот ;).

Инаку, од Amazon втората нарачка ми ја откажаа, за Flux Pen. Повеќето дистрибутери и производители не испорачуваат до Македонија :S. Но најдов еден кој испорачува, uxcell ;). И нарачав некои други глупости од него, само колку да ги истрошам парите на gift certificate-от ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 21.02.2012, Tuesday, 21:31:25
Нешто ми е чудно кај овие од dealextreme.com порачав штравцигерчиња колку за проба, ги порачав на 23 ти јануари а дуре пред некој ден ми пристигна меил дека се испратени... Еве слика за она што ме буни. Односно дали се испратени на 28,29,30 јануари (поради кинеската нова година) или пак се испратени на 16 февруари како што ми пишале... Незнам од кога да ги бројам деновите за да знам колку сум го чекал...
исто така имам добиено меил на 12 февруари дека е испратена пратката...
(http://pic.mk/images/t2e9.jpg)

и кога ке одам на order tracking на dealextreme.com ми го покажува ова:

(http://pic.mk/images/Vt9Jf.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 21.02.2012, Tuesday, 21:34:32
па најверојатно праткате ти е испратена или на 12 или на 16, најверојатно немале на лагер тоа што го бараше, па додека да набават и да испратат помина некое време
имаш 2 нарачки направено ?
една ти е на 12 испратена друга на 16 ?
точно е тоа што ти пишале во емаил кога се испратени, ако пишува таму дека се на 16, значи тогаш се пратени, ако пишува 12, тогаш се испратени

десно гледаш дека немаш Tracking Number, ако имаше тука број тие се за тракинг, ама пошто испраќаат преку HK mail (или што е веќе) тракингот не верувам дека многу ќе ти користи :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: warningteam on 21.02.2012, Tuesday, 21:36:43
На 12-ти  изгледа е пратено пошто така ти пишува во меил...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 21.02.2012, Tuesday, 21:38:54
Еве го едитирав постот и ставив слика. од меиловите кога ми ги пратиле.. Иначе немам 2 работи. Само една е и едно е платено со картичка.... баш сега ке ја проверам картичката, да не повлекле пари и за нешто друго што неверувам дека може да биде...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 21.02.2012, Tuesday, 21:40:38
да не имаш прицнато на тоа Re-Order, ако имаш прицнато на тоа, можно е да ти препратиле пак истото :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 21.02.2012, Tuesday, 21:49:33
Не, сега сватив што е... Прво сакав да порачам 2 работи со износ од 7$ штравцигерчиња и уште еден кинески волт метар за ac/dc но пред да почнат повторно со работа ради кинеската нова година, но гледам сега и свете ги пратиле... Доколку стигнат и двете уредно ке се осигурам и да си порачам централно или пак некое од тие чкарт појачалата кои ке ги сместам во југо :D
поздрав и се извинувам што сметав малце во темата...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 21.02.2012, Tuesday, 21:59:09
ич не сметаше во темата, добро е да се сподели искуството околу овие нарачки со другите членови :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 22.02.2012, Wednesday, 22:15:24
Внимание !!!
пазете што купувате од goodluckbuy гледав многу луѓе кој се жалат дека производите од таму или се деформирани, искршени или нафрлани во пакетот без заштита, а сите знаеме како поштата се однесува со пакувањата, така да можно е некои работи кога ќе ви пристигнат да бидат оштетени ...

Еве уште една страна (кинеска како и сите останати), наменета за електроника
Code: [Select]
http://www.satistronics.com/
незнам дали е спомната странава, има некој работи со фрии шипинг (пазете не е се)
Code: [Select]
http://www.dhgate.com/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 23.02.2012, Thursday, 22:15:16
само да додадам дека
Code: [Select]
http://www.taydaelectronics.com/ ги има и на Ebay и малце е поефтино за некој работи кога ги купувате во поголеми количини бидејќи се со вклучен превоз(shipping),додека на нивниот сајт сите работи се без превоз.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.02.2012, Thursday, 23:38:53
еве уште една страница со интересни цени, некои работи се многу ефтини, поефтини се и од тие на ebay што ги има кога ќе споредиш количина цена
Code: [Select]
www.suntekstore.com
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 24.02.2012, Friday, 00:53:19
а овие последниве сајтови што ги постираше проверени се? т.е имаш ли нарачано нешто и дали ти стигнало до сега?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.02.2012, Friday, 10:42:54
Немам ништо нарачано, но за брзо време ќе испробам што како :)

изменето е првото мислење, додадени се сите продавници на едно место да ги има, ако сум испуштил некоја пишете ќе ја додадам
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.02.2012, Friday, 15:17:17
Мене ми стигна денес PLCC Extractor-от што од Amazon го порачав. Не знам точно колку време помина, ама мислам дека е околу две недели. Преку Hong Kong Post стигна во едно пластично плико (како пластично ќесе беше), без заштити да не се оштети случајно при транспорт (сунѓер, било што). Не е баш некој врвен квалитет и малку прескапо го платив, но гледав да ги истрошам парите од mturk account-от, така да, решив да го нарачам ;). Ми стигна и $5 Off купон од uxcell (фирмата која ги продава овие работи и многу други на Amazon), ако некој нареден пат купувам, да ми одбијат 5 долари од нарачката ;). Има код и ваљда некако се внесува кодот при купувањето ;D. Инаку и таа фрмата uxcell е ваљда некој Кинеска фирма како овие другиве што се спомнати во темава. Еве линк од неа:

Code: [Select]
http://uxcell.com/
Баш го разгледав сајтот, има прилично евтини работи, а повеќето се практични ;). Не знам колку земаат за shipping, ама мислам дека не беше премногу, барем не ми земаа премногу PLCC Extractor-от, мислам дека беше околу 2.нешто долари.

Значи, во принцип, може да се смета дека доставуваат бидејќи преку нив ми стигна нарачката од Amazon ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 03:16:55
Сменети се некои правила и регулативи во царината, но на полошо. Сеуште не знам кои се сменети, а и оваа информација не сум сигурен дали е 100% точна. Ако може некој да ја потврди, би било добро. Или можеби некој знае што точно е сменето и дали воопшто е нешто сменето ???.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 28.02.2012, Tuesday, 13:35:36
според тоа што читав до сега на сајтот за царина,не е ништо сменето барем колку што пишува таму.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.02.2012, Tuesday, 16:23:30
според тоа што читав до сега на сајтот за царина,не е ништо сменето барем колку што пишува таму.

Ќе видиме... ова е неофицијална информација, можно е сега да ги припремаат промените, па потоа дури да ги објават... ќе видиме.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 01.03.2012, Thursday, 15:49:09
Момци некој да ми помогне околу нарачка преку dealextreme...каде да напишам дека сакам да ми стигне на друга адреса(не на пејпал)?кога правам checkout нема опција special note за да напишам нешто.

Споено мислење: 01.03.2012, Thursday, 16:52:19
Се снајдов :))) има опција од кога ке се направи нарачката да се смени shipping адресата.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 01.03.2012, Thursday, 22:45:05
од e-bay нарачав диоди и дислпеи, ми стигнаа за неполн месец :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 01.03.2012, Thursday, 23:20:48
имаше проблеми со царина ? :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 01.03.2012, Thursday, 23:55:40
Мене ми стигна денес ливче да си подигнам од пошта тоа што нарачав од Amazon... само не знам дали ќе треба да платам поштарина, ќе видиме. На некој од вас му стигнало некогаш вакво нешто за роба за која веќе платил поштарина (::) да, веќе ми беше платена поштарината од Хонг Конг до тука)?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 02.03.2012, Friday, 00:12:23
Да неколку пати ми има стигнато така,тоа е зашто сигурно била отварана твојата пратка и треба да платиш за отварањето на царинарниците :))) од 100-200 денари.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 02.03.2012, Friday, 00:13:48
Да неколку пати ми има стигнато така,тоа е зашто сигурно била отварана твојата пратка и треба да платиш за отварањето на царинарниците :))) од 100-200 денари.

Аха ::), ОК барем да знам ::).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MartinSk on 02.03.2012, Friday, 00:14:43
немав проблем со царина, освен тоа што отварале да видат што има внатре :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 02.03.2012, Friday, 01:57:51
Ако пак требаше да платиш нешто ке ти пратеа едно писмо внатре ке пишува од каде ти стигнала пратката и дека треба им приложиш документ за вредноста на пратката.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:28:55
јас му се мислам на ова за 4.5E плус негде 5E поштарина 10кг електроника даваат :)
пакетче во кое има нови, стари, плочи за расходување па и по некој кит комплет
може да се начекаат интересни работи
Code: [Select]
http://www.pollin.de/shop/dt/NjE5OTkxOTk-/Bauelemente_Bauteile/Sortimente/Sonstiges/Elektronische_Bauteile.html
само проблем ќе ми биде како ќе им објаснам на граница што ќе правам со 10кг електроника :)
ако им речам дека се стари работи ќе мислат дека увезувам отпад, ако им речам дека е ново ќе мислат дека вреи многу повеќе ...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 04.03.2012, Sunday, 23:31:54
Мани што ќе треба да им објаснуваш што правиш со отпадот, него како ќе им објасниш дека не треба да ти царинат 10Kg роба ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 04.03.2012, Sunday, 23:34:12
Мани што ќе треба да им објаснуваш што правиш со отпадот, него како ќе им објасниш дека не треба да ти царинат 10Kg роба ;D.

Баш јас сакав тоа да ти пишам, мене за едно кило од германија што ми стигнаа некои работи од кај роднини ми земаа 200 денари, па сеа рацунај ти ако зимаа по 200 денари за кило, за 10 кила ви требало 2000 денари. А и плус неможеш да знаеш што ќе ти пратат, може да ти испратат некои далечински, ни делови ќе најдеш во нив ни ништо па само ќе се нервираш :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:35:47
ќе биде интересно, ќе си ја пробам среќата 10E кај биле кај небиле, ни ќе се збогатам ни ќе осиромашам за тие 10Е, ако бараат повеќе од 10-15 за да го потигнам пакетот ќе им го оставам, па тие што знаат нека прават
само ќе побарам од фирмава фактура и печат да стават по сите прописи да е да се гледа од 1км која е цената

hahaha
ама ако најдам па нешто корисно, гледам на нет се фалат има интересни работи во кутиите кој вредат повеќе од тоа за што е купена една кутија :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 04.03.2012, Sunday, 23:38:17
ќе биде интересно, ќе си ја пробам среќата 10E кај биле кај небиле, ни ќе се збогатам ни ќе осиромашам за тие 10Е, ако бараат повеќе од 10-15 за да го потигнам пакетот ќе им го оставам, па тие што знаат нека прават
само ќе побарам од фирмава фактура и печат да стават по сите прописи да е да се гледа од 1км која е цената

Па најпаметно така ќе ти биде остај им го пакетот во пошта и тие го враќаат назад од кајшто е порачан и причекај едно 10 - 15 дена и после на paypal поднеси жалба дека не си го примил тоа и ќе ти ги вратат парите. Нема да ти прават проблеми зашто сигурно за 10 дена ќе го вратат од кај што стигнало :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 04.03.2012, Sunday, 23:39:05
А да отидеш до отпад ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:39:14
мисли си ти дека ќе го вратат назад, кога ќе им објаснам јас дека се тоа е платено, или ќе оди на аукција или ќе го фрлат негде :)

гига, немаме повеќе квалитетни отпади, се што имаше квалитетно или е искршено или е извадено
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 04.03.2012, Sunday, 23:41:34
мисли си ти дека ќе го вратат назад, кога ќе им објаснам јас дека се тоа е платено, или ќе оди на аукција или ќе го фрлат негде :)

Јас мислам дека ги враќаат ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 14:15:58
Сакам да прашам доколку нешто не подигнам од царина, после дадениот рок, дали може дома да ми стигне казна (причина поради којашто не сакам да го подигнам е висока царина) ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 14:18:06
Сакам да прашам доколку нешто не подигнам од царина, после дадениот рок, дали може дома да ми стигне казна (причина поради којашто не сакам да го подигнам е висока царина) ;)

Не, не е законски регулирано задолжително да си ја подигаш поштата ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 14:27:15
Сакам да прашам доколку нешто не подигнам од царина, после дадениот рок, дали може дома да ми стигне казна (причина поради којашто не сакам да го подигнам е висока царина) ;)

Не, не е законски регулирано задолжително да си ја подигаш поштата ;D.

Има нов закон сеа излеа за царинењево, огин ќе прават. Таа по телефон ми вика барај си шпедиција за да ти ги доставиме до дома, ко божем јас еден камион работи имам :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 14:28:11
Има нов закон сеа излеа за царинењево, огин ќе прават. Таа по телефон ми вика барај си шпедиција за да ти ги доставиме до дома, ко божем јас еден камион работи имам :D

Од каде ти е оваа информација? Бидејќи и јас добив слична информација, затоа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 14:30:14
Има нов закон сеа излеа за царинењево, огин ќе прават. Таа по телефон ми вика барај си шпедиција за да ти ги доставиме до дома, ко божем јас еден камион работи имам :D

Од каде ти е оваа информација? Бидејќи и јас добив слична информација, затоа.

Па таа по телефон ми кажа нешто, доколку пишува некоја фирма на пратката (во таа ипратницата) мораш да си бараш шоедиција којашто ќе ти ги преземе. Епа сеа јас тоа прашувам да не ме репнат на велико ако не ги подигнам ??? Само некои нови закони се донесуваат во државава >:(
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 14:32:47
Па таа по телефон ми кажа нешто, доколку пишува некоја фирма на пратката (во таа ипратницата) мораш да си бараш шоедиција којашто ќе ти ги преземе. Епа сеа јас тоа прашувам да не ме репнат на велико ако не ги подигнам ??? Само некои нови закони се донесуваат во државава >:(

Не, не може да те репнат, нема како, ти пишав, не е задолжително да си ја подигаш поштата ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 15:10:50
До 45 долари не се царинат, над 45 долари следува царина (само сеуште не знам како царинат) :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 06.03.2012, Tuesday, 17:19:46
ни они незнаат како се царини...обично од ракав ги тресат цените....
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 17:25:28
ни они незнаат како се царини...обично од ракав ги тресат цените....

Секогаш е така, јас не знам на пратката пишува дека е поклон (обично така барам да пишат од местото од кај што купувам) овие кај нас пак царина ќе ти пишат ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 17:44:38
Секогаш е така, јас не знам на пратката пишува дека е поклон (обично така барам да пишат од местото од кај што купувам) овие кај нас пак царина ќе ти пишат ;)

А од кое место купуваш?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 17:51:00
Секогаш е така, јас не знам на пратката пишува дека е поклон (обично така барам да пишат од местото од кај што купувам) овие кај нас пак царина ќе ти пишат ;)

А од кое место купуваш?

Досега имам купувано од ebay и од dealextreme, а пред некој ден се обидов и од alibaba па ќе видиме што и како ќе стигне. А за договарање што реков тоа, тоа само од ebay кога купувам го применувам од другиве не сум се обидел ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 06.03.2012, Tuesday, 18:16:17
мислам дека до 45 евра е без царина,се нагоре е со царина и ддв.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 18:23:37
мислам дека до 45 евра е без царина,се нагоре е со царина и ддв.

Да, тие 45 се во евра, не во долари ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 06.03.2012, Tuesday, 18:25:08
Македонија работи пред се со валутите денари и евра,после тоа доаѓа доларот како валута.Јас мислам дека исто е се  само разликата е што можеби приметиле дека цело време исти луге нарачуваат работи од некаде и можеби им станало сомнително :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.03.2012, Tuesday, 18:29:13
Македонија работи пред се со валутите денари и евра,после тоа доаѓа доларот како валута.Јас мислам дека исто е се  само разликата е што можеби приметиле дека цело време исти луге нарачуваат работи од некаде и можеби им станало сомнително :)

Не сме само ние што нарачуваме online работи ;). Јас барем знам уште двајца или тројца кои нарачуваат, но не пишуваат ништо тука на форумов во врска со тоа. Не е дека не сакаат, едноставно не се интересираат за електроника или gadgets, они нарачуваат патики, маички, такви работи, а за такви работи, искрено, и не ме интересира дали им ги царинат или не ;). А ако ме заинтересира, ќе си прашам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 18:29:46
Македонија работи пред се со валутите денари и евра,после тоа доаѓа доларот како валута.Јас мислам дека исто е се  само разликата е што можеби приметиле дека цело време исти луге нарачуваат работи од некаде и можеби им станало сомнително :)

Не е до тоа, државата не сака ти да земаш од странство а за тоа државата да нема ќар. Па затоа во последно време само ја намалуваат границата, пред тоа беше 100 евра, кај и да ќе ни го намалат на 10 евра или уште помалку за една мастика од ebay да си купиме :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 06.03.2012, Tuesday, 18:34:33
Сега за сега нема никаква промена на сајтот на царина,така да сега за сега останува 45 евра...а за понатаму ништо чудно да ја намалат...ништо не ме чуди во оваа држава.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 18:41:29
Сега за сега нема никаква промена на сајтот на царина,така да сега за сега останува 45 евра...а за понатаму ништо чудно да ја намалат...ништо не ме чуди во оваа држава.

Не на крај целосно ќе биде забрането, и ќе ја изолираат Македонија од светот :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 06.03.2012, Tuesday, 18:47:34
Или тоа или ке се кренеме и ќе ја искршиме поштата  ;D со све царински оддел.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 06.03.2012, Tuesday, 19:59:41
Поштата не е крива, царината е крива :)
и најчесто запираат сомнителни пратки, еден другар ми кажуваше порачал некој прекинувачи, му ги запреле на царина поради тоа што им личеле на запалки за експлозив :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: FilMakedon on 06.03.2012, Tuesday, 20:02:59
Поштата не е крива, царината е крива :)
и најчесто запираат сомнителни пратки, еден другар ми кажуваше порачал некој прекинувачи, му ги запреле на царина поради тоа што им личеле на запалки за експлозив :)

До царинана е бе, не се нормални тие, од ракав ги лупаат цените, а овие од пошта како ќе им наредат така :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: filip-hipa on 13.03.2012, Tuesday, 12:38:10
Здраво ме интересира дали можам со ова картичка да порачам од "dealextreme"
(http://pic.mk/images/JWdiG.jpg)
еве нешто за картичката
Code: [Select]
http://www.stbbt.com.mk/?ItemID=ADA89555EB367B41811BEBDACCC002DDФала однапред :):)

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Gele_PP on 13.03.2012, Tuesday, 14:24:30
Филип, за картичката не знам, ама ако сакаш постои можност со кеш јас да ти порачам.. ако си заинтересиран пиши приватна порака.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.03.2012, Tuesday, 14:25:58
доколку картичката од позади има еден 3-цифрен број (покрај тоа полето за потпис најчесто е) да можеш да порачаш, тоа бројот е тој заштитниот код, ако го нема него, за жал нема да можеш нигде на  интернет да ја користиш
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 13.03.2012, Tuesday, 16:52:02
денеска ми стигна пратката од деал екстрим по 14работни дена
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 17:43:19
Знам, обично по толку стигаат, и мене пратките од Amazon ми стигнаа по околу 15-тина работни денови ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 13.03.2012, Tuesday, 18:27:34
Сите стигаат во тоа време само моите НЕ :(
поминати се околу 16 РАБОТНИ дена....
Незнам што да правам... Да тркнам до пошта да прашам, или пак да ги контактирам тие од dealextreme да ми ги вратат парите (што не верувам дека ке се случи)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 19:11:34
Јас би почекал еден месец. Ако и по тој период не се стигнати нарачаните работи, е тогаш, да би пробал да ги исконтактирам dealextreme за да ми дадат refund.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 13.03.2012, Tuesday, 19:31:54
Некогаш знаат и нарачките да каснат и да чекаш по 2 месеци :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.03.2012, Tuesday, 20:39:52
јас чекав 50-тина дена за последната нарачка
после 45 дена ако не ти стигне тогаш отвори жалба дека не ти е стигнато или да ти вратат парите или да ти го препратат продуктот
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: filip-hipa on 13.03.2012, Tuesday, 21:12:40
Ејјј картичката има 3-ри цифрен број одназад одма до потписот :) ама картичката мислам дека е кредитна па ако порачам нешто да не ми земи појке пари и да влезам во минус :) или не можам да влезам во минус? :) Фала :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.03.2012, Tuesday, 21:17:58
зависи како ти е направено во банката, не би можело да се влези минус, зависи како планираш да плаќаш, ако ти побара на пеј пел не можеш да влезеш минус, не може ни на системите по продавниците (не на сите) пошто има таму некој делови за заштита што ти знам јас бла бла бла

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 16.03.2012, Friday, 21:54:54
Конечно стигнаа работите од
Code: [Select]
dealextreme.com. Тоа значи дека треба да се почекаат малце повеќе.

admin: кодирај линкови
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 16.03.2012, Friday, 22:11:27
Конечно стигнаа работите од dealextreme.com. Тоа значи дека треба да се почекаат малце повеќе.
колку време ги чекашее?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 17.03.2012, Saturday, 10:21:18
Според мејловите што ги добив едното е пратено на 12 февруар а другото на 16... А јас ги добив на 16 март тоа е околу 1 месец
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 17.03.2012, Saturday, 14:48:33
Стигна пратката од dealextreme која што беше пратена на 5-ти март.Страшно ме израдува пакетов пред врата :))) Убаво саботно утро :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.03.2012, Saturday, 17:01:08
Нарачувал некој патики, а?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Gele_PP on 19.03.2012, Monday, 15:40:53
Да  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.03.2012, Monday, 16:01:47
Да  :)

Од каде и како? Јас сакав да нарачам, ама не знам од каде да почнам, па сега собирам информации ;). Конкретно ми требаат патики како Salomon, значи hiking типови, не оние спортски, мат бои, кафена, сива, превртена кожа ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 19.03.2012, Monday, 16:09:51
Планирам да правам комбинација со photoshop кога ке нарачувам нешто од ebay за да ја избегнам таа проклета царина :)))
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Gele_PP on 19.03.2012, Monday, 16:11:33
Одовде,
Code: [Select]
http://s.dealextreme.com/search/shoes.html?page=1 , платив со пејпал, стигаа по пошта.

Споено мислење: 19.03.2012, Monday, 16:14:16
Планирам да правам комбинација со photoshop кога ке нарачувам нешто од ebay за да ја избегнам таа проклета царина :)))

При праќањето на пакетот му лепат фактура и според неа ти царинат... затоа купувај од кинезите, тие секогаш пишуваат помалку и ке ти пратат документи со пишаната цена. Да не ја утниш со фотошоп...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.03.2012, Monday, 16:26:48
Одовде,
Code: [Select]
http://s.dealextreme.com/search/shoes.html?page=1 , платив со пејпал, стигаа по пошта.

Фала за информацијата, гледам дека има напишано и броеви, димензии во cm и тежина (многу битно за царината ;D), така да, тоа е добро да се знае ;). Барем ќе може да ги споредам со патиките кои ги имам дома ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 19.03.2012, Monday, 16:54:06
Одовде,
Code: [Select]
http://s.dealextreme.com/search/shoes.html?page=1 , платив со пејпал, стигаа по пошта.

Споено мислење: 19.03.2012, Monday, 16:14:16
Планирам да правам комбинација со photoshop кога ке нарачувам нешто од ebay за да ја избегнам таа проклета царина :)))

При праќањето на пакетот му лепат фактура и според неа ти царинат... затоа купувај од кинезите, тие секогаш пишуваат помалку и ке ти пратат документи со пишаната цена. Да не ја утниш со фотошоп...

Ама работата е што ова што сакам да го купам е од ебеј....иначе знам за dealextreme завчера ми стигна нешто што го платив 45$ а беше пишано на кутијата 14.47$ :)))
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 19.03.2012, Monday, 17:17:23
и на ebay можеш да се договориш со продавачот, да пише помала цена поради царина, скоро сите прифакјаат.
А дали ке те царинат, зависи само од  тоа дали му дала жената на царинарникот пред да оди на работа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 19.03.2012, Monday, 18:48:59
и на ebay можеш да се договориш со продавачот, да пише помала цена поради царина, скоро сите прифакјаат.
А дали ке те царинат, зависи само од  тоа дали му дала жената на царинарникот пред да оди на работа.

Тука си комплетно во право...за жал така е...иако кога се работи за поголема тежина најдобро е да имаш испечатено све од ебеј и си тие да им одиш директно ако ти пратат писмо за цената на пратката.Бидејќи бараат фактура или било што.Така да ке мора photoshop  да ги среди работите :)))
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 19.03.2012, Monday, 20:43:48
внимавајте кога купувате од DX новите имплементации кој ги воведоа на страницата прават од време на време проблеми, да не се случи нешто да платите а да не добиете пошто страната не ви ја регистрирала нарачката :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 21.03.2012, Wednesday, 06:49:57
После расправија со овие од
Code: [Select]
http://www.goodluckbuy.com/
гледам ми ги имаат вратено парите за нарачката :), инаку нарачката ја направив на 29 јануари, ама ни трага ни глас од неа немаше па се жалев и на крај ми ги вратија парите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 23.03.2012, Friday, 21:04:12
Дали некој знае што е разликата помеѓу

Code: [Select]
www.dealextreme.comи
Code: [Select]
www.dx.com
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.03.2012, Friday, 21:11:14
истата фирма е само што едната е „понова“ верзија на претходната, затоа пред некое време ви реков да внимавате кога нарачувате поради измените што ги прават можно е да залута нарачката, да ви земат парите и да не ви ја пратат :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 23.03.2012, Friday, 21:54:51
Незнам точно каде прочитав, мислам пишуваше дека прават магацин во европа и дека нарачките ке стигаат за 10 дена. Доколку
Code: [Select]
dx.com е европскиот магацин тоа значи дека од таму треба да порачуваме. Иначе направив споредба на неколку пребарувања и буквално истите производи ги има со истите цени.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.03.2012, Friday, 22:03:49
други луѓе кој порачуваа од DX се пофалија дека нарачките им стигаат брзо 10-15 дена најмногу, јас долго време немам од таму ништо нарачано, последниот пат му требаа 50 дена за да стигне, планирам да нарачувам нешто деновиве па ќе видиме како ќе оди :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 23.03.2012, Friday, 23:04:15
одлично одлично, кинезите мислат на нас, гледам пишува дека нарачките треба да стигнат од 4до7дена што е сосем океј време  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 24.03.2012, Saturday, 02:20:02
мене ми стигна нарачката за 10 работни дена
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 24.03.2012, Saturday, 16:34:14
dx.com!???? Да не има замешано прсти некој од внатре...?!?! :D :D :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 26.03.2012, Monday, 19:04:38
нема никој прсти замешано :P

ја гледав неколку пати вртеше рекламава на форум тука

Code: [Select]
http://www.componentsdirect.com/се убаво ама изборот и цените некако им се превисоки, ако е за оригинали ок, ама па шо знам пак цените им се високи, и плус имаат прилично мал избор на компоненти
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 26.03.2012, Monday, 19:22:10
а возможно е нарачување од сајтов со нашиот принцип на paypal? :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 26.03.2012, Monday, 19:39:34
од сегде може со тој принцип на paypal да се нарача :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 28.03.2012, Wednesday, 01:02:23
направив порачка и платив тоа 1,70$ Paid Package Tracking Number, и ме интересира кај можам да а надгледувам пратката? и дали воопшто е тоа некој дали има искуство со дх до кај е пратката
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.03.2012, Wednesday, 06:44:37
на нивната страна има еден дел каде што треба да се внеси тој број и да се следи пратката, само мислам дека нема многу да ти користи ова
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.03.2012, Wednesday, 11:17:41
Абе кога дојде, дојде ;D. Најчесто доаѓаат ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.03.2012, Wednesday, 11:44:51
овие од Tayda почнаа да зафркаваат, незнам дали е само кај мене или и кај другите е така, ама цената за поштарина скоро дупло им е повисока
за иста нарачка која ја купив и добив, платив 1.9$, сега за истата нарачка се исто бараат 4.9$
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 28.03.2012, Wednesday, 18:07:32
И Јас приметив дека им е покачена поштарината и тоа многу.
Од ebay нешто изненадуваат или мене ми изгледа така, порачките ми стигаа за 30 до 34 дена, а сега последните од различни луге стигнаа за 10 дена
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 28.03.2012, Wednesday, 18:28:39
И Јас приметив дека им е покачена поштарината и тоа многу.
Од ebay нешто изненадуваат или мене ми изгледа така, порачките ми стигаа за 30 до 34 дена, а сега последните од различни луге стигнаа за 10 дена

Зависи од нарачката, мене некои работи ми стигнаа за 10 дена а другите за два месеви а во исти ден ги нарачав ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 29.03.2012, Thursday, 16:04:19
Доколку се занимавате со моделарство еве ви една добра кинеска страна од каде можете да купувате делови или цели комплети за моделарство :)

Code: [Select]
http://www.himodel.com
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 30.03.2012, Friday, 04:17:51
Devil
Што направи со:
Code: [Select]
http://www.pollin.de/shop/dt/NjE5OTkxOTk-/Bauelemente_Bauteile/Sortimente/Sonstiges/Elektronische_Bauteile.htmlПорача ли, ако порача дали стигнаа?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 30.03.2012, Friday, 09:16:54
е јас направив глупост! порчав од деал ехтреме и ми ги земаа парите од сметката и се предомислив мислев дека ако а одбијам нарачката ќе ми ги вратат парите дали некој досеа знај што да направам или порачката или парите да си ги повратам
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 30.03.2012, Friday, 11:18:55
провери ако не ти ја испратиле контактирај ги и објасни му дека згреши ќе ти ги вратат парите
ако не ти ги вратат то е то

не, не нарачав од полин пошто чудно ќе дојде со царината
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 30.03.2012, Friday, 14:23:32
им пишав емајл па ќе видиме шо ќе биде
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: borisq10 on 23.05.2012, Wednesday, 16:47:38
значи ме интересира од futurlec кога ке нарачаш нешто, после кога ке ти стигне дома нарачката дали ти ја бараат картичката??  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.05.2012, Wednesday, 18:02:56
кој да ти ја бара картичката ?
кога ќе нарачаш и ја платиш онлајн нарачката нема никој ништо после да ти бара
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: borisq10 on 23.05.2012, Wednesday, 18:08:59
пратката стигнува до дома или треба од поштата да ја земам?

Споено мислење: [time]23 Мај 2012, 17:19:51[/time]
кога ке порачам нешто ми пиши
Thank you for ordering with Futurlec
Your Order Number Is A223349

Please record your order number and an order confirmation will also be sent by email.

Order Confirmation - A223349
????

Споено мислење: 23.05.2012, Wednesday, 18:22:18
кога ке флезам на Email-ot и кога ке одам на линкот што ми го пратиле ке го отворам и ке го пишам кодот не ми излегува ништо

Order Information   
Order Number:   223349
Order Date:   2012-05-23
Order Status:   Order Entered
Shipping Information   
Shipping Date:   
Shipping Company:   
Receipt Number:   
Tracking Information:   
Expected Arrival Date:   
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.05.2012, Wednesday, 18:51:28
нема врска тоа, чувај го во случај да не ти стигне пратката да можеш да се жалиш :)

зависи од поштар до поштар, ако не е голема пратка најверојатно ќе ти ја донесат дома, ако е поголем пакет можно е да ти се јават или да ти остават порака да одиш да си ја подигниш пратката
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 10.06.2012, Sunday, 01:56:28
дај кажете од која страна да порачам транзистори! БД313?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 10.06.2012, Sunday, 03:47:20
Bd313
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/BD313-Transistor-x-1-pieces-/400302149758?pt=UK_BOI_Electrical_Components_Supplies_ET&hash=item5d33de107e
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 10.06.2012, Sunday, 12:05:38
го видов, ама за несреќа еден е! ми требаат 2
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 10.06.2012, Sunday, 15:34:16
дали имаш слика како изгледаат, поточно во какво пакување се
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 10.06.2012, Sunday, 17:35:37
го видов, ама за несреќа еден е! ми требаат 2
Не е еден ги продаваат во паковање по еден а можеш да порачаш повеке, пишува дека има достапни повеке од 10.
За првиот поштарината ти е 2.99 фунт а за секој нареден + 0.10 фунти
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 10.06.2012, Sunday, 18:48:25
250 денари парче плус поштарна, прилично скапо е
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 23.06.2012, Saturday, 20:02:48
Дали некој знае на ebay resolution center.
 ( Don't forget to leave feedback! If there was a problem, please go to the Resolution Center by 06/24/12.)
Дали е до 24 односно 23 ти до 12 часот вечерта,  или и на 24 може да се покрене постапката ???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.06.2012, Saturday, 20:27:40
ако имаш проблем од калква била природа, имаш 45(мислам) дена. ако не се пожалиш за тој период, ќе ја изгубиш можноста за жалба, ако имаш проблем речи му дека ќе му ставиш негативен фидбек, затоа фидбекот се дава ко ќе стигни продуктот. ако се буни нешто почекај 25 дена (барем) од денот на нарачката, и жалисе на пајпал , поддршката на пп мн. добра ќе ти вратат се
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: daniel spasovski on 23.06.2012, Saturday, 20:41:08
Колеги , некоја страница , линк,  каде ке можам да нарачам делови од странство што испорачуваат во Македонија  ??? Поточно ми треба за торусни трансформатори , кондензатори и транзистори  :D  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 23.06.2012, Saturday, 20:42:03
прашањето ми е дали можам да се жалам до 23ти 12 часот вечерта или до 24, дали можноста на жалба ми трае до 24 или и на 24

на првата страна има неколку интернет продавници што испорачуваат за македонија
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Malecko on 23.06.2012, Saturday, 20:46:51
Колеги , некоја страница , линк,  каде ке можам да нарачам делови од странство што испорачуваат во Македонија  ??? Поточно ми треба за торусни трансформатори , кондензатори и транзистори  :D  :)
За трансформатори не се исплати,за другиве делови имаш eBay
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 14.09.2012, Friday, 04:20:51
Заштитниот код од три карактери, се наоѓа на задната страна, до полето за потпис. Најчесто се вика CVV2.

Види слика:

(http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6f/CVC2SampleVisaNew.png)

Code: [Select]
https://www.mtgs-etc.com/what_is_cvv2.htm
Извор:
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Card_security_code
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 18.09.2012, Tuesday, 00:23:33
Сега незнам да не се свати како рекламирање, ама кај нас има отворено онлајн продавница.. Значи за сите што немаат како да нарачаат преку интернет, со минимална провизија им нарачуваат од онлине продавницата, и им даваат tracking number да го следат пакетот.

http://www.facebook.com/pages/Online-Prodavnica/435354013172062 (http://www.facebook.com/pages/Online-Prodavnica/435354013172062)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 18.09.2012, Tuesday, 00:31:09
има неколку вакви продавници не е само оваа...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.09.2012, Friday, 14:28:02
денес ми стигна 4 дигитални панел волтметри и ми стигна AVR програматорот :D

ова е програматорот
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/USBasp-USBISP-3-3V-5V-AVR-Programmer-USB-ATMEGA8-ATMEGA128-New-/130682846209?pt=LH_DefaultDomain_0&hash=item1e6d4dfc01
ова се дисплеите ..
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/130705813566?ssPageName=STRK:MEWNX:IT&_trksid=p3984.m1497.l2649
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.09.2012, Friday, 16:54:54
Навистина не се исплати да правиш за оваа цена ;D.

Ајде, со среќа да си ги користиш ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.09.2012, Friday, 18:18:25
Волтметрите ги испробав, можат да го мерат напонот од кој се напојуваат :D
работаат ок за она што го платив, инаку користат некој ST интегралец со 20-тина пинови (така ми изгледа) без многу електроника, има некој напонски разделник (на тоа ми личи на прв поглед не сум разгледал добро) интегралецот и дисплеите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.11.2012, Friday, 04:11:02
Дали некој ја има користено услугата bill me later на ebay
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 02.11.2012, Friday, 10:45:51
не сум сигурен ама мислам дека после земаат провизија :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 02.11.2012, Friday, 12:47:26
Дали некој ја има користено услугата bill me later на ebay

ние мислам дека неможеме да ја користиме опцијата, пошто гледам ги има само земјите што се валидни за регистрација на пеј палл
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Radioexpert on 03.11.2012, Saturday, 11:59:31
Здраво сакам да порачам 2 парчиња од оваа радиостаница па ме интересира дали има некој нарачувано нешто слично и како оди дали треба да платам царина или некои слични давачки ?

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/BAOFENG-UV-5RB-VHF-UHF-Dual-Band-Radio-FM-65-108MHZ-UV-5R-USB-cable-CD-/160878616241?pt=US_Ham_Radio_Transceivers&hash=item25751cdeb1
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 03.11.2012, Saturday, 13:04:19
Царина ќе платиш и само една ако нарачаш, а за две сигурно, е сега колкава ќе биде нека пише некој што е поупатен околу тоа, претпоставувам дека би била негде околу 30% од вредноста.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gochcommk on 03.11.2012, Saturday, 14:53:04
Не значи дека мора да се палти царина ако имаш среќа и без неа ќе си поминеш.
продвачот нека напише дека цената на паќетот е пониска околу 20 долари и немаш проблем да имаш или
да ти ги испрати на две различни адреси.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: donis92 on 03.11.2012, Saturday, 15:18:06
зависи кој цариник ќе го царини ако си со среќна ѕвезда ќе го поминат и без пари
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 03.11.2012, Saturday, 16:53:04
Треба да платиш 18%ддв и 15%царина, така ми кажаа мене на царината за секоја поштенска  пратка над 45 евра. И за акцизна роба како алкохл, парфеми, саати и др.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 03.11.2012, Saturday, 19:02:11
и шпедиција ќе ти бараат, ако е потешко од 1 кило и поскапо од 45 евра, само незнам до кај е законов требаше да ја намалатт таа стапката, од 45 на нешто помалку :S
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 03.11.2012, Saturday, 20:41:10
од кога ке намалат незнам, мислам од поцетокот на 2013. Имаше по весниците дека ке ја намалат стапката од 45 на 20 или 22 евра
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 03.11.2012, Saturday, 21:19:36
е уште тоа ни фали...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.11.2012, Saturday, 22:30:03
Ќути... баш така :S. Дај ако не јас побрзо да нарачувам тоа што планирам да нарачувам, ако е нешто поскапо ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 03.11.2012, Saturday, 22:32:19
а кај ја имало таа информација?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 03.11.2012, Saturday, 22:35:09
па по телевизии зборуваа едно време дека ќе правеле измени во тоа законот за царина
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 03.11.2012, Saturday, 22:38:50
до крајот на годината престанува одлуката компјутерите да се увезуваат со 5% ддв.
Владата ке носи закон да се направи стално да е 5% ддв за увоз на компјутери, во тој закон е вклучено и тоа и други измени.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 03.11.2012, Saturday, 22:47:34
абе тоа во ред,ама тоа незначи дека ке ја намалат цариската стапка  :) немојте вака да ми правите стресови молимте  ;D може ке ја зголемат како што беше порано
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 04.11.2012, Sunday, 02:19:22
дел од тој закон е и тоа, да се намали лимитот за постенски пратки без царина од сегашните 45 евра за неакцизна стока на 20 или 22 евра
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ddd on 07.11.2012, Wednesday, 09:35:27
Дали некој има нарачувано од оваа страна,колку е сигурно и за колку време стига нарачката???
Code: [Select]
http://www.futurlec.com
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.11.2012, Wednesday, 14:16:42
абе страната е сигурна, односно продавницата, ама колку земаат за поштарина е прашањето, овие продавнициве за електроника се имаат научено големи поштарини ставаат :S
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ddd on 07.11.2012, Wednesday, 14:18:33
Па мислам дека видов 5 долари земаат за поштарина.Ако не е лажа............
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: StefanJapanac on 22.11.2012, Thursday, 19:23:59
Ме интересира каков е принципот за купување од eBay, сакам да го купам следново:
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/NEW-UNO-ATMEGA328P-PU-ATMEGA8U2-BOARD-USB-Cable-For-Arduino-2011-version-/190750349220?pt=LH_DefaultDomain_0&hash=item2c699b57a4Проблемот е тоа што ми бара плаќање преку PayPal, а пак PayPal не ја подржува Македонија, сега не ми е јасно на кој принцип можам да платам?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 22.11.2012, Thursday, 19:59:58
на ebay само со Pay-pal, или твој или да замолиш да му дадеш некому пари да плати место тебе

инаку и јас ја имам нарачано таа плоча, односно arduino-то, од истиов човек и еве ја чекам да пристигне :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: StefanJapanac on 22.11.2012, Thursday, 21:47:40
Ти од друг ја нарачуваше? Колку време ја чекаш?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 22.11.2012, Thursday, 22:00:56
јас имам Pay pal и сам си нарачувам (ако на тоа мислеше) тоа што ми треба, ја нарачав пред 4-5 дена така да сеуште ја чекам
ја нарачав од истиот линк кој го наведе ти :D
само овие се некој кинески копии не се италјански :D, компатибилни се, се им е исто само во кина се правени :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: StefanJapanac on 23.11.2012, Friday, 00:23:37
Па поточно ме интересираше начинот како да направам PayPal ако не е тајна, бидејки не е достапен за Македонија, па очигледно има некој начин ако си ти сам нарачуваш? Ако може да ми објасниш?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.11.2012, Friday, 02:04:39
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4526.msg67277#msg67277
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ddd on 04.01.2013, Friday, 13:11:22
Ме интересира дали некој што порачувал со ПејПал во последните два месеци му има стигнато пратката............Мојата нарачка ја нема повеќе од два месеци и имам информација дека има блокирано многу картички што се регистрирани во Словенија.Ако некој друг има вакво искуство нека пиши за да не нарачуваме и даваме пари а тие да пропаднат.........
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.01.2013, Friday, 16:55:25
мене денес ми пристигнаа 2 нарачки, беа нарачани на почетокот на декември, кинезов рече дека ќе доцнат заради божик и нова година :D
требаше порано да се жалиш за парите, и сега ако им објасниш дека не е пристигнат, ама убаво да им објасниш, можи да ти ги вратат парите. Често се случува и кај мене нешто да не стигне, ама па јас и често си контактирам со продавачите така да немам гајле, не дека порачувам нешто скапо :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 04.01.2013, Friday, 20:06:22
И на мене вчера ми стигнаа пратки, некои беа од пред 2 месеци порачани а некои од 15 декември.
Каснат многу пратки поради празниците.
Со paypal немам проблеми, порачував на 30 декември и успешно платив co paypal.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ddd on 04.01.2013, Friday, 22:25:21
Значи да не губам надеж ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ki4o01 on 05.01.2013, Saturday, 13:10:59
големи пари се во прашање ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 08.01.2013, Tuesday, 23:41:17
ајде некој предлог за флукс стило (flux pen) ама да е со полнење, во алфа има течен флукс во големи пакувања (од 1l, имаше и некој помали 150-200ml) така да сакам ко ќе го купам да го користам и за понатака, оти овие што ги гледав 6$ коштаа, а мене нема да ми трае долго, така да многу скапо би ме фатило цело време така да купувам
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 08.01.2013, Tuesday, 23:44:57
Па најди од оние шприцеви кои се користат за полнење инк-џет  бои и решен проблем.Иглата е долга и на крај е тапа,а телото на шприцот е како *буренце* и може лесно да се полни.Јас така си правам 8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 08.01.2013, Tuesday, 23:48:01
ако е за така имам јас стаклени шприцови со метален врв :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 08.01.2013, Tuesday, 23:54:05
Немаш вакви  ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 12.01.2013, Saturday, 00:53:54
Вчера ми стигна ардуиното (Arduino UNO), отепана кинеска копија, во секој случај работи, сака малку да се модифицира, да се прелемат некој конектори, оти на криво се малку залемени, ама за 10$ си ја врши работата (не дека ќе го користам многу многу) сепак добро е да се има и вакво нешто во колекцијата развојни околини :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.01.2013, Saturday, 06:13:23
Одлично ;). Ај, со среќа да си го користиш ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: StefanJapanac on 16.01.2013, Wednesday, 17:23:50
Пред 2 дена нарачав од dealextreme.com, и ме интересираше за колку дена да се надевам да ја добијам. Знам дека повеќе време им треба да пратат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ki4o01 on 16.01.2013, Wednesday, 17:44:35
на деал екстрим може да се плаќа без пејпал така ? само со мастеркард или виза
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 16.01.2013, Wednesday, 17:53:35
Пред 2 дена нарачав од
Code: [Select]
dealextreme.com, и ме интересираше за колку дена да се надевам да ја добијам. Знам дека повеќе време им треба да пратат.
Како кога, некогаш стига за 15-20 дена, некогаш после 2 месеци :D

на деал екстрим може да се плаќа без пејпал така ? само со мастеркард или виза

да може и без pay-pal
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 05.04.2013, Friday, 00:53:52
Еве што ми стигна денес од ebay ;). Инфрацрвен термометар (пирометар) ;).

(http://img201.imageshack.us/img201/7953/sdc13966m.jpg)

(http://img59.imageshack.us/img59/9391/sdc13967m.jpg)

(http://img801.imageshack.us/img801/2497/sdc13969r.jpg)

(http://img843.imageshack.us/img843/2351/sdc13973k.jpg)

(http://img69.imageshack.us/img69/822/sdc13974x.jpg)

(http://img708.imageshack.us/img708/5674/sdc13975.jpg)

(http://img199.imageshack.us/img199/1604/sdc13977.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 05.04.2013, Friday, 08:33:03
Со здравје да си го користиш ;) :), за колку време стигна, а може и да ставиш линк од кај го нарача...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 05.04.2013, Friday, 16:19:59
Со здравје да си го користиш ;) :), за колку време стигна, а може и да ставиш линк од кај го нарача...

Благоадарам ;). Искрен да бидам, за прилично кратко време стигна, го нарачав пред околу три недели ;). Ама најверојатно се има погодено времето на поаѓање на бродот со времето кога го нарачав, инаку, не верувам дека толку бргу ќе стигнеше ;).

Го нарачав од овој линк ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/111016722471?var=410161324229&ssPageName=STRK:MEWNX:IT&_trksid=p3984.m1497.l2649
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Ghost on 06.04.2013, Saturday, 14:24:13
Ако некој има искуство со купуење преку интернет (преку E-Bay и слично).
Дајте подетално опишете како то се работи. Односно што се треба да се напрај за да се купи нешто.
И за крај дали е то сигурно или има некој заје.....Кажувајте искуства у везе оваја тема.
Фала на евентуален одговор.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 06.04.2013, Saturday, 14:42:02
Оваква тема веке постои,само треба малку да пребараш! И не е литературно * купуе* ,ами * купува*! Админите веројатно ке ја бришат темава!!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.04.2013, Saturday, 17:51:48
Темите се споени.

Ако некој има искуство со купуење преку интернет (преку E-Bay и слично).
Дајте подетално опишете како то се работи. Односно што се треба да се напрај за да се купи нешто.
И за крај дали е то сигурно или има некој заје.....Кажувајте искуства у везе оваја тема.
Фала на евентуален одговор.

Треба да имаш Visa картичка со 16 цифри (не со 8 како оние од Комерцијална Банка) и со 3 цифрен сигурносен код на задната страна од картичката. Потоа, отвораш PayPal account од било која држава (по default, не наоѓа како Cyprus - Кипар), сите останати информации, освен државата, точно ги внесуваш (име и презиме, адреса на живеење, ако ти бара и мобилен, стави било кој, само види кој е national code и колку цифрени телефонски броеви имаат во Кипар или која и да е друга држава што си ја избрал). Секаде пишуваш си латинична поддршка, не со кирилична. Ги следиш инструкциите од овој post:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4526.msg67277#msg67277
Си правиш ebay account, податоците кои ги внесуваш се целосно исправни (адреса на живеење, телефон, држава... на ebay ја има на листа на држави Македонија, така да, не мораш да даваш fake податоци за телефонскиот број). Најпросто е ако ebay и PayPal account-от ти се врзани за иста mail адреса (од практични причини, инаку, не мора да бидат за иста mail адреса врзани). Тоа е тоа, откако ќе ја верифицираш Visa картичката на PayPal account-от, ќе можеш да купуваш online преку PayPal... општо, секаде online каде прифаќаат PayPal transactions, не само на ebay ;).

Неколку напомени и совети:

Можно е при процесот на плаќање преку PayPal, ebay од време на време да ти предложи да направиш merging на PayPal и ebay account-ите (да ги споиш). НЕ ГО КЛИКНУВАЈ MERGE КОПЧЕТО!!! Државите преку кои си регистиран на PayPal и ebay се разликуваат, па можно е од PayPal да ти го блокираат account-от.

Финтава со PayPal функционира со БИЛО КОЈА VISA КАРТИЧКА (имам пробано само со Visa Electron дебитни картички, не знам дали има некои други типови на Visa картички и дали функционира со нив), не и со Maestro и MasterCard картички. Значи, мора да биде Visa картичката.

При верификација на картичката на PayPal, PayPal земаат мала сума на пари од неа (1.5 евра), па значи дека мораш да имаш пари на неа за да може PayPal да ја верифицира картичката. Овие пари подоцна ти се враќаат на PayPal account-от, не на картичката (картичката и PayPal не се синхронизирани, така функционира финтата, всушност, на PayPal не ти јавува колку пари имаш на картичката, јавува дека имаш 0 евра на PayPal account-от, односно 1.5 евра откако PayPal ќе ти ги врати парите од верификацијата на картичката, но затоа, по потреба, кога ќе купуваш, ако PayPal забележи дека немаш пари на PayPal account-от, прави withdraw од Visa картичката и веднаш ги препраќа овие пари до PayPal account-от на продавачот... технички гледано, парите само „поминуваат“ низ PayPal account-от).

Visa картичката може да биде во денарска противвредност, не мора да биде во евра. Банката автоматски си врши конверзија на средствата во евра или долари врз база на моменталниот купопродажен девизен курс на банката.

Корисно е да имаш имаш поднесено барање до банката за online проверка на сметка (можно е да те прашаат „дали сакате да купувате online или само сакате online да ја проверувате сметката“, ќе кажеш дека сакаш само online проверка, не и да купуваш online), со ова ќе добиеш user и pass за твојата трансакциска сметка, која е врзана со Visa картичката и ќе можеш од дома (online) да проверуваш колку пари ти се одземени или додадени на сметката (практично е, да не мораш да одиш до банка и да го бараш PayPal кодот за верификација на картичката, туку ова да можеш од дома да си го направиш, а добро е и за евиденција колку и каде имаш платено).

На трансакциите преку PayPal обично им треба околу 3 дена за да ги појави на online проверката на трансакциската сметка, така да, не се паничи ако платиш, а online не ти јавува дека трансакцијата е направена (не ти се одземени пари од трансакциската сметка). Почекај околу 3 дена (3 работни дена, не ги сметај сабота и недела) и тогаш провери, ќе ја јави трансакцијата.

Повеќето продавачи на ebay сакаат да добијат Top Seller рејтинг. За Top Seller рејтингот, многу е важен feedback-от од купувачите и дали е покренат dispute од некој купувач према нив (ова им носи многу негативни поени), па никој продавач не сака купувач да покрене ebay dispute према нив (има и PayPal dispute, ова НЕМОЈ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА СИ ГО ПОКРЕНАЛ, можно е потоа од PayPal да те контактираат преку телефон и да дознаат дека немаш дадено правилен телефонски број, па да проверуваат и други работи, па да дознаат како го имаш направено PayPal account-от и да ти го блокираат), прават скоро се за да не покренеш ebay dispute према нив (враќаат пари, пак го праќаат артиклот кој си го купил), така да, не се секирај, ако им пишеш на продавачите дека производот не ти стигнал, или ќе си ги добиеш парите назад, или пак ќе ти го пратат артиклот кој си го нарачал.

На производите им треба околу 1 месец за да стигнат до Македонија. Зборувам за нарачки од Кина, ако е од некоја друга држава со некаков express shipping (DHL, FedEx, UPS), стигнуваат и побрзо, но тој shipping е прилично скап (некогаш може да биде и неколкукратно поскап од цената на производот кој си го купил). Ако по еден месец не стигне артиклот кој си го нарачал (не 30 работни дена, како што често знаат да ти пишат продавачите, туку баш 30 дена, еден месец), пишу му на продавачот, најчесто ги враќаат парите назад, но може да ти понуди и да ти го прати пак артиклот... тука веќе ти си бираш што ќе правиш.

Dispute преку ebay можеш да покренеш до 45 дена по купувањето на производот (45 дена, не 45 работни дена, има разлика, продавачите често знаат да пишат да почекаш 45 работни дена, од понеделник до петок). Потоа, веќе не можеш да покренеш dispute. Продавачите го знаат ова и затоа често може да ти пишат „да почекате уште малку“ (да помине времето за покревање на dispute и да не мора да ги вратат парите назад... иако, да бидам искрен, ми се има случено да ми помине времето за покревање на dispute и ми ги имаат вратено парите назад, претпоставувам бидејќи на продавачот му било страв да не му дадам negative feedback, како што пишав, продавачите имаат неверојатен страв од negative feedback). Не паѓај на овој фол, ако гледаш дека си блиску до deadline-от за покренување на dispute, а тебе сеуште не ти стигнал артиклот, биди упорен и инсистирај да ти ги вратат парите назад (или да ти пратат нов артикл, тоа е твој избор). Можеш да го контатираш продавачоте преку пораки (нешто како mail е) на ebay. Обично враќаат уште истиот ден или ден, два подоцна. Во секој случај, ако си ажурен и ако редовно си го проверуваш ebay account-от (еднаш дневно е доволно), ќе си го добиеш она за кое си платил (или парите назад, едно од овие две).

На нарачки до 45 евра (вкупна цена, заедно со shipping) или до 1kg тежина, не се плаќа царина. За се над ова, се наплаќа царина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 06.04.2013, Saturday, 18:47:32
се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 06.04.2013, Saturday, 20:37:00
се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!

Промената на овој закон е издадена во некој службен весник? Може некаде да го прочитам ова?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zdravkovski on 07.04.2013, Sunday, 07:23:54
бидејќи пратката најчесто би доаѓала како поштенска пратка (мал пакет) еве Ви телефонски број од поштата за царинење на која можете да добиете информации 02 2401 876.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 07.04.2013, Sunday, 07:27:33
на страната на царината сеуште стои 45евра
Code: [Select]
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zdravkovski on 07.04.2013, Sunday, 16:19:08
така е како што викаш ти но ако се јавиш на бр. што го напишав погоре ќе ти кажат дека има измени и дека сега е до 20 евра, ова е свежа информација бидејќи 2 недели ми стоеше пакет од кина и беше на граница да треба да се плати ама овојпат некако помина без плаќање.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 07.04.2013, Sunday, 16:41:23
имаше по тв дека ке ја намалат сумата на 22 евра ама од кога незнам, не сум се јавувал на царина да пита. Некаде на страната на царината пишуваше дека новите измени од законот за царина ке почнат да се применуваат од 13 јуни и некои од 1 јануари 2014, а дали истото е и за поштенските пратки незнам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2013, Sunday, 16:41:59
така е како што викаш ти но ако се јавиш на бр. што го напишав погоре ќе ти кажат дека има измени и дека сега е до 20 евра, ова е свежа информација бидејќи 2 недели ми стоеше пакет од кина и беше на граница да треба да се плати ама овојпат некако помина без плаќање.

Добро, па не бива да ја променат тоа вредноста од 45 евра online ::)? 5 минути работа е тоа ::). Ама треба на некој да му текне ::).

Мене пак термометарот ми помина без проблем. Чини околу 30 долари, што е над 20 евра, но немаше проблем, помина без никаков проблем. Не знам дали е превид во прашање или нешто друго.

Ништо, ќе се снаоѓаме како знаеме :S. Тоа е тоа :S.

Мене ме интересира каде е ова напишано во службен весник. Не може царината да си го менува ова како сака, ако претходно собранието нема одобрено промени во царинскиот закон (законот за царинење). Барав на pravo.org.mk, ама не најдов ништо. Има некои промени на крајот од 2012, ама не се однесуваат за членовите за ослободување од царински давачки. Или јас погрешен закон гледам ???.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 07.04.2013, Sunday, 17:29:31

Тебе може тоа ти поминало иако толку чинело бидејки на кутијата во која било спакувано и до кога е пратено кај што пишува сигурно тој што го пратил има назначено дека е gift внатре и дека не чини поише од 6 долари. Кај мене на сите прати тоа го пишуваше.

Иначе државава како што ни е некој ден ке неможеме ни пенкалце да увеземе од странство  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2013, Sunday, 18:51:20
Тебе може тоа ти поминало иако толку чинело бидејки на кутијата во која било спакувано и до кога е пратено кај што пишува сигурно тој што го пратил има назначено дека е gift внатре и дека не чини поише од 6 долари. Кај мене на сите прати тоа го пишуваше.

Да, пишуваше "Total value: $10". Изгледа во право си ;). Кај "Item type" не беше штиклирано "Gift", туку беше штиклирано "Other". Е под тоа other, не знам што подразбираат и дали се наплаќа царина за тоа :D.

Иначе државава како што ни е некој ден ке неможеме ни пенкалце да увеземе од странство  :)

Па така ќе му дојде работава ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.04.2013, Monday, 03:59:35
Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Во оваа уредба, глава 4, член 9 (на страна 4 од службениот весник), го пишува следното:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2013-04-15_022954.jpg)

Во член 194, точка 3 од царинскиот закон (страна 26), го пишува следното:

Quote
Од плаќање увозни давачки се ослободуваат:

...

3) државјани на Република Македонија и странски државјани за предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство;

...

Во службен весник број 88/2007 (петок, 13 јули, 2007 година), е донесена „Уредба за дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (знам, комплицирано е, but bare with me) во која не се спомнуваништо за ослободување од давачки на стока испратена од странство наменета за физички лица. Значи, од апсект на ослободување на стока која доаѓа од странство наменета за физички лица, уредбата останува непроменета.

Во службен весник број 64/2008 (четврток, 22 мај, 2008 година) е донесена „Уредба за изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (разликите меѓу уредбите се bold-ирани), при што се направени следните измени:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0451.jpg)

Но, оваа измена се однесува на овој член:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0452.jpg)

Од овде следува дека оваа промена не е од интерес за конкретната проблематика.

Во службен весник број 28/2010 (петок, 26 февруари, 2010 година) има уште една „Уредба за изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“, но промените во оваа уредба повторно се однесуваат на член 7, став 1 од првобитната уредба, при што е наведено дека зборовите „175 евра“ се менуваат со „350 евра“. Повторно, ова не е од интерес за конкретнава проблематика.

Во службен весник број 38/2012 (петок, 21 март, 2012 година) е донесена уште една „Уредба за изменување и дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Притоа, измените се однесуваат на некои граматичко-правни корекции (ништо сериозно), а дополнувањето се однесува за ослободување од царина на спортска опрема и реквизити на спортските федерации... повторно, ништо од интерес за конкретната проблематика.

Последната промена на првичната уредба што е издадена во службен весник број 170/2012 (петок, 28 декември, 2012 година) во кој има промени во насловот на глава 4 и во членот 9 (членот релевантен за конкретната проблематика), при што насловот на глава 4 и членот 9, од формата во која се напишани (прва слика од post-ов), преминуваат во следната форма:

Quote
Член 1

Во Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/05, 88/07, 64/08, 28/10 и 38/12) насловот на Глава 4 се менува и гласи: „Предмети со мала вредност испратени од едно физичко лице на друго“.

Член 2

Членот 9 се менува и гласи:
„(1) Стоката испратена од странство од физичко лице која ја прима физичко лице со живеалиште или одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки во согласност со член 194 став (1) точка 3) од Царинскиот закон, доколку вкупната вредност на пратката не го надминува износот од 45 ЕВРА во денарска противвредност, стоката да е испратена бесплатно и таквиот увоз да е од некомерцијална природа.
(2) Кога вкупната вредност на пратката која се состои од два или повеќе предмети го надминува износот од став (1) на овој член, ослободувањето од плаќање на увозни давачки се одобрува до износот утврден во тој став за предметите кои доколку би биле увезени поединечно би биле ослободени од плаќање на увозни давачки.
(3) Кога вредноста на поединечен предмет го надминува износот од став (1) на овој член неговата вредност не може да се подели заради остварување на правото на ослободување од плаќање на увозни давачки до висината натој износ.“

Член 194, став 1, точка 3 од царинскиот закон е цитирана претходно и само дефинира за кого и за што важат овие царински олеснувања (за државјани на Република Македонија и странски државјани).

Како и да е, понетата е дека дури ни во последнава промена и дополнување на уредбата, никаде не е спомнато намалување на вкупниот износ од 45 евра на 22 евра. Така да, нема за што да се грижите ;). Сега за сега, сеуште стои дека не треба да се царини ништо со цена до 45 евра ;). Околу тежината... ништо не беше спомнато, така да, не знам колку е точно тоа за „до 1kg тежина не се царини“, можно е да нема лимит на тежината, под услов цената да не надминува 45 евра.

Еве линк за download на сите службени весници од кои ги извадив информациите, како и царинскиот закон.

download links:

Code: [Select]
https://www.box.com/s/69foy06gp3q14xlcnrja
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/b6BrLFJW1JO/Carinski_Zakon_Sluzbeni_Vesnici.rar
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 15.04.2013, Monday, 09:14:13
Почитувани,

се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!

Делумно е вистина, во право сте.

И јас имав забуна до пред извесно време..... па ќе се обидам да објаснам.

Кога нешто ќе порачаме и ни преистигне на "царина" се плаќаат две ставки/основи: ЦАРИНА и ДАНОК.

Тоа се две одделни работи. Процентите се различни. Граничните услови за ослободување се различни.

Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Законот за ЦАРИНА при Увоз, кој обично е 18% или 5%, мислам дека останува ист, ослободени сме од царина при вредност помала од 45 EUR.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Значи сега имаме три ситуации:
- ако вредноста е помала од 22 EUR, целосно сме ослободени, не се плаќа ниту данок ниту царина;
- ако вредноста е 22 EUR < вредност < 45 EUR, ослободени сме САМО од царина, но се плаќа данок од 10%:
- ако вредноста е поголема од 45 EUR, се плаќа и данок и царина. Царина 5% или 18%. Данок 10%. И тоа све мислам кумулативно (процент над процент).

Дополнителни зафрканци се:

- ако во пратката има вредност за поштенски трошоци (ако поштенски трошоци ги сносиме ние купивачите) и на НИВ се пресметува данок/царина ако се надминати вредностите за ослободување;

- ако се надмине вредноста од 45 EUR, се смета како да е увоз кон физичко лице, и мора постапката да се иведе преку шпедитер, кој за папирологија зема околу 3500 MKD (~60EUR), без разлика колку малку е порачаната вредност. Не сум сигурен дали и за вредности помеѓу 22 и 45 EUR, се покренува шпедитер, ама мислам дека ДА.

Заклучок:

Или треба да порачуваме роба, која вкупна вредност (заедно со поштенски трошоци) ќе биде помала од 22EUR, за да сме целосно ослободени.

Или да се собираме и групираме, да порачуваме заедно (вредноста ќе надмине 45 EUR), да си платиме царина и данок, но барем онаа вредност за шпедитерски трошоци (3500 MKD ~60 EUR) да си ја поделиме.

Поздрав,
mkfe.

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 15.04.2013, Monday, 13:05:53
За роба од 45 евра не е потребна шпедиција.За роба над 800 евра се потребни шпедитерски услуги.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.04.2013, Monday, 13:51:58
Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Тоа никаде не го пишува! Баш цитирав делови од промените во уредбата за царинење и сите нејзини промени кои се однесуваат на примање на пратки од физички лица до крајот на 2012. Такво нешто никаде не е наведено. Баш напротив вредноста е непроменета, 45 ЕВРА. Дури и подвлеков што е променето и додадено.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Цитирај каде ја има оваа промена на уредбата за ослободување од царина. Јас ги прочитав сите промени до крајот на 2012, нема таква промена.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 15.04.2013, Monday, 16:02:50
За роба од 45 евра не е потребна шпедиција.За роба над 800 евра се потребни шпедитерски услуги.

Колега имаше порачано Raspberry PI, со пластична опаковка..... заедно со поштенски трошоци за DHL, вредноста беше помеѓу 22 и 45 EUR.

Од DHL службата му објаснија дека мора да се направат шпедитерски ислуги за увоз од правно на физичко лице, и можеше да бира да си најде свој шпедитер, или да користи шпедитер од DHL (т.е. тие да му завршат работа и да си плати кон нив). Плус, требаше да плати лежарина од еден ден  :) , и му изнесуваше околу 1000 MKD.

Веројатно работите многу зависат од цариникот...... зависи како ќе ти се падне. Ова претходното ми е еден реален пример.

Споено мислење: [time]15 Април 2013, 15:10:32[/time]
Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Тоа никаде не го пишува! Баш цитирав делови од промените во уредбата за царинење и сите нејзини промени кои се однесуваат на примање на пратки од физички лица до крајот на 2012. Такво нешто никаде не е наведено. Баш напротив вредноста е непроменета, 45 ЕВРА. Дури и подвлеков што е променето и додадено.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Цитирај каде ја има оваа промена на уредбата за ослободување од царина. Јас ги прочитав сите промени до крајот на 2012, нема таква промена.

Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

И јас имав погрешна предствава.

Значи станува збор за ДВА различни закони (а јас бев во заблуда дека е еден закон). Едниот се однесува што/како/кога се царини при увоз.... а Другиот закон се однсеува што/како/кога се даночи при увоз. Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Истото и јас го барав, и го најдов законот за данок.

Ќе се потрудам да го најдам пак законот за даночење при увоз. Излезен е во друг службен весник од овај за царина законот.

Значи, ако примиш роба од 10 000 MKD, ќе се оцарини (18%) и оданочи (10%), или вкупно 10 000 * 1.18 * 1.10 = 12980. На ова треба да се додадат шпедитеркси трошоци кои се фиксни ~3500 MKD, и лежарина од (изгледа минимум) еден ден ~1000 MKD (цената/вредноста на лежарината незнам дали зависи од масата и волуменот на рабата, а претпоставувам дека зависи). Односно вкупно 17480 MKD.

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.04.2013, Monday, 17:03:43
Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

Не не, убаво пишав што е:

Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“.

Значи, ова е уредба, која е нешто како надополнување на царинскиот закон, ова никаде не е наведено во царинскиот закон.

Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Да, во право си, ама овој проблем може лесно да се реши (барем со Кинезите), може да замолиш кога ќе ти ја пратат пратката, да ти ја пратат како од физичко лице. Овен тоа, барем кога се купува од ebay и продавачот е од Кина, најчесто не ни пишуваат фирма (правно лице) на пратката, само има напишано до каде се праќа, вредност и дали е подарок (Gift) или не (многу често е штиклирано токму ова, дека станува збор за Gift), така да, нема проблем.

Значи, ако примиш роба од 10 000 MKD, ќе се оцарини (18%) и оданочи (10%), или вкупно 10 000 * 1.18 * 1.10 = 12980. На ова треба да се додадат шпедитеркси трошоци кои се фиксни ~3500 MKD, и лежарина од (изгледа минимум) еден ден ~1000 MKD (цената/вредноста на лежарината незнам дали зависи од масата и волуменот на рабата, а претпоставувам дека зависи). Односно вкупно 17480 MKD.

Да, ама нарачките за кои дискутираме имаат прилично ниска цена (далеку помала од 10.000 денари). Во принцип, јас барем, поскапа работа од 40 долари, немам нарачно online.

Како и да е, муабетот беше околу оние 45 евра, дали е нешто променето или не (дали е намалена или зголемена оваа сума). Убаво е наведено во уредбите (и нивните промени и дополнувања) дека ова важи само во ситуација кога се праќа од физичко лице на физичко лице, какви што се и 90% од пратките од ebay (па и од други сајтови). Дури и да е сменет правилникот за максимална цена на пратка за даночење, тоа важи само за пратки од правни на правни лица или од правни на физички лица, не важи за пратки од физички на физички лица, а секогаш можеш да се договориш со продавачот да ти ја прати пратката како физичко лице (ова е барем лесно, скоро сите сајтови за online shopping имаат опција за контактирање на продавачот ;)).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 15.04.2013, Monday, 17:05:37
Мислам дека проблемот со оданочување,шпедиции итн... настанува кога продавачот ке ти ја прати пратката преку некоја од брзите пошти.Тие го прават целиот проблем за да добијат додатен профит.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.04.2013, Monday, 17:11:20
Мислам дека проблемот со оданочување,шпедиции итн... настанува кога продавачот ке ти ја прати пратката преку некоја од брзите пошти.Тие го прават целиот проблем за да добијат додатен профит.

Не мора да значи. Нив многу често им прават проблеми (не дека они сакаат) бидејќи преку брза пошта може скоро се да пратиш и овие пратки имаат определена зголемена „доза на приватност“, па мислам дека цариниците се само по сомнителни према овие пошти... и да, тоа доведува до подетална проверка, а со тоа и детална проверка на цената на стоката, што колку чини, итн.

Еве, на пример, мене ми се нема случено пратка од брза пошта да не ми биде проверена од царина. Сите пратки до сега ми биле проверени од царина (отворени, па пак залепени), но во околу 50% од случаите, пратките преку обична пошта не ми биле проверени од царина, само имало печат на нив дека се ослободени од царински давачки, ништо повеќе.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 15.04.2013, Monday, 17:11:30
Да ми речеше дека по некоја друга пошта ти рекле царина данок и останато да платиш би ме зачудило, но од DHL ништо ново, очекувано е да направат таква глупост, преку федекс до сега сум нарачувал еден куп работи, еднаш само имаше некој сите проблем со адресата, па човекот ми рече да појдам да си го подигнам со лична карта инаку до сега никаков проблем, за разлика од нив, од DHL од 1 нарачка 1 на царина, и тоа со сметка и се останато колку кошта и така натака (се работеше за сума помала од 10$) требаше да платам нешто измеѓу 2900 и 3900 денари.
Поштено се откажав од пакетот им реков да си го задржат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: triology on 15.04.2013, Monday, 18:31:37
Златна обична пошта :))) најретко царина на неа...на све друго...одма без размислување.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 15.04.2013, Monday, 23:23:59
Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

Не не, убаво пишав што е:

Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“.

Значи, ова е уредба, која е нешто како надополнување на царинскиот закон, ова никаде не е наведено во царинскиот закон.

Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Да, во право си, ама овој проблем може лесно да се реши (барем со Кинезите), може да замолиш кога ќе ти ја пратат пратката, да ти ја пратат како од физичко лице. Овен тоа, барем кога се купува од ebay и продавачот е од Кина, најчесто не ни пишуваат фирма (правно лице) на пратката, само има напишано до каде се праќа, вредност и дали е подарок (Gift) или не (многу често е штиклирано токму ова, дека станува збор за Gift), така да, нема проблем.

Значи, ако примиш роба од 10 000 MKD, ќе се оцарини (18%) и оданочи (10%), или вкупно 10 000 * 1.18 * 1.10 = 12980. На ова треба да се додадат шпедитеркси трошоци кои се фиксни ~3500 MKD, и лежарина од (изгледа минимум) еден ден ~1000 MKD (цената/вредноста на лежарината незнам дали зависи од масата и волуменот на рабата, а претпоставувам дека зависи). Односно вкупно 17480 MKD.

Да, ама нарачките за кои дискутираме имаат прилично ниска цена (далеку помала од 10.000 денари). Во принцип, јас барем, поскапа работа од 40 долари, немам нарачно online.

Како и да е, муабетот беше околу оние 45 евра, дали е нешто променето или не (дали е намалена или зголемена оваа сума). Убаво е наведено во уредбите (и нивните промени и дополнувања) дека ова важи само во ситуација кога се праќа од физичко лице на физичко лице, какви што се и 90% од пратките од ebay (па и од други сајтови). Дури и да е сменет правилникот за максимална цена на пратка за даночење, тоа важи само за пратки од правни на правни лица или од правни на физички лица, не важи за пратки од физички на физички лица, а секогаш можеш да се договориш со продавачот да ти ја прати пратката како физичко лице (ова е барем лесно, скоро сите сајтови за online shopping имаат опција за контактирање на продавачот ;)).

Законот за Данокот на додадена вредност е променет во:

Службен весник бр 155, од 10 декември 2012, страна 2:

Закон за изменување и дополнување на законот за Данокот на додадена вредност

Член 2 : ...во законот за додадена вредност во Член 27-б се додава нов став 26-а.

Во тој член 27-б се набројуваат условите под кои може да настане ослободување од данок (не од царина). А додадениот став 26-а гласи:

„26-а) пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Ослободувањата не се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води;“

односно дека се ослободува од данок на додадена вредност ако износот на пратката не е поголем од 22 EUR, ама не се ослободува и да е помала вредноста ако е тутун, алкохол, ....

Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/4055A6C9AAC63D4B830B98E7FE80FEDC.pdf
Code: [Select]
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0019/Zakon_za_danokot_na_dodadena_vrednost_Sl.vesnik_na_RM_br.155-2012__10.12.2012.pdf
Повторно нагласувам, ова е различен закон од законот за Царина.

Инаку, не сум правник, и незнам дали терминот "увозни давачки" (делови кои ги цитираш), ги опфаќа двете работи при увоз: царина & данок на додадена вредност.

Меѓутоа знам дека во правото важи последното.....донесено.

P.S.
Примерот што го дадов не мора да биде за вредност од 10000 MKD. Било која вредност поголема од 45 EUR (~2770 MKD).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 15.04.2013, Monday, 23:38:08
Денеска еден пријател од FedEx ми ја потврди информацијата дека е дозволено само 22 евра, и рече дека моментално полна била царината ништо не дозволувале да поминува. Тој ме советуваше доколку купувам нешто да се договорам со продавачот да ми го пратат преку ЕМС, преку нив било дозволено 300 евра ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.04.2013, Tuesday, 06:15:43

Значи ова не се однесува само на правни лица (кога правно лице праќа на физичко лице или правно лице на правно лице), туку се однесува и во ситуација кога физичко лице праќа на физичко лице? Никаде во измената не пишува за какви лица станува збор. Ова е многу збунувачки. Примач... примач може да биде и физичко и правно лице, тоа сака да каже?

Денеска еден пријател од FedEx ми ја потврди информацијата дека е дозволено само 22 евра, и рече дека моментално полна била царината ништо не дозволувале да поминува. Тој ме советуваше доколку купувам нешто да се договорам со продавачот да ми го пратат преку ЕМС, преку нив било дозволено 300 евра ;)

Која е таа пошта EMC? И дали е EMC на латиница или на кирилица напишано?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 16.04.2013, Tuesday, 09:31:18
Законот за Данокот на додадена вредност е променет во:

Службен весник бр 155, од 10 декември 2012, страна 2:

Закон за изменување и дополнување на законот за Данокот на додадена вредност

Член 2 : ...во законот за додадена вредност во Член 27-б се додава нов став 26-а.

Во тој член 27-б се набројуваат условите под кои може да настане ослободување од данок (не од царина). А додадениот став 26-а гласи:

„26-а) пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Ослободувањата не се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води;“

односно дека се ослободува од данок на додадена вредност ако износот на пратката не е поголем од 22 EUR, ама не се ослободува и да е помала вредноста ако е тутун, алкохол, ....

Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/4055A6C9AAC63D4B830B98E7FE80FEDC.pdf
Code: [Select]
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0019/Zakon_za_danokot_na_dodadena_vrednost_Sl.vesnik_na_RM_br.155-2012__10.12.2012.pdf
Повторно нагласувам, ова е различен закон од законот за Царина.

Инаку, не сум правник, и незнам дали терминот "увозни давачки" (делови кои ги цитираш), ги опфаќа двете работи при увоз: царина & данок на додадена вредност.

Меѓутоа знам дека во правото важи последното.....донесено.

P.S.
Примерот што го дадов не мора да биде за вредност од 10000 MKD. Било која вредност поголема од 45 EUR (~2770 MKD).

Значи ова не се однесува само на правни лица (кога правно лице праќа на физичко лице или правно лице на правно лице), туку се однесува и во ситуација кога физичко лице праќа на физичко лице? Никаде во измената не пишува за какви лица станува збор. Ова е многу збунувачки. Примач... примач може да биде и физичко и правно лице, тоа сака да каже?

Значи, за да дојдеш до комплетниот текст на законот, со сите измени, треба да почнеш на назад, кон каде се референцираат по службени весници, почнувајќи од првиот па натаму, да го изменуваш текстот (apply changes) според сите наредни измени. (На почетокот на овај закон, пишува кон кои броеви на службени весници се референцираат.)

Поконкретно [број на службен весник / година на издавање], сите референци на назад се:
44/1999
86/1999
8/2001
21/2003
19/2004
33/2006
101/2006
114/2007
103/2008
114/2009
133/2009
95/2010
102/2010
24/2011
135/2011

(Сите постари службени весници од една календарска година можат да се најдат без пари на линкот:
Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk. Се наплаќаат само службени весници од тековната календарска година.)

Оние што се правници знаат кога (јас незнам), се издава прочистен текст на законот, односно текст во кој се извршени веќе сите промени (apply ALL changes), односно конечен/краен облик на текстот до датумот на издавањето на прочистениот текст.

Јасно сватив дека станува збор за два различни закони... "...царина..." и "данок на додадена вредност". Но, мене не ми е јасно, па ако има некој правник на форумот, нека ни објасни:
Q1.) Дали и за случаеви кога произлегува САМО плаќање на данок на додадена вредност, а сме ослободени од царина (односно вредност помеѓу 22 и 45 EUR), повторно мора да се ангажира шпедиција, односно постапка за целосен увоз, исто како и да кога ќе треба да се плати царина и данок?

или поопшто,

Q2.) Во кои случаеви се ангажира шпедиција (шпедитерски услуги)? - бидејќи ако си ослободен и од царина и од данок, колку што знаам, сигурно не се ангажира шпедиција. Нека ни ги објасни сите случаеви, физичко-физичко, правно-физичко, павно-правно, физичко-правно; a не мора да навлегува во деталите под кои услови се ослободуваат од плаќања на царина/данок.

Благодарам однапред, ако некој помогне во одговорите на овие прашања, или ни даде друг правен совет.

Поздрав,
mkfe.

Споено мислење: 16.04.2013, Tuesday, 09:44:59
Да ми речеше дека по некоја друга пошта ти рекле царина данок и останато да платиш би ме зачудило, но од DHL ништо ново, очекувано е да направат таква глупост, преку федекс до сега сум нарачувал еден куп работи, еднаш само имаше некој сите проблем со адресата, па човекот ми рече да појдам да си го подигнам со лична карта инаку до сега никаков проблем, за разлика од нив, од DHL од 1 нарачка 1 на царина, и тоа со сметка и се останато колку кошта и така натака (се работеше за сума помала од 10$) требаше да платам нешто измеѓу 2900 и 3900 денари.
Поштено се откажав од пакетот им реков да си го задржат.

И јас би ја одбегнувал DHL по секоја цена, од повеќе различни причини.

Но проблем е што некои испорачатели, испорачуваат роба само преку DHL. (Таков е примерот со Raspberry PI.) Па ако сакам нешто, а не се снајдам поинаку, ќе морам и така да "заиграм".

Или пак, ако сакам нешто посигурно и побрзо да ми пристигне, ќе морам да си платам дополнителни трошоци за услугата на DHL..... но дополнителните трошоци не застануваат тука.....бидејќи и платената услуга кон DHL како вредност се царини и даночи. (Aко DHL услугата чини за пример 8 USD, и вкупната сума заедно со робата не е испод границите за ослободување на царина/данок, она што треба да се плати не е само царина/данок кон вредноста на работа, туку и кон DHL услугата....8USD +18%/+10%)

Е сега зошто баш DHL е третирана ТОЛКУ ригорозно во нашата држава, што се "анализира" до влакно, тоа не ми е јасно.

Ево се споменуваат други услуги/пошти кои како да имаат по-лабави услови во поглед на царина/данок.

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.04.2013, Tuesday, 16:51:50
Значи, за да дојдеш до комплетниот текст на законот, со сите измени, треба да почнеш на назад, кон каде се референцираат по службени весници, почнувајќи од првиот па натаму, да го изменуваш текстот (apply changes) според сите наредни измени. (На почетокот на овај закон, пишува кон кои броеви на службени весници се референцираат.)

Знам, јасно ми е, јас ова го правев со царинскиот закон и сите уредби (анекси) на законот. Знам како треба ;). Се научив ;D. Но мислам дека е ова многу глупаво :S. Може едноставно да ги додадат сите промени на законот секој пат кога ќе направат некоја промена на законот, во службен весник да стои само промената, а на интернет да може да го симнеш законот во сите можни верзии, од последната верзија до првата (почетната). Вака, треба се да симнуваш и да гледаш што е додадено одземено :S. Многу време одзема :S. Не знам чива идеја било ова, ама според мене е многу глупава :S.

(Сите постари службени весници од една календарска година можат да се најдат без пари на линкот:
Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk. Се наплаќаат само службени весници од тековната календарска година.)

Знам, од овде јас и ги симнував службените весници со измените на царинскиот закон. И не знам зошто, на PDF документите до 2010 (мислам дека беше до ова година) им е забрането да копираш текст од нив ::) (затоа морав да правам screen shots ::)). Не им ја разбирам логиката. Нема ништо во документот да променам, само ми треба да ископирам текст. Исто е како да сум го прекуцал, сакам да циртирам нешто ::). Изгледа конечно им текнало дека ова е лоша политика, па подоцна ја имаат сменето (од службениот весник со промените од 2012 година, можев да копирам текст). Ама па не бивало да сменат наназад ретроспективно, да може од сите години да копирам текст :S.

А зошто па и да морам да платам за службен весник од тековната година? И ова некако не ми прави логика. Нели работата на собранието на РМ е транспарентна? Ако е транспарентна, значи секој би требало да може да ги погледне броевите на службен весник на РМ без притоа да плати за нив. Ајде, разбирам ако е во печатена форма да мора да платиш за весникот, се трошело хартија, пари, ова она... ама во електронска верзија, дури и да се од тековната година, би требало да бидат бесплатни ::). Порано, немаше начин да може да се направи службените весници да бидат бесплатни, ама сега барем, во дигиталната ера, скоро секој има барем PC.

Оние што се правници знаат кога (јас незнам), се издава прочистен текст на законот, односно текст во кој се извршени веќе сите промени (apply ALL changes), односно конечен/краен облик на текстот до датумот на издавањето на прочистениот текст.

Епа за ова зборувам јас, законот со сите updates to date ;). Е каде може да се симнат овие верзии од законите? Јас на pravo.org.mk не начекав вакви верзии од царинскиот закон (или можеби не сум барал доволно добро ???).

Q1.) Дали и за случаеви кога произлегува САМО плаќање на данок на додадена вредност, а сме ослободени од царина (односно вредност помеѓу 22 и 45 EUR), повторно мора да се ангажира шпедиција, односно постапка за целосен увоз, исто како и да кога ќе треба да се плати царина и данок?

Не сум правник, ама изгледа мора ова да се прави бидејќи станува збор за пратка која доаѓа од надвор од државата. На пример, одиш во супермаркет, купуваш леб, плаќаш ДДВ на лебот, ама на лице место си го земаш и си го носиш дома. Кога станува збор за пратка, ти може да кажеш и дека не сакаш да ја примиш пратката и дека не сакаш да платиш ДДВ за неа. Е изгледа тука „лежи зајакот“. Изгледа додека ти го наплатат ДДВ-то, мора пратката некаде да стои (хангар) и да го платиш тоа. Изгледа нема опција да платиш ДДВ при примопредавањето на пратката.

Е сега зошто баш DHL е третирана ТОЛКУ ригорозно во нашата држава, што се "анализира" до влакно, тоа не ми е јасно.

Мислам ова е вака бидејќи претставништво на DHL постои во Македонија уште од времето на бивша Југославија, па многу луѓе се сеуште навикнати да праќаат и примаат пратки исклучиво преку DHL, а ова значи дека најголем дел од пратките кои доаѓаат преку приватни пошти доаѓаат токму преку DHL. Многу пратки, големо место за сомнеж, па и пратките се „чешлаат“ подетално.

А можеби и царината се има „изгорено“ порано со некои пратки од DHL (пропуштиле нешто нелегално, не се царинело како што треба, итн.), па сега се extra careful, кој знае...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 17.04.2013, Wednesday, 18:27:22
Еве сите кои се интересираат зошто PayPal не функционира во Македонија и кога би профункционирало, исто така при крај кажуваат нешто за висина на царината:

Paypal vo Makedonija (http://www.youtube.com/watch?v=zaDsDzUBmGk#ws)

Споено мислење: [time]17 Април 2013, 16:28:06[/time]
Мислам дека темава е за овде. Ако не е, нека ја преместат админите.
  :) ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.04.2013, Wednesday, 19:31:56
Е ај нека објасни како сами да си ги пополниме декларациите ::).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 17.04.2013, Wednesday, 21:41:35
Некој искуство со comet.bg, дали некој воопшто има нешто од таму нарачано, дали има некоја (и која е се разбира) посебна постапката со нарачката и така натака
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 21.05.2013, Tuesday, 12:04:07
Почитувани,

Дали знае некој со сигурност, дали се испорачуваат електронски компоненти од Бугарската фирма FARNELL во Македонија?

Code: [Select]
http:/www.farnell.com/
Ако ДА,
    Дали може повеќе детали, како се плаќа?
    Дали може само со кредитна/банкарска картичка (MasterCard, Visa, ...)?

Благодарам ондапред.

Поздрав,
mkfe.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: masterficx on 21.05.2013, Tuesday, 15:26:47
Прашањето што го постави mkfe, и мене ме интересира, па ако има некој искуство убаво би било да го сподели.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 21.05.2013, Tuesday, 15:31:53
Јас нарачвам преку еден другар, има трансакциона, таму ставам пари а paypal-от му влечи од таа сметка. Нарачав, ми стигна се после 3та и 4та недела :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mkfe on 21.05.2013, Tuesday, 16:11:46
Јас нарачвам преку 1 другар, има трансакциона, таму ставам пари а paypal-от му влечи од таа сметка. Нарачав, ми стигна се после 3та и 4та недела :D

Директно порача(вте) online од WEB страната на FARNELL?
 
Како подеси(вте) на нивната web страна online, да се испорача "опремата" на адреса во Македонија?

Плаќањето го обавивте преку PayPal. Дали можеби знаеш дали може поинаку?

Во секој случај, благодарам за информациите.

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 21.05.2013, Tuesday, 18:38:09
Уфф, стварно не знам. Конкретно од farnell тој нешто порача, додека се друго беше од ebay. За принципот ќе го прашам дали има некоја друга опција.

Нема проблем, макар што не знам доволно, колку-толку ваљда помогнав :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 21.05.2013, Tuesday, 21:01:05
farnell колку знам не испорачува во МКД.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 21.05.2013, Tuesday, 23:00:10
ај деновиве ќе зборувам, ќе ве известам :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.06.2013, Friday, 21:22:54
Еве што ми стигна денес од ebay ;). Комплет од 10 врвови за леткумите од Кинеските лемни станици ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC14569.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 28.06.2013, Friday, 21:36:14
Што пари ги нарача и ако може линк да ставиш од нив
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.06.2013, Friday, 22:33:52
Еве линк ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/Durable-10-x-Solder-Iron-tip-tips-Kit-Fit-For-Soldering-Sation-/360685106901?pt=LH_DefaultDomain_0&hash=item53fa81f6d5
Сега гледам малку поевтини се, 7 долари, јас ги купив 7.7 долари ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.08.2013, Wednesday, 22:28:18
Ако сакате да нарачате има некој попуст од TI на Stellaris® LM4F120 LaunchPad

од 12$ намален е на 7,99$, мислам дека се исплаќа, добивате дебагер, со ARM микроконтролер, искористете ја шансата
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.08.2013, Thursday, 17:11:35
Цената е 7,99 со поштарина, или поштарина се наплаќа дополнително
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 15.08.2013, Thursday, 18:34:15
плаќаат поштарина, барем до сега плаќаа поштарина :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.08.2013, Thursday, 19:54:50
Сега видов дека за поштарина не наплакјаат
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gocebabe on 15.08.2013, Thursday, 20:09:44
Ќе сака нека некој да ми направи услука да ми порача транзитор 2sc2630 преку нет?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 15.08.2013, Thursday, 20:35:52
Имаш негде најдено ?
или по желба на купувачот да бидат нарачани
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gocebabe on 15.08.2013, Thursday, 20:43:00
Гледав на ebay евтини се по 23 долари имаше по евтини а кај нас скапи и ги нема ако можиш шо по евтини тоа по убаво ако најдиш?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 28.10.2013, Monday, 23:26:03
Проба некој да го нарача ова

Code: [Select]
http://www.pollin.de/shop/dt/NjE5OTkxOTk-/Bauelemente_Bauteile/Sortimente/Sonstiges/Elektronische_Bauteile.html
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: elektro on 29.10.2013, Tuesday, 08:20:08
comet.bg е овластед застапник за farnell.com голем дел од производите што се на страната ги немаат но кај нив но стигаат за два дена од farnell.
можете да нарачувате од comet.bg дирекно со каталошките шифри од farnell.com можете да платите како сакате картици или банкрски испорачуваат преку ups dhl ... пишете им дирекно на маил или јавете им се на телефон и се ке ви објаснат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.10.2013, Tuesday, 11:33:08
Дали Comet почна да испракја за Македонија.
Пред неколку месеци бев во софија во Comet ми кажаа дека не испорачуваат по пошта за Македонија, поштарината е голема и не се исплаќало.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: warningteam on 11.12.2013, Wednesday, 20:50:05
Никогаш не сум порачувал преку интернет, но сакам да пробам преку алиекспрес дали некој има искуство со таа страна ?? На производите пишува Фри Шипинг али ипак мене тоа малце и ме збунува дали за фри шипинг би платил поштарина и тие додатни глупости и каде би ја подигнал нарачката ? конкретно еве да нарачам некој електронски компонент Интегрални кола, транзистори и тие глупости??
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 11.12.2013, Wednesday, 21:00:20
Јас сум порачувал од DealExtreme.
Code: [Select]
www.dx.comСе плаќа со кредитна картичка, а нарачката преку пошта ја добиваш дома, се разбира ако е нешто ефтино. Ако е поскапо од 45 евра, треба да платиш и царина. Поштарина не се плаќа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Z31GH on 11.12.2013, Wednesday, 21:03:53
Aliexpress  е страна која му зададе добар удар на ebay.  За жал немаш половни добра, само нови, нешто што го има во ибеј. Во корист е за нас, бидејќи можеме да порачуваваме. Free shipping  имаш преку China post ама трае од 15-60 дена. DHL ili FedEx стигнува порачката за неколку дена ама плаќаш неколку стотици евра поштарина. Еден мој пријател порача полнач за лаптоп, околу 5 евра беше ама 60 дена чекаше
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 22:26:55
Јас конкретно чекам обично од 10-12 дена.Последниот пат чекав само 10 дена за пакет сијалици со ЛЕД.Работат доста професионално и за пофалба.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: warningteam on 11.12.2013, Wednesday, 22:51:18
Јас конкретно чекам обично од 10-12 дена.Последниот пат чекав само 10 дена за пакет сијалици со ЛЕД.Работат доста професионално и за пофалба.

Батка збориш за истата страна aliexpress или некоја друга ? доколку збориш за истата  како ја нарачуваш пратката преку China post или си плаќаш по соленко преку ДХЛ  па ти стига брзо ? и дали до дома ти ја носат пратката или мораше да плаќаш нешто во пошта ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 23:39:23
Зборувам за Aliexpress !! Ја добивам пратката нормално,по пошта ,убаво спакувана,изолирана со стиропор.Не плаќаш ништо во пошта.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: at.koce on 12.12.2013, Thursday, 00:21:40
Од прилика какви предмети нарачуваш ако не е тајна, можеби од вредноста на предметот зависи и пакувањето?  ::) Еве јас уште ја чекам рам меморијата, ова ми е прва нарачка од оваа страна и општо од интернет. Сестра ми има порачувано некои женски глупости рачни раати накит и сл. и доаѓале најобично спакувани во плик.
Погоре спомнавте дека нема половни работи и мислам дека не сте во право. Баш гледав половни графички карти (second hand)  ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: warningteam on 12.12.2013, Thursday, 00:29:42
Зборувам за Aliexpress !! Ја добивам пратката нормално,по пошта ,убаво спакувана,изолирана со стиропор.Не плаќаш ништо во пошта.
Во ред тоа ме интересираше, инаку на која од понудените опции стискаш што стигаат така брзо а бесплатно?     

    UPS Express Saver

    UPS Expedited

    DHL

    Fedex IP

    Fedex IE

    TNT

    SF Express

    EMS

    ePacket

    DHL Global Mail

    China Post Air Mail

    China Post Air Parcel

    HongKong Post Air Mail

    HongKong Post Air Parcel

    Singapore Post

    Swiss Post

    Sweden Post

    Aramex

    ZTO Express to Russia

    139 ECONOMIC Package

    SPSR
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 12.12.2013, Thursday, 01:48:27
Не стискам на ништо,се пријавувам како фирма и плаќам со вирман директно на сметка што ми стасува по меил за секоја пратка посебно.Поштарината е на нивна сметка бидејќи двапати месечно нарачувам кај нив.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: at.koce on 23.12.2013, Monday, 15:29:33
Ете пристигна рам меморијата порачана од aliexpress.com. Фино спакувана. Ја порачав 27.11.’13, а ми пристигна денес, 23.12.’13.  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: KiloVolt on 23.12.2013, Monday, 15:42:25
И јас сакам да порачувам преку интернет, ама не сум сигурен околу некои работи. Сакам да заработувам нешто пари преку интернет, да ги ставам на пејпал сметка, па да ги трошам на интернет. Дали за тоа ми е потребно да поврзувам платежна или кредитна картичка?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 23.12.2013, Monday, 15:45:53
Не, ако сакаш да имаш живи пари да си подигниш од банкомат, да ќе ти треба да ти е поврзан инаку не, и види лимитот колкав е на пејпел кога не е поврзан на картичка и слично провизија ова она
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: KiloVolt on 23.12.2013, Monday, 20:07:44
Фала за одговоров, ќе видам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 04.01.2014, Saturday, 12:31:00
ми треба помош со порачка од алибаба.
се договорив со продавачот се што требаше... и сега ми праќа меил на пејпал да му ги уплатам парите.
имам пејпал не е тоа проблем, ме плаши тоа што сака директно да ја прими трансакцијата... и сајтот да нема никаква поврзаност со тоа (колку што го разгледав сајтот така е) алибаба нема опција за плаќање преку пејпал па незнам што да правам.
голд мембер е и тоа ми изгледа некако сигурно. но бидејки не сум порачувал од таму ми треба некој да ми каже како тоа точно иде. се работи за 115 долари. тоа се околу 5000 денари па несакам така во воздух да ми отидат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.01.2014, Saturday, 12:55:26
Ако ги платиш преку страницата на Pay-pal Имаш одредена заштита во одреден периот каде што можеш да се жалиш и да ти бидат вратени парите.
има еден поголем дел продавачи кој сакаат така да им се плаќа заради избегнување на додатни трошоци од типот на провизија која ја зема сајтот како посредник.
А и алибаба пошто нема како на поинаков начин да се плати останува на вас да си се договорите

Идеш на pay-pal и на почетната страна негде треба да пиши за испраќање пари, внесуваш email-от на тој што треба да ги прими, односно со тој email мора да има отворено сметка на pay-pal, избираш сума што треба да ја пратиш и праќаш, не е нешто сложено :D

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 04.01.2014, Saturday, 14:06:41
знам дека не е сложено... но знам и дека пејпалот ми е на словенија.
ама чим така викаш утре ќе му ги уплатам парите па да видиме што ќе биде. пишува од 2 до 4 недели ќе стигне.
несакам да го праќа преку дхл зошто ќе ме изгорат за царина...
а вака ако го царинат од пошта нема повеќе од 1000 денари да излезе.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.01.2014, Saturday, 16:41:09
а можи да знаеме за што се работи :D

Провери си ги лимитите на акаунтот, требаше да го прашаш Skrill (поранешно moneybookers) дали ги прифаќаат, кај нив нај легално можеш да си отвориш акаунт и никој ништо да не ти речи :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 04.01.2014, Saturday, 17:53:03
се работи за дијагностика за кола.
кошта 115 долари сосе превоз до македонија

утре ќе му платам на пејпал.. па нека го испрати.
имам заштита на купувачите од пејпал... се надевам нема да имам потреба да ја користам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 04.01.2014, Saturday, 18:11:21
Зошто не побараш некоја поефтина дијагностика, оние OBD II идат до кај 10-20$ :D

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nakolce on 04.01.2014, Saturday, 20:03:48
Зошто не побараш некоја поефтина дијагностика, оние OBD II идат до кај 10-20$ :D
имам таква, не е тоа што ми треба
autocom е тоа што го барам...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.01.2014, Tuesday, 17:29:37
Ако планирате да нарачате нешто по кинескиве страници правете го тоа побрзо пошто мислам дека кон 30-ти овај месец фаќаат новогодишни празници кај нив ::D, после тоа сите се 1-2 недели на одмор, а после тоа ќе им треба доста време за да ги испорачаат заостанатите нарачки
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.01.2014, Monday, 00:06:04
Дали некој има порачиќувано од ebay, предмети со големина  приближна на кутија за кондури.
Сакам да порачам аларм за кола, ме интересира дали ќе го царинат, дали ке оди преку пошта или преку шпедиција.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 20.01.2014, Monday, 00:22:25
зависи по која пошта ќе го пратат, ако е преку нај обична мала е веројатноста да се царини
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.01.2014, Monday, 01:07:43
Ќе го пратат по обична пошта, не го собира во плико.
Двапати имам порачувано  предмети кои се во кутија не во плико, поради големината, двапати плаќав царина.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/121250624902?ssPageName=STRK:MEWAX:IT&_trksid=p3984.m1423.l2649
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Z31GH on 20.01.2014, Monday, 06:44:06
на таа цена нема да ти царинат ништо. Мислам дека ако е нешто над 50 евра подлежи на царина
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 20.01.2014, Monday, 07:34:33
А мислиш дека они го отвораат царинскиот тарифник кога царинат, хахахаха ;D ;D ;D? Се знае, на тепка се оди ;D. Ако е големо, се плаќа царина, ако е мало, не ;D.

И не е над 50 евра, туку е над 45 евра, и тоа вкупна цена, заедно со shipping ;). А инаку, на се што е над 20 евра, се наплаќа и ДДВ ;D. Значи, ако нешто чини над 45 евра, прво се додава ДДВ, таа цена се царини и дури тогаш ја добиваш конечната цена ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MetallicA on 20.01.2014, Monday, 12:50:59
нели се царини се што е над 25 евра без поштарина? дека имам читано на ова сајтовите на мвр мислам дека беше, се што е над 25 евра се царини.  ;D ;D инаку ова е изгор, имаш 18%ДДВ и 15% царина(најчесто е толку, инаку зависи од видот на стоката што се царини) и ако е алкохол, цигари итн. добиваш и акциза, така да мислете му ја, што и како порачувате и дали вреди. ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 20.01.2014, Monday, 16:52:05
Можно е нешто да смениле со некои законски измени. Инаку, порано така беше, се над 45 евра се царини, на се над 20 евра се плаќа ДДВ. Значи, ако доаѓа во земјава некоја пратка која чини, на пример, 60 евра, на таа цена се додава ДДВ, а потоа, на добиената вредност се наплаќа и царина.

Не оди на се 15%. Убаво пишав, си има царински тарифник ;)... ама кој го чита ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 20.01.2014, Monday, 23:01:06
јас ко шо знам последно на 49евра беше - така нешто, ама зависит од содржината на пакетот. Златен DHL добар беше, царината не му работи моментално све оди преку државна царина...то е лошо :/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: at.koce on 03.02.2014, Monday, 15:09:13
Еве пристигнаа испитните кабли за мерен иструмент, на изглед ми направија многу мерак, за во пракса ке видиме, 1000V/20А max.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG_20140203_145052.jpg)

Се чека да пристигне IDE\SATA to USB 2.0 конвертор и некои волтметри  :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 03.02.2014, Monday, 15:15:09
кабелот некој силиконску/гумен е???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.02.2014, Monday, 15:48:54
кабелот некој силиконску/гумен е???

Имам слични, моите немаат силиконски кабли.

Еве пристигнаа испитните кабли за мерен иструмент, на излегд ми направија многу мерак, за во пракса ке видиме, 10А max.

Која цена ги зема?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: at.koce on 03.02.2014, Monday, 18:50:41
Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/item/A-Pair-Universal-Probe-Test-Leads-Pin-Cable-for-Digital-Multimeter-10A-hv3n/1048651738.htmlЕ јас ги нарачав кога беа по стара цена, ама не жалам воопшто! Кај нас во продавница да ги купиш се далеку поскапи  ::)
Кабелот, не е силиконски ама е некоја фина гума, не се крути (со оглед на тоа дека во работилница е иста тебмпература како и надвор)  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 03.02.2014, Monday, 19:46:34
Јас за мали пари си набавив мастеч од мека гума, не се силиконски ама ептем се меки, убави се за работа, негде околу 200 денари беа кај нас :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.02.2014, Monday, 21:50:04
Кабелот, не е силиконски ама е некоја фина гума, не се крути (со оглед на тоа дека во работилница е иста тебмпература како и надвор)  :)

Да, така би го опишал ;). Не е силконски, ама некоја свитлива гума е ;).

А инаку, кај нас во продавнициве се околу 200 денари ;). Конкретно во BT, толку беа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: at.koce on 03.02.2014, Monday, 23:49:37
Не ми беше ова многу итно па не купив од продавница, а и мислев дека се малце поскапи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.03.2014, Saturday, 03:41:47
Еве мене денес што ми стигна од ebay, PSU тестер ;). Го има да се купи и кај нас, ама искрено, страв ми е прашам колку чини ;D. Само знам дека цел „као демек“ комплет за сервисирање на PC-иња Gembird (има во него некои Кинески шрафцигерчиња, некои додатни алатки и тестеров) во Anhoch чини 3500 ;D.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Offline.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Online.jpg)

Лани беа доста поскапи, околу 20 долари мислам дека беа, сега ептен им паднала цената, овој мислам дека го платив околу 7 долари ;).

Бидејќи сите знаеме како се внатре изведени овие Кинескиве уредчиња ;D, прво го отворив и прелемив, па потоа пак го склопив ;). Морам да признаам дека ме изненади тоа што користеле некој ефтин флукс при лемењето ;D. Воопшто не очекував дека ќе начекам флукс во него ;D.

Еве како изгледаше пред преправката.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Disassembled_Front.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Disassembled_Back.jpg)

А еве како изгледаше по преправката ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Disassembled_Reworked_Front.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Disassembled_Reworked_Back.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PSU_Tester_Disassembled_Reworked_Online_Front.jpg)

Можеби не се гледа убаво на сликите, ама прелемувани се скоро сите лемови, освен оние на SMD компонентите, тие немав нерви да ги прелемувам ;D. Освен тоа, и не изгледаа баш така лошо ;D. Отпорникот за оптеретување (некои напојувања не палат ако забележат дека нешто не влече струја од нив ;)) не грее премногу, што значи дека моќноста не му е поддимензионирана, па затоа не го ни сменив ;).

Околу прецизноста, релативно прецизен е, освен 12V-ниот rail кој покажува за нијанса понизок напон. Мерено со волтметар, јавува околу 11.83, 11.84V, а со тестеров покажува 11.7V, но ова не е толку проблематично ;). На напојувањата кои имаат подуени кондензатори, најчесто им варира излезниот напон на скоро сите rail-ови, особено на 12V-ниот rail, а тоа лесно ќе се забележи (цифрите ќе шетаат).

LED диодите за 3.3, 5 и 12V-ниот rail светат, но само ако е приклучен SATA конекторот, не и ако се приклучени главните напојувачки Molex конектори, што и не е баш практично, но тоа е што е ;D. Можев и тоа да го преправам, ама нема потеба, тестерот си има волтметри кои ги јавуваат напоните на Molex конекторите, така да, не е проблем, веднаш се гледа дали фали некој напон ;).

Тестерот титка ако не го приклучите 4 пинскиот 12V-ен додатен Molex конектор ;D бидејќи тој напон го мери засебно. Кај некои поскапи напојувања, овој rail е изведен засебно од стандардниот 12V-ен rail на 20/24 пинскиот Molex конектор, но ова е толку ретка ситуација, кај нас ретко кој има такви напојувања, повеќето се класични Кинески ѓубренца ;D, така да, мислам дека ова не им требало ;D. Подобро да се концентрирале на прецизноста на инструментот отколку на оваа ситница ;). А инаку, без проблем работи и со 20 пински и со 24 пински напојувања ;).

Уште една напомена, ако некој планира да купува ваков тестер. На тестерот е означено каде треба да се приклучи 4 пинскиот конектор за 12V-ниот rail, ама се фаќа и на конекторот до него, каде што е 6 пинскиот конектор за напојување на графички картички. Немојте случајно да сте згрешиле и да го врзете 4 пинскиот конектор на тоа место. Јас за малку ќе се зезнев, ама среќа забележав на време дека сум згрешил ;) ;D. Распоредот на напонските пинови на тој конектор е обратен од оној на 4 пинскиот, па ако го врзете така, ќе го краткоспоите 12V-ниот rail со маса, а тогаш... кој знае што ќе се случи ;D. Така да, проверете два пати пред да врзете ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 19.05.2014, Monday, 13:35:50
Дечки нарачката од Tayda Electronics сеуште не ми е пристигнала, а поминаа 11 дена откако е пратена.

Дали да чекам уште или да и пишувам email на овие од Tayda Electronics?

Еве што резултат ми дава за Tracking Number RR081270875TH

(http://i60.tinypic.com/dn2epu.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 19.05.2014, Monday, 14:35:16
почекај некој ден, иако мене скоро во рок од 10 дена секогаш ми стигале
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.05.2014, Monday, 16:44:01
не ми е јасно зошто царина? Демек во мк се произведуваат полупроводници па ќе штитиме производство или,.. ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Clear Sky on 19.05.2014, Monday, 20:56:46
кај мене дури по еден месец стигнаја, немај гајле
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.05.2014, Wednesday, 22:09:40
не ми е јасно зошто царина? Демек во мк се произведуваат полупроводници па ќе штитиме производство или,.. ?

Така е според царински закон. Се се царини, ни телевизори ни монитори не произведуваме, па се царинат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 21.05.2014, Wednesday, 23:37:23
Царински закон што важи само во нашава држава, да не ти извадам белешката од иподот што ми го царинеа, мислам дека кој сакал си пишал царина колку сака. Прво беше царина на вредноста на иподот, бесе некаде 20 посто, потоа следуваше ддв на сетоа тоа, па потоа повторно царина на сето тоа заедно и плус наплатено е ливчето на кое е пишувано за кое колку е царината и тоа неверојатн 50 денари, мислиш од злато е правено. Државава е, што викаше Сашко, “од шупље во пеазно“ :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.05.2014, Thursday, 01:31:59
Секаде се се царини... само што државјаните на други дружави може да си го дозволат тоа бидејќи имаат повисок стандард... ние, за жал, не можеме. А тоа дека често работите се царинат „на шашма“, тоа било и ќе биде, не се чудете. Ако можете, ескивирајте како знаете и умеете, ако не можете, ќе си платите и тоа е тоа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 22.05.2014, Thursday, 09:33:02
Да во ред, може царинењето е секаде исто, ама во други држави електрониката која ја нарачуваш како бесплатни примероци не ти ја царинат, а кај нас ти ја царина на шашма, после во ниедна друга држава дозволен лимит за внесивуање не е БЕДНИ 25 евра :(

EDIT: и плус згора на се, кога ќе видиш дека не оди и ќе си речеш ајде ќе пробам секое делче посебно да ми го праќаат и тоа не е во ред. Ќе ти се јават од царина и ќе ти кажат дека премногу делови внесуваш во државава фирма ли имаш, што работиш. Или прашања на цариникот од типот: Што ќе ти се? Ај и мене бе нарачај ми чим тебе ти дале безпари.  :) и некои си слични, и на крај кога мислиш дека си го убедил дека немаш фирма, работиш за себе, дека деловите нема да ги продаваш и дека нема да правиш профит од тоа, он така смешкајќи се ти кажува за делчево треба да си земеш шпедитор и да ти го оцарини тоа се, и ти го прашуваш а колку чини сето тоа, па одприлика 50 евра. Што ти останува добро чао пријатно. 50 евра ти бара за царина, а делчето кај нас кошта 100 денари, еве се работеше за грецови ќе кажам да се знае. Значи имав 5 греца сега незнам колку точно чинеа, ама не надминуваа 50 евра :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 02.06.2014, Monday, 14:22:20
Нарачката од Tayda Electronics ми стигна во петокот (30.05.2014), 22 дена по праќањето :)...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.10.2014, Monday, 13:49:25
Дали некој знае, дали се пракја казна за пратка која е дојдена за цариненје а не е подигната и царинета после рокот од 15 дена. Доколоку се врати назад или уништи пратката.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 20.10.2014, Monday, 20:12:49
Ако ти се јавиле и си му рекол дека не ја сакаш пратката да им ја вратат назад или да ја уништат мислам дека не се плаќа ништо освем можеби поштарина, оти последниот пат јас кога се откажав така од пратка никој ништо, после тоа посебно не се случи
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.10.2014, Monday, 20:47:34
Ми пратија меил од DHL, доколку сакам да ја царинам пратката што да им пратам од документи. Или да отворат постапка за враќање на пратката.
Во меилот имаше забелешка, според закон за царина, нецаринети пратки се чуваат 15 дена после тој рок се вракјаат назад, се уништуваат или се дават на државата.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.12.2014, Saturday, 01:05:49
Ми стигна уште пред некое време, ама не ми текнало да пишам ;D.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/57-1.jpg)

33 парчиња secure screwdriver set ;). Ќе се најдат, се почесто ги начекувам ваквиве secure шрафчиња по уреди ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 27.12.2014, Saturday, 02:17:03
Имам и јас нешто слично вакво само со помалку.Овде сите можни клучиња патентчиња за сите штрафови ги имаш.Многу корисно нешто со здравје да си го користиш. ;) :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.12.2014, Saturday, 08:51:57
Со здравје да си ги користиш, ако некогаш затреба вакво нешто ќе те барам... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.12.2014, Saturday, 14:09:54
Благодарам ;). Нема проблем, ако треба, тука сме ;).

Ми стигна и ова.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SATAII_IDE_RAID_Controller_Card_PCI-E_JMB363.jpg)

Корисно ако имате стари IDE уреди кои сакате да ги искористите на нови матични плочи ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.01.2015, Tuesday, 16:51:01
Микрометарски винт од ebay за околу 10 долари ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SDC16237.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SDC16239.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SDC16241.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SDC16242.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.01.2015, Tuesday, 16:59:30
Е, ова е веќе корисна работа, којзнае колку време ми е на to buy листата ама никако да дојде на ред...
Со здравје да си го користиш... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 27.01.2015, Tuesday, 17:36:51
Јас денеска ова го нарачав, корисна алатка :)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/image_01.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/image_02.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.01.2015, Tuesday, 18:08:13
Е, ова е веќе корисна работа, којзнае колку време ми е на to buy листата ама никако да дојде на ред...
Со здравје да си го користиш... ;)

Па и мене кој знае колку време ми треба и конечно, ајде, си викам, да го нарачам ;).

Благодарам, подобар да си купиш ;).

@Hahahaha: Со здравје да си го користиш шублерот ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 27.01.2015, Tuesday, 18:32:01
Фала фала, а нели е една иста работа шублерот и микрометарскиот винт, јас имам работено и со двете и можам да кажам дека се ептен сложени за работа, има многу цртички за поклопување. Затоа се одлучив јас да си купам дигитален :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 27.01.2015, Tuesday, 19:07:53
ако сватиш како се мери со шублер или микрометар лесно е за работа, а и треба 1 цртичка на шублерот да ти се поклопува за да измериш нешто така да не е многу сложено :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 27.01.2015, Tuesday, 22:11:22
Еве што ми стигна денес од aliexpress. Го платив 26.59$, стигна за 33 дена. На прв впечаток изгледа и работи одлично :).

Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/item/420W-New-Portable-Hand-Held-Hot-Gun-HOT-AIR-Desoldering-Tool-Station-220V-csy-freeshipping/1905417419.html
(http://www.mediafire.com/convkey/9a42/kpox5v7ay0kles5zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/c42e/tj3q2s0ig469i1ozg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/36c8/7kezn8vo8k30tkdzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 27.01.2015, Tuesday, 22:27:42
И јас купив дигитален шублер од интернет дигиматик задоволен сум.Со среќа да си ги користите алатите.Да ве служат многу.Да бркаат работа.Инаку убава и практична работа е микрометар кога имав изгорен вентил во главата мора да ги измериш плочките за ограничување на вентилот.Еден практичен пример од многуте ;D ;D.
И ова е стварно јака работа ShadOw.Со здравје да си го користиш и да тера. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.01.2015, Wednesday, 02:17:14
Еми ај со здравје да си ги користите :D

Јас имам пред некое време вакво нешто како на шедоу нарачано, само што моето е со дисплеј, ама дисплеј кој покажва само температурата колкава е, а не и на колку ја поставуваш, обичен термометар имале ставено кинезиве, околу тоа дали сум задоволен да или не, би рекол не, прво имав проблеми со подесување на температурата, хаос беше плочата за контрола, ја прелемив цела наново па се среди некако, тоа е уствари димер за греачот и линеарна регулација на вентилаторот односно кулер :)

Е сега најголем проблем е што има мн мал проток на воздух кога е на максимално пуштена, така што ако не пазиш температурата заминува од 600 степени нагоре :D, треба малку нагодување пробување додека наместиш да не е повисока од 400 степени, во основа кога ќе погледнеш и не е нешто лошо да го имаш, за некои поситни работи одлеми залеми :D

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 28.01.2015, Wednesday, 09:57:47
Е тоа е зезната работа, ако е превисока температурата за секунда ќе се „надуе“ плочката и ете ти после беља... :P
@ShAdOw , со здравје да си ја користиш дувалката па ќе кажеш како се погодила... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Otpor on 28.01.2015, Wednesday, 12:43:43
Прашањево беше,дали некој има искуство со порачки од taydaelectronics ,царини,шипинг и сл.

ПС...КО да ми снема еден пост,или така ми се чини... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 28.01.2015, Wednesday, 14:44:25
LordZi, Devil, nsu, фала, да си купите уште поубави ;).

Сеуште е рано да кажам ама досега одлично работи, еве сега го тестирав и можам да кажам дека ги нема тие проблеми шти ги навел Devil, бидејќи иако се слични на изглед, сепак се разликуваат по некој работи. Пред да ја порачам добро ја проучив и ги прочитав сите коментари за неа на страната на продавачот, од 100-тина коментари немаше ниеден негативен коментар, само пофалби :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.01.2015, Wednesday, 18:08:19
@ Otpor, откако научив за страницата, редовно ги нарачувам деловите кој ми требаат од таму, можеби во поголеми количини цените на алиекспрес се пониски, ама затоа пак тука имаш мн побрза пошта, пратките стигаат за некое време од 1 недела до 2 недели, во тој временски рок скоро сите пратки ми пристигнале.

Поштарината се плаќа и зависи од тежината на пратката, ама и тоа е во некои нормални граници, повеќе се исплаќа за поголема нарачка одошто 10-20 делови само

Имаат некој купони за попуст ги објавуваат еднаш месечно на фејсбук, па така она што во основа би требало да го платиш за поштарина еден мал дел ќе ти се покрие со купонот, проблем е само што се објавуваат во рандом период од месецот, не се баш редовни па на одредена дата секој месец да се објавува.

Не сум имал досега проблем со царина и слично, пратката редовно стигнувала, исто така добиваш и тракинг бројче со кое што можи да си ја следиш пратката кај ти е
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Otpor on 28.01.2015, Wednesday, 18:13:08
Во ред,благодарам за инфото...бидејќи одамна се думав да порачувам или не од таму.
Фала уште еднаш
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 28.01.2015, Wednesday, 18:56:34
Денес ми стигна ова инструментче

(https://www.mediafire.com/convkey/c892/6orbxzm8xefem916g.jpg)

Го порачав од ebay, и долго време чекав да стигне, скоро два месеци.
Горниот ред е волтметар, а долниот е амперметар.
Се напојува со еднонасочен напон од 3,5 до 28 волти.
Може да го мери истиот напон со кој што се напојува.
Може да мери напон од 0 до 33V и стуја од 0 до 3A.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 28.01.2015, Wednesday, 20:36:41
Дали можеш да ми кажеш со која резолуција мери струи под 1А, дали е во формат 999,9mA или 999mA или нешто друго, па после префрла на 1,000А...?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 28.01.2015, Wednesday, 20:59:58
Оди до 999,9mA па после 1,000A
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.01.2015, Wednesday, 23:04:32
Дали за амперметарот ти треба надворешен шант, или истиот е вграден на самата плоча?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 28.01.2015, Wednesday, 23:08:09
Оди до 999,9mA па после 1,000A

Фала многу, тоа ме интересираше, токму тоа ми треба за едно напојување кое дава помалце од ампер.
Ако може уште и линк од каде ги зема... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 28.01.2015, Wednesday, 23:15:54
Јас вакво нешто имам од тука нарачано
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131280529697?_trksid=p2059210.m2749.l2649&ssPageName=STRK%3AMEBIDX%3AIT
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 28.01.2015, Wednesday, 23:17:09
И јас имам нарачувано такви, ама ова од Жан има една цифра повеќе... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 28.01.2015, Wednesday, 23:51:50
Дали за амперметарот ти треба надворешен шант, или истиот е вграден на самата плоча?

Има вградено шант.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/panelmeter_zpsottns0p0.jpg)

Ако може уште и линк од каде ги зема...

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/DC-0-33V-1A-3A-Dual-Color-LED-Display-Digital-Voltmeter-Ammeter-Panel-Gauge-HFAU-/390727775124?pt=AU_Gadgets&var=660192241433&hash=item5af930b394
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.09.2016, Thursday, 04:40:32
Не знам колку сте информирани, но последниве две недели има проблеми со нарачките од ebay ако плаќате преку PayPal (најчесто, продавачите не ни прифаќаат друг начин на плаќање, така да, ако купувате од ebay, најверојатно плаќате преку PayPal). Проблемот е имплементацијата на новиот сајт на PayPal и некои промени на сајтот на ebay и не може да направите checkout. Конкретно на мене ми јавува "Error: 70205" и не сака да направи checkout.

Нешто пребарував деновиве и најдов решение за проблемот ;). Така да, сите кои имате сличен проблем, следете внимателно ;).

Истиот ebay account ви е на било кој од ebay сајтовите (за различни држави, Германија, Јапонија, Кина, итн.), така да, од кој сајт и да се логирате, секогаш ви го отвора истиот account. Кај мене финтата профункционира со два од различните ebay сајтови: ebay.com.au (Австралискиот) и ebay.at (Австрискиот).

Е сега, како оди процедурата.

1) Класично, си се логирате на ebay.com.

2) Си избирате што сакате да купите.

3) Се логирате на ebay.com.au (ви го отвора вашиот account).

4) Истиот произод го барате на ebay.com.au.

5) Стискате Buy it now, потоа Commit to pay, и на крај Pay now, по што пак ќе ви го даде "Error: 70205" (или некој сличен), но сега веќе item-от ви стои во Unpaid items на ebay.com. Кликнете на My ebay --> Summary на ebay.com и ќе видите дека е така ;).

6) Се логирате на ebay.at.

7) Кликате на My ebay --> Summary. Не знам како беше на Австриски/Германски, но јас веќе на памет го знам распоредот на мениата ;D. Ако не се снаоѓате, споредете со мениата на ebay.com, ист е распоредот ;). Ќе ви го јави во Unpaid items и потоа кликате на Pay (големото сино коче десно од описот на производот) и ќе ве однесе на старата страна за плаќање преку PayPal на ebay (најверојатно уште не е имплементирана новата верзија на Австрискиот ebay) и потоа... се си оди класично, како што порано си беше ;).

Мене ми успеа со овие два сајта. Сигурно има и други или ако престане да функционира на еден, преминувате на друг, итн. Инаку, првично финтата ми профункционира на ebay.com.au (без да се логирам на ebay.at), но не знам зошто, потоа само сакаше да ми го додаде на листа на неплатени производи, а не и да платам за него (почна ми го јавува истиот error), па ми текна да пробам преку некој друг ebay сајт и... профункционира ;D.

Инаку, финтава сигурно функционира и само преку ebay.at, ама ем не знам Австриски/Германски, ем не знам зошто, истите items кои ги има на ebay.com, на ebay.at или ги нема или се поскапи :(. На ebay.com.au ги има буквално истите и се иста цена, само изразена во Австралиски долари, а не во USD ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 08.09.2016, Thursday, 10:07:45
Хм, сега баш нарачував некои работи, немаше никаков проблем со плаќањето, едино што приметив поразлично е дека оди доста побрзо, нема толку кликање како претходно...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 08.09.2016, Thursday, 14:27:45
Проблемот не е до ebay, туку до Pay-pal, тој не ви ја дозволува нарачката да се плати, затоа што како што сите знаеме преку друга држава оди, најновиот метод на пејпал да го спречи ова е да се верифицира државата, ако имате преку друга држава ќе вади проблем затоа што ќе ја смета нарачката како сумлива и ќе ја одбие, тогаш ибеј не може да си наплати :(

преку мобилната верзија на ebay може сеуште да се плаќа и нарачува :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.09.2016, Friday, 01:21:40
Не мислам дека е до тоа проблемот (различни држави). Се јавуваат корисници кои викаат и дека не може bid да направат. Мислам дека општо, има некој проблем со PayPal и ebay интерфејсот и дека едноставно, сега за сега, работите ќе бидат вакви дур не се оправи проблемот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 09.09.2016, Friday, 09:25:37
Утрово штотуку ми одговорија на community форумот од ибеј, викаат дека е до пеј пал.
А од она јас што читав има решение, треба да се јавиш во пејпал да најдеш некој да те банира и одбанира од пејпал, со тоа се ресетира профилот, така ќе може да си терате уште некое време, а овај проблем го имаат уште од 2014-2015, не мислам дека во скоро време ќе го решат.

Code: [Select]
http://community.ebay.com/t5/Member-To-Member-Support/Purchase-checkout-Error-Code-70205/qaq-p/25973791/comment-id/723430#M723430
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 10.09.2016, Saturday, 02:25:40
Да, проблемот постои веќе некое време бидејќи јас читав post-ови на ebay од 2014-та, 2015-та, но конкретно проблемот со огромен пад на нарачки и луѓе кои не може да купуваат од ebay преку PayPal го има последниве две недели. Баш читав по форуми и на ebay community forum-от, во некои делови од Америка воопшто не ја ни отвора страната на PayPal. Значи, проблемот најверојатно е кај PayPal... ако не сосема, барем поголем дел.

А инаку, јас си го најдов решението ;). Кој не сака да се замара со јавување на PayPal или ebay, слободно нека прочита неколку post-ови погоре ;). Дур ми функционира вака, одлично ;). Кога ќе престане да функционира, тогаш ќе му ја мислам ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 15.09.2016, Thursday, 10:22:33
Code: [Select]
http://www.digikey.com.mk/
Дали некој нарачувал од овде, колку е поштарина за МК...?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 15.09.2016, Thursday, 15:53:14
Иста е поштарината како од digikey, последен пат кога проверив праќаа само по DHL можеби во меѓувреме нешто се има променето
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 15.09.2016, Thursday, 16:33:16
...последен пат кога проверив праќаа само по DHL...

Значи изгор поштарина и добри шанси да заврши на царина... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: TeslaBt on 15.09.2016, Thursday, 17:21:39
Ако е поврзано со компјутери и компјутерска галантерија нема да имаш царина но ќе имаш 5% данок + лежарина. Мене ми наплатија 1733 денари за 12 дена лежарина ! На TAV во скопје.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 15.09.2016, Thursday, 21:21:56
Ако е поврзано со компјутери и компјутерска галантерија нема да имаш царина но ќе имаш 5% данок + лежарина. Мене ми наплатија 1733 денари за 12 дена лежарина ! На TAV во скопје.
Зошто лежарина? Не си го подигнал па имале намера да го вратат? До 15 ја чуваат пратката.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: TeslaBt on 15.09.2016, Thursday, 21:22:42
Ми изевситја дури на 10-тиот ден LOL  ???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 17.10.2016, Monday, 22:16:07
Од тексас инструментс имаат понуда за бесплатна поштарина, може да си набавите квалитетна електроника без поштарина по фабрички цени :)
Понудата им трае до 28 овој месец, разгледајте во понудата е вклучено буквално се што произведува TI
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.11.2016, Wednesday, 01:55:55
Update во врска со проблемот со плаќање на ebay. Веќе не функционира од ниеден ebay сајт, но може да плаќате од Android апликацијата од ebay ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: ShAdOw on 16.11.2016, Wednesday, 02:03:40
Јас вчера порачав далинско за еден pioneer ресивер, без проблем платив со картичка, со paypal ми правеше проблем...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.11.2016, Wednesday, 08:40:18
Не секогаш продавачите дозволуваат да се плаќа преку картичка. Особено Кинезиве знаат да прават проблем. А искрен да бидам, не ни сакам да плаќам со картичка. PayPal е по анонимен за тие работи, така да, гледам кога можам да го користам него.

Јас вчера така платив. Мислам дека преку ebay.at само ми го додаде item-от на листа на unpaid items и потоа го платив преку ebay апликацијата за Android. Користам виртуелен Android x86 под VMware за некои вакви работи ;)... бидејќи немам smartphone ;D, а и да имам, не би инсталирал на него такви апликации ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 16.11.2016, Wednesday, 10:34:34
Гига авангарда си како си ме смеел еј  ;D ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.11.2016, Wednesday, 18:06:36
Абе хипстер :P... шо да ти распраам ;D ;D ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 16.11.2016, Wednesday, 21:18:54
Преку андроид може да плаќате, а инаку со картичка исто така, при што автоматизиран им е процесот, плаќањето оди преку пејпал кој е посредник за картичката
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 16.11.2016, Wednesday, 22:40:48
Мене пред некој ден ми успеа од компјутер, се нормално.

Кога добијам ерор на компјутер се префрлам на телефон и обратно   ;D

Иначе Гига, зошто не би инсталирал?....освен од причина што ко ќе ми е досадно, скролам на ибеј и трошам многу пари, остатокот е во ред xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.11.2016, Thursday, 02:45:01
Иначе Гига, зошто не би инсталирал?....освен од причина што ко ќе ми е досадно, скролам на ибеј и трошам многу пари, остатокот е во ред xD

Ај замисли да го изгубиш телефонот, а да не си во можност во брзо време да смениш password на ebay и PayPal... или да не го знаеш на памет, да го имаш некаде запишано, арно ама, поради X причини, не си во можност да го прочиташ за да можеш да го смениш (на пример, на одмор си, ти бил запишан во лаптоп или во PC, а не носиш ниедно од нив на одмор). Или пак, ајде, еве, си знаеш mail адресата, па ајде да ти пратат код за ресетирање на password, па тинтири минтири... ехееее, дур ти смениш, оној кој ќе го најде може парче да направи со него. Може, од чиста мира, онака (од досада што се вика), да ти истроши се од парите на картичката. Дури и да не нарачува на своја адреса, дури и се да нарача на твоја адреса, може секакви глупости да нарача... прашањето е, дали тој што го нашол телефонот ќе го направи тоа. Јас не би ризикувал да дознаам, не знам за тебе.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 17.11.2016, Thursday, 10:45:50
Затоа имам посебна картичка за купување онлајн на која ставам пари само кога треба да нарачам нешто. Плус ова е добра превенција за импулсивно купување, кога ти е досадно... :D
Кога ќе се видиме ќе ми покажеш како оди целата оваа работа со андроидот... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 17.11.2016, Thursday, 11:30:54
И јас затоа имам посебна картичка...никогаш немам пари па ваљда сум доволно заштитен.  :)
...плус fingerprint scanner...не е лош  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.11.2016, Saturday, 01:30:03
И мојата картичка е „таква“ (;D), од оние што ставам пари само кога ми треба да купам нешто, ама пак, зошто да ризикувам некој да стигне до моите податоци ;).

Наречете ме назаден, не во тек со времето, како сакате, ама не верувам многу многу на новиве технологии... особено кога се врзуваат со се што постои online.

@LordZi: Нема некоја филозофија. Ја инсталираш апликацијата од ebay (ваљда ја има на PlayStore, не знам, јас ја симнав како APK и рачно ја инсталирав на Android 5.1 x86) и од неа купуваш преку телефонот/таблетот ;). Ако сакаш, за да можеш подетално да ги разгледаш производите, може на PC/лаптоп да разгледуваш и само да ги додадеш во basket, а да платиш преку апликацијата ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 19.11.2016, Saturday, 07:33:46
Гига ти се ептен топ ич не си назад со времето него не дозволуваш времето да влијае многу на тебе тоа ми се свиѓа топ е инаку дечки правилно што така постапувате што имате картички со ич пари што се вика еден познаник по прост малце ај да речам се и сешто кликаше и купуваше и сакајки да купува авионски билети за Германија вели одеднаш анти вирусот што ми го инсталира софистициран се пиратска верзија али многу добра на било какви линкови дури кога и сакал да се логира на факултет го исклучувал му давал дека личните податоци не му се безбедни после тоа јас му рикна лаптопот вика отиде се кога нормално јас му го правев хард дискот му отиде но успеав да му ги спасам и податоците и додека ги вратив старите и после дури му ја инсталирав бугарската верзија на eset smart security видов дека кога сакал да порачува карти авионски за 11евра и не му давал антивирусот се гасел ги видов двете   IP адреси што сакале да го клонираат пробувале кредитната картичка да му ја пробијат али без успешно сега му е страв eBay да отвори. Само фино ги пријавив двете IP адреси на интерпол од Германија беа двете.
Затоа и јас како Гига не верувам на секој знам другари кој во средно правеа страници се со цел да навлечат британка една навлекоа и ја имаа кредитната картичка али ништо не успеаа ништо младост лудост сега се сменети. Нормално секој кој си одржава форум јас сум одржавал гејмерски што сега не постои па и вие админи можете точно да видите и си се гледа кој со која IP адреса кога влегол на форумов и во колку саат. Некогаш IP е доволно за нешто се најубаво админи форумџии да се допишуваме на форумов спремам и некое проектче ќе отворам тема топ да ни е да се дружиме.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 19.11.2016, Saturday, 09:14:15
Наречете ме назаден, не во тек со времето, како сакате, ама не верувам многу многу на новиве технологии... особено кога се врзуваат со се што постои online.
Мене ми е со години залепена камерата на лаптопот со црна изолир-трака, па ти види сега... ;) :D

Иначе сега пробав, на телефон со win 8.1 може да се купува најнормално преку browser-от, само ја отвараш страната на ибеј, не ти требаат никакви апликации... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 19.11.2016, Saturday, 12:51:09
Тешки легенди сте еј  ;D ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.11.2016, Saturday, 15:41:42
Гига ти се ептен топ ич не си назад со времето него не дозволуваш времето да влијае многу на тебе тоа ми се свиѓа топ е...

Е да, ова е малку подобра дефиниција од мојата :P ;D.

...и после дури му ја инсталирав бугарската верзија на eset smart security...

Која е таа Бугарска верзија :o, дај линк да видам ;D.

До ESET Endpoint 5, функционира ESET PureFix-от, за ESET Endpoint 6 има еден нов Fix (Hacktivator) и мора да го подигнеш во Safe Mode по инсталација на ESET Endpoint 6, за да не се подигне и Endpoint при boot.

Мене ми е со години залепена камерата на лаптопот со црна изолир-трака, па ти види сега... ;) :D

Да да, кога би имал лаптоп и јас исто би постапил. На некои ретки модели може да се гаси камерата од BIOS, ама дури и да начекам таков модел, ако ми треба камерата за нешто, ќе треба да го рестартирам, па во BIOS да правам Enable на камерата... поедноставно е ова твоево ;D ;).

Иначе сега пробав, на телефон со win 8.1 може да се купува најнормално преку browser-от, само ја отвараш страната на ибеј, не ти требаат никакви апликации... ;)

Најверојатно е некој проблем со PC верзијата на сајтот... дали од страната на ebay, дали од страната на PayPal, не знам, ама врз база на ова што го кажа, проблемот очигледно е во сајтот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 20.11.2016, Sunday, 21:44:16
Сакам да ве прашам дали постојат скамери на ebay и дали ги има во поголем број? Бидејќи имам информација од еден мој другар, нивни пријатели наводно купиле телевизор преку ebay и им стасало само кутијата од телевизорот наполнета со суннѓери и такви слични работи.  ???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 21.11.2016, Monday, 00:08:35
Имам приметено дека во последно време има се повеќе огласи којшто продаваат продукти чијашто цена е 10 пати пониска од цената на истиот производ кај некој друг продавач. Еднаш нарачав јакна којашто беше 10 пати поевтина од друго место и не стигна после месец дена само им пишав до каде е јакната ништо ми немаа вратено како одговор туку ми ги вратија парите одма на сметка. Незнам која им е целта а знам повеќе луѓе којшто имаат нарачано вака и парите одма им биле вратени а поризводот не стига никогаш.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.11.2016, Monday, 00:13:03
Епааа... не се купува телевизор од ebay ;D.

Купуваш ситни работи. Уредчиња, ова она... јас и облека не би купувал од Кинезите, ама гледам некои купуваат. А за телевизори и такви работи, си има продавници и ќе си купиш од таму.

А за scams, да има. Јас така нарачав 512GB flash (???)... си викам, ај, може навистина прават толкави, иако немам видено никаде online толкав да се продава, ама па... ситна пара беше (6, 7 долари, така нешто), си викам, ај, ќе го земам па и да е scam, ќе си ги вратам парите назад. И навистина, така беше. Flash-от беше од 8GB, а во firmware-от му беше сменет капацитетот на 512GB. Ако пробаш да запишеш повеќе од 8GB на него, explorer се блокира и паѓа и... толку. За среќа, на време си ги вратив парите (му пишав дека не ми стигнало), а по недела или две, продавачот беше баниран од ebay.

Треба да знаеш да препознаеш. Ако нешто ти изгледа дека е "too good to be true" (многу поевтино во однос на истата работа кај нас, особено ако станува збор за некој уред за масовна потрошувачка, како што е телевизор, телефон или нешто слично), да, најверојатно станува збор за scam.

Ќе научиш по некое време ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 21.11.2016, Monday, 08:34:31
Богами се учи имало случаеви и роба скроз да ти утнат дури еднаш мислам Z31GH беше кога постираше дека место VHF му донеле UHF станичка и мене многу пати за сешто ме имаат зезнато али добро е што парите си ги вратив многу луѓе знам измамени за се и сешто Гига таа бугарската верзија веќе не постои ми ја даде еден компјутерџија што имаше сервис во Скопје но ја повлекоа бугарите нивна доработка некоја била се исто беше само на бугарски инаку и јас го користам eset smart security најдобри се ESET Endpoint 5, функционира ESET PureFix-от, за ESET Endpoint 6 има еден нов Fix (Hacktivator) и мора да го подигнеш во Safe Mode баш така Endpoint 5 им ја инсталирам на сите и јас ја користам
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 21.11.2016, Monday, 11:48:44
Многу внимателно кога нарачувате од Кина. Јас нарачав 2 bluetooth далечинска за камерата на телефонот, но наместо нив ми стигнаа далечинска кои комуницираат преку bluetooth добив далечинска кои воспоставуваа контакт со помош на TDMF тонови. Често се случуваше грешки во командите...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.11.2016, Saturday, 00:39:31
Мислам дека мислиш на DTMF (Dual Tone Multiple Frequencies) ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.12.2016, Thursday, 23:12:42
Барајте продавачи лои имаат барем 10-тина купивачи и кои се во бизнис барем 5-6 месеци....
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 02.12.2016, Friday, 01:54:46
Јас купувам од оние што имаат барем 1000 или 2000 sales. Најсигурно е. Но... да бидам искрен, ако го нема некој друг производот што го барам, сум купувал и некои со 100 или нешто над 100 sales. За feedback-от... не игра некоја голема улога кај Кинезите... не мислам баш буквално дека не игра, ама се што е над 97% е ОК ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.12.2016, Friday, 17:19:51
Зависи што купиваш,според мене тоа што го пишав е најнискиот критериум... Сигурно нема да се репнам 500 европски кај некој со 10 салес...Али за 5-10усд и не е така критично, секако ако за 60 еаботни денови не ти стигне робата ќе ти ги вратат парите....
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.12.2016, Saturday, 00:54:21
...секако ако за 60 еаботни денови не ти стигне робата ќе ти ги вратат парите....

По 60 дена не можеш да подигнеш dispute... продавачите го знаат ова и често знаат да го искористат против купувачите... и не се 60 работни денови, туку 60 денови (продавачите често знаат да ја шират оваа дезинформација, 60 работни денови, што не е точно, по 60 денови не можеш да подигнеш dispute). Затоа, сигурно си е сигурно, провери кои му се на продавачот refund policies пред да го купиш производот (најчесто стојат на крајот од страната на item-от кој го продава, најчесто е направено како табела, на пример "US --> 30 days, Eastern Europe --> 45 days" итн.).

Јас, во принцип, ако не ми стигне за еден месец, му пишувам на продавачот, можеби ќе почекам уште, можеби и не, но ако не стигне за 45 дена, си ги барам парите. Па ако стигне подоцна, по два месеци или нешто повеќе и ако се е во ред (производот не е проблематичен и не мора да го преправам за да проработи), му плаќам пак.

А 500 евра, немам намера да фрлам на ebay... особено не на Кинези ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 03.12.2016, Saturday, 10:36:10
Quote
А 500 евра, немам намера да фрлам на ebay... особено не на Кинези Зеленко.
Така излишен е воопшто таков муабет  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 04.12.2016, Sunday, 01:51:16
Точно, треба да се внимава на условите и полисите. Дури и леб кога купуваш(да не ти дадат вчерашен)  :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gocebabe on 05.12.2016, Monday, 10:23:26
Зошто не можам да направам нарачка од алиекспрес да не има некој некоја иформација?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 05.12.2016, Monday, 19:06:43
Што е проблемот? Нешто ти се појавува/пишува? Објасни подетално...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: gocebabe on 05.12.2016, Monday, 21:46:21
Dear Customer, we regret to inform you that due to business adjustments, the Alipay balance service will be terminated from January 1, 2017 (PDT). Please use up your remaining balance as soon as possible. Click here to find more details:
Code: [Select]
http://sale.aliexpress.com/4AUiFoEAkV.htm Ова го пишува и не можам да внесам ни име ни презиме од картичката.

Админ: кодирај линкови во иднина!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Nikol4e on 17.02.2017, Friday, 11:59:29
Од која страна нарачувате транзистори.Барам тда7294в.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 17.02.2017, Friday, 13:19:05
Code: [Select]
https://www.taydaelectronics.com/
Јас ситна електроника си нарачувам од тука
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 17.02.2017, Friday, 18:27:39
Добра страна и јас од таму сум нарачувал никогаш не ме излажале  8) 8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 14.06.2017, Wednesday, 20:17:48
Ете, гледаш како се станува уметник ;) :D.

Ама оваа ептен no name ;D. Ја нарачуваш бланк и печатиш "GigaTool" ;D... и стануваш Gembird во светот на гравирки ;D.
Нарачав no-name, а ми стигна brand-name  ;D

(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/Dremel_zpsqkzgwfya.jpg)

Цената беше 23,5 долари.
Функционална е, не е ексцентрична, не тресе и тивко работи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 14.06.2017, Wednesday, 23:51:45
Линк може? :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 15.06.2017, Thursday, 00:14:01
Леле Жан ама ме израдува леле како за мене се израдував стварно еј навистина.Сега ми даде мотивација да работам со здравје да си ја користиш другар да те тера 8) :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.06.2017, Thursday, 01:40:41
Нарачав no-name, а ми стигна brand-name  ;D

А, да, и мене... само мојата изгледа е под лиценца правена, Deimei ;D ;D ;D.

Бомбона е, со среќа да ја користиш ;). И мојата е иста... буквално, освен што е Deimei ;D.

Многу издржлива е и стабилна (не тресе воопшто, оригинал Dremel 300 тресе у ПМ во споредба со оваа), издржува оптоварување (читај „терање во место“ ако заглави бургија ;D) до бесвест.

Мојата има само една мана, се надевам нема да ја има твојата, многу загрева кај лагерот на местото на кое ја држиш :S. Или не е наменет тој лагер за толкав голем број на вртежи или е малку пролупан... кога ја отворив прв пат, не ми изгледаше како да е пролупан, така да, изгледа ќе да е првото ;).

Само смени и кабел. Мојата беше со US plug (и културно, ми дале и адаптерче за наш класичен штекер ;D), а освен тоа кабелот корнеше на Кина ;D. Не можев да дишам кога бев покрај неа ;D. И ставив подолг, од телевизор некој мислам дека беше и тера, фуче ;) ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 15.06.2017, Thursday, 14:05:01
Линк може? :)
Го нема веќе тој линк јас од кадешто порачав, но ова е од истиот продавач.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/322383954440
(http://www.mediafire.com/convkey/1f5c/z2q1xwd8h2ovaq2zg.jpg)

nsu фала, да си купиш поубава :)

Фала GigaWatt :)
Кратко ја пробав, не знам колку ќе грее, времето ќе покаже. Инаку, не ми личи дека прави 37000 вртежи во минута, треба да проверам.
Кабелот за струја е со европски конектор, многу е мек и флексибилен, нема потреба да го менувам.
Мириса по малку незгодно, но се надевам дека ќе се излуфтира :)

На пакетчето немаше ставено цена. Пишуваше дека е подарок, па на царина го отвориле да проверат. Морав да платам 110 денари на поштарот, демек за царина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 15.06.2017, Thursday, 14:08:10
110 денари си платил за тоа што го отвориле и затвориле пакетот (царинска проверка).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.06.2017, Thursday, 18:06:13
Кабелот за струја е со европски конектор, многу е мек и флексибилен, нема потреба да го менувам.
Мириса по малку незгодно, но се надевам дека ќе се излуфтира :)

И јас така мислев ::) ;D. По една недела гушење, ајт, мењај кабел ;D. И онака малку краток ми беше, овој што го ставив, ехеееее, си има фазла ;).

На пакетчето немаше ставено цена. Пишуваше дека е подарок, па на царина го отвориле да проверат. Морав да платам 110 денари на поштарот, демек за царина.

Тоа ти е ::). Им плаќам што провериле ::). Колку што знам, за тоа плаќаме даноци, ДДВ итн., за да се одвојат пари за нив, ама ајде ::).

Види, можеби и вредни. Реално гледано, волку мала, освен ако не е brand name (кај нас тоа значи само Dremel), нема да најдеш. Има поголеми и помоќни, ама реално гледано, волку мала нема кај нас. Сум барал и затоа на крај нарачав ;). Јас мислев дека е колку Dremel 300, ама не, уште помала е ;) :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 15.06.2017, Thursday, 23:18:23
Не не не Гига со законска регулатива и прошишано е многу одамна дека ако се сомневаат во нешто мораат да го отворат и пак да го спакуваат а ти по ценовникот да им платиш 110 денари нивно суверено право е никој не им го земал никогаш.И пред 15 20 години било вака незнаеше за ова и постарите велат ако сакааат да проверат ќе проверат посебно ако е поклон да видат како нешто да не промашат.И ќе си платиш 110че 8) 8) ;D ;D 8) 8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.06.2017, Friday, 00:19:58
А ни плаќаат кога ни снемуваат пратки ::)?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: nsu on 16.06.2017, Friday, 14:32:41
Е да они си се заштитени од дамнина ако отвараат ќе им платиш е сега ти не си важен.Така е работава  ::)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.08.2017, Sunday, 00:06:24
Нарачувал некој од Farnell/Element14 во последно време...?
На еден српски форум се пофалија дека нарачките им стигаат за еден или два дена, без никаква поштарина, па мe интересира дали ова важи и за МКД...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 27.08.2017, Sunday, 19:10:01
Од Element14, доколку некој има порачувано и мене ме интересира нека пише. Сакам raspberry да си порачам.  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.03.2018, Monday, 17:05:22
Гледам фабрички продаваат по 500 денари, а овде нема ниту 1 евро материјал.

Има и на ebay за 2 до 3 долари... со LCD, детектира дрво, железо или водови под напон, има auto calibrate, во кутија си е, auto power off, дрн дрн јариња... ни евро не трошам ако можам ова да го нарачам за таа сума ;D. Јас два си нарачав. Да бидам искрен, добри се, малку треба да се навикнеш како функционираат, ама потоа лесно е ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 26.03.2018, Monday, 17:20:28
@GigaWatt
Може и некој линк од ebay да ставиш чисто како репер.
tnx
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 26.03.2018, Monday, 22:44:36
Дечки а какво е вашето искуство деловите од Element14 или евентуално Фарнел (ако некој порачал од тамо), мислам дали се оригинални и квалитетни или се некој со лош квалитет /фалшливи / рефус ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.03.2018, Tuesday, 01:11:27
@krema: Јас изгледа малку сум претерал ;D. Не дека сум претерал премногу, ама оние кои јас ги нарачав беа 4.27 USD едно (сега баш проверив), а сега... не знам што се има случено во меѓувреме, некаде пред нова година ги нарачав, стигнаа пред околу месец или два, не ми текнува, ама од тогаш, до сега, цените имаат рипнато повеќе од дупло :o.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/222705784816
Не знам ???, не ми е јасно што се има случено во меѓувреме, ама ова беше најевтиниот wall scanner со LCD кој успеав да го најдам. Не знам што да кажам... screen shot да направам ако не ми верувате :D, 8.54 USD платив за двата :D.

Дечки а какво е вашето искуство деловите од Element14 или евентуално Фарнел (ако некој порачал од тамо), мислам дали се оригинални и квалитетни или се некој со лош квалитет /фалшливи / рефус ?

Јас колку што имам читано, различни се искуствата. Не значи дека ако нарачаш од brand name продавница дека ќе добиеш оригинал компоненти. Од моето досегашно искуство, прилино задоволен сум од квалитетот на компонентите кои ги имам нарачано од Кина преку ebay. Не сум нарачувал од друго место, така да, не можам да споредам, ама немам намера да нарачувам од Farnell кога барем дупло поевтини ќе ги начекам на ebay. А за времето на чекање... не ми се брза, ништо не е толку итно ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 01:20:55
Попуст новогодишен може имало. Небитно и 12$ не се премногу за уредов.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.03.2018, Tuesday, 01:27:17
Можеби... не знам ???... не ми е јасно, ама тогаш беа џабе, затоа и ги нарачав ;). И вака не се прескапи, ама можеби само еден ќе земев.

Околу тоа дали е добар, веќе пишав, супер си работи, само треба малку да се навикнеш на принципот на работа, бидејќи првото мерење всушност и не е мерење туку е калибрација, така да, по калибрацијата почнува мерењето ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 27.03.2018, Tuesday, 17:04:23
Добро е и вака, барем имаме репер што да бараме и евентуално да начекаме некој попуст, не мора веднаш да се зима ако не е зорт.
tnx :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.04.2018, Saturday, 06:18:32
Еве една од работите што ги имам нарачано последните 4, 5 месеци ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/172535728506
(http://www.mediafire.com/convkey/c324/au6mb6u79bg15ntzg.jpg)

Јас кога ги нарачав беа без торбичка. Ама еве, Кинезиве знаат да ја зачинат зделката ;D.

Само за споредба, кај нас онаа средната конусна бургија е 500 денари една. Овде добивате три за тие пари. Јас си купив два комплета, еден за дома и еден за на терен ;).

Многу корисни се, многу издржливи се. Јаде железо како путер ;)... па сега видете што прави на се останато ;). Не се за челик и двојно или тројно калено железо (малку оштетив една од нив пробувајќи да избушам 5mm двојно калено железо), ама се останато, нема проблем. Се буши на мала брзина. Препорачливо е да се користи шрафилица, но може и обична бормашина со контрола за брзина ;). Исто така, препорачливо е да се додава масло при бушењето ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.06.2018, Friday, 02:30:54
Имате матична плоча која нема onboard графичка картичка, а PCI Express 16X слотот не ви работи? Еве решение ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/00db/peamp0rgu3n0y5rzg.jpg)

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/201647902245
Функционира со било која графичка картичка, пробано со неколку nVidia и ATI картички ;). Најчесто, на LGA775 плочите (и еквивалентните AMD конфигурации од тој период) имаше само еден PCI Express 16X слот и еден PCI Express 1X слот... понекогаш и по два PCI Express 1X слотови или уште еден PCI Express 4X слот, но ретко која плоча од LGA775 генерацијата имаше два PCI Express 16X слотови.

Значи, ако ви откаже единствениот PCI Express 16X слот на матичната плоча (поради некои причини, не работи) а немате onboard графичка картичка, можете да го искористите 1X слотот од плочата со помош на овој адаптер ;). Како ќе ја мотирате картичката во куќиштето е ваш проблем ;D, важно е некако да стои ;).

Да, знам дека овие extenders се користат за mining и render farms, но одлично функционираат и за оваа намена. Проблем е само тоа што сигурно нема да можете да играте игри на таа конфигурација на која ќе го ставите овој адаптер бидејќи на картичките им требаат сите 16 bus-ови за да може паралелно да им пристигаат информации на сите bus-ови и паралелно да ги обработуваат. Со само еден bus, тешко дека ќе може нешто корисно да прави картичката од 3D обработка :S. Mining и render farms не се проблем бидејќи нема потреба да се праќаат паралелно огромни квантуми на податоци, доволно е да се прати мал квантум кој бара многу обработка, која може ALU-ата да го обработат и повторно, преку истата магистрала да го вратат назад. Практично, тоа значи дека времето потребно да се обработи податокот е поголемо од она кое е потребно за да се прати, така да, затоа не претставува проблем што овие extender-и се користат за такви работи ;). Ова е чисто информативно, да знаете само дека ако мислите да ставите некоја WOW картица, дека нема да извади ни 10% нејзините перформанси. Најдобро е ако имате некоја постара SFF (Small Form Factor) картица и неа да ја ставите ;). Ем нема да имате проблеми за монтажа (има простор како да ја распоредите во куќиштето), ем ќе и ги искористите перформансите. Tие и онака немаат кој знае какви перформанси, а и за „не 3D“ (desktop) апликации, најчесто го користат само едниот bus (првиот 1X ;)). За среќа, DirectShow (дел од DirectX, составен е од повеќе API-а, меѓу кои се и Direct3D, DirectShow, DirectSound, DirectDraw, итн.), кој се користи за playback на видео материјали (филмови ;D) и онака најчесто користи само еден bus и кај ATI и кај nVidia картичките, така да, на компјутерот слободно може да гледате видео материјали (тука се разбира спаѓа и сурфање, YouTube, итн.) без никаков проблем, исто како да ја имате монтирано картичката на 16X слот ;).

И ете како од неисправна матична плоча за 2.5 долари да добиете исправна „даска за сурфање“ и филмчиња ;).

ПС: Исто така работи и со други PCI Express картички, како што се SAS (Serial Access SCSI) контролери (пробано ;)), со тоа што ако контролерот е, на пример, 4X, нема да може да ја постигне декларираната брзина (која конкретно кај SAS картичките е екстремно голема, 10 или 20GBits/S, што е практично неизводливо да се постигне во многу услови), но затоа без проблем ќе работи ;). Се подига и Option ROM-от (BIOS-от на картичката) без проблем ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 18.10.2018, Thursday, 01:56:33
Ова ми стигна денес - 500 Ethernet конектори ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131363961102
(https://i.postimg.cc/gjPDFQvg/500-Ethernet-Connectors.jpg)

Со оглед на тоа дека кај нас еден е минимум 10 денари, практично изглегува дека Кинезиве ми ги подариле :P ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 18.10.2018, Thursday, 08:47:58
10 ден се дека претежно одат преку фирма и народот плаќа... знаеш натака.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.10.2018, Friday, 00:07:27
него кернер на репетирање како да побарам?
Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.10.2018, Friday, 01:10:17
10 ден се дека претежно одат преку фирма и народот плаќа... знаеш натака.

Е да бе преку фирма па поскапи ::). Па и во BT се толку, а ни фискална добивам ни ништо. Во Loging мислам дека се 15 или 20 денари еден, не ме земај за збор :o.

Кажи си искрено, на такви ситни работи кај нас се прави најголемиот ќар ;).

Знаеш дека на мауси и тастатури нема царина бидејќи спаѓаат во IT опрема? Знаеш колку е набавна цена на оние најевтинине ѓубренца мауси? 15, 20 денари. Знаеш колку ги продаваат? По 100, 120, 150 денари. Тоа е повеќе од 500, 600% од набавната цена... па сега ти направи си математика ;).

него кернер на репетирање како да побарам?
Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?

Дај слики или линкови, за мене ова што си го пишал е Кинески :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.10.2018, Friday, 12:01:48
Code: [Select]
https://www.google.com/imgres?imgurl=http%3A%2F%2Fwe.easyelectronics.ru%2Fuploads%2Fimages%2F00%2F54%2F31%2F2016%2F12%2F31%2F482548.png&imgrefurl=http%3A%2F%2Fwe.easyelectronics.ru%2FTools%2Fkerner-eto-prosto.html&docid=_213VrPg3kvkkM&tbnid=ROX3ieq8rnT2pM%3A&vet=10ahUKEwj-yqffnpLeAhWC2SwKHQU-DBsQMwhVKCQwJA..i&w=695&h=275&bih=885&biw=1745&q=%D0%BA%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%80&ved=0ahUKEwj-yqffnpLeAhWC2SwKHQU-DBsQMwhVKCQwJA&iact=mrc&uact=8Ко ќе обележуваш за бушење, да не ти бега бургијата, шило, игла, остар предмет со посебна намена само за обележување. Е сега ова е кинетичко шило, сличен механизам на пиезото од упљачите, како го стискаш се набива приужината и цела сила ја ослободува во еден момент и како да пука и прави дупка.
hole punch би требало да е ама слабо ги има така на ибеј.

Бт е башка прича, логин претежно работат со фирми, затоа е цената 20 денара :) Која  државна фирма гледа дека се на али експерењс или ибеј поефтини ? :)
Појди земи шајбна м3 во ариље метал, и појди во бриколаж, на пазар, некоја железара  :) во ариље метал се 10 дени  :) Јас си земав за 50 денари, нека има и за внуци :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.10.2018, Sunday, 01:36:54
него кернер на репетирање како да побарам?

Се вика "pneumatic center punch", "spring-loaded center punch", "automatic center punch"... се нарекува на повеќе начини, но обичен кернер се вика само "center punch" ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/401544156096
(http://www.mediafire.com/convkey/d910/el1c27ps19q6togzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/a6d9/v5qfmfzg6cgyrrbzg.jpg)

Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?

Не знам како се викаат двојно калени нарезници и урезници, но урезница на Англиски се вика "screw tap", а нарезница се вика "screw die" и ги има на ebay, а и не се баш скапи. Не знам дали се двојно калени, но еден пријател има купено (од најевтините има купено), ми кажа дека без проблем режел железо со нив, така да, би требало да се добри ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.10.2018, Sunday, 02:07:35
Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.
Е да тоа го барав, сме се разбрале значи. Од гледање во живо и од видеа ептен лезет работа. Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)

*аутоматски видеава ги прави на преглед ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.10.2018, Sunday, 03:07:12
Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.

Земи ги, верувам дека се добри ;). Од овие машинскиве работи, генерално земено, од Кинезиве немам од што да се пожалам. Имам нарачано барам 30-тина работи за машинска обработка, ретко нешто да не се погодило ;).

Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)

Не верувам ;). Пертинакс, можеби, ама витропласт, не верувам. Тоа чудо тешко и се крши. Правено е слој по слој, напречно па попреку, во X форма (еден слој, па друг под агол од 90 степени), слично како шпер-плоча ;). Не знам што материјал е, ама ќе да е нешто слично на фиберглас... барем мене така ми изгледа бидејќи не се топи на обичен оган (запалка, упаљач).

*аутоматски видеава ги прави на преглед ?

Хммм... изгледа ќе да е така... искрено ни јас не знаев :D... бидејќи кога ти го цитирам одговорот, вака ми го цитира.

Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.
Е да тоа го барав, сме се разбрале значи. Од гледање во живо и од видеа ептен лезет работа. Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)
https://www.youtube.com/watch?v=wKDR19EHQm0
*аутоматски видеава ги прави на преглед ?

Мислев дека мора да се стави YouTube BBCode-от за да го прикаже видеото во рамка, ама сменив верзија на YouTube mod-от пред некоја недела, оваа изгледа прави автоматски YouTube embedding во коментарот ;).

Добра информација, да не пишеше некој немаше да знам ;D... бидејќи нели, како и секој Македонец, не читам упатство за употреба („пффф... шо ќе ми е бе, се си знам, не знам зашто будаливе се гњавеле да го преведуваат ::)“), ниту пак change log ;D („па шо има ново па да ми треба да знам, исто изглеа ::)“).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.10.2018, Sunday, 11:29:23
Хехе, али е добар ауто-кодерот :) Инаку може во гравирки да ставиш сите пропратни алатки (поврзани со гравирки) во слободно време, оти ми се чини си мастер за ибеј хаха.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.10.2018, Sunday, 18:40:39
Нема проблем, ќе ставам што мислам дека е основно и секој кој би купил гравирка би требало да го има ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 17.01.2019, Thursday, 06:16:11
Што мислите исти се сијалициве, конкретно за уб лепак ми треба
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283328981276
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/132911598149
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 17.01.2019, Thursday, 11:28:18
Мене ми личат дека се потполно исти.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Toma on 17.01.2019, Thursday, 12:20:42
Quote from: bicikle
Што мислите исти се сијалициве, конкретно за уб лепак ми треба
А што е тоа уб !!!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 17.01.2019, Thursday, 12:51:13
Мислел ваљда на UV лепак.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 17.01.2019, Thursday, 17:06:50
Ултра брз, или лепак што се стврднува под дејство на ултра виолетова светлина, исто е. Не напишале колку нанометри се, и мене ми изгледаст идентични.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 13.02.2019, Wednesday, 02:49:57
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/222705784816
Не знам ???, не ми е јасно што се има случено во меѓувреме, ама ова беше најевтиниот wall scanner со LCD кој успеав да го најдам. Не знам што да кажам... screen shot да направам ако не ми верувате :D, 8.54 USD платив за двата :D.

Дечки а какво е вашето искуство деловите од Element14 или евентуално Фарнел (ако некој порачал од тамо), мислам дали се оригинални и квалитетни или се некој со лош квалитет /фалшливи / рефус ?

Јас колку што имам читано, различни се искуствата. Не значи дека ако нарачаш од brand name продавница дека ќе добиеш оригинал компоненти. Од моето досегашно искуство, прилино задоволен сум од квалитетот на компонентите кои ги имам нарачано од Кина преку ebay. Не сум нарачувал од друго место, така да, не можам да споредам, ама немам намера да нарачувам од Farnell кога барем дупло поевтини ќе ги начекам на ebay. А за времето на чекање... не ми се брза, ништо не е толку итно ;).

ова беше

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273551035949

(http://www.mediafire.com/convkey/5ecc/v1o71k99145m1uxzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/a2ee/r45gdobci7w247ezg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/3639/mgb7dxse7rtd9aazg.jpg)

? ? ?

Птем многу добра скалеста бургија

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/382293983945
(http://www.mediafire.com/convkey/d85b/b5ip08yh7xb9mcizg.jpg)

За лим на 6 аголен штрафцигер ја редам и рачно бушам, партали прави.

Исто и овие се бомбона

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/223209369443
(http://www.mediafire.com/convkey/0a7e/jcmp1bd81ejuevezg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2019, Wednesday, 14:10:01
ова беше

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273551035949

? ? ?

Да, тоа е ;). Многу корисно алатче, прилично прецизно, особено за наоѓање на водови под напон, ги наоѓа ;). Баш требаше да бушам на ѕид каде што поминува цела инсталација за станот, таман си ги јави каде што мислев дека треба да бидат водовите, немаше никаков проблем, не погодив ниеден напонски вод ;).

Птем многу добра скалеста бургија

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/382293983945
За лим на 6 аголен штрафцигер ја редам и рачно бушам, партали прави.

Да, многу корисни се ;). Имам нарачано комплет од 3 вакви. Од 4 до 12mm, од 4 до 20mm и од 4 до 32mm ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/322717602382
(http://www.mediafire.com/convkey/1934/0siddmgg1b1tp1czg.jpg)

И многу се издржливи. Со нив бушев и 1cm дебела железна шина, не писнаа... само полека, на мала брзина ;).

Исто и овие се бомбона

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/223209369443

Овие не знам за што се... интересно изгледаат, ама не ми е јасно за што е тој ребрастиот дел на средината ???.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 13.02.2019, Wednesday, 15:47:19
Овие не знам за што се... интересно изгледаат, ама не ми е јасно за што е тој ребрастиот дел на средината ???.

За глодање, на пр. бушиш дупка и треба да ја прошириш, или да ја направиш елипсеста.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 13.02.2019, Wednesday, 16:29:52
да да  за тоа се.
Патем со спиралните по лесно се буши фактички бурмашината ја штедиш, мада ако е добра бурмашина нема разлика, јас го зедов стриктно за помали дупки, за лимче од 0.5мм за 2 дупки додека ја барам бормашината рачно ќе го избушам :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2019, Wednesday, 18:30:45
Мхм... интересно ;). Може да се нарача едно комплетче од тие бургиите што глодаат ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 13.02.2019, Wednesday, 18:48:50
Плус без никаков проблем може да ги користиш и како „обични“.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 18.02.2019, Monday, 03:13:12
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/263986388144
(http://www.mediafire.com/convkey/2095/g15kp4r172oh9xqzg.jpg)

Стигнаа пред 2 дена, вака навидум се ок.
Овие ги имате овде

Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=43140
(http://www.mediafire.com/convkey/8e88/o5i05l8ce8n0cj0zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 18.02.2019, Monday, 04:52:53
Супер ;). Ај пиши како ќе ти се погоди сетот со торксови, баш ме интересира ;).

Јас ова го нарачав пред некој ден. Кога ќе стигне, ќе видиме како ќе се покаже ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/173329396738
(http://www.mediafire.com/convkey/1559/iwspf5k7u97fwvczg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/8af0/ta1g7hnl6uew6v7zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 18.02.2019, Monday, 06:09:06
Кога ги држиш во рака имаш осет на цврст сет, е сега не сум ги запнал, ама према димензиите и не се многу да ги запнеш, али за нормална употреба се солидни. Секако се наменети за лаптоп,декстоп, мобилен, тв, така по ситни штрафчиња, па ваљда нема да доволлиш да ти кородира штраф на лаптоп :) не знам за длабоки штрафови како ќе се покажат( т.е. штрафови вл длабоки дупки), но за сега ми бркаат топ работа. Не знам на слика како деловаат ама се прилично ситни. Тие од "купи алат" ги немам, ги ставив во случај на некој да не му се чека, а и слична цена се, мада не знам димензиите кои се .
Зависи за која намена ти е сијалицата, за да светнеш е топ, за да осветлиш... Самта цена ти кажува :)
Сакав за на точак да ставам, па добив препорака за оваа
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/item/32812945810.html?spm=a2g0n.search-cache.0.0.450ed60bbENszw
(http://www.mediafire.com/convkey/5e86/eihuhi4z94r6y72zg.jpg)

А моментално има convoy c2, околу 15усд е зедов, буквално свети како фар од кола, а сепам е  екстремно малечка. Вреди секој цент...
Лошо е што нема усб полнач, мора да ја вадиш батеријата, ама не е страшно.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 18.02.2019, Monday, 13:09:17
Кога ги држиш во рака имаш осет на цврст сет, е сега не сум ги запнал, ама према димензиите и не се многу да ги запнеш, али за нормална употреба се солидни. Секако се наменети за лаптоп,декстоп, мобилен, тв, така по ситни штрафчиња, па ваљда нема да доволлиш да ти кородира штраф на лаптоп :)...

Затоа не сакав да ги нарачам... имам купувано такви Кинески комплети, да бидам искрен, од продавнички „се за едно евро“ во грција, ама не се покажаа како добри :-\. Многу брзо им се абат bit-чињата :-\. Пробано со хард дискови и лаптопи. Еднаш или два пати запни и толку е, се изеде bit-чето.

Затоа јас ги има купено овие ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/182052030462
(http://www.mediafire.com/convkey/3bc3/g3201wl52b540lmzg.jpg)

Многу добро ми се имаат покажано ;). Баш вчера ме потсети, си нарачав уште неколку комплети, за во работно куферче, за на работа нека има еден ;). А башка што ги отшрафуваат и secure torx, и други типови на secure форми на шрафови, така да, супер ми се имаат најдено ;).

Ај, се надевам дека овие твоиве не се такви ;). Ај пробај па пиши, баш ме интересира ;).

не знам за длабоки штрафови како ќе се покажат( т.е. штрафови вл длабоки дупки), но за сега ми бркаат топ работа.

Е да, за длабоки дупки и не се баш практични :-\. Имам вакво слично комплетче купено од кај нас, некаде околу 700, 800 денари го платив пред 7, 8 години, Extol мислам дека беше. Bit-чињата добро се покажаа, ама не и за шрафови во длабоки дупки... добро, да бидам искрен, помали се во однос на оние класичните хексагонски жлебови на битчињата како што се на сликата погоре, тие па ептен не влегуваат во помали дупки, така да, во некои дупки, овие со помалите хексагонски жлебови влегуваат, ама не баш во секоја :P.

Зависи за која намена ти е сијалицата, за да светнеш е топ, за да осветлиш... Самта цена ти кажува :)

Па за светење де, за тоа ми треба ;). Ако требаше light show да правам со нив, се знае дека немаше да ги нарачувам ;D.

А инаку, се мислев меѓу таа ти што ја имаш нарачано и оваа јас што ја нарачав. И двете се полнат на USB, ама на таа ти што ја нарача и треба и Micro USB кабле, а толку ги мразам тоа Micro USB каблите >:(... тоа ептен ми беше deal breaker :-\. Затоа оваа со директно класично USB A Type на неа ми дојде како „кец на десетка“ ;). Кај и да имаш класичен женски USB, секаде може да ја полниш ;).

Сакав за на точак да ставам, па добив препорака за оваа
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/item/32812945810.html?spm=a2g0n.search-cache.0.0.450ed60bbENszw

Ја имам видено... не ми се допадна тоа што директно не се полни на USB. Треба да ја вадам батеријата па рачно да ја полнам на полнач :-\. Само тоа не ми се допадна, инаку, се друго е ОК ;).

Затоа и ја нарачав таа која ја нарачав. И таа има делче за монтирање на велосипед, и тоа го нарачав, па ќе видиме :).

Лошо е што нема усб полнач, мора да ја вадиш батеријата, ама не е страшно.

Е за мене тоа е deal breaker. До преку глава ми е „вади, полни, враќај назад“ ::)... половина живот го имам тоа правено со Ni-Cd батерии, немам нерви веќе тоа да го правам. Затоа и сите далечински управувачи дома ги преправив на Li батериички, од оние малине за во PC. До преку глава ми дојде „не фаќаат батериите, акни го далечниското“ ::). Вака, еднаш во 3, 4 години ќе ја сменам и мирна глава ;).

Затоа, сега се што купувам, гледам да има интегриран систем за полнење... немам нерви веќе да вадам батерии ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 18.02.2019, Monday, 19:22:42
Знам за кои битови од еврозворуваш, не ми изгледаат како ними, мада ги немам многу користено. Екстул се одлични за дома, па и за срвис, не се врв, но се многу блиску и имаат одличен сооднос цена/перформанси.
Е зорт на секое со батерииве, па се распаркле ( ако користк 2 +), па кај е другата па едната истекла, вака тие е се во едно. Да микро усб-то и мене ми скрши мерак, но едино таа влагаше во буџетот, а ја зедов демек повеќе ќе шири светлина и да биде реални 3 вати, па ќе видиме, секако не е некоја екстремна цена. Патем побарај convy c8, имаат нивни конектoри, изгледаат доста доверливо, но е поскапа од точакот :) ќе треба на секое да ја ваѓам и да ја мислам. Ако се расипе конекторот ти покажав како ги преправам :)
Патем сетот од 60 парчиња е далеку посите од тие "црвените". Што сет зеде од екстул?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 18.02.2019, Monday, 23:41:42
Екстул се одлични за дома, па и за срвис, не се врв, но се многу блиску и имаат одличен сооднос цена/перформанси.

Да да, дефинтивно. Не можам да се пожалам од било што купено од Extol. Одличен квалитет за релативно ниска цена ;).

Е зорт на секое со батерииве, па се распаркле ( ако користк 2 +), па кај е другата па едната истекла, вака тие е се во едно.

Затоа ги преправив сите далечински управувачи на литиумски :P :D.

Да микро усб-то и мене ми скрши мерак, но едино таа влагаше во буџетот, а ја зедов демек повеќе ќе шири светлина и да биде реални 3 вати, па ќе видиме, секако не е некоја екстремна цена.

Па... овие јас што ги земав се околу $5... не знам која цена ти си ги платил тие, ама не би требало да се многу поевтини или поскапи од оваа ???.

Патем побарај convy c8, имаат нивни конектoри, изгледаат доста доверливо, но е поскапа од точакот :) ќе треба на секое да ја ваѓам и да ја мислам. Ако се расипе конекторот ти покажав како ги преправам :)

Абе само да не е Micro USB ;)... нека е барем Mini USB, нема проблем ;). Имам мал MP3 плеер со Mini USB на него... абе ене го, со години тера... го нема да писне ;).

Патем сетот од 60 парчиња е далеку посите од тие "црвените". Што сет зеде од екстул?

Да да, тие се малите хексагонски лежишта ;). Попрактични се за мали работи ;). И јас тој што го земав сетот од Extol е со мали, не со големи ;). И би требало пак да има некаде околу 50, 60 парчиња... така нешто... треба да прочитам на кутијата, пишува, ама сега не ми текнува бидејќи најмногу го користам за торксовите :P :D. Остатокот од битчињата се практично нови ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.02.2019, Tuesday, 00:03:06
Quote
Па... овие јас што ги земав се околу $5... не знам која цена ти си ги платил тие, ама не би требало да се многу поевтини или поскапи од оваа ???.
Толку се, 2-5 долари. Некад поефтиното ќе испадне поуваво, ама пак не се исплати да ги земиш сите за да видиш која е најдобра. Вака една ќе земиш ти, друга јас, трета петко па ќе ги  мериме xD За следна нарачка ќе знаеме која е најдобра према цена/перформанси.
Мада со со клнвојот и jaxman нема утка, ама па не ми се ризикува да ја монтирам со пластика на точак и да ја откорне некој... Подруго е 5 усд :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.02.2019, Tuesday, 13:40:35
Толку се, 2-5 долари. Некад поефтиното ќе испадне поуваво, ама пак не се исплати да ги земиш сите за да видиш која е најдобра. Вака една ќе земиш ти, друга јас, трета петко па ќе ги  мериме xD За следна нарачка ќе знаеме која е најдобра према цена/перформанси.

Е да, и тоа што викаш ;) :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 19.02.2019, Tuesday, 17:17:27
Moderator Comment Правило е линковите да се кодираат (code) а не во (url) .

Од ebay :

USB Charger Doctor Current Voltage Charging Detector

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/311656705159
(http://www.mediafire.com/convkey/76cf/w5i92n5wnnab85kzg.jpg)

и

USB 2.0 Channel Audio Sound Card Sound Adapter

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/401291583150
(http://www.mediafire.com/convkey/121b/xk312x7vz29qkrbzg.jpg)

Усб мерачот е добар мери до 2.5А а постојат и други усб мерачи со LCD дисплеј тие имаат и други подрачја за мерење. Една забелешка кај усб мерачот е дека сум научен на црвен дисплеј да е за напон а синиот да е за струја е тука се обратно. Аудио адаптерчево го имав ставено од пц на засилувач 2x25W работеше една недела неколку пати го пуштав на најгласно звукот беше чист за тие пари и потоа наеднаш почна да има шум. Го отворив што да видам еве неколку слики од усб мерачот и слики од аудио адаптерот како е лемен и процесорчето каде е изгорено.

(http://www.mediafire.com/convkey/de46/mozcj7jn70y4ukgzg.jpg)(http://www.mediafire.com/convkey/0c35/cg74h11qjb3fxwhzg.jpg)(http://www.mediafire.com/convkey/74ff/vvzpgjm7guqgfduzg.jpg)

еве и линк од плочката за полнење батерии од мојот импровизиран полнач:

5PCS 5V Micro USB 1A 18650 Lithium Battery Charging Board

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/400665524431
(http://www.mediafire.com/convkey/cc68/m688odecqgtrd2rzg.jpg)

батеријата од сликата е 3.6V од камера и безбедно ја пуни и потоа самиот се исклучува и светнува сина сијаличка, имам полнето и од телефон 3.7V што се и 18650 литиумските од лаптоп

(http://www.mediafire.com/convkey/70af/2aviclihm3roq2hzg.jpg)(http://www.mediafire.com/convkey/db1e/3axbkatf6ij4sxezg.jpg)(http://www.mediafire.com/convkey/7089/da8p24hk7jalph9zg.jpg) - аудио адаптерот
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 20.02.2019, Wednesday, 00:51:53
USB Charger Doctor Current Voltage Charging Detector

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/311656705159

Го имам купено, ама никогаш го немам искористено... искрено, веќе не знам ни каде е :P :D... некаде по фиоките во работилница најверојатно :P.

А тоа лемовите кај петпарачнине аудио картици, не ме чуди... затоа се што е од Кинеско, особено ако е нешто петпарачно, без разлика дали е од eBay или не, отварам и прелемувам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 20.02.2019, Wednesday, 07:34:43
Има и вакви битови

Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=2259
(http://www.mediafire.com/convkey/d1f4/45of80043aoblvnzg.jpg)

за длабоките дупки, ако ти е кус алатот да не бараш од комшијата подолг :D
Има и на нет, само ме мрзи да барам во моментов,ваљда се нешто long bit, long extendion bit...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 20.02.2019, Wednesday, 07:38:39
Нема потреба да се меша комшијата.
Code: [Select]
https://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_trksid=p2380057.m570.l1311.R3.TR11.TRC1.A0.H0.Xlong+scre.TRS0&_nkw=long+screwdriver+bits&_sacat=0
Комшифката може ако и треба подолг алат  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 20.02.2019, Wednesday, 07:46:51
Одлично, да не се избрукаме пред комшивката, па да не и го поправиме миксерот :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.02.2019, Saturday, 19:46:55
Има некој идеја како да ги барам врвовите за Solomon SL-1 рачките на eBay? Знам дека под секакви OEM имиња се продаваат, лемните станици и рачките, ама никако не можам да најдам врвови за нив од Кинезиве ???. Станува збор за вакви врвови, можно е само да се подолги по должина врвовите (овие се кратки, имаше и SL-1 верзии со пократки греачи).

(http://www.mediafire.com/convkey/751e/b52f6r0bvbq63z6zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 23.02.2019, Saturday, 19:54:42
ех и јас ги барав, но најдов некои што се 5+ усд комад, не најдов соодветно ништо, а во алфа се 110 денари, па за 4-5 комада се исплаќа поштарина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 28.02.2019, Thursday, 22:31:40
Што мислите исти се сијалициве, конкретно за уб лепак ми треба
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283328981276
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/132911598149
Koj UV лепак го користиш, ако може линк.
Гледам ги има различни кај китајците.

Јас овој го земав и имам убаво искуство со него.
Code: [Select]
https://www.fasttech.com/p/9643428
(http://www.mediafire.com/convkey/bb61/9klcc6gs4vkj1jizg.jpg)

Има и поголеми пакувања во тубички од 50g, но и различни модели и ознаки, вероватно која е тврдоќата кога ќе се стврдне (претпоставувам).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.03.2019, Friday, 02:20:08
Истиот, само од ибеј.
Овај останува некако мек и еластичен, може има друга намена
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163436565936
(http://www.mediafire.com/convkey/2ada/vupqgta6ayxsugszg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 01.03.2019, Friday, 16:13:36
И ова не е лошо, јес да е малку поскапо но со него доаѓа и UV светилка.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32899109652.html
(http://www.mediafire.com/convkey/fcd3/4t9eybzbpydkfflzg.jpg)

Не можам да им го најдам редот, има K-3181, K-303, K-300. Е сега кој е што.
Генерално врши многу работа. Не знам колку може да стое лепакот во тубата прад да го изгубе својството (затоа и тубата е црна за да не има надворешно светлосно влијание).

@bicikle
Каква UV лампа зеде или уште импровизираш, оваа кај мене што го имам Uv светло како прврзок којзнае колку ќе издржат батериите.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 01.03.2019, Friday, 19:24:57
Кога се работи со микроконтролери се топло добредојдени  :D

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32636020144.html
(http://www.mediafire.com/convkey/e475/5vat71rv8b2743xzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.03.2019, Friday, 20:05:35
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/132911598149
(http://www.mediafire.com/convkey/cde1/t2ltwof627kb44jzg.jpg)

користи 3х ААА батерии  можеш и со една 18650 да најдеш
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 01.03.2019, Friday, 20:06:31
Кога се работи со микроконтролери се топло добредојдени  :D

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32636020144.html

Според мене овие отпорници се подобра зделка:
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/261374861457
(http://www.mediafire.com/convkey/4cd5/58ja4c9g73kln41zg.jpg)

или еве поефтино со 600 отпорника

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/362091092011
(http://www.mediafire.com/convkey/516d/81nl6casfz5c2e2zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 01.03.2019, Friday, 23:09:40
можеш и со една 18650 да најдеш
Дали знаеш која е разликата кај овие UV светилки меѓу 365nm и 395nm?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 01.03.2019, Friday, 23:27:43
Мене не ми е јасно зошто воопшто купувате отпорници ???... на толку фурда околу нас, да купувам отпорници ???... па тоа барем го има во скоро неограничени количини :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 01.03.2019, Friday, 23:49:23
@GigaWatt
Нежни им се прстенцата, не сакат да си ги горат чат-пат. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 02.03.2019, Saturday, 02:20:53
Искрено, би разбрал за некои ретки вредности или комплет некој со 1% толеранција... да, тоа би било корисно ;). Или комплет од отпорници со 5% толеранција, ама 5W-ни, да, и такво нешто би земал... ама од 0.25W ???. Навистина секаде ги има ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 07:57:38
можеш и со една 18650 да најдеш
Дали знаеш која е разликата кај овие UV светилки меѓу 365nm и 395nm?
Кој се 365 кој се 395nm? За лепак би требало да работат двете.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.03.2019, Saturday, 11:48:29
Ако се работи за еден два отпорника одврмене навреме не е проблем да ги извадиш, но да изгубиш неколку саати за ваденје на отпорници кои вредат 2 долари не се исплакја.
Со цените на отпорниците во денешно време,  ако ги вадиш од уреди ке потрошиш повеке пари за струја отколку да ги купишод интернет.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 02.03.2019, Saturday, 12:08:58
Еден отпорник е денар кај нас да го купиш, во комплетите од ибеј излегува уште помалку, така да воглавно користам нови, неколку комплети со различни вредости отприлика ги покриваат сите потреби.
Иначе имам и вадени, за дополна ако моментално ми фали некоја вредност... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 12:37:28
Кај се гледа број на нарачка на ибеј? Одам во контакт селер, ми вели внеси број на нарачка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 02.03.2019, Saturday, 13:54:28
bicikle
незнам каков е тој број, package Quantity или Item number ? 
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 14:01:35
Item number
Работите ги порачав од ибеј, и не стигнаа за 60 дена, појдов во „контакт селер“, пишуваше демек има фора до март. Отварам деновиве вели „This user is no longer registered on eBay.“ и ми дава опција да внесам некој број.Единиот број што го имам на пратката ми вели не е валиден.
ваљда ова 292798250232  е тој број, ама ми вели не е валиден... е сега чаре ? да им пишам на пепал или на ибеј...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 02.03.2019, Saturday, 15:22:32
Киднал продавачот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 15:29:31
Нека и вратит парите па нека крши глта
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 02.03.2019, Saturday, 15:30:34
пробај отвори case преку paypal од таму секогаш барем до сега ми имаат вратено парите.
Имав купуено бормашина Макита за 20$ (лажен оглас) не стигна преку ебау продавачот го немаше нигде да ми одговори порака за рефунд и од paypal ми ги вратија.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 16:00:09
може инструкции ? кога ќе кликнам  eBay Resolution Center ме препраќа на ибеј. Мада тука им пишав дека не сум добил ништо.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.03.2019, Saturday, 16:53:52
На ebay кога ке отвориш постапка во Resolution Center и ке избереш дека не си ја добил порачката ги вади сите порачки кои ги имаш направено и можеш да избереш за која порачка ке се жалиш.таму ги има и порачките од продавачи кои веќе не се регистрирани.
после направената поплака може да ја ескалираш процедурата до ebay  посебно бидејки продавачот не постои повеќе.
За на paypal оди во help горе десно ке видиш Resolution Center таму ке избереш за кој производ се работи им има копче на средината report a problem  ке те одведе на страната со трансакции и ке избереш за која се работи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 19:32:48
Тамо ми дава да му пишам порака на продавачот, пишав, па да почекам а ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 02.03.2019, Saturday, 19:41:21
Отвори си го PP акаунтот и најди ја трансакцијата,  од таму одвори си спор.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.03.2019, Saturday, 19:50:47
Ако си пишал на продавачот почекај има рок за кој треба да одговори  продавачот ако не одговори за тој период можеда ја ескалираш постапката  на ebay, па да  одлучи ebay.
проба ли и преку PayPal?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 02.03.2019, Saturday, 20:34:13
можеш и со една 18650 да најдеш
Дали знаеш која е разликата кај овие UV светилки меѓу 365nm и 395nm?
Кој се 365 кој се 395nm? За лепак би требало да работат двете.
Најдов не едно место каде што за овој лепак вели:
220-260nm light source helps surface cure
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 02.03.2019, Saturday, 20:40:54
bicikle На paypal страната одиш Summary и ќе видиш More about your account -> ќе одиш Resolve a problem in our Resolution Center па потоа Report a Problem потоа не знам ама сигурно ќе се снајдеш треба најверојатно да има Open a Dispute немам отворено Dispute одамна не ми текнува како беше не отидов понатаму за да не отворам ненамерно dispute на пратката па после ако не стигне да ми праат проблеми.

(https://i.postimg.cc/V6zc9Hmk/bneyaJ4.png)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 21:19:18
Пишав во тоа резулушан центар, демек на продавачот... и на ибеј пишав... Више не знам кај да се обратам, више пукнав :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 02.03.2019, Saturday, 21:22:53
Чим го нема продавачот само преку пејпал.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.03.2019, Saturday, 21:37:40
 Дали од ebay  ти одговориа?
Без разлика дали е сеуште регистриран продавачот или не доколку можеш да отвориш постапка преку ebay они ке ја разгледаат и ке ти одговорат. треба неколку денови.
кога ке ја отвориш постапката ти праќаат писмо дека си покренал постапка против одреден продавач и дека тој има право да одговори за одредено време после тој период ке преземат они.
На peypal можеш за рок од 180 денови да покренеш поплака
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 21:44:18
Чим го нема продавачот само преку пејпал.
да ама пејпал ме препраќа кај продавачот демек на меил ќе го контактирале.

Др-мр денес им пишав...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 02.03.2019, Saturday, 21:51:25
Тогаш чекај да мине тој период каде што продавачот треба да се изјасни, ако не се изјасни тогаш по автоматизам добиваш рефунд.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 22:15:22
Top :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.03.2019, Saturday, 22:22:37
По4екај да ти одговорат мислам дека е 7 дена но пишува и во повратната порака откако ке покренеш постапка.
На paypal имаш опција да избереш да отвориш поплака преку ebay, ако избереш некоја трансакција ти дава опција да отвориш поплаика преку ebay resolution center.
Да отвориш поплка дирекно кај paypal оди во help  имаш на десната страна горе resolution center
(https://i.postimg.cc/NsVFPyc8/1k9Y714.png) 

кликни на него ке ти отвори страна со копче на средината на страната
(https://i.postimg.cc/dqV0sRQm/Y9cexm6.png)

report a problem кога ке кликнеш на него ке ти ги даде направените трансакции и ке избереш за која сакаш да отвориш постапка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.03.2019, Saturday, 22:56:15
Па и да вратат сигурно ќе биде во моја корист.... Ако не вратиз за 7 дена пак ќе пискам :)
п.с. Да де тука и на ибеј го репортирав проблемот, па ќе видам дали ќе кажат нешто, ако не ваљда по афтоматизам рефаунд.
П.п.с им пишав и ескалејт
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.03.2019, Sunday, 05:53:00
Ако се работи за еден два отпорника одврмене навреме не е проблем да ги извадиш, но да изгубиш неколку саати за ваденје на отпорници кои вредат 2 долари не се исплакја.
Со цените на отпорниците во денешно време,  ако ги вадиш од уреди ке потрошиш повеке пари за струја отколку да ги купишод интернет.

Се согласувам, но веќе кога вадам се, од плочката, ќе ги извадам и нив ;).

А освен тоа, мене отпорникот не ми треба по еден месец или два, ми треба сега.

Во секој случај, да, би нарачал отпорници со 1% толеранција, тоа немам и да, се исплати да се нарача цела палета таква од 0.25W ;).

Тамо ми дава да му пишам порака на продавачот, пишав, па да почекам а ?

Да. Ако не ти врати за 5 дена (таква мислам дека беше политиката), од eBay ќе ти пратат потсетник со прашање „дали сакаш eBay да се инволвира во проблемот“, ќе одговориш „да“ и ќе ја елаборираш причината. Парите ги враќаат за максимум 2 дена (мене барем не ми се има случено да чекам повеќе од 2 дена), иако најчесто, барем во ваква јасна ситуација (продавачот никаде го нема), парите ги враќаат за неколку часа.

Еднаш покренав case преку PayPal... не знам што финта направи продавачот, на крајот излезе дека јас сум виновен ???. Нешто беше финта со ненавремено одговарање на case-от... не знам што точно направи, како и да е, го изгубив case-от и затоа веќе не покревам case преку PayPal.

Ако си пишал на продавачот почекај има рок за кој треба да одговори  продавачот ако не одговори за тој период можеда ја ескалираш постапката  на ebay, па да  одлучи ebay.

Да, ќе почекаш некој ден ако постапката ја ескалираш до тоа да се инволвира eBay во неа ;), но секогаш ги враќаат парите ;).

Пишав во тоа резулушан центар, демек на продавачот... и на ибеј пишав... Више не знам кај да се обратам, више пукнав :)

Не треба на две места да отвораш. Ова го имам прочитано неколку пати на форумот на eBay... не знам зошто, најверојатно бидејќи се два посебни системи, па ако ти ги вратат парите од едно место, можно е и од другото да ги вратат пак ако донесат одлука во твоја полза, па на крајот да завршиш со двојна сума ;D. Не дека ќе ти се слоши од вишок пари, ама не сакаат вакви работи ни од страната на eBay, ни од страната на PayPal.

Јас би затворил еден од case-овите. Кој... ти одлучи си. Јас би за тој на PayPal.

Чим го нема продавачот само преку пејпал.

Нема везе... мене ми имаат вратено пари преку eBay, а продавачот беше fake (му го имаа избришано account-от на eBay од нивна страна по поплака на купувачи дека е fake). Само што мораше да почекам едно недела или две за да ми ги вратат парите, толку, на крајот ми ги вратија ;).

Артиклот сеуште стои во purchase history ако треба да го бираш преку resolution center. Тоа е најважно. Ако стои и ако може да покренеш case, нема од што да се плашиш, кога тогаш ќе се реши случајот ;).

Без разлика дали е сеуште регистриран продавачот или не доколку можеш да отвориш постапка преку ebay они ке ја разгледаат и ке ти одговорат. треба неколку денови.

Да, само треба време да помине, ништо повеќе ;). Тоа е ticket систем. Кога ќе дојде твојот ticket на ред, ќе биде решен ;).

Тогаш чекај да мине тој период каде што продавачот треба да се изјасни, ако не се изјасни тогаш по автоматизам добиваш рефунд.

Токму така ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 03.03.2019, Sunday, 08:23:22
Се случувало и од "избришани" продавачи да ми стигнат пратки, ама овде едната пратка нема тракинг, другата има неклј безвеза тракинг, а едната ми пром'кнала од евиденција и не сум ја зел, а господава од пошта меѓувреме не ми пратиле картонче дека имам пратка, али се надевам дека продавачот ќе ја препрати повторно па пвај пат нема да ми избега или барем да ме рефундира, али за тој случај контактирав само со продавачот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 03.03.2019, Sunday, 13:06:08
Ако продавачот не е повеке регистриран на ebay не значи дека пратката нема да стигне.
Доколку продавачот не е повеке регистриран на ebay и пакетот нема број за следење, ebay побрзо ги решаваат проблемите, обично со враќање на парите назад бидејки продавачот неможе да се контактира.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 05.03.2019, Tuesday, 05:19:05
Code: [Select]
https://www.fasttech.com/p/8717300  ете ги истите по упола цена ама се стори :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 05.03.2019, Tuesday, 16:18:10
@bicikle
Па и не мора да значи дека се исти, колку само клонери има во кина никој не знае.
btw ... Овие од FT со кои мислеш дека се исти, постави линк?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 05.03.2019, Tuesday, 16:46:40
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/263986388144
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 05.03.2019, Tuesday, 17:06:59
Да, вероватно се истите и навистина на FT се најевтини мада FT за вакви работи се малку скапџии во однос на ибеј и али.
:)
Не знам само каков е квалитетот!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 05.03.2019, Tuesday, 18:42:50
И јас така мислев, ама треба да се провери. Ако се добри штрафовите немаат зорт. за 6-7 усд се топ.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: najdo on 05.03.2019, Tuesday, 19:01:44
Дали има некој искуство околу квалитетот на делови (од Aliexpress) за мобилен, поточно се работи за Samsung galaxy S4 mini, звучникот многу тивок звук вади па треба да се смени. На сервис барат 600ки за смена, додека на aliexpress е 120 ден и да си го сменам сам. Е сега треба да чекам 50 дена дури да стигни, дали се исплаќа или не, па ко ќе стигни да не неработи или слично, па пак на сервис да го носам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 05.03.2019, Tuesday, 19:18:48
Можно е и нешто друго да е расипано да не е до звучникот. Јас имам еден huawei y300 со тивок звучник. Имам пробано со обичен звучник од ПЦ (само звучникот драјвер) го залемив во телефонот внатре мислев проблемот е до телефонскиот звучник ама не испадна така пак беше тивок звукот. Еднаш имав пуштено песна на плејер во позадина тивко свиреше потоа уклучив една апликација Smart Tools да мерам јачината на звукот во dB ја отварам и што да слушнам звукот се појачува при мерењето околу 100dB беше.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 05.03.2019, Tuesday, 19:35:53
Ако ти дадат оригинал звучник ок е 600 денара, а кинескиот како ќе се погоди. Претежно се задоволителни, али има разлика од оригинал .
Стакло за самсунг, оригиналот шајка да коваш ќе се искриви, кинеското со чврга сол ќе се направи... Али даваат слика двете.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 05.03.2019, Tuesday, 19:40:43
Ако знаеш сам да си го смениш ризикувај 120 денари, ако не тогаш спреми си 600 денари и трк до мобилара. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: najdo on 05.03.2019, Tuesday, 19:57:10
Не ми се верва оргинал да е, ама ќе прашам, ако кажат. Иначе за да се смени лесно и едноставно е на овој тип на телефон.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 05.03.2019, Tuesday, 22:40:41
Јас имав samsung galaxy s4 не мини имаше проблем сои звукот многу слабо се слушаше кога разговарам, излезе дека проблемот е сосема друг (дефектна плоча) а не звучникот.
120 ден не се мнугу , можеш да ризикуваш ако имаш време за чекање, многу се големми шансите звучникот што ти го нудат тука 600денари да е порачан од ebay aliexpress или некоја друга страназа 120 ден или помалку.
Ако ти гарантираат дека телефонот ке работи како што треба, и мислиш дека s4 mini  вреди попрафка од 10 евра тогаш тука ти е побрза и подобра опција.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 06.03.2019, Wednesday, 14:21:34
Transistor Tester Triode Capacitance ESR Meter

(http://www.mediafire.com/convkey/cd80/j26n6009qb286jgzg.jpg)
120uF 400V е кондензаторот.

(http://www.mediafire.com/convkey/839d/s4c2zg24d8gtahrzg.jpg)
N-mosfet 2SK3568

(http://www.mediafire.com/convkey/a0b1/lrc912ors9ofmpdzg.jpg)

еве слика од бројот за следење горниот LAODD...кој што ми го даде продавачот кај нас му додаваат нов број тој со RT...  две букви од напред и 2 од позади мора да бил за да се следи на страницата на нашава пошта а ако е со повеќе може да се следи на други страници но само до самиот влез на пратката во мк.

(https://i.postimg.cc/05ZrQQ0X/pSp08U9.png)

(https://i.postimg.cc/jSnjZh0B/mFfo40M.png)

од МК ПОШТА
update:
(http://www.mediafire.com/convkey/85e2/m76m0d7abgbzl2izg.jpg)
wow лемов за позадинското светло, смд-то се ок.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 06.03.2019, Wednesday, 17:57:29
Од која продавница го зеде тестерот и колку доларчиња? :)
Да те служи убаво и долго. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 06.03.2019, Wednesday, 18:47:00
Фала чим прашуваш и ти да си купиш и да ти стигне на време исправно.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/152116407312
(http://www.mediafire.com/convkey/767f/3sop4cuqbgh14vezg.jpg)

баш ова го купив стигна за околу 3 недели.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.03.2019, Thursday, 13:55:34
..еве слика од бројот за следење горниот LAODD...кој што ми го даде продавачот кај нас му додаваат нов број тој со RT...  две букви од напред и 2 од позади мора да бил за да се следи на страницата на нашава пошта а ако е со повеќе може да се следи на други страници но само до самиот влез на пратката во мк...

Се ова во ред но на кој начин јас ќе го откријам македонскиот број за да можам да го следам, многу ми е глупо вака
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 07.03.2019, Thursday, 15:06:39
Не знам планирав следната недела да одам до пошта ако не ми стигнеше дома пратката. За некоја наредна пратка ќе одам до пошта ќе ги прашам па ќе направам апдејт.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.03.2019, Friday, 00:54:23
Се ова во ред но на кој начин јас ќе го откријам македонскиот број за да можам да го следам, многу ми е глупо вака

Не мислам дека е Македонски, мислам дека е Европски, откако ќе влезе во Европа пратката, тој се додава.

Околу M-Tester-от (мислам дека така се викаше, тоа го испишува на екранот кога ќе се запали уредот), одлично уредче е ;). За неколку долари имаш многу добар тестер ;). Имам нарачано два, ама уште ниеден немам ставено во функција :-\. Треба кутиички да им направам. Во секој случај, дефинитивно се исплати за парите ;). Инаку, софтерот и хардверот го има развиено некој Германец и го има online, бесплатен е ;), ама Кинезиве, лева рака, десен џеб и штанцај плочки ;D. Ако, не е проблем, барем е евтин ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.03.2019, Saturday, 00:53:01
Вака сега, не знам дали ќе се најде некој доволно маж да ми направи една услуга.

Не знам колку пати го нарачувам ова од eBay и од не знам колку различи продавачи (ги проверував трансакциите на PayPal, не е ист продавач под различни кориснички имиња, различни продавачи беа, значи на различни места плаќав) и со сите имаше некој проблем... едни бараа плус пари за shipping, ај, последниот пат и тоа платив, ама на крајот, пак работата не се завршуваше - сите пишуваа дека пратките им ги враќале од пошта со изговор дека ова не може да се прати таму. И тоа не тука, туку веднаш, по само неколку дена откако сум го нарачал, значи уште додека е на нивна страна ја одбиваат пратката ???.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273750503208
(http://www.mediafire.com/convkey/ab5c/9s1yk0h66f9m1f8zg.jpg)

Пишав „доволно маж“ бидејќи ми треба следната услуга. Ми треба некој да проба да го нарача, па ако пројде, кога ќе стигне, кај и да стигне, ќе си платам карго, ќе дојдам да го земам, од кај треба, како и да треба, не е проблем ;). Ќе префрлам пари колку што ќе кажете на PayPal за да пробате да го купите, ако успее, супер, ако не... ако може, вратете ми ги парите, ако не, со среќа да си ги трошите :P :D.

Не можам да најдам вакво нешто кај нас, инаку ќе си купев од тука, ама немам видено, а многу практично е, барем според мене ;). Може и сам да си направам, имам гледано еден куп туториали на YouTube за вакво да си направам, ама искрено, немам ни нерви ни време.

Отворен сум и за други предлози... ако некој има :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 09.03.2019, Saturday, 01:22:10
Вакво исто или многу слично на времето гледав во Хубо.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.03.2019, Saturday, 01:30:26
Хммм... можеби имало, ама сега сум барал, не сум наишол на вакво нешто :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.03.2019, Saturday, 02:08:49
Некој странство да имаш? Па да ти го донесат камионџииве за 15-20 евра.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: tanatos on 09.03.2019, Saturday, 08:52:30
Имаш вакви скоро сегде, но ако веќе купуваш, купи некој попквалитетен со помалку луфта. Имаш прилично солидни од Woltcraft во Фамод. Јас на времето го купив околу 2500 денари.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.03.2019, Saturday, 10:15:29
Каде тоа скоро секаде ???. Дајте локации, каде би можел да купам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 09.03.2019, Saturday, 10:37:57
Еве едно не знам кој квалитет е го немам видено лично
Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=114&product_id=437(http://www.mediafire.com/convkey/dc04/2gc3ddrw02d3829zg.jpg)
Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=114&product_id=436еве уште едно за поголеми шмишајбни.
(http://www.mediafire.com/convkey/8267/i4y6yvz8kn8383bzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: tanatos on 09.03.2019, Saturday, 13:09:29
Се јавив во Фамод, моментално немаат на лагер, очекуваат за една недела, но според нивно инфо, треба да има на лагер во Хубо околу 1800 денари (Фамод е увозник).
Шифра 5019000

Code: [Select]
http://www.wolfcraft.com/en/products/p/cutting_stands/1_cutting_stand/s/p/index.html
(http://www.mediafire.com/convkey/6ae5/cq85whk023999luzg.jpg)

Code: [Select]
https://www.amazon.co.uk/Wolfcraft-5019000-Angle-Grinder-Stand/dp/B000P3DX6K
(http://www.mediafire.com/convkey/43db/1cyru68te9k4prrzg.jpg)

Користам и Extol алати, но за ова сепак моја препорака е Wolfcraft.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.03.2019, Monday, 08:53:14
Благодарам за информациите ;). Ќе проверам во Хубо, ако има, ќе пишам ;)... и ќе си купам, се разбира :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.03.2019, Wednesday, 16:18:18
Земав од Хубо ;). 1600 денари е Extol, Wolfcraft е 2600, така да, се одлучив за Extol.

Инаку, буквално исто изгледа како на сликата од линкот за Wolfcraft.

(http://www.mediafire.com/convkey/6ae5/cq85whk023999luzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.03.2019, Wednesday, 16:33:55
Со убаво да си сечеш под агол. :)
Честито нека е. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: tanatos on 13.03.2019, Wednesday, 17:38:49
Честито
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 13.03.2019, Wednesday, 19:32:50
Добро е и за  кашкавал  и салама сечење , под агол! 8) ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.03.2019, Wednesday, 23:26:42
Добро е и за  кашкавал  и салама сечење , под агол! 8) ;D

Ќе треба да се навикнам малку, до вчера сечев со моторна пила ;D.

Благодарам и да си купите баш вертикални циркулари (како и да се викаат :P) сите ;).

Да бидам искрен, не верувам дека се прескапи во денешно време, но тие сите се поголеми од овој адаптеров. На крај, пресуден беше просторот :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 13.03.2019, Wednesday, 23:33:03
Добар е секој алат кој ке гокупиш.Се наоѓа.Ние во МК сме махери еден алат да се употреби на места каде другите не ни сонуваат! :o ;D ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 14.03.2019, Thursday, 00:20:08
...вертикални циркулари (како и да се викаат)...

Гер се вика тоа... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.03.2019, Thursday, 11:39:50
Да бе, така се викаше ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: najdo on 14.03.2019, Thursday, 15:04:39
Дали си задоволен. како сечи под 45 степени ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 14.03.2019, Thursday, 20:08:16
Со арно да си делкаш :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 14.03.2019, Thursday, 22:30:47
ако сака некој имам исто такво за 500ки ке му го дадам само да го мавнам од гаража, место ми фаќа за џабе...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: batka on 14.03.2019, Thursday, 22:35:17
Giga, реагирај човече! Еве ти прилика! 8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.03.2019, Thursday, 23:20:02
Дали си задоволен. како сечи под 45 степени ?

Уште немам пробано, само под 90 степени пробав, одлично сече ;).

Ако те интересира, ќе пробам некој од наредниве денови, па ќе пишам ;).

ако сака некој имам исто такво за 500ки ке му го дадам само да го мавнам од гаража, место ми фаќа за џабе...

Кај беше ти бе пред една недела ??? >:(.

Да прашам некој колега... ако е заинтересиран. Јас за мене си купив.

Giga, реагирај човече! Еве ти прилика! 8)

Што јас ???... Bojan го нема да се јави на време ::).

Па биваше ли бе Bojan баш буквално два дена откако го купив да пишеш ::). Па барем една недела да беше, да не ми биде криво ::) :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bumbar on 15.03.2019, Friday, 10:39:07
..Bojan...Ај, прати ми фото од машинчето во пораки, да го купам ако е се во ред....
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Bojan on 24.03.2019, Sunday, 15:16:23
Гига те барав на телефон ама те немаше :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.03.2019, Monday, 02:49:10
Видов... ама заборавив да се јавам откако видов :P :D.

За машинчево ме бараше? Јас веќе купив, ама еве, bumbar е заинтересиран, ако сакаш, пиши му на него ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 25.03.2019, Monday, 21:18:05
На elecrow имате clearance sale, има интересни работи за многу ниска цена разгледајте ги ако ви треба нешто додека имаат на залиха XD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 25.03.2019, Monday, 21:50:00
На checkout преку 
Freight collect
 Shipped by customer's express account $0.00 може до кај нас да стигне ? или мора
Select Shipping Method
 Registered Airmail $7.50
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 26.03.2019, Tuesday, 09:12:00
Registered airmail, другото е ако имаш DHL или Fedex акаунт ќе може да помини курир кај нов да ја подигни пратката
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 06.04.2019, Saturday, 18:09:17
сте купиле нешто деновиве од ибеј ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 06.04.2019, Saturday, 18:12:23
Јас не.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 06.04.2019, Saturday, 20:35:27
Здраво на сите и се надевам дека не го поставувам прашањето во погрешна тема.
Дали имате нарачувано од францускиот амазон и за колку време стигнуваат производите? Царинат нешто нашиве ако е од таму купен некој производ или тоа нема врска?

Поточно за овој производ станува збор, а ако има некоја слична опција кај нас слободно споделете:
Code: [Select]
https://www.amazon.fr/Intelligente-Connect%C3%A9e-Fonctionnant-T%C3%A9l%C3%A9commande-Application/dp/B07G9YM3LZ
(http://www.mediafire.com/convkey/80db/pt5v5hma1a4415fzg.jpg)

Фала! :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 06.04.2019, Saturday, 21:10:32
Од amazon.fr не сум порачвал но  би требало да биде исто како од било кој друг европск webshop.
Времето на присигнување зависи од многу фактори, царинењето на поризводот во Македониа зависи од писменоста и расположението на царинарникот.
Code: [Select]
http://customs.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mkНа линкот има до која сума и што се наплаќа, но тоа важи само доколку царинарникот е писмен и културен/професионален работник што кај нас .....
Мора ли да биде од  amazon.fr, истиод уред по слична цена го има и на  ebay, banggood и на уште неколку други страни.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 06.04.2019, Saturday, 23:35:54
Фала за инфо. Побарав на бенгуд и го најдов таму, дури поефтин.  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 07.04.2019, Sunday, 00:29:04
На ибеј ќе го најдеш и за $12.26.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2019, Sunday, 01:57:34
На ибеј ќе го најдеш и за $12.26.

Баш така ;).

Го најдов и за $10.58 :P ;D.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183625931289
(http://www.mediafire.com/convkey/1756/1jtq7b2h4jf4y32zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 07.04.2019, Sunday, 07:12:43
Добро утро и благодарам за инфо.

Едниот смарт уред е за појаки апарати и работи на Max.3680W (16A), а другиот што е поефтин на ибеј е Max Wattage: 2200 watts (10А).
Мене за бојлер од купатило ми треба. Грејачите се околу 2kw ама некако појакиот делува и подобар пошто има посредена апликација за менаџирање. Другите модели би можел да ги земам во предвид евентуално за сијалици пошто тешко да ги соберам дури сите од дома да бидат повеќе од 2kw, башка целата расвета ја имам на LED.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 07.04.2019, Sunday, 11:54:46
Знаеш дека кинеските вати се дупло помали од нашите... ;)
Шала на страна, не верувам дека вака како што е долго ќе работи со 2kW греач од бојлер, ја би додал контактор или некое моќно реле за да го вклучува греачот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2019, Sunday, 16:43:34
Мене за бојлер од купатило ми треба. Грејачите се околу 2kw ама некако појакиот делува и подобар пошто има посредена апликација за менаџирање.

А каде е дадена апликацијата за менаџирање ???. Јас не ја видов на линкот од eBay.

Побарав online, ќе да ја користи оваа апликација.

Code: [Select]
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.coolkit&hl=en
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 07.04.2019, Sunday, 17:37:17
Пишува дека со smartlife app може да се контролира паметниот штек. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 07.04.2019, Sunday, 19:57:32
Деновиве ништо немам купено од ибеј а и нема затоа што не ми се чека за Велигден ако ми се помешаат пратките да има некакво доцнење.

(https://i.imgur.com/XSTeFAr.png)
Горната нарачка тешко да стигне :/ Ќе почекам уште 2 недели па ќе видам што ќе правам.
Иначе е лед стрип кит за монитор претходно имам купено за околу 150ден. но лентите беа само завиткани во најлон ќесе беа искривени и во едната лента како да имаше прекин неколку лед диоди губеа контакт при виткање на лентата но убаво ја залепив во мониторот и проработија. А овој лед стрип кит е со иста димензија но ме чинеше 210ден па да видам дали поубаво ќе биде спакуван ако стигне.

За долната нарачка  "In Transit, Item Posted Over The Counter to Macedonia" "In Transit, Item Sent to Macedonia"
тоа значи дека сега патува за Македонија ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 07.04.2019, Sunday, 20:19:28
Мене за бојлер од купатило ми треба. Грејачите се околу 2kw ама некако појакиот делува и подобар пошто има посредена апликација за менаџирање.

А каде е дадена апликацијата за менаџирање ???. Јас не ја видов на линкот од eBay.

Побарав online, ќе да ја користи оваа апликација.

Code: [Select]
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.coolkit&hl=en
Доле има два таба. Едниот е Description, другиот е Shipping and payments
Во Description е наведено App name: Wemos

Друга апликација со ова име не најдов:
Code: [Select]
https://play.google.com/store/apps/details?id=mbojer.wemosdimmer
Пишува дека со smartlife app може да се контролира паметниот штек. :)
За кој штекер се однесува ова?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 07.04.2019, Sunday, 20:29:18
Quote
За кој штекер се однесува ова?

За Oukitel 3680W 16A
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 07.04.2019, Sunday, 21:23:25
сте купиле нешто деновиве од ибеј ?

Да еден куп работи, зошто ?

А да и кинезите беа на одмор минативе неколку дена поради Qingming Festival
така ми кажа барем соработникот од кина
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 07.04.2019, Sunday, 23:13:58
Пред два дена велеше acess denied кога ќе кликнам buy, но се оправи... Мислев до мене е...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 07.04.2019, Sunday, 23:25:29
Дaли некoј имa прoблем сo прием нa прaтките oд Мaкедoнски пoшти? Oд пред месец денa имaм пoрaчaнo 6 рaбoти и дo сегa ништo немa стигнaтo:(
Дaли е прoблемoт тoa штo истите се aдресирaни дo Мaкедoнијa a не сo нoвoтo име ?
Нa 17track ми пoкaжувa декa се трaнзит и дaтумoт нa aжурирaње е oд пред месец денa.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2019, Sunday, 23:28:01
Доле има два таба. Едниот е Description, другиот е Shipping and payments
Во Description е наведено App name: Wemos

Друга апликација со ова име не најдов:
Code: [Select]
https://play.google.com/store/apps/details?id=mbojer.wemosdimmer

Е да, ама тоа не е на сликите од продавачот :-\.

(http://www.mediafire.com/convkey/bfd3/l3lns6kuwys69fjzg.jpg)

Освен тоа, таа апликација од која имаш ставено линк (Wemos) е апикација само за димер. Колку што видов нема On/Off функција, а генерално, тебе за тоа ти треба, не ти треба да биде димер... иако, да бидам искрен, не е лошо да го има како опција, но примарно треба да биде прекинувањето, а не димерот ???... што очигледно не е логика која Кинезиве ја применуваат ::)... има опција за димување, но не и опција за On/Off ::). Ц ц ц ц ц... што се не ќе видиш ;D.

Искрено, од моето досегашно искуство со Кинезиве, во 80% од случаите не ни знаат што продаваат. Земи го истиот овој производ и провери кај некој друг продавач, ќе видиш дека некоја друга апликација пишува ;D.

Еве, прост пример. Овој дури и поевтин е, тие со EU plug се $10.04 ;D.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/332821345476
(http://www.mediafire.com/convkey/104e/k1fbjygkbbhf0fxzg.jpg)

Тука пишува дека работи со онаа која јас ја наведов (eWeLink).

Quote
The App eWeLink enables you to control your devices easily. You can download the iOS version in App Store and the Android version in Google Play.

А можно е да работи и со плеада на апликации, кој знае... имаше нели на оној од кој ти имаш ставено линк "Amazon Alexa", "Google Smart Home"... можно е и со нив да работи, кој знае ;).

@Mkdsime: Искрено, се откажав од гледање на такви работи (транзит, манзит). Ако стигне, ОК, ако не, враќај парите назад. Не можам да се замарам. Само оваа година имам до сега преку 40 нарачки направено од Кинезиве, ако гледав за сите, кај ќе ми беше крајот :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2019, Sunday, 23:38:30
Дaли некoј имa прoблем сo прием нa прaтките oд Мaкедoнски пoшти? Oд пред месец денa имaм пoрaчaнo 6 рaбoти и дo сегa ништo немa стигнaтo:(

И мене не ми стигнаа едно 10-тина работи нарачани од почетоков на годинава... ништо ново... на кој крај заглавуваат, не знам, а и престанав да се интересирам. Само знам дека ако во рок од два месеци не ми стигне, си ги барам парите назад, чао пријатно ;). Би те посоветувал и ти истото да го правиш. Ако во рок од два месеци не стигнат, прво културно побарај си ги парите назад, ако не сака да ги врати или те мафта, отвори си case ;).

Дaли е прoблемoт тoa штo истите се aдресирaни дo Мaкедoнијa a не сo нoвoтo име ?
Нa 17track ми пoкaжувa декa се трaнзит и дaтумoт нa aжурирaње е oд пред месец денa.

Не, нема везе со новото име. Ако е таква работата, ние званично се водевме како FYROM или FYRО Macedonia, па јас никаде немам пишано дека адресата ми е во државата FYROM или FYRO Macedonia ;). Секаде си ставав Macedonia и немаше проблем ;)... т.е. имаше од време на време, кога не стигаа, ама тоа не беше поради името ;).

И верувај 1 месец не е нешто многу долго време. Мене знаеле да ми стигнат и по 7 недели, некогаш и по повеќе од 2 месеци (зависи каде ќе заглави пратката изгледа ::)). Таква ситуација имав баш сега пред некој месец, нешто по нова година. Имав нарачано некои работи пред нова година (ќе да беше ноември), не стигнаа до јануари и најкултурно си ги побарав парите (кои ги дадоа доброволно, кои на сила ;D, на крајот сите ги вратија ;)), ми ги вратија и сега крај на февруари ми стигнаа тие работи кои доцнеа од ноември ::). Кај заглавиле, појма немам... а и немам намера да се замарам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.04.2019, Sunday, 23:47:58
Пред два дена велеше acess denied кога ќе кликнам buy, но се оправи... Мислев до мене е...

Од време на време има проблеми. Од апликацијата секогаш работи. Затоа и ставив линк од виртуелна машина на која ја има неа инсталирано ;).

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?msg=124346
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.04.2019, Monday, 03:35:47
Ги нарачав овие лепаци.

Овие два се термопроводни лепаци.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/222572435552
(http://www.mediafire.com/convkey/e7a4/qn2q4zhs0jn6b7hzg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/122087537545
(http://www.mediafire.com/convkey/a321/6ekdis7gnma49pmzg.jpg)

Ќе видиме кој е подобар ;).

Овие два се универзални проѕирни лепаци. Пишува дека може да се користат и за кондури, што значи дека би требало до некаде да се еластични, а и као демек добро стегале... ќе видиме ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163188767189
(http://www.mediafire.com/convkey/5c65/j6gh6igh2cxzrnczg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233095008540
(http://www.mediafire.com/convkey/e90c/mx27escczfumupzzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 08.04.2019, Monday, 12:18:35
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 08.04.2019, Monday, 13:29:43
последните 2 ги иимаш во мегамобиле
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.04.2019, Monday, 19:16:13
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....

Да, било кое ладилно тело со било која компонента или друго ладилно тело ;). На крајот станува како силикон, само потврдо ;). Не знам дали си ги забележал оние белине „силикони“ кои ги користат во полначи за лаптопи за да одвојуваат компоненти една од друга (за да не се допираат компонентите). Едвај се вадат, а и кога се вадата, како тврда гума се крши и никако не можеш да го одвоиш од компонентите ::), колку и да пробуваш, не бе секогаш некое делче останува на плочката или компонентите ::). Епа таков лепак е овој ;).

последните 2 ги иимаш во мегамобиле

Хммм... не знаев. Добро, тоа е тоа, јас веќе ги нарачав, така да, тоа е тоа, ќе видиме какви се кога ќе стигнат ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 08.04.2019, Monday, 20:30:58
Аха, сум го видел тој лепак како бела алва :D
Добро јасно е сега, инаку тоа тубиче е многу малецко. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.04.2019, Monday, 23:10:40
Аха, сум го видел тој лепак како бела алва :D

Е да, така некако ;). Мислам и дека некаде имаше и слика на eBay како изгледа... чекај да побарам ;).

Да, еве, во горниот десен агол се гледа ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/05ee/zt8btybfbr0bbv1zg.jpg)

Добро јасно е сега, инаку тоа тубиче е многу малецко. :)

Епа да де, затоа земав 10 ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 08.04.2019, Monday, 23:52:06
Хехе, јас само едно имам и уште не сум го отворил мада целата тубичка е во дебел најлон вакумиран и нема шанси да влезе воздух, нормално додека не се отвори да се употребува.
Инаку го користат и за фиксирање на калеми и изолација на + од маса.
Корисно е ова во секој случај.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.04.2019, Tuesday, 01:42:30
за зацврстување „polygel“, иако е за надградба за нокти, буквално камен се прави, можеш навој да нарежиш во него :)Исто и абро и поксипол се добри двокомпонентни лепаци, а и се прилочно термокондуктивни, крепат високи температури(со 100 целзиуси сигурно) а и добро лепат, е сега гледам некој течен метал редат по процесориве ама цве ми се лини дека ќе се размачка и кај што не треба оти стварно е како вода вискозен, овие се како пластелин/мед и со водена крпа/нож/стапче лесно се обликуваат, само се сушат буквално за 2 минути, додека пак геот за нокти (полигел) се суши или на јака денска светлина или со ув сијалица.
k-300 е ув лепак и се суши доста долго со ув сијалица или пак со тие високонапонски сијалици ( да не речам рентген :) ) и останува еластичен.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 09.04.2019, Tuesday, 02:40:18
Со што би било најдобро да се залепи хитсинк за некое IC?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.04.2019, Tuesday, 03:40:36
Јас би пробал со овие што ги нарачав... инаку, на работа имаме и со супер лепак лепено... не е лошо, проведува топлина, ама колку... не би знаел да кажам. Во секој случај, подобро е отколку ништо, така да, додека стигнат, со супер лепак ќе си лепиме :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.04.2019, Tuesday, 04:35:03
двокомпонентниве се ок, далеку подобри од суперлепак, е сега 8 јадрен процесор нема да ладат :D Ваљда hy910 е најдобар, ама ако не е оптоварено многѕ иц0то двокомпонентниве се солидни.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 09.04.2019, Tuesday, 10:04:01
Двокомпонентните лепаци (епоксид) се во суштина пластика и на топло омекнуваат... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 09.04.2019, Tuesday, 14:55:27
Каде кај нас може да се најде epoxy во канистер?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 09.04.2019, Tuesday, 15:20:05
Треба да пробам со овој белиот STARS-922 (како бела алва) да видам колку ќе држи и колку ќе спроведува топлина накај хитсинкот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.04.2019, Tuesday, 16:30:47
Двокомпонентните лепаци (епоксид) се во суштина пластика и на топло омекнуваат... ;)
греач од кола имав залепено, не пушит :) Смола се + нешто, тие прозирните може да се на пластика,овие метал боја не приметливо може да омекнуваат, а има што се спроводни и повеќе на метал.
@pocttopus бараш од тие за уметност/на кило или... ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: pocttopus on 09.04.2019, Tuesday, 22:13:08
@pocttopus бараш од тие за уметност/на кило или... ?
Да, ќе ми треба и прашок во боја за нив. Треба и од него да барам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.04.2019, Tuesday, 23:18:58
некој шиткаше во те ама 1000-че по кило, ти останува ибеј, алиекспрес... Не знам двокопонентен лак за паркет дали би бркал работа, околу 600-700 ден е литар и е достапен во повеќето бои и лакови. Ако не е истиот.
Овие што се сушат споро помалце меурчиња имаат т.е. тие брзите се сушат сосе меурчиња.

Code: [Select]
https://www.fasttech.com/products/9643439
(http://www.mediafire.com/convkey/efdd/h1bs71tshak787vzg.jpg)

Ја го ова ко ќе се стврднит се прајт буквално камен, така да покрај нокти може да најде и други намени  :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.04.2019, Thursday, 10:05:03
Дали имате некоја друга страна освен  тајда, и LCSC за нарачка на елементи по кинески цени (XD)

Code: [Select]
https://www.taydaelectronics.com
LCSC не праќа повеќе во македонија, последно пред 1 месец ми пристигна пратката и повеќе не праќаат
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 11.04.2019, Thursday, 11:09:09
Јас само ебау поефтино е таму, е сега не се секогаш оригинални деловите. На другиве страници оригинални се ?               
Имав нарачано од ебау IC LM386 аудио засилувач сите 10 комада немаа чист звук и од тогаш не нарачувам аудио засилувачи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 11.04.2019, Thursday, 15:19:56
Како и колку е шипинг од тајда? Некој на кратко да објасни пошто не сум нарачувал од таму. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.04.2019, Thursday, 16:07:33
И јас од eBay купувам компоненти. Евтини се, не барам на 100 места компоненти, ваму за она, онаму за она... се си барам на едно место, eBay ;).

А околу квалитетот... Кинески, се знае ;D. А од тука да ги земете или од некој друг сајт, што мислите, од каде ќе бидат 8)... од Кина е се, џабе барате поквалитетно. Иако, да бидам искрен, и не е баш така лош квалитетот, имам купувано од тука делови, ми се погодиле многу полоши него нарачаниве.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 11.04.2019, Thursday, 16:25:48
Пасивните компоненти од ибеј (отпорници, кондензатори...) се со пристоен квалитет и сосема употребливи. Активните (ИК, транзистори...) скоро секогаш се фалсификати, ама па не се ништо поразлични од тие што ги има по нашите продавници, а се двојно или повеќе поефтини. Сум нарачувал операциски засилувачи, логички кола (CD..., SN... серии) и до сега не сум имал проблеми. Ако сакате оригинални делови се знае, Маузер, Фарнел и сл. За Тајда имам читано дека продаваат исти делови како од ибеј, т.е. кинески копии...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 11.04.2019, Thursday, 16:36:06
Тајда се ок пошто имаат прилично побрз шипинг, до кај 14тина денови, компонентите се ок не можам да речам дека се лоши, можеби малку подобри од кинеските што се на ибеј.
Од LCSC имам купувано atmega328 и се каде каде подобра изработка од овие од ибеј што ги имам, а имам и од digikey атмега кој што тотално е поразличен од сите останати XD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 12.04.2019, Friday, 17:51:41
Во последно време на ebay има многу fake профили и огласи што нудат работи за поефтино.
Порано кога не знаев дека прават така купив Makita батериска бормашина со додатоци за 20$ ја чекав чекав не стигна профилот го имаа избришано но преку PayPal ми ги вратија парите.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 12.04.2019, Friday, 18:33:02
да, пејапал ќе ти врати пари, што се замараш. Мада ќе треба со пејпал да се замараш...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.04.2019, Saturday, 03:41:44
Дури и ако е избришан профилот, пак може да ти ги вратат парите преку eBay ;). Не ми текнува точно како одеше процедурата, но знам дека имав некој fake USB од 128GB нарачано (претпоставував, ама ајде, си викам, да пробам ::)), му го избришаа профилот на продавачот, но продажбата сеуште стоеше на листа на нарачани работи немаше проблем, само што покренав case, по еден ден, веднаш ми ги вратија парите ;).

Штом е избришан профилот на eBay, изгледа веднаш случајот се превзема од страна на eBay и нема посредништво меѓу тебе и продавачот (логично ;)), затоа толку брзо изгледа и реагираа ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 13.04.2019, Saturday, 10:58:13
Еве ти еден таков, види ја цената... ;)
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283447675320
(http://www.mediafire.com/convkey/eaa8/z9fw32s8zry5br7zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 13.04.2019, Saturday, 14:17:08
Треба да го гледате фидбекот на продавачот, видете во последните неколку месеци каков фидбек добивал, посебно негативниот за што го има добиено, и како rule of thumb
 не се купува од селер со помалку од 10000 фидбек XD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.04.2019, Saturday, 17:49:49
Јас обично гледам датум на зачленување, да не биде ептен последниве месец дена зачленет и гледам да има барем 1000 продажби (пожелно 2000 па нагоре). До сега, се немам зезнато ;). На пример, овој од линков на LordZi, член е од 5-ти декември 2018-та... уште го немаат пријавено, изгледа бидејќи не продава нешто што се продава на тони, како fake USB flash мемории :D, затоа изгледа уште е „под радар“, ама ако продаваше нешто такво, за максумум еден месец му го пријавуваат профилот и го бришат ;). Второ, видете му ги цените, сите производи му се $19.99 ;D.

За feedback, џабе гледате, скоро секогаш имаат над 90% ако се legit продавачи ;). Па и fake ако се, секогаш е 100%, другарчињата му лупаат positive feedback ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 17.04.2019, Wednesday, 13:29:25
Да ве известам дека LCSC после длог преговор ја врати Македонија на листата на држави каде што доставуваат.
Ќе се обидам во текот на денот да направам нарачки, а ќе ви сликам и споредба на микроконтролери од ebay и од LCSC
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.04.2019, Wednesday, 19:01:46
Ѓаол... познато ни е, знаеме што купуваме ::).

Ама знаеш што... ич не ми е гајле ;D. Ако работи и ако немам проблеми, искрено, навистина не ми е гајле од каде е. Знам дека на дел од вас ви е пресудно времето на чекање, ама мене електроникава веќе ми отиде во домен на хоби, не ми е проблем да почекам ;).

А за фотографија, да, не би било лошо да видиме, како што рече, чисто за спореба ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 18.04.2019, Thursday, 09:12:38
Еве некоја слика од Атмега328 од Ebay, LCSC, "our great parts dealer" и од DigiKey/ Eurocircuits

Лево на сликата Ebay, десно LCSC

(http://www.mediafire.com/convkey/759a/uhb91w1dzs9yshizg.jpg)

Ebay

(http://www.mediafire.com/convkey/bb3f/ufyp41ugakl54dwzg.jpg)

Горниот е LCSC, долниот Ebay

(http://www.mediafire.com/convkey/d086/045w0zayw25ax1ozg.jpg)

Контролерите набавени од ebay се груба изработка, рапави на површината, овие од LCSC се мазни со подебели линии, подлабок и "болдиран" текст

Подолниве слики се од кинеска и европска фабрика за производство на плочи, иста функција сличен дизајн.

Кинески производител со "great parts distributor"
(http://www.mediafire.com/convkey/7226/4j255av5rq2709ezg.jpg)

Eurocircuits - европски производител
(http://www.mediafire.com/convkey/cc63/wdbv8oq22acn2f2zg.jpg)

Поради тоа што мене ова ми е работа/ професија често ми се потребни оригинали или барем подобри копии на оригиналите.

Со eurocircuits барем знам што добивам, 25 плочи 1700EUR
Кинески производител 25 плочи 380EUR
Во цените се вклучени елементите и assembly
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 18.04.2019, Thursday, 09:46:55
Овие Atmega чипови може да се купат "на кило" од кај кинезиве или не? И како се движат цените? Зборувам само за чипот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 18.04.2019, Thursday, 10:08:58
На мали количини 1,84$ за смд варијантата и 2,5$ за дил
Над 500 1,6$ за смд и 1,57$ за дил верзијата
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 18.04.2019, Thursday, 14:40:10
Стабилноста на микроконтролерите лесно се решава, под услов проблемот да е греење. Мало ладилно тело на залепено со оние термопроводнине лепаци и решен проблем ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.04.2019, Wednesday, 01:39:01
Хммм... интересно. Вреди да се нарача и да се проба ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273783478119
(http://www.mediafire.com/convkey/bb68/3yfefskaw9fw07jzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 24.04.2019, Wednesday, 09:17:30
Ова би функционирало за помали бургии, до кај 2-2,5mm, кај поголемите додека ги остриш треба малце да ги “свиткаш“ со раката, т.е. ивиците треба да им се малце како полукружни, додека овде се фиксни во една позиција... Но за помали бургии би функционирало... ;) Со тоа што и каменот не ми се свиѓа многу, јас би залепил поситна шмиргла околу него.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 24.04.2019, Wednesday, 09:50:15
Ако имаш пристап до 3D принтер може и сам да си дизајнираш вакво нешто.  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 24.04.2019, Wednesday, 10:47:07
А ако немаш пристап а можеш да набавиш STL фајл јас ќе ти испринтам XD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.04.2019, Wednesday, 11:45:27
Со тоа што и каменот не ми се свиѓа многу, јас би залепил поситна шмиргла околу него.

Да, и мене тоа не ми се допадна :-\. Као демек пишуваше diamond, ама не ми изгледа така ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 24.04.2019, Wednesday, 12:10:56
или со едно тоцило за големи бургии...за мали и на хард диск може...ќе си навикните фатка добра и секогаш бургиите ќе ви се бритва без промаш :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.04.2019, Wednesday, 12:55:35
Да, тоа е добро за дома, ама за на терен :-\. Ако бушиш нешто кај некого, што треба, да носам со мене и едно ATX и тоа стругалчето за дискови, па ако случано се скрши некоја бургија, ајдееее, вади ATX-от врзувај со стругалката ;D.

Ова некако ми се виде по практично ;). Ќе го нарачам, ќе пишам какво е ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 24.04.2019, Wednesday, 15:24:48
Као демек пишуваше diamond, ама не ми изгледа така ;D.

Колку што прочитав корунд е, ама во секој случај ми делува прегруб.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.04.2019, Wednesday, 15:48:56
Колку што прочитав корунд е, ама во секој случај ми делува прегруб.

Па на некои други, пишуваше diamond, ама поскапи беа... тие можеби навистина беа од дијаманти ;D.

И мене некако ми делува прегрубо... сега ме премислуваш дали да го нарачувам ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 24.04.2019, Wednesday, 19:51:03
За на терен ке носиш 2/3 исти од најчесто користените бургии и само ке ја замениш доколку се скрши.
Тоа од линкот некако ми изгледа нежно и несигурно, мислам ако малку претиснеш со бургија на каменот за острење пластики ке се разлетаат на сите страни, тоа е само мое мислење.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.04.2019, Thursday, 01:29:48
За на терен ке носиш 2/3 исти од најчесто користените бургии и само ке ја замениш доколку се скрши.

Е да, и ти си во право ;).

Прво те сватив како „две третини“... си помислив „како така 2/3 ???... што сака да каже со ова, да ги кршам ??? :o :D... зошто па баш 2/3 ???... зошто не 1/2 или 3/4 ???“ ;D ;D ;D.

Тоа од линкот некако ми изгледа нежно и несигурно, мислам ако малку претиснеш со бургија на каменот за острење пластики ке се разлетаат на сите страни, тоа е само мое мислење.

И мене не ми изгледа некако "WOW"... мислам, имам гледано и подобри „направии“ (читајте со источно Македонски дијалект ;D) од Кинезивe... ама па не е скапо некако, би ризикувал ;). На крајот на краиштата, ако не чини, секогаш може да си ги вратам парите назад ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 25.04.2019, Thursday, 15:24:13
Печатна грешка мислев 2 или 3 бургии а не 2/3 од една бургија :)
Дали некој има нарачувано network cable tracer од ebay-aliexpress што мислите за нив колку се функционални?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.04.2019, Thursday, 16:16:05
Јас имам нарачано два различни.

Едниот е екстремно прост, само прави проверка на париците и да, вреди за парите (неколку долари беше). На работа, најчесто овој го користиме ако треба само да истестираме кабел ;).

Другиот е далеку покомплициран, со LCD дисплеј е, мери растојание на кабел, кратки споеви во кабелот, на кое растојание од прилика е краткиот спој, кои парици се прекинати или во краток спој и уште некои други работи.

Гледам веќе не го продаваат оној простиот LAN Tester како јас што го имав нарачано. Тој изгледаше вака.

(http://www.mediafire.com/convkey/2bd8/4baey8cgoso0oh9zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/9653/jcyw5jeletkslaqzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/d7de/pl8exv4pi7vhzubzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/ff2b/xz86q21wt5u89rtzg.jpg)

Кај овој добро беше тоа што можеше да се користи и како тестер за телефонски кабли, но и како тестер за USB кабли како за принтери (USB A-Type Male to USB B-Type Male).

Е сега, гледам, овие ги продаваат.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/192163640235
(http://www.mediafire.com/convkey/b0ea/2qhaflbrqe96em8zg.jpg)

Овие немаат тестер за USB кабли.

Искрено, никогаш го немам користено тестерот за USB кабли, но добро е да се има како опција. Може адаптер да се направи за такво нешто, ако има некој потреба, од RJ45 на USB, но добро е да го има и како конектор на самиот тестер ;).

Гледам и овие се доста популарни, а и се поевтини во однос на претходните.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/282566830613
(http://www.mediafire.com/convkey/6ea4/acudfs5rgmtrmiozg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/e5a9/8z091p0szg8b50szg.jpg)

Од претходните, никаде не начекав слика каква батерија користат, но ако користат две од по 1.5V, не би го земал. За овие вториве се гледа дека користат батерија од 9V, што сметам дека е подобар избор за било каков тип на мерен инструмент ;).

Освен тоа, кај првите гледам само On/Off копче, додека кај вториве контролата е со тастер. Ако има само On/Off копче, значи дека најверојатно системот за тестирање ги менува париците преку shift register (едно просто логичко коло) и RC временска база. Не дека е ова лошо решение, не е, но минималниот напон на работа на CMOS логичките кола е околу 5V, но не и под тоа.

За разлика од тој, вториот има само еден тастер, многу слично како оној кој јас го имав нарачано, што значи дека shift-увањето на париците е најверојатно изведено со микроконтролер, бидејќи јас оние кое го имав нарачано, преку тастерот се пали и се гаси тестерот, но се и менува брзината на shift-ување (ротација) на париците, како и тоа дали shift-увањето да е мануелно (рачно, со кликање на тастерот) или автоматско, што значи дека најверојатно микроконтролер е одговорен за тоа ;).

Е сега, секој од овие два начини на работа си има предности и недостатоци. Кај првиот тестер, предност е тоа што прекинувачот директно (галвански) ја одвојува батеријата од остатокот од колото, што значи дека кога тестерот не работи, батеријата воопшто не се троши. Кај вториот, има само тастер, што значи дека кога тестерот е исклучен, дека всушност е во stand by. Искрено, мене вакви модови на работа кај мерни уреди воопшто не ми се допаѓаат. Затоа и додадов дополнителен механички прекинувач на мојот кој галвански ја одвојува батеријата од колото ;). Зошто за џабе да ја празни батеријата, нема потреба ;).

Исто така, бидејќи вториве најверојатно се со микроконтролер, тоа практично значи дека може да ставаш и „званично“ празни 9V-ни батерии во нив, бидејќи во нив најверојатно има стабилизаторче за 3.3V за напојување на микроконтролерот, а тоа значи дека, практично, на влез може да дојде било кој напон од кај 12V до кај 4V и ќе работи ;).

И, се разбира, без разлика кој ќе го избереш, откако ќе ти стигне, отвори го и прелеми се што можеш, бидејќи кај овие петпарачниве Кинески направии, скоро секогаш се проблематични лемовите. Ако има електролити во него, јас би ги сменил и тие со некои поквалитетни.

Оној поскапиот кој го спомнав е овој.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/113301858469
(http://www.mediafire.com/convkey/4033/fgswjb2j2v0x4jazg.jpg)

Многу повеќе опции има, но и цената му е многу повисока 8).

Има и едни Cable Testers/Finders... ние на работа ги викаме „пиу иу“ ;D... бидејќи пиштат кога се доближуваш со сондата до кабелот кој го бараш ;). И тие се добри, ги користиме доста на работа, бидејќи често треба низ купишта кабли да го најдеме оној кој ни треба :P :D. Ако сакаш, и од тој ќе ставам линк ;). Немам нарачано таков тестер, но на ниет сум, бидејќи е корисен за барање на било какво вид на кабел, дури и напонски ;) (само да е изгасен од високонапонската мрежа, се разбира :D).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 25.04.2019, Thursday, 16:48:18
Имам исти како тој вториот тестер (бел со зелено) користи 9V батерија има on off и s-(побрзо ги тестира париците ) јас не сум задоволен од него.
Прашањето ми беше за cable tracer не cable tester
нешто како оваа

Code: [Select]
https://www.amazon.com/dp/B01HCQSHNG
(http://www.mediafire.com/convkey/d246/4nx7874c9n9vl84zg.jpg)

Ако може линк или модел на тестерот со лцд што го имаш.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.04.2019, Thursday, 19:17:51
Прашањето ми беше за cable tracer не cable tester
нешто како оваа

Code: [Select]
https://www.amazon.com/dp/B01HCQSHNG

Епа тие „пиу иу“ на работа што ги користиме се вакви ;). За нив пишав при крај на мојот претходен post ;). Сум на ниет да нарачам едно вакво, ама сеуште не сум нарачал.

Ако може линк или модел на тестерот со лцд што го имаш.

Оној поскапиот кој го спомнав е овој.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/113301858469
Многу повеќе опции има, но и цената му е многу повисока 8).

Не купив баш од овој продавач, треба да проверам дали уште важи продажбата.

Не, еве баш сега проверив, веќе продажбата од тој продавач не важи :-\.

Имам исти како тој вториот тестер (бел со зелено) користи 9V батерија има on off и s-(побрзо ги тестира париците ) јас не сум задоволен од него.

А во кој смисол не си баш задоволен од него ???. За парите, супер си работи. За брзи проверки, добар е, барем според мене ;). Ако мислиш на детална проверка на LAN кабел, не ни има такви функции, ама ако треба само да провериш дали сите парици се во ред, би рекол дека добро си ја брка работата ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 25.04.2019, Thursday, 19:39:25
Не сум задоволен од него бидејки не работи како што треба не секогаш ги покажува сите парици, ми се има случувано да трепка само диодата од број 1 а кабелот да работи без никаков проблем, или да скока 1 4 5 7 ако го уклучам поново вади некој друг редослед .
Денеска го уклучив од едната страна помалиот дел  од другата поголемиот главниот дел трепкаа само 2 и 5 за проба го уклучив поголемиот главниот дел на друг кабел го покажуваше истото а и двата кабли работат.
Не по ми е веродостоен и сигурен.
Изгледа колку пари толку музика.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.04.2019, Friday, 00:09:41
Не сум задоволен од него бидејки не работи како што треба не секогаш ги покажува сите парици, ми се има случувано да трепка само диодата од број 1 а кабелот да работи без никаков проблем, или да скока 1 4 5 7 ако го уклучам поново вади некој друг редослед .

Тоа е до конекторите, или од страната на кабелот или од страната на тестерот. Знам, и јас ги сменив, им ставив други, од стари Ethernet картици. Тие Кинеските не ги бива :-\.

А ми се случувало и да се конекторите од стратана на кабелот проблематични... запрашени или валкани. Затоа ваква игличка (http://elektronika.mk/index.php?msg=120867) си носам со мене и само гребни ги, нема проблем ;).

Денеска го уклучив од едната страна помалиот дел  од другата поголемиот главниот дел трепкаа само 2 и 5 за проба го уклучив поголемиот главниот дел на друг кабел го покажуваше истото а и двата кабли работат.

Можно е и да се лоши/ладни лемови во прашање. Јас скоро се прелемувам што ќе нарачам од кај Кинезиве. Знае да се погодат некогаш и добри лемови, ама кај овие петпарачниве уреди, ретко за жал :-\.

Изгледа колку пари толку музика.

Да, генерално земено, така е... со тој со LCD што е, никогаш сум немал проблеми... ама $22 чини.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 26.04.2019, Friday, 10:44:45
Го отворив тестерот (белиот со зелено од втората слика) мислев дека е затворен само со жлебови, откако ги оторнав,  видов дека има и штрафови под зелената лепенка.
КОга пробав да ги прелепам контактите на конекторите бакарните водови од плочката  испопагјаа одма.
Порачав од ebay
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183757888152
(http://www.mediafire.com/convkey/8ab3/p5amwto1lgfda8lzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.04.2019, Friday, 22:35:12
Го отворив тестерот (белиот со зелено од втората слика) мислев дека е затворен само со жлебови, откако ги оторнав,  видов дека има и штрафови под зелената лепенка.

Хахахахаха ;D ;D ;D... буквално истото ми се има случено со едно SMPS напојување од NAS ;D. Таман го отворив... гледам, жлебови како за шрафови ???. Абе ќе се заколнев дека е како секое друго, т.е. дека е лепена пластиката ;D. Шрафовите биле под лепенките за четирите „ногички“ на основата на напојувањето ::) ;D.

Тоа е, се случуваат такви работи :D.

КОга пробав да ги прелепам контактите на конекторите бакарните водови од плочката  испопагјаа одма.

Не ме чуди искрен да бидам :-\. Ми се имаат и мене случувано такви работи со Кинескиве направии :-\. Плочките од пертинакс (претпоставувам таква била) најчесто им се многу лошо изработени, а згора на тоа, водовите најчесто им се правени со некој многу лош бакар, сигурно е мешан со згура (железо пред се), многу тешко се леми :-\. А освен тоа, имам забележано и дека нијансата е некако посветла од бакар на домашно изработени плочки, така да, скоро 100% сум сугурен дека има и железо во мешавината која ја ставаат на плочките.

И да, водовите се многу лошо залепени за пертинаксот :-\. Буквално издржуваат едно до две лемења. Нема шанси да прелемиш по трет или четврт пат нешто на таа лемна точка, парче се прави, се одлепува, се криви, двои... тоа е тоа :-\.

Нарачката ти е добар избор ;), но јас сепак би го нарачал оној сино со бело ;). Исти такви користиме и на работа, добро ни се имаат покажано ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 26.04.2019, Friday, 23:34:35
Тој беше најефтиниот што го најдов затоа го нарачав, планирам да порачам нешто со повеќе функции.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32964019061.html
(http://www.mediafire.com/convkey/0433/9obdsfj4a5eh6kezg.jpg)

или нешто такво.

Code: [Select]
https://www.ebay.nl/itm/282592790097
(http://www.mediafire.com/convkey/cc94/egxu84x5ok6qy0dzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/3d71/35ayiaqw7cqy85azg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/8380/ll2cxfbyp3ob969zg.jpg)

сега засега само разгледувам изборот ке зависи од повеќе работи во наредните месец два :)

Денеска стигна мултиметарот Vici vc99
Според моето знање и можности мерењето му е во рамките на декларираната толеранција освен фреквенција која отстапуваше драстично на 1Mhz покажуваше 230Khz а на 10Mhz  3Mhz и базерот му е малку тромав.
една од алигатор штипките е веке кородирана :) квалитетот на изработката е лоша, ефтина пластика мерните кабли се од најефтините и како што се гледа на сликите внатре е далеко од соодветен инструмент за мерење на 750ACV 1000DCV или пак  20А.
Јас не би мерел со него повеке од 220V и тоа со платено животно осигурување.
До кога ке функционира и како ке покаже времето.
Слики од Vici VC99

(http://www.mediafire.com/convkey/9e56/e07ez5evv443vazzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/e712/mkmwh23kf9xca12zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/d31f/7mnac0aaeccm7zvzg.jpg)

квалитетна изработка

(http://www.mediafire.com/convkey/89a8/73km07nrgbc1elpzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/88af/1f4fk14s1cvypmazg.jpg)

Fluke 187

(http://www.mediafire.com/convkey/b8b6/zkd2w41sc449ltlzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/af55/fpd5lytt5w91gdfzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/4355/seqbz8x4na4up4uzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.04.2019, Saturday, 01:52:13
сега засега само разгледувам изборот ке зависи од повеќе работи во наредните месец два :)

Ако ти е за професионална употреба и ако навистина често го користиш, би те советувал да не штедиш пари. Земи си LanTEK и никогаш нема да сакаш да го смениш 8). Имам работено со LanTEK... другиве се играчки во споредба со него ;).

Јас лично немам потреба од LanTEK бидејќи професионално веќе одамна не работам со мрежи (барем не на монтажи), така да, ако е за лична употреба, да, би се држел до Кинескине тестери со нешто понапредни функции ;).

А околу Vici VC99... де бе, кога го нарача, кога стигна ??? :D.

Квалитетот на изработката е тој. Толку за тие пари. Пак е далеку поевтин во однос на Fluke 187.

И да, и јас забележав дека buzzer-от му е малку тромав, ама ова се корегира кога ќе се врзе за некој извор за напојување наместо батерии. Баш пробав, бидејќи се сомневав дека проблем е падот на напонот на батериите, и да, таква излезе работата, напонот на батериите паѓа кога ќе се активира buzzer-от. Затоа и пишав претходно дека сметам дека еден од навистина промашените работи кај овој унимер е тоа што не се напојува од 9V-на батерија :-\. Тоа би го навел како навистина огромен недостаток, но се останато... за парите, според мене е ОК :).

А искрен да бидам, никогаш немам ништо мерено на подрачјето за 20A, не знам за вас :D.

Не, ќе се корегирам, имам мерено на тоа подрачје греач... хммм... баш имам едно неисправно решо од роднина за поправка, ќе проверам да видам како ќе се однесува VC99 при поправката на тоа решо ;).

Околу фреквенцметарот... навистина ме изненади ???... бидејќи на видеото некако одлично се покажа баш како фреквенцметар ???... можеби бидејќи користеше оклопни кабли човекот, кој знае ???. Можеби со неговите мерни сонди навистина не се покажува добро при мерење на фреквенција :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 27.04.2019, Saturday, 07:12:50
Каков тестер ке земам зависи дали ке работам секојдневно/полно работно време или повремено на повик.
LanTek не знам какви се, но за професионална работа како и секаде каде што има потреба од електрични мерења стандард е Fluke  со цени од 1000+ еври :) за тестер.
VC99
Го порачав на 19 а стигна на 26, за една недела, izgleda сум го фатил бродот на тргнување :)
Фреквенцметарот можно е да се однесува така поради каблите и импровизираните конектори со кои мерев
Со VC99 мерење 20А изгледа страшно, според тоа колку се тенки
водовите на плочката и тоа што нема никаква заштита ме тера да мислам 20А мерење =  огномет.
После неколку месеци ке имам повеке време и помоќно напојување, ке пробам да направам огномет :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.04.2019, Saturday, 17:28:31
LanTek не знам какви се, но за професионална работа како и секаде каде што има потреба од електрични мерења стандард е Fluke  со цени од 1000+ еври :) за тестер.

Епа разгледај цени на LanTEK, тука некаде се ;).

Со Fluke мерни инструменти за мрежа немам работено, но сигурен сум дека се добри ;). Со LanTEK имам работено и навистина можам да кажам дека сите овие Кинескиве мерни инструменти се играчки во споредба со LanTEK... скоро и да нема што не може да мери тоа чудо, од слабеење на сигнал, до паднати пакети, графикони, BER дијаграми... многу од тие работи скоро никогаш и не ги користев, ама гледав низ менито... глава боли :D.

Со VC99 мерење 20А изгледа страшно, според тоа колку се тенки
водовите на плочката и тоа што нема никаква заштита ме тера да мислам 20А мерење =  огномет.

Е барем ова лесно се корегира ;). Само стругни ги водовите на површината и додај им калај таму и нема да има проблем ;).

После неколку месеци ке имам повеке време и помоќно напојување, ке пробам да направам огномет :)

Баш ме интересира ;). Јас мислам дека нема да направи огномет, но, ќе видиме :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 27.04.2019, Saturday, 18:18:21
 
Со VC99 мерење 20А изгледа страшно, според тоа колку се тенки
водовите на плочката и тоа што нема никаква заштита ме тера да мислам 20А мерење =  огномет.

Е барем ова лесно се корегира ;). Само стругни ги водовите на површината и додај им калај таму и нема да има проблем  ;).
Водовите на плочката ги земав како најочигледен пример.
Јас немам поверение дека во VC99 елементите се димензионирани соодветно за големи струи и напони, штеделе на најефтиното плочката, а за другото да не ни размислувам.
VC99 работи многу добро, како мултиметар за основни мерења во електрониката е супер, како ке се покаже после некое време ке видиме.
Не би го користел за мерење на поголем напон или струја.
Се разбира тоа е базирано на моето знаење и е  мое мислење, секој може да прави што сака.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 07.05.2019, Tuesday, 11:53:57
Не знам дали претходно спомнав, имав нарачано ваква светилка.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/173329396738
(http://www.mediafire.com/convkey/c29b/xci6ig6d6ikcs7uzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/b96f/w88kuuf1w11tpbdzg.jpg)

Одлично се покажа ;). Всушност, најмногу ја нарачав поради опцијата директно да се полни на USB. Колеги имаа некои слични на оваа нарачно, ама сите беа со 18650 и не се полнеа на USB, туку батериите посебно требаше да ги вадиш за да ги полниш ::). Ова некако ме нервираше и затоа оваа си ја нарачав ;). Има опција да се монтира и на велосипед ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.05.2019, Saturday, 06:14:01
Хммм... интересно ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233173400090
(http://www.mediafire.com/convkey/99e8/hgdppohahysgqydzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/e738/bgp37pngch9gewgzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/ca91/o330aacq9p7u9ezzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 23.05.2019, Thursday, 15:44:10
За $0.99 супер бркаат работа, денес имав прилика да ги пробам... ;)

(https://i.postimg.cc/cCTNXnNS/1.png) (https://postimages.org/)

(https://i.postimg.cc/L4VRHrgb/2.png) (https://postimages.org/)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/232745078300
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 23.05.2019, Thursday, 17:05:48
За $0.99 супер бркаат работа, денес имав прилика да ги пробам... ;)

Незнаев дека постојат вакви, јас несмасно бургии користам па многу ми се кршат, овие флексибилни ли се, дали би се скршиле лесно ?

Еве мене што ми стигна
($0.74 по парче) DC-DC step down конвертор влез 6-24V, излезен му е 5.1-5.2V max 3A, според податоците на ebay .
После или утре планирам малку да ги оптоварам да видам дали вредностите се точни па тука ли да ги постирам "резултатите" или нова тема да отворам ?

(http://www.mediafire.com/convkey/7d55/6sxuht289k05gkqzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 23.05.2019, Thursday, 17:24:53
Стај им прво ладилници инаку 100% ќе прегорат. Па ок би било да отвориш тема, да не гомиламе све овде, што знам... А и интересни „драјвери“ се, се наоѓаат
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 23.05.2019, Thursday, 18:36:31
Незнаев дека постојат вакви, јас несмасно бургии користам па многу ми се кршат, овие флексибилни ли се, дали би се скршиле лесно ?

Нема да се скршат, попрво ќе се свиткаат, иначе доаѓаат два сета во комплетот, мазни и со рецки.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Toma on 23.05.2019, Thursday, 19:22:47
Има и  DC-DC 4.5 -32V to 5 -52V Boost Step-Up Module Power Supply Board with 3 Bit LED Digit Tube Voltmeter

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32670087311.html
(http://www.mediafire.com/convkey/4b1e/3es434tn1r84n6uzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.05.2019, Thursday, 23:38:38
За $0.99 супер бркаат работа, денес имав прилика да ги пробам... ;)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/232745078300

Не ми е баш јасно како треба да ми помогнат игливе во одлемување ???.

Па ок би било да отвориш тема, да не гомиламе све овде, што знам...

Па ок би било да отвориш тема, да не гомиламе све овде, што знам...

Да, баш така, нека си има посебна тема ;). Ако има и ознаки, нека си биде со напишани ознаки, нека си пишува рецензија, мерења, итн... со сите салтанати ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 24.05.2019, Friday, 08:38:49
Иглите најверојатно се користат за овие дупчињава преку цела плоча што се, кај повеќе слојниве, нели се полни тоа со калај и течко е да го извадиш калајот, мада вакуум пумпа, компресорче или плетка ми бркале работа, овие може се позгодни. Сум користел и графит од молив ама ептен се крши, да не речам 100% ќе се скрши xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 24.05.2019, Friday, 09:31:40
Ете така, за чистење на калајот од дупчињата на повеќе слојни плочки се измислени.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 24.05.2019, Friday, 21:09:42
Јас само го загревам тој калај со леткум и ја акнувам малку плочката од маса и сам си паѓа :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 24.05.2019, Friday, 21:39:44
Некогаш не успева тоа, а ова погоре е и поелегантно решение  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 26.05.2019, Sunday, 11:20:19
Кој прајше експерименти со алтернатор? ме интересира на комутатор од кај му шушти струја.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.05.2019, Monday, 08:15:58
Да не ја промаши темата малку ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 27.05.2019, Monday, 08:56:46
овде мислам дека пишевме за драјвери и китови за е-бике... Битно исконтактиравме со челенот, ако сметаш дека не е за овде бриши
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.05.2019, Monday, 17:35:34
не, чудно ми беше дека за експерименти за алтернатор во оваа тема се дискутира, ок во ред е да не се должи многу натаму дискусијата :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 27.05.2019, Monday, 23:21:36
појдовната точка беше за драјвер од интермец и се задлабочивме :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.05.2019, Tuesday, 12:07:44
Не е проблем... ајде, тоа е тоа, така почна муабетот :).

Мада ако продолжува дискусијата, не е лошо да си отворите нова тема и да цитирате од оваа што треба да цитирате ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.06.2019, Saturday, 22:51:31
Хммм... и ова изгледа некако интересно :)... само малку скапичко да бидам искрен :-\... не знам која цена се кај нас и дали ги има :-\.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/392295298016
(http://www.mediafire.com/convkey/8260/5k7jg1q48rohiujzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/df86/i80rq0b7mbsag1fzg.jpg)

Инаку, ми стигна лепакот B-7000 :).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233095008540
(http://www.mediafire.com/convkey/e90c/mx27escczfumupzzg.jpg)

Има консистенција слична на мед и е некој вид на каучуково лепило, ама многу добро стега, дури и на екстремно мазни површини. Откако ќе се исуши, има конзистенција на релативно тврда гума. Скоро проѕирен е, но има некоја жолтеникава нијанса. Мириса јако на некој вид на бензин или разредувач... не знам како да го опишам мирисот, ама јак е. Може да се употреби за било какви делови кои треба да имаат определена еластичност. Јас го искористив за патики... ќе видиме како ќе се покаже :P :D. Најверојатно може да се искористи и за лепење на гуми од точаци :). Време на сушење... прилично долго :-\... не е како Неостик (20, 30 минути и стегнато е). Би рекол околу 24 часа за убаво да стегне ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 08.06.2019, Saturday, 23:30:04
За по дома скапичко е, а и не верувам дека има поефтини освен ако не си направиш сам.
За лепење на обувки користам тој што е силиконскиот што се топи, член од фамилијата е полициски службеник и зимно време на висока планина со многу снег ѓонот на чизмите се одлепи (од напред некаде до половина на чизмата) и верувајте или не што ги залепив со силиконот траеја 2 зими. Имам ingco 100W пиштол но стапчињата се битни треба да се пожолтеникави коишто се топат на помала температура, а и толку му е капацитетот на мојов пиштол (тие белите едвај ги топи). Го оставам пиштолот околу 15мин да загрее (некаде имав прочитано да не се остава повеќе од 15мин барем за поефтиниве пиштоли) и кога ќе стиснам да искочи силиконот од што толку се вжештил се појавуваат меурчиња во него и пукаат ( врие :)) и така жежок го нанесувам на обувките.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 08.06.2019, Saturday, 23:42:40
Аааа... ти користиш пластични патрони ;). Е да, тоа е добро решение, ама не можам да го користам ако одам на работа со тие патики ;D. Добро, дел од патиката, барем внатре, може да се стегне со патроните, ама не и од надвор :-\. За од надвор, ќе морам да користам некој лепак, инаку, нема да личи на ништо :-\. Ај што одам како избркан од дома на работа, уште патките да ми бидат како на скитник ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 08.06.2019, Saturday, 23:59:34
"Мириса јако на некој вид на бензин или разредувач... не знам како да го опишам мирисот, ама јак е. Може да се употреби за било какви делови кои треба да имаат определена еластичност. Јас го искористив за патики"
Остај го на раскрсница и набљудувај како ќе го искористат. Остај го во поголемо кесе од маркет xD
Hot glue е ок дур не е на сонце, ама и порозен е т.е. крт, ако стајш подебел слој ќе испука самиот лепак. Тие белите силикони се за различни намени и различен состав, а и поскапи се. Со пиштолот може ќе ги омекниш но обавезно треба догревање со бренер или леткум и тоа мин 100w. Има за лепење на лим (метал), дрво, пластика, со различен состав пп, абс, пц..., нивни миксови, во зависност од намената, воглавно се пластики. И то :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 09.06.2019, Sunday, 00:04:01
Не сум знаел дека овие патрони се пластични, затоа што флексибилни се и овие... а и мене не ми сметаат, не се стврднуваат ептен. На една моја патика од долната страна на ѓонот, под петата, дупка се отвори и при врнежливи денови по кратко пешачење влошката ќе се намокри со што и чорапот, па дупката ја напунив со лепаков и не пречеше, не се чуствуваше тврдо и не пропушташе вода. Се согласувам, за надворешно лепење лепаков што си го купил и некои слични еластични би завршиле подобра работа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 09.06.2019, Sunday, 00:08:07
Тие белите имаат поголем процент на силикон во нив па затоа би се топеле потешко?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.06.2019, Sunday, 00:14:46
Не сум знаел дека овие патрони се пластични, затоа што флексибилни се и овие...

Пааа... да, флексибилни се, ама ако се топи на температура од 100, 150, 20 степени, пластика е, не може да е силикон. На силиконски маси им треба доста повисока температура за да почнат да се топат и (од моето досегашно искуство), не е баш дека се топат... горат (чурат). Така да, по таа логика, пластичниве патрони (јас што си ги викам „течна пластика“ ;D) би требало да бидат некој вид на мека пластика ;).

Тие белите имаат поголем процент на силикон во нив па затоа би се топеле потешко?

Да, и јас така мислам ;). На пример, бел санитарен силикон би требало многу тешко да се топи. Имам пробано да стопам со запалка од оној проѕирниот санитарен силикон едно парче... не ми успеа :P :D.

Остај го на раскрсница и набљудувај како ќе го искористат. Остај го во поголемо кесе од маркет xD

Па баш и не те сватив ??? :P... мислиш ќе го изгазат со коли :D?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.06.2019, Sunday, 00:52:55
Силикон мислам дека нема ниедно од ними, иако така ги викаме* воглавно се пластики, разни комбинации од пластики и кој знае што, и да и ма еластични пластики, силиконот мислам дека не се топи, него би почнал да пеплосува како дрвото на пример или цименто, не можеш да ги стопиш, директно ќе се запали/пеплоса. Тие абс, пц, пп, пвх(PVC) се типови на пластики, како што имаш разни метали бакар железо алуминиум (и може да ги мискаш) исто е и со пластикиве, е сегс тие силиконските стспчиња нљјчесто што ги користиме не знам точно од што се направени, ама сигурно се некој микс од пластики. Обичниот (ацетстски) санитсрен силикон (за плочки, стакло и сл) нема шанси да се залепи за гума ( т.е. патики), барем на 5-6 пара имам пробано, додека овие "hot glue" одлично се лепат за ѓонот.
*Може преводот е грешен како за силиконска долина, а треба да биде силициумска.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 09.06.2019, Sunday, 01:30:48
*Може преводот е грешен како за силиконска долина, а треба да биде силициумска.

Да, преводот е дефинитивно грешен, но остана така ::). На Англиски, силициум се вика silicon, затоа ::)... инаку, да, треба да се вика „силициумска долина“, а не „силиконска долина“ ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 09.06.2019, Sunday, 02:03:04
Така, на крај кој знае што ќе испадне дека треба да е преводот и за овие стапчиња :D ептен се сомнева дека има врска со силикон, освен што така изгледаат xD
Кој го занима нешто повеќе
Code: [Select]
https://www.hotmelt.com/blogs/blog/the-truth-about-hot-melt
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 15.06.2019, Saturday, 17:12:25
Што мислите за овие дали би биле безбедни директно од кина да се нарачаат? Дали поминуваат некој прописи, тестирања, регулативи во смисол на безбедност пред да излезат од кина па макар да се продаваат преку ebay, aliexpress...
Дали има нешто вакво кај нас ?
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/192902108027(http://www.mediafire.com/convkey/eb6e/9l4vxgu1au90la7zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.06.2019, Saturday, 18:50:30
Според моето искуство порачките од кина се лотарија, ми се има случувано алат да функционираат одлично и да траат долго време а и некој алат да се распадне при првото користење.
Колку што имам гледано и читано контрола на квалитет нема барем не за поефтините  работи. Кога се прават копии на копии на копии на некој уред/алат и со секоја копија скратиле од квалитетот на изработката и материјалите според мене нема контрола.Ако не се замараат како текстот испечатен на уредот/алатот е напишан не верувам дека би се замарале за правилното функционирање на уредот/алатот.
Со порачките од интернет е игра на среќа нема константност, се купуваат од нелегални локални производители домашни гаражи или од пазари( има видеа по интернет од пазарите во кина) каде истиот производ го имаш за 5 центи и за 50 центи а на интернет се продаваат по иста цена.
Мене дискот од линкот ми изгледа како дел од ланец за рачем мотор за сечење дрва (моторна пија за дрва), јас лично не би им верувал на карактеристиките кои ги имаат пишано, не викам дека не се точни но јас сум скептичен дека дискот би останал цел на 10000 13000 вртежи, и не верувам дека некој ги има тестирано карактеристиките и квалитетот на тие дискови.
Како би резбарел дрво со диск од 125мм за рачен циркулар?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 15.06.2019, Saturday, 20:34:10
Не видов дека има сликичка од циркулар а на името од линкот е пишано за шмишајбна и со нејзе би се резбало не со циркулар.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 15.06.2019, Saturday, 20:51:40
Еве овој има пишано дека купил од ebay. Сепак тоа што го кажа ме предомисли, само ако има од тука брендирана од некоја фирма би земал, колку толку проверена ќе е до некоја граница на безбедност. Сега засега со 24,36 бројче шмиргла на шмишајбната може нешто да се изрезба за занимација.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.06.2019, Saturday, 21:02:02
Според моето искуство порачките од кина се лотарија, ми се има случувано алат да функционираат одлично и да траат долго време а и некој алат да се распадне при првото користење.

Се сложувам, со тоа што би рекол дека околу 90% од нарачаните работи си функционираат одлично... е сега, да, 10% се ѓубре :-\.

Мене дискот од линкот ми изгледа како дел од ланец за рачем мотор за сечење дрва (моторна пија за дрва), јас лично не би им верувал на карактеристиките кои ги имаат пишано, не викам дека не се точни но јас сум скептичен дека дискот би останал цел на 10000 13000 вртежи, и не верувам дека некој ги има тестирано карактеристиките и квалитетот на тие дискови.
Како би резбарел дрво со диск од 125мм за рачен циркулар?

За резбарење, не. За сечење, да, верувам дека брка работа. И јас за тоа би го земал, за „цепење гранки :P“. Со колега на работа баш правевме муабет за оваа направија, сакавме да нарачаме, ама сеуште не стигнала на листата на работи кои треба да се нарачаат од Кинезиве :P :D.

Не видов дека има сликичка од циркулар а на името од линкот е пишано за шмишајбна и со нејзе би се резбало не со циркулар.

Може да се монтира и на циркулар и на шмишајбна ;). Само провери ја димензијата на дупката за монтажа. Шмишајбните и циркуларите кои ги има кај нас имаат доста поголеми дупки во однос на оние кои може да се најдат кај Кинезиве. Се имам така зезнато за адаптер за монтажа на камче од шмишајбна на бормашина, димензиите на дупката за монтажа се многу помали во однос на дупките на камчињата кои може да се најдат кај нас. Не знам по кој стандард се водат, можно е да е прифатен насекаде низ светов, но не и кај нас, очигледно. Дупките на камчињата што се продаваат кај нас мислам дека се 22m, а овие се 15mm или нешто помалку да беа... не ми текнува сега, само знам дека не одговараа :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 15.06.2019, Saturday, 21:12:54
За пилата од линкот пишува 22мм, а други што ги скролам по ebay гледам има и по 16мм и 20мм димензија на дупката за монтирање.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.06.2019, Saturday, 23:33:55
Епа тогаш измери (не сум сигурен дали дупките на камчињата кај нас беа 22mm, а ме мрзи сега да мерам :P :D) и ако одговара, јас би земал една :). Ако не чини, врати си ги парите назад ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.06.2019, Saturday, 23:48:06
Рачни циркулари имам видено со дупка :)  од 16мм до 32мм  и со различен дијаметар на ножот/дискот.
Незнам дали ти треба за нешто специфично диск со заби како ланец за сечње како од линкот погоре или  не јас би земал стандарден нож/диск за сечење. Незнам тие од линкот за што се користат и колкѕ добро ке сечат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 16.06.2019, Sunday, 00:41:58
Повеќе се корисри за стужење/одземање(grindinig).btw изгледа приличнонбрутално xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.06.2019, Sunday, 01:36:22
Незнам дали ти треба за нешто специфично диск со заби како ланец за сечње како од линкот погоре или  не јас би земал стандарден нож/диск за сечење. Незнам тие од линкот за што се користат и колкѕ добро ке сечат.

Би требало да бидат добри, но само за непрецисно сечење гранки... не би го користел за прецизно сечење на иверка или дрво, на пример за нешто што сакам да правам од дрво (плакар, сталажи, итн.). Верувам дека добро „јадат“, но, како што кажав, само за непрецизно сечење. На пример, не верувам дека се добри за резбарење или нешто слично. Ако сакаш прецизно да резбаш, се знае, гравирка е за тоа ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 16.06.2019, Sunday, 02:51:00
Или пила со негативен агол. Побарај на јутубе, канлот е "кључ тринајс"-српски е ( ме има фатено мрза иначе ќе го постирав видеото :D )
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 16.06.2019, Sunday, 03:54:17
Мислам дека со толкаво растојание помеѓу забите ако се користи за сечење иверка ќе ја уништи/искрши каде што се сече. Освен ако не сакаш да правиш пилавина :)
Назад на прашањето, не верувам дека имаат проверка на квалитет тие производи  може да работи но и немора не е правило.
Се работи за алат кој нема да биде само потрошени пари доколку не е тоа што се рекламира, може да биде смртоносен ( мене лично ми се има кршено нож од циркулар купен од Lidl ако те закачи дупка прави)
Доколку порачаш (не викам дека нема да биде во ред) тестирај на помалку вртежи или фиксирај го циркуларот на постоље или нешто друго за да се заштитиш кога ке пробуваш бидејки по Е..ње нема каење.
Тоа не лед светилка па свети или не, ако не е добар ножот можеш да имаш катастрофални последици.
Доколку јас би го порачал би направил се што можам да се заштитиш.
 Тоа е  мое мислење и мое гледање на работите, се разбира секој може да прави што сака.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.06.2019, Sunday, 08:04:07
Заштитата на прво место, во секој случај ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 16.06.2019, Sunday, 08:53:13
Овие и јас од поодамна ги гледав, ама не нарачав поради причините наведени погоре - не сум сигурен дека нема да се распаднат и да се разлета ланецот насекаде.
Иначе се предвидени за на брусилица, не се наменети за сечење, туку за грубо стругање/одземање дрво, на пр. ако правиш тањири од дрво, скулптури како оние со моторна пила што ги делкаат и сл. и за тоа се одлични, со ова за секунда може да издлабиш дрвен тањир, ако одиш рачно со длета ќе ти треба цел ден. Е сега, ако ти лизне раката накај тебе... ::) :-\
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.06.2019, Sunday, 14:32:24
Е сега, ако ти лизне раката накај тебе... ::) :-\

Е добро де, затоа ќе го користиш оној заштитниот капак од брусилката ;).

А ако веќе толку ви е страв, за долар имате 2KW димери на eBay ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 16.06.2019, Sunday, 16:10:22
Циркуларот нека е кинески, заштитата да ти е германска и немаш гајле xD колкунсака нека е квљлитетен ножот мора да носиш заштита (ХТЗ).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 21.06.2019, Friday, 19:41:03
Ова ми стигна пред некое време, го нарачав строго наменски и тоа за проширување дупчиња на плочки, пошто често ми се случуваше кога ќе склопувам нешто, изводите од некој дел, најчесто конектор, потенциометар или нешто покрупно да не влегуваат во предвидените дупчиња, па требаше за да проширам едно-две дупчиња да ја вадам мини-бормашинката, да го одмотувам кабелот, да ја уклучам на некој од исправувачите, да наместам потребен напон за неа - со ова чудо што секогаш ми е на дофат го проширувам дупчето за секунда :) Иначе делува дека е со солиден квалитет, целосно е направено алуминиум, плус доаѓаат и десет бургии 0.5-2mm со него ;)

(https://i.postimg.cc/BvNsDtGP/Screenshot-2019-06-21-Micro-Aluminum-Hand-Drill-Keyless-Chuck.png) (https://postimages.org/)
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/142392457947
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 21.06.2019, Friday, 20:34:31
Како работи бушалкава кога ќе се притисне само се врти или мора рачно да се врти ?
Тие иглите како ти вршат работа за чистење на калај?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 21.06.2019, Friday, 23:21:32
@LordZi: Сум ги гледал овие малечки „бормашинки“ (како мали шрафцигерчиња што се ;)), ама искрено, немав потреба бидејќи гравирката секогаш ми е на работна маса ;). Инаку, да, за некој кој си го пакува алатот по работа (тоа не сум јас :P :D, мене ми изгледа работилницата како бомба да паднала во неа ;D), корисно би било некое вакво алатче ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 22.06.2019, Saturday, 09:39:27
Пишав дека е ова строго наменски земено за проширување дупчиња на плочки и за тоа си брка работа. Исто ако сум промашил да избушам некое дупче со ова за десетина секунди го решавам. За друго нешто не знам колку би било корисно, иако го гледам футерот доста солидно изгледа, треба да го пробам дали навојот пасува на моите бормашинки, ако да тогаш за 2.8$ само за тоа се исплати... ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.06.2019, Saturday, 15:43:50
За друго нешто не знам колку би било корисно, иако го гледам футерот доста солидно изгледа, треба да го пробам дали навојот пасува на моите бормашинки, ако да тогаш за 2.8$ само за тоа се исплати... ;)

Па толку чини и само футерче да си купиш ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Toma on 22.06.2019, Saturday, 18:13:53
Англиски е Pin Vise а по нашки некој го нарекуваат “менгеме“ часовничарите “штифтколбен“ некој стега итн... ама сепак тоа е една многу корисна рачна алатка за еден хаус мајстор и наоѓа безброј места како корисна алатка.
 
Видеа за мала едукација!

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 22.06.2019, Saturday, 18:39:31
Таа алатка е сосема различна од стега или менѓеме.
На линкот има слики од стеги и менѓемиња.
Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=stega+mengeme&rlz=1C1GGRV_enMK753MK753&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwipoarmwv3iAhUyz6YKHblECMIQ_AUIECgB&biw=1366&bih=576
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Toma on 22.06.2019, Saturday, 20:24:48
Јас лично многу добро знам што е стега што е менѓеме ама не знам дали и некои други знаат што се тоа со такви изрази и имиња, затоа и погоре напишав
Quote
...некој го нарекуваат “менгеме“ часовничарите “штифтколбен“ некој стега итн...

А и линк
Code: [Select]
https://www.google.com/search?rlz=1C1GGRV_enMK753MK753&biw=1496&bih=722&tbm=isch&sa=1&ei=4nEOXe7rBNGP1fAPtd-VsAc&q=stega+&oq=stega+&gs_l=img.12..0l2j0i5i30l4j0i30l4.28489.28489..31132...0.0..0.99.99.1......0....1..gws-wiz-img.g9Bc_psCFzs
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 12.07.2019, Friday, 23:14:32
Тие што имате акаунт на ebay проверете дали ви стигнал купон од 10$ за нарачка над 15$, мојот купон трае до 21ви овој месец. Одете во summary од ебау и пишува Coupons.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.07.2019, Friday, 23:38:50
Мене ми нема стигнато ваков купон, но пред некој месец ми стигна купон за 10% попуст за било каква нарачка од eBay. Пробав да го искористам 2 или 3 пати, но не успеав, ми враќаше назад дека купонот не е валиден за оваа продажба :-\. Изгледа треба продавачот да се согласи да го искористи тој купон, а Кинезиве од кои купував, изгледа се немале согласено... мада не би ги обвинил, толку евтини им се работите, уште попусти да даваат :D.

Ама купоните изгледа не ги даваат на сите корисници наеднаш, туку изгледа има алгоритам за распределба во кој најверојатно влегува и колку време си член на ebay, колку си купувал, колку вкупно пари имаш потрошено, итн.

Патем нарачав вакви COB LED на мрежен напон и стигнаа :).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/264251227069
(http://www.mediafire.com/convkey/7d96/txu38qtwjsj5tgkzg.jpg)

Јас лично сеуште не сум ги пробал, но му дадов една 50W-на на еден колега да проба, рече дека ден му направила во дворот кога ја пуштил ноќта кога ја пробувал ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.07.2019, Friday, 23:47:45
Кај мене кога одам во summary нема никаков таб за купони.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.07.2019, Friday, 23:56:27
Стига како порака (message) од eBay и го пишува кодот кој треба да го внесеш при checkout ;).

(https://i.postimg.cc/LRXTfpyb/SHOT3837.png)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.07.2019, Saturday, 00:59:32
За сега имам неколку пораки во бокс, сите се реклами. :)
Во ред, сега знам дека од време на време треба да проверувам пораки во потрага за купон. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.07.2019, Saturday, 01:14:02
Па... не е дека стигаат баш секој месец... јас сум член на ebay од 2008-ма, па еве, прв пат сега ми стигна купон :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.07.2019, Saturday, 01:54:20
Да, да, разбрав, но ретко гледам пораки освен кога имам некоја преписка со некој продавач.
Инаку и на алиекспрес има купони кои терба да ги ловиш пред или за време на некои големи разпродажби, но системот им е малку каша попара во врска со ловот на купоните, или пак јас не сум го доволно апсолвирал истиот. :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.07.2019, Saturday, 02:02:33
Искрен да бидам, не се замарам премногу со купони... и онака работите се прилично евтини. Јас лично барем, не гледам поента да бркам купон со 5, 10% попуст. Не дека не сакам да заштедам, туку... ме нервира тоа што треба да чекам, па да се погоди времето, па дали ќе го прифати купонот... пробав кога ми стигна, не функционираше и искрено, најверојатно ако ми стигне во иднина, нема ни да пробам да го искористам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 13.07.2019, Saturday, 09:59:59
Ја не ги ни читам тие пораките од ибеј, под дифолт идат у канта, кој знае колку купони сум пропуштил. хаха... 8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 14.07.2019, Sunday, 14:26:00
Малку доцнам со одговоров, јас купонот го забележав вечерта кога пишав тука а утредента купонот го снема што е работата незнам исто така и еден другар го доби истиот купон па му исчезна :/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.07.2019, Sunday, 20:16:28
Имаат ограничено времетраење... но не ми е јасно како исчезнала пораката од eBay во која го пишувала кодот на купонот ???... од друга страна пак, они сигурно имаат пристап до базите на сите корисници, па ако бил пратен некој купон по грешка, најверојатно го избришале од пораки на сите корисници на кои бил пратен купонот ::)... иако поедноставно би било едноставно да го оневозможиш купонот и да пратиш порака кон сите корисници кои ја добиле порака дека купонот бил пратен по грешка и не важи ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 31.07.2019, Wednesday, 23:35:25
1. Тие како сонди помислив дека директно може да се адапатираат за сондите од мултиметар, но не испадна така ќе треба да залемам жички па најверојатно "банана" конектор, ќе се најдат за нешто.
2. 30A 14.8V BMS за балансирање при полнење на 4 литиумски батерии во серија, имам една батериска бормашина којашто моментално ја користам на акумулатор 12В бидејќи батеријата NI-CD е расипана па да пробам да ја конвертирам со литиумски :)
3. Регулатор на наизменичен напон.
4. OBD Scanner за компјутер од кола и сл.
5. За мерење на капацитивноста на литиумска батерија.

(http://www.mediafire.com/convkey/061a/9z7qh5x0ol59okpzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 01.08.2019, Thursday, 01:21:01
1. Тие како сонди помислив дека директно може да се адапатираат за сондите од мултиметар, но не испадна така ќе треба да залемам жички па најверојатно "банана" конектор, ќе се најдат за нешто.

И јас вакви имам купено (или некој ми ги даде :P, не ми текнува :D)... директно ги лемев, не знам зошто би имало потреба од адаптери и конектори ???. Цвикаш класичните сонди и ги додаваш овие, крај на приказна ;).

2. 30A 14.8V BMS за балансирање при полнење на 4 литиумски батерии во серија, имам една батериска бормашина којашто моментално ја користам на акумулатор 12В бидејќи батеријата NI-CD е расипана па да пробам да ја конвертирам со литиумски :)

Вакви и јас нарачав и ми стигнаа, ама сеуште ги немам искористено. Ако завршиш со преправката пред мене, пиши како се имаат покажано ;).

3. Регулатор на наизменичен напон.

Вакви 5 имав нарачано, сега уште 5 (чекам да стигнат :)). Претходните ги поделив по колеги и пријатели :P :D. Супер се, до 2KW одат и никој се нема пожалено од нив ;). Повеќето беа искористени за контрола на бормашини, брусалки, итн. ;).

4. OBD Scanner за компјутер од кола и сл.

Се канам не знам колку време ова да го нарачам, ама никако да ми текне :D. Добро, ќе имам на памет, нареден пат кога ќе нарачувам, темава да ја проверам ;).

5. За мерење на капацитивноста на литиумска батерија.

Нарачав едни многу помали, само со 4 LED диоди. Сеуште ги немам пробано. Која цена се овие?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 01.08.2019, Thursday, 09:45:43
Јас имам купено неколку различни obd2  безжични конектори(за на телефон/таблет)ниеден не функционира како што треба (најголем проблем им е поврзувањето и стабилноста). Можностите кои ги нудат тие конектори кои се поврзуваат преку апликација за телефон  се смешни. Според мене тоа е играчка а не алат, играчка која може да кошта многу, доколку се дисконектира(нешто многу често) додека се менува нешто во  ECU на автомобилот.
Имам еден obd2 +k-kan (не сум го пробал на друго возило освен BMW ) се поврзува преку usb (не безжично) само тој функционира како што треба, можностите зависат од софтверот на компјутерот со кој е поврзан.
Доколку би купувал безжичен  obd2  конектор/адаптер би земал цел уред а не само конвертор од obd2 на Bluetooth/wifi.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 01.08.2019, Thursday, 11:05:24
Хммм... добра рецензија... ќе го имам и ова на памет кога ќе нарачувам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 01.08.2019, Thursday, 21:58:09
Да повеќе како играчка е ОБД скенерот 3.53$. Го купив затоа што имам еден форд ескорт 96год бензин не пали, го чепкам од време на време па измеѓу го нарачав уредов со надеж дека ќе прочита нешто :). Пробав да го поврзам не успеа да се конектира со ECU-то, дали дека е стар компјутерот или пак расипан  :-\, или пак треба да се поврзе со запалена кола затоа што е стара незнам :)
Пробан е на алфа ромео 1.9тд и нисан алмера 1.5тд, работи ок, се поврзува е сега на шал таблата на нисанот свети дека воздушното перниче е неисправно но на скенерот не излегоа faulty codes, пробано со секакви апликации, кракувани, пиратски ПРО верзии.
По вадењето на уредот забележав дека загрева така да тие што сакаат нон стоп да им стои приклучен за да го монитираат возилото додека возат овој уред не би го препорачал.

Discharger-от за мерење на капацитивноста на литиумска батерија со 2 керамички отпорника го нарачав за 3.24$.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.08.2019, Thursday, 22:25:36
Хммм... добра рецензија... ќе го имам и ова на памет кога ќе нарачувам ;).
бош се добри (и скапи), а софтверот е околу 2к ... пиратскиот софтвер/мобилните  е како да си пошол на гатачка.
 Mkdsime
клај му свеж бензин, ако е стоен над 5 месеси нема да запали. Провери дали има искри и дали грла дизната бензин, визуелно,. предпоставуам е со 1-4 дизни,  или инџектори. ВО секој случај во цревото за бензин треба да има притисок, ако имаш барметар измери, на филтерот треба да пише колку е. провери ја пумпата. Ако е со амбуратор (карбуратор) пак видидали прска бензин.
Ако не фрла искри, сензор на радилица, бобина ецу . Сензорот е уствари халов давач, па моќе да се провери. Провери свеќивите во каква кондиција се ако има искра.
проверипрво дали иде напон до ецу-то, т.е.на џекот. прсни му малу ве-де-40, контакт спреј....
Пробај симни делфин, се дешава да погоди.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 01.08.2019, Thursday, 22:56:17
Моја препорака, не си го троши времето и не се базирај на тие сензори.
Скенер се купува според потребата/намената и според брендот/групацијата.
Универзалните тестери не ги даваат сите опции на возилото, ги даваат универзалните за сите возила а не и специфичните. Дури и уредите како што се Bosch kts кој кошта €2к+  не ги покажуваат сите можности или неможеш да ги менуваш.
Можно e иако конекторот е obd2 протоколот кој го поддржува адаптерот што го имаш да не е исти со протоколот на  ECU во фордот
Code: [Select]
http://www.obdtester.com/obd2_protocolsНајчесто треба само контакт за да се поврза  OBD2 со ECU, не треба да работи моторот.
За да пробаме да дијагностицираме зошто не се поврзува OBD2   со ECU и зошто возилото не стартува треба повеке информации.
Прво провери дали имаш на конекторот 12 v би требали да се пин 4-gnd  и пин 16 12в кога имаш дадено контакт. Доколку се конектира со ECU незнам колку би ти помогнало тоа да го стартуваш фордот.
Мислам за повеќе разговор околу стартување на фордот треба да отвориш друга тема., освен ако не си го порачал и него од  aliexpress.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 01.08.2019, Thursday, 23:17:33
Ќе проверам се што напишавте, фала за советите информациите и препораките.
bicikle А каков за што е тој делфин?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.08.2019, Thursday, 23:51:00
грешна тема....
Програм за дијагностика, е сега дали имаше и некој уред со него, или беше за сите блутут, појма немам, одмна го имам работено, битно беше да се синхронизираат лаптопот и обд-то, нешто апдејт имаше опција имаше, демек лаптопот да го апдејтираш со „драјверот“ за обд-то, кој го има секој конектор во себе, нешто как драјвер ли е, како сериски појма неам, битно работеше солидно, но ги мешаше поимите, на пример кај бензинец може да ти рече греачот не ти чини, или ламбда сонда да ти ја презентира како сензор за абс....
Делфи  (http://blog.vxdas.com/ds150e-software-free-download-and-activation/)било, не делфин  :)
Дали имаше и хардвер за со него или беше адаптилно, не се сеќавам, ама знам дека бааѓи го користеа.
Е сега грешките беа константни т.е. секогаш за тој и тој модел сензорот ќе го нарече свеќица, и ќе си запишип за полесно снаоѓање.
ова со некој 5 парачки обд парче ги праеше колите, т.е. кај што не „фаќаше“ бошот, со ова цепавме, ама хардверот ич не ми текина каков беше, помнам дека беше на усб и на некое лаптопче со усб кабел.
Генерално ти треба скапа опрема, ама чат-пат се наоѓа по некој хак, зависи за што, сега со овие петпарачкие не можеш ремап да прајш, ама тајминг на палење мојш да наштелаш, да исклучиш сонда, дпф...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 02.08.2019, Friday, 01:50:58
Discharger-от за мерење на капацитивноста на литиумска батерија со 2 керамички отпорника го нарачав за 3.24$.

А, јас пак мислев дека само јавува напон на батериите ;D ;D ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 02.08.2019, Friday, 06:25:09
@ bicikle: доколку скенерот ти покажува грејач кај бензински мотор тогаш стварно нешто не е во ред :)  :)
Delphi не е само software за него има и hardware, едно без друго неможе, не е ефтин €200+ мислам. Кинезите имаат копија за некои 30 40 долари но не функционира се нема ни bluetooth.
Многу автоелектричари имаат кинески уреди кои ги користат за бришење грешки после поправка или за ресетирање масло, глицерин и слично.
Некои возила како BMW може само со кабел/конвертор и software како што е INPA, tool32 и слични преку компјутер да завршиш скоро се.
Доколку ти треба нешто специфично тогаш уред за конкретната намена, или software со соодветен конектор.

Разговорот забега од темата, можеби подобро е  друга тема за obd доколку нема?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 02.08.2019, Friday, 13:14:57
Quote
Кинезите имаат копија за некои 30 40 долари но не функционира се нема ни bluetooth.
на неа мислев, да без бт е и свеќиците ги превеле како греачи :)  Секао можеш да си г купиш и опригиналот, гледам по мајсториве го имаатбаѓи и брка работа.
Quote
Доколку ти треба нешто специфично тогаш уред за конкретната намена, или software со соодветен конектор.
Да, така е најдобро, секој производител си има соодветен хардвер и софтвер, ама не се ефтини... Сега нели муабетот беше за да си експериментираме, да не речам играме. Инаку секако голфот ми е поефтин од уредот :)
 
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 10.08.2019, Saturday, 17:29:10
Овие ги нарачав од eBay... ќе видиме колку ги бива :).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/263861559295
(http://www.mediafire.com/convkey/fc41/6pcmjeauycjywaqzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/3325/nuv40fd1giodvbazg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/286b/h2mo4ta6s7o3iigzg.jpg)

Еве и едно видео на кое некој правел детална рецензија на овие батерии ;).

Изгледа ќе мора во уредите во кои ќе се користат батериите да се додаваат филтерски кондензатори... или евентуално на излез од самите батерии ;)... изгледа како да има доволно простор во самото куќиште ;)... ќе стигнат, ќе расклопиме една, ќе видиме што има внатре ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 10.08.2019, Saturday, 17:45:36
Интересно, јас мислев сам да си правам вакво нешто :).
А мора да биде Li-ion батеријата, зошто не си земеш NiMH ем се поефтини ем не ти требаат никакви филтри... 8)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273912772120
(http://www.mediafire.com/convkey/4773/njzzxyj2gzln9m4zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 10.08.2019, Saturday, 19:02:17
Trustfire на Македонски преведоно: Верувај ке има пожар :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 10.08.2019, Saturday, 22:24:56
Интересно, јас мислев сам да си правам вакво нешто :).

Нема што сам да правиш, Кинези више направиле 8).

А мора да биде Li-ion батеријата, зошто не си земеш NiMH ем се поефтини ем не ти требаат никакви филтри... 8)

Да, ама имаат далеку помал животен век и треба посебен полнач :-\... овие се полнат на Micro USB... секој полнач за телефон може да ги полни :).

Trustfire на Македонски преведоно: Верувај ке има пожар :)

Хахахаха ;D ;D ;D... имам другар огноборец, ќе дојде на „успомоч“ ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 10.08.2019, Saturday, 22:37:21
^хах, да ткаа некако, не дека се толку лоши ама пилата на осцилоскопотме засекира, нема шанси на пример унимер или далечинско да работи саглам со ова... одат во игра од Лорд Зи . За играчкине од децине секако дека може било која варијанта
edit:
планирам да ги полнам на 8.8-8.9в , без регулација, без временски прекинувач (никогаш нема да бидат 100% полни), ама е сигурно и да се заборават, а адаптерот е секако 125mA, и секако полнењето ќе биде поспоро, ама ќе се наполнат еднаш на не знам колку време , за 2-3 саати плус ништо не губам.
Да, секако нема да е на одмет оригинал полнач.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.08.2019, Sunday, 02:51:05
^хах, да ткаа некако, не дека се толку лоши ама пилата на осцилоскопотме засекира, нема шанси на пример унимер или далечинско да работи саглам со ова... одат во игра од Лорд Зи . За играчкине од децине секако дека може било која варијанта

Зависи... треба да се види дали може да се испегла убаво или не... мислам дека ќе успеам да го испеглам ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 11.08.2019, Sunday, 05:35:15
Да може, ама за 2$ плус не се испати. А полнач за ни-кад полесно ќе накдеш :)
По мое ти треба калем, за високи фрекфенции по ефикасен е, секако и кондензатор.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 24.08.2019, Saturday, 01:39:32
кој од овие ?
1. (https://www.ebay.com/itm/Intel-Core-2-Quad-Q9550-SLAWQ-SLB8V-775-1333-MHz-2-83GHz-12-MB-CPU-Prozessoren/152320331314?epid=74065912&hash=item2376ffce32:g:JwUAAOSwj85YLxwy)
2. (https://www.ebay.com/itm/Intel-Core-2-Quad-Q9550-CPU-2-83GHz-12M-1333-SLB8V-SLAWQ-LGA775-Processor/352715041570?epid=580435327&hash=item521f746b22:g:050AAOSwDqVdMvUe)
3. (https://www.ebay.com/itm/Intel-Core-2-Quad-Core-Q9550-12M-2-83GHz-1333-Quad-Core-LGA775-CPU-Processor/173909678993?epid=74065912&hash=item287dd31b91:g:dRYAAOSws6ldE0MP)
4. (https://www.ebay.com/itm/Intel-Core-2-Quad-Q9550-2-83GHz-12M-1333-Quad-Core-LGA775-CPU-Processor/132967767356?hash=item1ef57f1d3c:g:oTAAAOSw6nhcdXKe)
Ко бајаги имало и феј q9550...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 24.08.2019, Saturday, 02:34:22
На али тој процесор тие е ~17$.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 24.08.2019, Saturday, 12:19:11
+3$shipping xD. А кај многу велат дека се фејк или не го полни кешто до 12 mb
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 24.08.2019, Saturday, 17:55:06
Истите селери продаваат и на ибеј.
Инаку имаш и добри продавачи со фри шипинг.
пример:

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/2033568213.html
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32508367791.html
Овие треба да имаат и тракинг број пошто опцијата е алиекспрес стандард шипинг.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 24.08.2019, Saturday, 18:47:36
фала :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 25.08.2019, Sunday, 00:40:16
Има опција и ксеонче E5440 или Е5450 да земеш за ~10-15$.
Овие се во иста класа како Q9550, дури за 20 долари колку што сакаш да потрошиш можеш да земеш многу подобар xeon, а многу зависи и за каква плоча станува збор.

пример:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/2041513908.html
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/2041514744.html
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 25.08.2019, Sunday, 01:45:36
Ептен е експериментално, преправки треба, биосот да се менува, а бенефитите не се толку големи. 
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 25.08.2019, Sunday, 02:03:46
Преправки не треба, процесорот  е спремен веднаш да легне во слотот, биосот си останува ист или евентујално се додават микрокод за да го познае процесорот.
Бенефитот е за помалку пари процесор во тој ранг.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.08.2019, Sunday, 02:30:11
+3$shipping xD. А кај многу велат дека се фејк или не го полни кешто до 12 mb

Не верувам дека им текнало на Кинезиве да праат копии од овие... бидејќи моментално проспектите за овие процесори се сеуште pretty hush hush и ги нема leaked online... а дури и ако ги има, не им се исплати... 22nm-тарска технологија е веќе далеку out of style во модерни трендови, така да, ако решат да ја произведат, ќе чини барем 5 пати повеќе отколку ако ги продаваат на старо ;).

Евентуално може да добиеш fake CPU chip или нешто што личи на CPU, а не е... толку. И од овие причини, преферирам да купувам од eBay и преку PayPal. Да, за нијанса поскапо е, ама барем сум сигурен дека што и да купам, ако не е во ред, ќе си ги вратам парите назад ;).

Овие се во иста класа како Q9550, дури за 20 долари колку што сакаш да потрошиш можеш да земеш многу подобар xeon, а многу зависи и за каква плоча станува збор.

Да, апсолутно зависи од плочата, односно дали има BIOS mods кои овозможуваат на desktop плочата која ја имаш да користиш Xeon чипови од таа генерација (775/771)... но, ако не си сигурен, земи си некој Qxxxx, 100% е компатибилен ;).

Инаку, да, јас дома користам Xeon 22nm-тарски на 775 desktop плоча, супер си работи ;). Го има товарено со денови, само треба да имаш асално напојување, толку ;).

Преправки не треба, процесорот  е спремен веднаш да легне во слотот, биосот си останува ист или евентујално се додават микрокод за да го познае процесорот.

Тоа пак на крај значи дека ќе треба да го смениш BIOS-от со понов, т.е. со модифициран кој ги има адекватните microcodes... за некој кој не знае што е BIOS update, ова не е тривијална работа :-\.

Поентата ми е: ако не ти се експериментира или немаш време за експериментирање, земи си Q9550; ако сакаш да експериментираш, земи си Xeon и зезај се ;).

Инаку, да, повеќето Xeon-и кои ги продаваат на eBay или aliexpress како desktop compatible се веќе хардверски преправени (го имаат додадено оној jumper) за работа на desktop плочи, така да, ако го ставиш на desktop плоча, само може BIOS-от да „кенка“ дека не знае што процесор имаш ставено и дека знае дека е „толку и толку“ јадрен и работи на „тој и тој“ такт, но дека не знае што процесор е и дека, практично, не може да ги користи оптимизациите кои ги има процесорот на располагање (SSE, SSE2, VM-T, AVX, итн.). Тоа ќе се смени ако додадеш CPU microcodes на BIOS-от, но тоа треба рачно да го направиш или да симнеш BIOS кој веќе го има тоа имплементирано во него.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 25.08.2019, Sunday, 03:03:17
“Не верувам дека им текнало на Кинезиве да праат копии од овие... бидејќи моментално проспектите за овие процесори се сеуште pretty hush hush и ги нема leaked online.’  некад напрајле, или нешто друго не било во ред, во ривјуата пишуваа, и тоа повеќемина као е фејк, полни 5-6мб кеш  итн...
немам време периодов за такви зае*анции, поготово не за 2$ :) да не почне да крашира безвезе па да се зеза после. Ако има нешто едноставно како клик некст некст рестарт, арно, ако е по комлицирано поарно q9550 и хајт :D
башка стара машина е не се испалаќа, ај да е понова да се зезам, ама цела мапина не е 150 eu сосе периферија, ја за 5$ 3 дена да утепам, не ми фаќа окото :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.08.2019, Sunday, 04:16:49
некад напрајле, или нешто друго не било во ред, во ривјуата пишуваа, и тоа повеќемина као е фејк, полни 5-6мб кеш  итн...

Тоа апсолутно ништо не мора да значи, особено не ако пробувале со класичен софтвер.

немам време периодов за такви зае*анции, поготово не за 2$ :) да не почне да крашира безвезе па да се зеза после.

Околу паѓање, сигурно нема да почне да паѓа доколку плочата без проблем може да го поддржи тој FSB и тој такт на работа.

Замарање со BIOS mods е сосема друга работа ;).

Ако има нешто едноставно како клик некст некст рестарт, арно, ако е по комлицирано поарно q9550 и хајт :D

Тогаш, мој совет, земи си Q серија и бркај работа ;).

башка стара машина е не се испалаќа, ај да е понова да се зезам, ама цела мапина не е 150 eu сосе периферија, ја за 5$ 3 дена да утепам, не ми фаќа окото :)

Според мене, до пред некоја година, се исплатеше да тепаш време да купуваш Xeon наместо Core2Quad. Сега веќе... да, и јас исто би рекол, нема поента.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 25.08.2019, Sunday, 16:21:59
Еве како за пример,
нарачав (пред 2 години) ксеон процесор, додека патуваше процесорот на биосот му ги вметнав микрокодовите и го флешнав биосот (плочата е G31 и не е којзнае каква плоча). Кога стигна процесорот, го ставив во слотот и го стартирав компјутерот (колку што се сеќавам ми побара само еден рестарт) и се си беше во ред, AIDA го препознава како 771 процесор.
Процесорот кај мене е со нови засечени уши за да може да легне во слотот, со тоа избегнав да го “копам“ слотот за да легне процесорот. Наместо онаа лепенка (адаптер) од долната страна на процесорот, кај мојот примерок пиновите беа прелемини на самото место.

(http://www.mediafire.com/convkey/7c8c/axx0ok9ck5lpyc2zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/1f68/9nejpqwps46xd9vzg.jpg)

Секако дека што ти одговара тоа и си нарачај, јас само дадов идеја, и да, воопшто не верувам дека некој китаец произведува фејк процесори, таквата технологија на производтсво е многу скапа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 25.08.2019, Sunday, 20:13:09
Такви беа ривјуата. Не мора китаец да произвел процесор, но може штампата да е менил :)
Е не сум чепкал биоси, да не не работи после и со овој сега што му е на него. Да беше разликата 50 евра или во перформанси, ќе праев скаламерии...
Edit:
 Инче како идеја е ок
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 27.08.2019, Tuesday, 08:41:27
Еве јас последно што нарачав, стигна за некои 20-тина дена
Мери струја и напон од 3-30V и 0-5А, покажува напони на дата линиите, mAh и Wh време од кога е вклучен потрошувачот (ако се полни нешто тогаш би било време на полнење)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/292076965244
(http://www.mediafire.com/convkey/6c3a/zjrvssn5cystl6uzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/46e5/yil1z5raz1og4bpzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.08.2019, Tuesday, 17:13:20
Имав вакво слично нарачано поодамна, ама беше со LED и ги менуваше напонот и струјата на определено време на LED дисплејот.

На крајот, излезе дека прави повеќе проблеми отколку што решава. Наместо еден контакт на уредот со матичната плоча, имаш уште два плус, згора на тоа неквалитетни Кинески и само почна да ме нервира кога ќе изгубеше контакт и го баталив.

Да беше изведбата малку подобра, дефинитивно би го користел ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 28.08.2019, Wednesday, 01:01:32
Кога сме веќе кај usb докторите, имам вакво и сум задоволен од него.
Прилично е прецизен, но највеќе го користам за да видам кој чарџер колку ампери максимално може да испорача, мада сум го тестирал и при полнење на батерии и горе долу точно покажува колку mAh ги наполнил.
Значи покажува волтажа и ампеража + колку време е под терет и колку mAh испорачал.

(http://www.mediafire.com/convkey/d612/lt3ab4pvr0s41hhzg.jpg)

За вештачки терет користам вакво sвере, свичот е за 1А и 2А load.

(http://www.mediafire.com/convkey/50ff/apiwsx3f0s33rr9zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 28.08.2019, Wednesday, 01:37:30
Шибнав неколку бургии од али... Некои се ок, некои не. Требаше да  бидат кобалтни, ама само се испрскани со некоја златна боја. Не сум импресиониран, но ефтини се и одлични за бушење железо, но не и челик.
Сум налетал и на оригинал кобалтни и легурирани бургии, поскапи беа али челик, гус, осовини, ма не знам ти што, не ти се верува на очите колку лесно го буши металот.
Една таква бургија е околу 60-100 денари, 4мм, додека од кај али се 300денари цел сет (20  бургии, 1-6мм).
Нарезниците со бургија се далеку подобри од бургииве, ем бушат добро, ем навоите парче ги прават, иста цена од прилика. Скалестата бургија исто добро се покажа. Глодалите, не се ни врв, ни дно, среден квалитет, добра изработка, за лим/железо задоволителни.
Не ставив линк ради што се "expired", али мислам дека се разбираме.
Ако сакате добра бургија, по локалниве железари ковалтните и некои си легурирани се добри, али и овие од ибеј бркаат работа. Сепак мислам дека кај нас таков вид роба ( како и многу други работи) се преценети, ги преплаќаме, истата бургија од ист производител може да се начека со 30% разлика во цена.
За секојдневна работа-ибеј/али, за специфична работа макита, ариље метал, овие бриколаж меркур хубо, ако ти се брза и во локална железара ќе најдеш добра бургија ( малу повеќе маржа).
Бог да бие тој што ни ја секна индустријата во мк, се произведувало многу добар алат ( во соработка со комшиите, ама сепак бил пристапен), имам неколу примероци, значи се рамни со светски брендови. Али да сме здрави и живи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.08.2019, Wednesday, 15:27:50
За вештачки терет користам вакво sвере, свичот е за 1А и 2А load.

А зошто би користел вештачки товар за USB порт ???.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 28.08.2019, Wednesday, 15:35:03
За да измерам колку вистински испорачува полначот со USB порт, многу ретко резултатите одговараат на она што е декларирано на самата лепенка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.08.2019, Wednesday, 17:25:12
А поправаш полначи за телефони, затоа ти треба, бидејќи имаш многу различни да провериш?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 28.08.2019, Wednesday, 18:04:43
Не, дел од нив користам за полнење на литиумски батерии 18650 за е-циг.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.08.2019, Wednesday, 19:10:05
А, да, сега ми текна дека си имате багра со е-цигариве на форумов ;).

Ај, може ќе ви отвориме и подсекција ако се намножите ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 30.08.2019, Friday, 14:08:15
Ги нарачав овие лепаци.

Овие два се термопроводни лепаци.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/222572435552
(http://www.mediafire.com/convkey/e7a4/qn2q4zhs0jn6b7hzg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/122087537545
(http://www.mediafire.com/convkey/a321/6ekdis7gnma49pmzg.jpg)

Ќе видиме кој е подобар ;).

Овие два се универзални проѕирни лепаци. Пишува дека може да се користат и за кондури, што значи дека би требало до некаде да се еластични, а и као демек добро стегале... ќе видиме ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163188767189
(http://www.mediafire.com/convkey/5c65/j6gh6igh2cxzrnczg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233095008540
(http://www.mediafire.com/convkey/e90c/mx27escczfumupzzg.jpg)
Како се покажаа овие термалниве лепаци ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.08.2019, Friday, 16:15:18
Супер се покажаа, особено тие малечките ;). Стегаат за еден час од прилика, потоа стануваат како тврда гума ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 30.08.2019, Friday, 17:13:43
Значи со малечките ќе можат да се лепат LED плочките што се на 220v на хладњаците од кулери.
Претпоставувам дека треба да се нанесе тенко како термална паста и да се залепи за хладњакот, но дали треба дополнително да се додаде лепак и по целиот круг од LED плочката за да зафати уште повеќе?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 30.08.2019, Friday, 17:33:57
Гига, а другиот? Да не е онај како цименто што се прави, рапав?
Крема, каков имаш ти?
Кај ледот битно е баш на чипот да има, и тоа да нема воздух, за околу мање битно. Од како ќе го нанесиш добро е да има рамномерен притисак по цела лед плочка (cob), на пример да ставиш трафо озгора а измеѓу крпче на 2-3 паи. Не мора да има кој знае колку тежина, битно е да не прима воздух, тоа приметив, да немаш "hot spots". Инаку инсомполош лепак нема гајле ( поксипол ).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 30.08.2019, Friday, 21:47:04
Јас имам од оние малите жути Stars-922
ама едно единствено :D

(http://www.mediafire.com/convkey/e7a4/qn2q4zhs0jn6b7hzg.jpg?size_id=8)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.08.2019, Friday, 23:26:14
Значи со малечките ќе можат да се лепат LED плочките што се на 220v на хладњаците од кулери.

Ќе може и со големата туба, не е проблем, нема некоја голема разлика во начинот на кој стега/лепи ;).

Претпоставувам дека треба да се нанесе тенко како термална паста и да се залепи за хладњакот, но дали треба дополнително да се додаде лепак и по целиот круг од LED плочката за да зафати уште повеќе?

Да, ставаш како за термална паста... можеби нешто повеќе во однос на тоа колку би ставил термална паста (јас обично повеќе ставам термална паста, општо, така да, за мене дојде скоро исто како да ставам термална паста :P :D). Ставаш на едната или на другата површина, исто како кога ставаш термална паста на процесор. Ги стегаш двете површини (пожелно е да ставиш нешто така, малку тешко врз нив, јас ставив дебела книга со картонски корици :P :D) и оставаш лепакот да се исуши... тоа е тоа :). За еден час, од прилика, веќе е скоро сув. Сосема стврднат е за 24 часа, но веќе по 2, 3 часа, може слободно да ракуваш со уредот, нема да се одлепи ;). Само е малку помек лепакот во однос на тоа каков ќе биде за 24 часа, единствена разлика е таа ;) (по гумен е, за 24 часа ќе стане како тврда гума ;)).

Гига, а другиот? Да не е онај како цименто што се прави, рапав?

Не, скоро ист е како овој од малечкиве туби... можеби нешто потврд да се прави, но не е рапав. Време на сушење и на двата е скоро исто. По еден час веќе може а ја тргнеш книгата :P :D, по 2, 3 часа, слободно ракувај со предметите кои си ги лепел ;).

Кај ледот битно е баш на чипот да има, и тоа да нема воздух, за околу мање битно. Од како ќе го нанесиш добро е да има рамномерен притисак по цела лед плочка (cob), на пример да ставиш трафо озгора а измеѓу крпче на 2-3 паи. Не мора да има кој знае колку тежина, битно е да не прима воздух, тоа приметив, да немаш "hot spots".

Да да, ова е особено важно за COB чипот ;). Ако изгори една, не работи ниедна :-\.

Инаку инсомполош лепак нема гајле ( поксипол ).

И со суперлепак имам лепено за northbridge/southbridge ладилни тела, ама... не би ризикувал така да терам со LED осветлување ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 30.08.2019, Friday, 23:44:05
Овај поксипол е ко бајаги "течен метал", ама сепак не му е намената да лади, уствари тенок слој нема да прави проблем, но е далеку повискозен од термална паста, претпоставувам и од лепактот термален, и ако го притиснеш доволно како би го истиснал доволно, т.е. како би го истиснал воздухот најверојатно и чипот ќе го оштетиш.
Да, овај лепаков термопроводен ви вил идеален за ледови. Ме кандисавте :D
Еве што експеримент ми е следен :
(http://www.mediafire.com/convkey/737d/sook1m9h8zbwdt7zg.jpg)
 За на бицико
*Уствари пастата е термо проводна, не етермална, ама пократко е xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 31.08.2019, Saturday, 01:43:33
Да не правиш бицикло како Душан со 9-те прекидачи :)

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.08.2019, Saturday, 02:58:09
Да, овај лепаков термопроводен ви вил идеален за ледови. Ме кандисавте :D

Да бидам искрен, не би го користел за сите оние COB LED кои се шрафат (имаат дупчиња), но ако немаат, да, одличен е за такви ;).

Да не правиш бицикло како Душан со 9-те прекидачи :)

Не... значи... не, не можам ;D ;D ;D... кога и да го видам клипов, си викам, од која психијатриска болница избегал чоеков ;D ;D ;D... мада кај нас, на Балканов, не мора да бегаш, сами те пуштаат ;D ;D ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 31.08.2019, Saturday, 04:00:08
Па потешко е да го избушиш ладилникот, навој да напрајш и да се пасенд сите 4 штрафчиња него да шлапниш лепак и хајт.
Иако се 4х3w, една оригинал cree или nichia ги "шие" во било кој поглед. Поентата е што динамото дава висок напон, па да добијам 12-15V.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 31.08.2019, Saturday, 22:01:12
Па потешко е да го избушиш ладилникот, навој да напрајш и да се пасенд сите 4 штрафчиња него да шлапниш лепак и хајт.

Добро, јас имам навојници, така да, не ми е тешко :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 01.09.2019, Sunday, 11:57:23
Поготово алуминиумот е тешко, т.е. не  енеизводливо, ама потешко е од метал, ем треба ептен прецизно да ги направиш дупките и со сталак да ги бушиш, да не ти избега бургијата и навокчјот. А со лепак е 2 мин работа :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 14.09.2019, Saturday, 14:23:59
Почеток на нова тема Дискусијата е почната во оваа (http://elektronika.mk/index.php?topic=14731.0) тема и пресечена по оваа (http://elektronika.mk/index.php?msg=129039) порака.

Не значи дека ќе ги добиеш баш тие со таа штампа, можно е во меѓувреме продавачот да ги продал па да набавил други од друг добавувач со друга штампа.
Мое мислење :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 14.09.2019, Saturday, 14:39:47
Сликата на ebay/aliexpress не е никаков индикатор за тоа што ке добиеш од продавачот.
Некои ставаат слики од оригиналните елементи а ќе добиеш елементи со на рака напишана вредност.
Некакво мерило барем според мене се коментарите од купувачите, рејтингот на продавачот, дали продава само електроника или продава и пижами. Според моето искуство специализираните продавачи имаат поквалитетни елементи и се поконстантни во тоа што го нудат.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.09.2019, Saturday, 16:23:37
Сликата на ebay/aliexpress не е никаков индикатор за тоа што ке добиеш од продавачот.

Добро, да, тоа е така, но најчесто сум добивал она што сум нарачал ;). Но, да, имало и обратни ситуации.

Некакво мерило барем според мене се коментарите од купувачите, рејтингот на продавачот, дали продава само електроника или продава и пижами.

На eBay баш и нема некои коментари од купувачи... не поради друго, цело време нови sales прават, а коментарите за определен sale важат само додека е активен sale-от... а ги менуваат на неколку недели или месец ::).

Feedback-от на seller-от значи нешто, но најчесто, како што спомна, не продаваат само електронски компоненти, продаваат и секакви други глупости, така да :-\... и тоа не е баш некое мерило :-\.

Јас сепак би пробал со друг продавач и не оставам feedback додека не ги пробам. Ако пак ми изгорат, си ги барам парите назад. Ако излезат добри, ќе си добие feedback ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 14.09.2019, Saturday, 18:17:08
Колку што знам јас, на еbay стои feedback кај продавачот, позитивен, негативен, неутрален обично со коментар, за кој производ и од кого.
На огласите стојат коментарите само додека стои огласот.
Продавачите како tayda electronics, pollida 2008 и utsource на ebay за мене се имаат покажано добро.
Специјализираните продавачи со подолга историја се подобри и посигурни.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.09.2019, Sunday, 01:25:21
Колку што знам јас, на еbay стои feedback кај продавачот, позитивен, негативен, неутрален обично со коментар, за кој производ и од кого.

Да, ама ај иди барај ги TOP224 меѓу пижамите :P :D.

Продавачите како tayda electronics, pollida 2008 и utsource на ebay за мене се имаат покажано добро.

Никогаш немам купено од нив, секогаш сум купвал од шашма продавачи, па еве, да чукнам во дрво, не ми се покажало нешто како бофал ;).

Специјализираните продавачи со подолга историја се подобри и посигурни.

Нема збор... но и поскапи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.09.2019, Sunday, 02:37:32
Многу од ефтините компоненти (отпорници, диоди, кондензатори) кои ги продаваат по ebay/aliexpress се со иста или многу слична цена и кај "реномираните" продавачи како digikey, mouser, farnell и слични. Македонија е многу проблематична за набавка на компоненти од специјализирани компании, често голема поштарина, царините се огромни, доколку се работи со fedex, dxl и слични се ставаат смешни суми за шпедитерски услуги. Доколку пратката се погоди кај  експерт во веење знамиња се царинат пратки кои не подлежат на царина итн, итн.
Со поскапите компоненти не се исплати да се коцкаш, си купил 10 транзистори за 10$ излегува евтино еден транзистор 1$, кога од 10 само 2 работат излегува дека се по 5$. Скоро никој од продавачите не прифаќа поплаки на користени компоненти, си го залемил на плочата, можеби ти си го расипал. Расправај се по интернет дека не е така, времето изгубено можеби и муштерија се плус.
Кај специјализираните продавачи на ebay/aliexpress шансите се помали да се случи такво нешто, имаат реноме за чување.
Кај нив полесно се гледа feedbacк , и глобалниот feedback е индикатор бидејки е за електронски компоненти.
Малку поскапи компоненти е многу подобро и поисплатливо од  лотарија, најефтините компоненти иако се "исправни" може да не работат во некој уред.
Последните неколку порачки кои ги направив, вкупната цена на компоненти по порачка ми беше поефтина кај mouser отколку од ebay/aliexpress. Mouser и  digikey нудат бесплатна испорака над 50€, незнам дали тоа важи и за Македонија.

Само моето мислење и искуство.

Последните коментари се многу надвор од темата, подобро да се преместат во соодветната тема, да не ја гушиме оваа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.09.2019, Sunday, 02:49:17
Со поскапите компоненти не се исплати да се коцкаш, си купил 10 транзистори за 10$ излегува евтино еден транзистор 1$, кога од 10 само 2 работат излегува дека се по 5$. Скоро никој од продавачите не прифаќа поплаки на користени компоненти, си го залемил на плочата, можеби ти си го расипал. Расправај се по интернет дека не е така, времето изгубено можеби и муштерија се плус.

Па ти нема да пишеш дека се расипале, LOL :D. Ќе пишеш дека не ти стигнале :D. Јас секогаш така правам :D. Немам намера да се расправам „абе бош ти се компонентиве, сакам да ми ги вратиш парите“ ::) :D. Си пишувам „не ми стигнаа, враќај пари“ и готово ;).

Последните неколку порачки кои ги направив, вкупната цена на компоненти по порачка ми беше поефтина кај mouser отколку од ebay/aliexpress. Mouser и  digikey нудат бесплатна испорака над 50€, незнам дали тоа важи и за Македонија.

Не знам... не сум нарачувал ни од Mouser ни од DigiKey... ако некој нарачувал нарачка која е над 50 евра од Mouser или DigiKey, нека пишe :).

Последните коментари се многу надвор од темата, подобро да се преместат во соодветната тема, да не ја гушиме оваа.

Кажи кај да сечам, ќе пресечам, навистина не знам каде :P :D... инаку, да, се согласувам дека темата се пренатрпува со вакви коментари ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.09.2019, Sunday, 02:58:57
Некои пратки се со број за следење, на ebay не сите пратки,  но мислам дека на aliexpress сите се со следење. Неможе не ми стигна враќај парите, а и додека  прифати ке напишеш 10 пораки и ке чекаш 2 месеци.
 
Според мене од коментар 13 или 14 доколку може да ги копираш и во другата тема коментарите 10, 11 и 12 ке биде поразбирливо.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.09.2019, Sunday, 03:13:51
Некои пратки се со број за следење, на ebay не сите пратки,  но мислам дека на aliexpress сите се со следење. Неможе не ми стигна враќај парите, а и додека  прифати ке напишеш 10 пораки и ке чекаш 2 месеци.

Ми успеало повеќе од неколку пати да си ги вратам парите назад со „не ми стигна“ ;). На крајот на краиштата, секогаш имаш и PayPal dispute на располагање ;).

Генерално земено, откако научив како се работи со disputes, само еднаш се случило да не ми вратат пари, толку ;).

А за временскиот интервал... искрено, ич не ми е гајле. И два долари да се во прашање, тоа се мои пари. Ако сум се намерачил да си ги вратам назад, ќе си ги вратам ;).

Според мене од коментар 13 или 14 доколку може да ги копираш и во другата тема коментарите 10, 11 и 12 ке биде поразбирливо.

Ај ако може со линкови :D... и ако може „од овде натака сечи“ (не можам да правам copy, софтверот не го дозволува тоа, а и со право, тоа не се лично мои post-ови ;)), бидејќи во секоја друга ситуација станува комплицирано... ќе додадам референца до темава и post-овите ако мислиш дека тоа ќе биде проблем ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.09.2019, Sunday, 03:43:54
Доколку има број за следење неможе да викаш не ми стигна, се знае каде е пратката.
Мислев за времето што ќе го изгубиш пишувајки пораки за да ти ги вратат парите, и времето изгубено додека cи ги чекал компонентите.

Според мене, сечи од постот на членот крема или после него.
Reply  #13
http://elektronika.mk/index.php?topic=14731.msg129064#msg129064
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.09.2019, Sunday, 03:54:04
Доколку има број за следење неможе да викаш не ми стигна, се знае каде е пратката.

Ако не го пише продавачот во dispute-от или ако ја пише таа информација, но точно не кажува каде е испорачана пратката, од каде ќе знае eBay или PayPal „шатерксиот работник“ кој работи на disputes каде е испорачана пратката? ;)

Мислев за времето што ќе го изгубиш пишувајки пораки за да ти ги вратат парите, и времето изгубено додека cи ги чекал компонентите.

Во меѓувреме нарачувам други, не му ја мислам многу ;).

Поентата е да си ги вратам парите, имам други на располагање во меѓувреме на PayPal, не се замарам премногу ;).

Според мене, сечи од постот на членот крема или после него.
Reply  #13
http://elektronika.mk/index.php?topic=14731.msg129064#msg129064

Processing... :P :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.09.2019, Sunday, 03:59:47
Processing... :P :D

Done ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 15.09.2019, Sunday, 04:34:37
Кога има број за следење tracking number a не id number, продавачот ке провери каде е пратката и ќе го напише во dispute, за него се изгубени пари.
Пред 2 месеци порачав Glow sticks од ebay на адресата во Струмица, кога го проверив бројот за следење пишуваше испорачано - пошта Струмица.
Кога ке се пожалам дека пратката не стигнала, секогаш добивам пораки да проверам кај комшии во пошта и слично. Доколку има tracking number продавачот го пишува во пораката со барање да чекам да стигне пратката.
Некои продавачи одолговлекуваат со цел да помине рокот за жалба и да пропадне порачката без разлика дали има број за следење или не. Никој несака да губи пари.
Имам читано по интернет, намерно се пријавувале пратки како не испорачани за да си ги вратат парите а им остане порачаното.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 16.09.2019, Monday, 14:02:28
последно ова го нарачав, најефтино е, али ќе видиме како ќе се покажи

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163836972091
(http://www.mediafire.com/convkey/c20f/exl8ro1ts5wevc0zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: vladosh on 16.09.2019, Monday, 18:38:25
луѓе да прашам си викам ,шо е работата со Farnell ,порачувам од таму последните два месеца или нешто така ,и бесплатна испорака беше ,планирав да порачувам работи следните недела две гледам ставиле 25 фунти ,некој порачува ли од таму ? или ако знаете некоја слична опција ,мислам дека Mouser и Digikey не испорачуват тука освен по фирмите ..ептен добро беше овоа со фарнел додека траеше ... некој работи ги нема у Логин ..плус како е се спакувано да ти е ќеф ..
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 16.09.2019, Monday, 20:08:13
Истото го потврдија и на некои соседни форуми, дека почнале да ставаат 25 фунти на секоја нарачка, така да тоа е тоа, добро беше додека траеше... :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 02.10.2019, Wednesday, 19:32:03
Дали некој има купувано од кина високо амперски грец спој, дали работат без проблем до дадените спецификации? Јас имам еден трансформерски заварувач ~120А ~50VAC, кус спој околу 150А и сакам да го купам грецот од линкот (200А) ќе му ставам и ладилник, вентилаторче па може ќе издржи да пробам да заварувам некој челик со еднонасочни електроди и сл. а и може ќе се најде и како еднонасочно напојување. Некој да не има пробано да направи нешто вакво?
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/252732635077
(http://www.mediafire.com/convkey/d1ad/yznmnbn7j4logpjzg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: NerdOmega on 02.10.2019, Wednesday, 20:15:17
иако не сум порачувал нешто такво брза проверка по интернет покажува дека е SODIAL бренд. а на друг листинг има добри коментари.

Code: [Select]
https://www.amazon.co.uk/Bridge-Rectifier-SODIAL-Module-MDQ-200A/dp/B01G6P1RMW
(http://www.mediafire.com/convkey/1840/tr7h1k3gxhl3f65zg.jpg)

Дури и некој го употребил за тоа што сакаш и ти.

Code: [Select]
https://www.amazon.com/Baomain-Bridge-Rectifier-MDQ-200A-Module/dp/B01JILFZCO
(http://www.mediafire.com/convkey/4939/kjyn4ec4236hex9zg.jpg)

овде има уште неколку позитивни коментари. едина забелешка да не прескокнуваш на ладење и да му ставиш термална паста.

Извести не како ке поминеш со грецот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 02.10.2019, Wednesday, 23:19:05
Супер фала многу  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.10.2019, Thursday, 05:09:51
Јас имам еден трансформерски заварувач ~120А ~50VAC, кус спој околу 150А и сакам да го купам грецот од линкот (200А) ќе му ставам и ладилник, вентилаторче па може ќе издржи да пробам да заварувам некој челик со еднонасочни електроди и сл. а и може ќе се најде и како еднонасочно напојување.

А зошто да го правиш еднонасочен ???. Скоро сите електроди се наменети за еднонасочно, но и наизменично заварување. За џабе ќе го „мачиш“ грецот, нема потреба :).

Чисто како идеја, за некој кој нема никаков апарат за заварување, ниту пак моќен трансформатор, но му се наоѓа вода, голем стаклен сад, алуминиумска фолија и сол ;).

Сериозно, би го пробал ова, ама жена ми не ми дава ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 03.10.2019, Thursday, 18:04:20

Чисто како идеја, за некој кој нема никаков апарат за заварување, ниту пак моќен трансформатор, но му се наоѓа вода, голем стаклен сад, алуминиумска фолија и сол ;).

Освен вода, фолија и сол, можно е и поп да затреба  ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 03.10.2019, Thursday, 23:01:57
Освен вода, фолија и сол, можно е и поп да затреба  ;D

Да, помислив и на тоа ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: KiloVolt on 04.10.2019, Friday, 00:51:05
Quote
Сериозно, би го пробал ова, ама жена ми не ми дава ;D.
Ова е едно од оние работи кај што важи: "Не го правете ова дома, правете го кај некој пријател дома." ;D Не мора да те знае жена ти...
А за поп... имам цимер теолошки има запишано, ако му притреба на некој... ;D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 04.10.2019, Friday, 06:50:21
Не пеат после кремирање.
Гига, дур е на работа xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.11.2019, Wednesday, 04:32:06
Нешто гледав последниве денови по сајтови, нешто за BGA одлемување и залемување... не дека планирам да се пренасочам во тоа поле, туку почнав со едно и како и секој кој се интересира за 1000 работи истовремено, почнуваш да читаш за Blowfish енкрипција и се чудиш како по 6 часа заврши на некој сајт за Шпанската инквизиција ;D.

Како и да е, на многу места (претежно Русиве, а на нив им верувам скоро без проверка :P :D) ги препорачуваа овие алатчиња.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163603105953
(http://www.mediafire.com/convkey/dc35/36pf5k7crnj68y9zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/cb75/x0pczhzl5o965klzg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/401818262544
(http://www.mediafire.com/convkey/cd77/fhvw8d0dcmgf286zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/62d6/z5m33e16x85ngigzg.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/401818262544
(http://www.mediafire.com/convkey/1a41/qhscv5oliwhol6azg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/9708/0ozq0skyx87z72fzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/d84c/1fjemn4u61tjaj8zg.jpg)

Нарачав од сите три по едно, па ќе видиме како ќе се покажат :). Мислам дека рачката од првото некако најдобро ќе легне на рака ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 14.11.2019, Thursday, 10:00:05
дали dx  (https://www.dx.com/)е ок ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 14.11.2019, Thursday, 10:06:21
Би требало, не се од вчера, мислам еднаш или два пати порано нарачував нешто, дојде без проблем.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 14.11.2019, Thursday, 17:35:25
дали dx  (https://www.dx.com/)е ок ?
До пред 2-3 години често нарачував од DX се додека една пратка не ми стигна. Им пишав, ми рекоа почекај 10 дена. Пак им пишав, рекоа почекај уште 10 дена. После тоа ми рекоа провери дали пратката е во локалната пошта, после тоа ми рекоа провери дали ти е точна адресата. После долго убедување се согласија да ги вратат парите, само што не ми ги вратија, туку ќе стоеле кај нив на мој акаунт. Тогаш раскрстив со нив. Како што кажав, тоа беше пред 2-3 години, не знам сега како е.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 15.11.2019, Friday, 01:32:07
Како плати, со PayPal или со картичка?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 15.11.2019, Friday, 17:36:02
Мислам дека беше со PayPal
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.11.2019, Saturday, 02:41:44
Си требал да покренеш dispute преку PayPal, ќе ти ги врателе парите ;).

Добро, памет за друг пат, и мене ми требаше време да научам како ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 16.11.2019, Saturday, 20:50:27
Хаха, јас знаев како, но имаше некој проблем со PayPal, долго време не можев да се логирам на акаунтот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.11.2019, Sunday, 15:04:45
Добро, да, тоа е веќе друг проблем ;).

Нема друг начин со Кинезиве како... бидејќи не враќаат освен ако не покажеш заби :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stiffy on 19.11.2019, Tuesday, 12:01:02
dispute преку paypal појма немам како се прави, ебај има сменато некои terms шознам јас, и порано беа многу фер ама во последно се по заштитени и мн тешко се враќаат пари...а треба преку пејпал да научам како е да не се замарам со нив.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 19.11.2019, Tuesday, 13:14:29
Јас се замарам и на двата, и на eBay и на PayPal сега (откако научив како треба на PayPal ;)). Кога ќе се логираш на PayPal, само отиди на следнив URL:

Code: [Select]
https://www.paypal.com/disputes/
Ќе ти се појави таму едно големо копче Report a Problem, кликни на него и барај ја трансакцијата која ти е проблематична и потоа е се многу слично со на eBay disputes ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 19.11.2019, Tuesday, 16:13:23
Не знам што се случи со една нарачка на @bicikle, му ја вратија поштарите назад кон продавачот оти наводно он не си ја побарал нарачката во пошта, претпоставувам дека ќе го рефундират.
10 дена имаше поминато од пристигнато во пошта овде до датумот на враќање назад кон продавачот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.11.2019, Tuesday, 19:46:16
Ги вратија парите
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 19.11.2019, Tuesday, 19:53:39
Од ebay ли беше нарачката што се врати?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 19.11.2019, Tuesday, 22:18:25
Да.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 21.11.2019, Thursday, 18:13:22
Шибнав неколку бургии од али... Некои се ок, некои не.
Не ставив линк ради што се "expired", али мислам дека се разбираме.
Ако сакате добра бургија, по локалниве железари ковалтните и некои си легурирани се добри, али и овие од ибеј бркаат работа. Сепак мислам дека кај нас таков вид роба ( како и многу други работи) се преценети, ги преплаќаме, истата бургија од ист производител може да се начека со 30% разлика во цена.
За секојдневна работа-ибеј/али, за специфична работа макита, ариље метал, овие бриколаж меркур хубо, ако ти се брза и во локална железара ќе најдеш добра бургија ( малу повеќе маржа).

Jaс лично за вакви работи го преферирам banggood.com иако и Али често го користам за други купувања. Некако на Али има премногу конфузија од премногу понуди (а најефтините често идат во "expired" како што сам кажуваш). На BG имаат помалку понуди, и веројатно од истите продавачи како од Али, само некако на BG ми се чинат како да се одбрани поквалитетните опции... Последно нарачав секачи за фреза, а имам нарачувано и помали бургии и додатоци за Дремел.

Замерка за BG е дека во однос на Али имаат подолг дисјпјут процес, и еве последново ми се деси да се циганчат со ценкање за диспјут за оштетен производ (иако истиов беше документиран со фотографии и видео). Ама па од десетици и десетици нарачки еднаш само имав потреба од диспјут и никогаш се нема случено да не дојде пратка. Али се шампиони за процесирање диспјути, ни Ибеј не им е равен. Само понеокои пратки од Али не стигаат. Ибеј е најлош, барем за најевтините понуди од непроверени продавачи.

Ова испадна мала споредба на онлајн продавниците. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.11.2019, Thursday, 19:11:20
на ebay сум немал проблеми со диспјут. некад има натегање али 2-3 мејла, не повеќе, битно е да не потклекниш на убедувањата од кинезите.
БГ не отвара нешто кај мене.
Генерално имам фрка со сељациве од пошта што го мрзит да го остајт картончено в сандаче или да титнит.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 21.11.2019, Thursday, 20:52:03
Нема проблеми на ибеј со диспјутите сами по себе (освен што треба непотребно многу да искликаш додека да дојдеш диспјутот). Проблемот со ибеј е тоа што голем од евтините понуди се од преваранти... И пред некој да каже „иди со проверени продавачи“, да посочам дека проверените продавачи често немаат најдобри/најевтини понуди.

Во контраст, на Али за исти/помалку пари најевтините понуди скоро секогаш стигаат и многу поретко ги нема.

Инаку БГ сега во моментов го прегледувам и немам проблем. Провајдерот/бровсерот да не те зеза?
Пробај со линков:

Code: [Select]
https://www.banggood.com/0-30V-2mA-3A-Adjustable-DC-Regulated-Power-Supply-Module-DIY-Kit-p-958308.html
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.11.2019, Thursday, 21:39:18
Проблемот со ибеј е тоа што голем од евтините понуди се од преваранти...
Како мислиш преварант, ако не ибеј, пејпал ги враќа парите и на продавачи што исчезнале.
Инаку БГ сега во моментов го прегледувам и немам проблем. Провајдерот/бровсерот да не те зеза?
Пробај со линков:

Code: [Select]
https://www.banggood.com/0-30V-2mA-3A-Adjustable-DC-Regulated-Power-Supply-Module-DIY-Kit-p-958308.html
Хмм, да бе мајката, сега нема проблем, се опрај :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stru4nak on 21.11.2019, Thursday, 21:47:30
Проблемот со ибеј е тоа што голем од евтините понуди се од преваранти...
Како мислиш преварант, ако не ибеј, пејпал ги враќа парите и на продавачи што исчезнале.3]
Преваранти во смисла парите ги враќаат секогаш да ама, производот не го испраќаат воопшто само чекаат чар на некој што не отворил dispute. До сега сум имал многу случаеви.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.11.2019, Thursday, 21:52:23
Ако не го прати за неколку дена не се зартвара сама нарачката  ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: stru4nak on 21.11.2019, Thursday, 21:56:00
Ако не го прати за неколку дена не се зартвара сама нарачката  ?
Проблемо е што тој пишува дека го пратил со invalid tracking number и ти чекаш 20-40 дена па после мора да отвориш dispute ако отвориш порано тој пишува почекај да помина деновите и така те мота народски кажано.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 21.11.2019, Thursday, 22:38:44
Проблемот е што си го губиш времето.
На ибеј е најголемата концетрација на преверанти, причината е што Ибеј ги толерира донекаде додека Али не ги толерира воопшто.

Како мислиш преварант, ако не ибеј, пејпал ги враќа парите и на продавачи што исчезнале.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.11.2019, Thursday, 23:20:55
Епа јбг, да појш в продавница да го платиш х5 нема ни превара да ти направи, ни ќе губиш време, ама ете се дешава некад и да забушаваат, мада мене 90% од фрките ми биле овдешниве копуци што не носат картончиња, а не зна оти не секогаш даваат тракинг, јер по мое не може фејк тракинг да го регистрираат нашиве и да кажат дека го вратиле назад. Значи ако не им се работи, нека напуштат, има луѓе што им се работи. Некни ми дојдоја 3 картончиња со по 4-5 пратки со 3 различни датуми, меѓу кои едно катонче беше 7 дена застарено, пљ морав дента да трча, имаат рок 8 дена.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.11.2019, Friday, 21:40:05
Преваранти во смисла парите ги враќаат секогаш да ама, производот не го испраќаат воопшто само чекаат чар на некој што не отворил dispute. До сега сум имал многу случаеви.

Проблемо е што тој пишува дека го пратил со invalid tracking number и ти чекаш 20-40 дена па после мора да отвориш dispute ако отвориш порано тој пишува почекај да помина деновите и така те мота народски кажано.

Е добро де, ќе си го нарачам пак ;). И онака никогаш не нарачувам работи што итно ми требаат ;).

Гледам колеги, нарачуваат работи за Божиќ, за годишнина, за деца, ова, она... па потоа се нервираат ако не стигне на време или ако воопшто не стигне. Нема што да се нервираш :). Сам знаеш кој е ризикот кој го прифаќаш кога нарачуваш: дека најверојатно ќе доцни и дека има и шанси да не стигне... тоа е тоа, нема љутиш, ќе си ги вратиш парите и цепај даље ;).

Еве, јас ако планирам нешто да нарачувам за годишнина или за некој празник, ќе фатам да нарачувам 5 или 6 месеци пред да биде датумот... епа ако тогаш не стигне, по 2 или 3 нарачки, епа не било пишано да стигне ;D.

Скоро секогаш нарачувам работи кои не ми се итни, туку онака, има шанса да ми притребаат, ама во иднина :). Никогаш не сум нарачал нешто што ми треба итно. Ако ми треба итно, си одам и си го купувам и тоа е тоа ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 22.11.2019, Friday, 23:27:13
Ќе си планираш, како што рече 5-6 месеца унапред. Или на пример унимер, требал, треба и ќе ни треба, сега, секогаш и секаде, амин :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.11.2019, Saturday, 02:12:30
Да де, затоа си нарачав 3, 4 од оние евтинине со Auto Range што се ;). Патем, тие се закон ;). Ма не знам колку пати ми падна, само се одлепуваат контактите за LCD-то. Стави зад дисплејот од оние „гуменине морски пени“ (како и да се викаат, ги користат за пакување на лаптопи и tech оперма, најчесто стигаат во бела и црна боја), убаво нека стрчи над максималната дебелина на унимерот, затвори го, стегни со шрафовите, job done :), се си работи како што треба :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 23.11.2019, Saturday, 11:06:18
Ај стави линк од тие евтини Auto Range да ги видиме кои се :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 23.11.2019, Saturday, 20:49:48
@GigaWatt Според ова пишуваното гледам дека нарачувате преку PayPal. Па, бидејќи не сум добро запознаен со нив и нивните сервиси, би сакал да ве прашам на која држава ви е регистриран акаунтот, бидејќи мислам дека во Македонија не е целосно воведен? И ако може нешто подетално за нивните сервиси, како на пример зошто би плаќал со него, а не обично само со картичката? Иако знам дел од предностите, сепак можеби нешто имам испуштено.  :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.11.2019, Saturday, 21:52:00
Ај стави линк од тие евтини Auto Range да ги видиме кои се :).

Од тие имаш два типа, едниот имаше подрачје за мерење фреквенција, а другиот за мерење температура. Моделите... не ми текнува во моментов кои беа, MS... нешто беше... или нешто така ??? :P :D. Како и да е, модифицирани копии се на некои евтини Mastech мултиметри со Auto Range.

Еве еден сличен на оние што ги нарачав, само со поголем дисплеј. Овој мери фреквенција... мада, и да го нарачате, не се чудете ако ви стигне некој што мери температура :P :D, ми се имаше случено така со една или две од нарачките бидејќи нарачував и за колеги и некои пријатели, можеби имам нарачано вкупно едно 10-тина :P :D.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/323972223416
(http://www.mediafire.com/convkey/08d5/bdvi3f16l57sycmzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/f482/1shbltaq0jefhm7zg.jpg)

Сега гледам, некои вакви се шема, а и евтини се... мада не би земал ваков, пред се бидејќи нема класичен OFF на прекинувач. Најмногу ме нервира тоа Stand By на дигиталниве уреди со батерии. Троши батерии у ПМ... не е баш вака кај сите уреди, зависи како е изведен Stand By-от, ама не знам кој како е изведен, така да, гледам да не купувам такви со Stand By или евентуално да видам дали можам рачно јас сам да му додадам прекинувач, а ако ептен не можам да му додадам, ј*бига... тоа е тоа :-\. Во секој случај, јас би ги избегавал следниве... можеби еден би нарачал за проба.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/173990624426
(http://www.mediafire.com/convkey/b6f5/cus5x5rbudks8rezg.jpg)

А, еве ги најдов :). Моделите се MS8233D и MS8233E ;). Порано поевтини беа, сега нешто поскапи се... јас за околу 10-тина долари сум ги наоѓал, понекогаш 11, 12 долари, ама никогаш не биле 15 долари ???. MS8233E е со подрачје за температура, а MS8233D е со подрачје за фреквенција (Hz) ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/302558865886
(http://www.mediafire.com/convkey/9686/p0v98898g3y74hbzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/e8fa/l7aqmk2w13qflgbzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/eedd/n611urzgp7w2qi9zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 23.11.2019, Saturday, 22:03:33
@GigaWatt Според ова пишуваното гледам дека нарачувате преку PayPal. Па, бидејќи не сум добро запознаен со нив и нивните сервиси, би сакал да ве прашам на која држава ви е регистриран акаунтот, бидејќи мислам дека во Македонија не е целосно воведен? И ако може нешто подетално за нивните сервиси, како на пример зошто би плаќал со него, а не обично само со картичката? Иако знам дел од предностите, сепак можеби нешто имам испуштено.  :D

Јас имам неколку PayPal accounts и сите ми се водат во различни држави. Еден ми се води во Словенија, еден во Бугарија, еден во Кипар. Има финта како да „врзеш“ картичка, а да не се води во таа држава ;).

Предности има многу. Може и да те плаќаат, а и да плаќаш преку PayPal, а да не мора да користиш картичка за директни трансакции. Јас го преферирам тој метод на плаќање, но не сум ограничен само на него (ме плаќале и преку Skrill, ми плаќале и во крипто валути). Преферирам да плаќам со PayPal бидејќи, исто како што имаш еBuyer protection на eBay, така имаш disputes и на PayPal ;). Значи, ако не ми успее dispute-от на eBay, можам веднаш потоа да отворам на PayPal и уште подобро е тоа што може да отвориш dispute до 6 месеци по трансакцијата (за разлика од eBay, каде што можноста да отвориш dispute ти истекува по 4 месеци). Се разбира, си има и недостатоци. Зема пари за директни трансакции од PayPal сметка на PayPal сметка (значи, некој одлучува мене да ме плати за нешто, но ако се води како класична трансакција од физичко на физичко лице, одзема пари за трансакцијата... на пример Skrill не зема пари за вакви трансакции) и прилично ригорозни се кога станува збор за account за кој се сомневаат дека е некако сомнителен. Ти го блокираат, ни известување, ни mail предупредувачки... ништо. Исто така, се премногу параноични кога станува збор за security. Следат од кои IP адреси си се логирал и ако не си во ист range (ист провајдер), има шанси да не ти дозволи да се логираш, особено ако е од IP која се смета за спамерска. Сличен проблем се јавува и ако пробаш да се логираш од друга држава, едноставно, не ти дозволува ::). Има опција да ти прати код по мобилен, ама ако сметките ти се како моите, имаш дадено fake броеви од други држави и, се разбира, нема да сакаш да ти прати :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 29.11.2019, Friday, 13:04:56
@GigaWatt

Што би било Бест бај

Ова?

(http://www.mediafire.com/convkey/f482/1shbltaq0jefhm7zg.jpg)

или ова?

(http://www.mediafire.com/convkey/eedd/n611urzgp7w2qi9zg.jpg)

Има купон на ибеј -20% :) P20BLACK

Thanks ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 29.11.2019, Friday, 15:28:36
Ако првиот работи на 9V батерија, тој. Ако не, вториот. Би требало да имаат или ист или сличен процесор, но тоа со 2xAA или 3xAA ме нервира. Брзо се празнат и ќе треба да менуваш батерии на неколку месеци (под услов редовно да го користиш). Овој вториот сигурно доаѓа со 9V батерија и стабилзиатор за 3V кој не е во функција (не работи) кога мултиметарот е во OFF позиција (прекинато е колото), така да, нема сигурно да троши струја за stand by или така нешто ;).

И ако го земаш вториот, земи MS8233E, со температурна сонда, повеќе работа ќе ти врши тој ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 29.11.2019, Friday, 16:08:15
Крема ај пиши јавно за кој си се одлучел, ако сакаш, ме мрзи да ги пребарувам двата :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 29.11.2019, Friday, 18:18:43
И двата се со 9v батерија, првиот со купон искача околу 8$ а вториот околу 11,4$.
Мене првиот повеќе ми фаќа око, не дека е поевтин туку шу знам, онака. :)

@bicikle
Нарачан првиот, па да видеме. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 29.11.2019, Friday, 20:38:46
Пипинимпресии. А оваj vc-99 или како беше , што бидна со него, подобњр е од овие или.?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 29.11.2019, Friday, 20:50:06
Јас не го нарачав тој VC99 (а се мислев долго време), мислам дека овој што го нарачав е подобра опција за мене + користи 9v батерија (што би рекол Гига да не се замараме со АА батерии).
Јас па цело време мислев дека ти си го зел веќе VC99. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 29.11.2019, Friday, 22:44:35
Го нарачав, не стигна. Ми ги вратија парите, ги потрошив, не дојде пак на ред :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 03:08:13
И јас ќе нарачам од тој зелениот ;). Чисто да го пробам ;). Ако е со 9V батерија, вреди да се проба ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 30.11.2019, Saturday, 10:55:13
едит: уфф не знам што се деси, ама се деси после едитирање на јутјуб линкот. Кодов на форумов брљави. Да знам да не го употребувам јутјуб инсертот. :)

Немам време да го преправам текстов... Но барем линковите работат.  :-/

Мој предлог за евтин мултимер на 9 волтна батерија:  A830L Digital Multimeter

$3.67, бирајте продавач:

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/32969188389.html
https://www.aliexpress.com/item/4000072710727.html

(http://www.mediafire.com/convkey/72c9/mo634diov8mh39yzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/b634/7bf0a1n3sse03mxzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/85e6/km528imud7qdpxczg.jpg)

Или одовде за US $3.80 со избор на бои:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/4000381292355.htmlТука има и DT830B za $2.83, за уште поефтина опција ако три-и-пол долари не е доволно евтино.  ;)
(мислам дека A830L е подобар избор)

(http://www.mediafire.com/convkey/a27a/btpsq5ypd3xqhrizg.jpg)

Има беклајт и холд на измерена вредност. Го користам неколку години како мултимер за „небитни работи“, всушност прво него го фаќам. Не отстапува многу од Флук, да речеме на пример стоти дел од волт/ампер. Преживеа неколку ретардации како мерење акумулатор со сондите погрешно поставени (се вжештија за 1на секунда). Маани му се тие евтините пипки/сонди, едната еднаш ми се скина но без проблем ја поправив, и контакт/continuity бипер пиезото е тиња ама работи.

Но за парите, нема подобар мултимер.  ;)
Или како што кажа оној типот од филмот Од зајдисонце до зора: „Ако можете да најдете поевтино п*те, п***те го!“ (https://www.youtube.com/watch?v=Wup1cEdgOWs) (58-ма секунда од клипот) :D

Од озбилна страна, прво еве едно ривју со отварање и покажување на електрониката и каде може да се стави осигурувач кој го нема пошто китајците штеделе (a што сакавте за тие пари)  :P

И едно саглам ривју со (нефер) споредби со Agilent мултимер:

Ех да ќе заборавев, има шифри со попусти за Али, се внесуваат после „Buy“ a пред „Pay now“.
Quote
TTBF5 над 50$ за 5$ попуст
TTBF10 над 100$ за 9$ попуст
Oвие прво давале долар-два повеќе попуст, се намалува како што се користат.

Еве и листа кодови од руски форум, јас еден пробав синојќа и кажа дека е надминат дозволениот број користења.
Code: [Select]
https://www.pepper.ru/deals/promokod-aliexpress-22150-55461
Quote
Список кодов, актуальных на 15:00 МСК
/ Stepan

BFBUY7 - $7/50
MAREDUC - $7/50
ALIEXTRA - $7/50
TTBF5 - $7/50
BFRSALE - $8/60
aliformanblack5 - $8/60
manaliexblack5 - $8/60
AlpaChinablack - $8/60
dvemordblack5 - $8/60
andersmithblack5 - $8/60
dollyaliblack5 - $8/60
alikotsaleblack5 - $8/60
likantropz24black5 - $8/60
CYABFRS - $8/60
agodblack5 - $8/60
BFRSALE - $8/60
SKIDKABF - $8/60
AMRSALE - $8/60
EPNBFR - $8/60
GSBF2019 - $8/60
MAREDUC3 - $11/100
GROUPONBF - $11/100
TRAVELCLUBBF - $11/100
TTBF10 - $11/100
WBBF10 - $11/100
AMBF10 - $11/100
MAREDUC3 - $11/100
EPNBF10 - $11/100
BFBUY11 - 11/111$

Промокоды на Черную Пятницу 2019 (Black Friday):

TTBF10 – 11$ при заказе от 111$ (Количество активаций: 2000)
WBBF10 – 11$ при заказе от 111$ (Количество активаций: 2000)
EPNBF10 – 11$ при заказе от 111$ (Количество активаций: 2000)
EPNBFR – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 8000)
ESDEALIBF – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций ограничено)
likantropz24black5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
andersmithblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
CYABFRS – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
agodblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
dollyaliblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
aliformanblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
dvemordblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
manaliexblack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500)
GSBF2019 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций ограничено)
CJBF5 – 7$ при заказе от 50$ (Количество активаций ограничено)
PICBF5 – 7$ при заказе от 50$ (Количество активаций ограничено)
AMRSALE – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций ограничено) только для РФ!
AlpaChinablack5 – 8$ при заказе от 60$ (Количество активаций: 500) только для РФ!
TTBF5 – 7$ при заказе от 50$ (Количество активаций ограничено)
JAREK1111 - 2$ при заказе от 15$ (Количество активаций ограничено)
VETERANALI - 2$ при заказе от 15$ (Количество активаций ограничено)

Ми се спиеше, инаку ќе ги пробував и со други. :)
TTBF5 фати од прва.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 30.11.2019, Saturday, 11:04:53
Не знам што се дешава, но се деси после едитирање на постот (јутјуб инсертот не функционира).
Немам време да пишувам пак одново... Но барем линковите работат. :-/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 30.11.2019, Saturday, 11:06:45
Сега ми е страв да го едитирам вториов пост. :)
Еве ги јутјуб линковите:

Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 30.11.2019, Saturday, 11:28:37
што сторе другар  :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: van on 30.11.2019, Saturday, 12:05:55
Не знам што се деси...

Ама ај уште еднаш: Мултимерот е A830L и кошта $3.67 од овде:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/32969188389.html
https://www.aliexpress.com/item/4000072710727.html

Или  US $3.80 од овде со можност за бирање боја:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/4000381292355.htmlТука има и DT830B зa $2.83, само A830L е подобар за парите.

Мултиметарот е ОК посебно за парите. Пипетите сондите се неквалитетни, биперот за continuity е тиња пиезо, но сите функции работат. Има беклајт и холд на имерена вредност. Работи на 9 волтна батерија. Вториот јутјуб линк погоре го покажува PCB-то/електрониката и место каде може да се додаде осигурувач, пошто кинезите штеделе и не го ставиле. Видеата се интересни, првото е целосно ривју и споредба со Agilent мултимер, второто како што реков е отварање и мала анализа на елекрониката и функциите на мултмерот.
Препорака, како за втор/спореден мултимер, или за некој со помали потреби.

Кодови за Алиекспрес за црноив петок:
Quote
TTBF5 над 50$ за 7$ попуст
TTBF10 над 100$ за 9$ попуст

Овде има и куп други кодови:
Code: [Select]
https://www.pepper.ru/deals/promokod-aliexpress-22150-55461Еден што пробав ми јави дека е веќе употребен лимитиран број пати. TTBF5 фати од прва.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 15:48:54
Не мора да ставаш YouTube tag, ги препознава видеата и без tag ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 16:09:54
Среден е post-от ;). Изгледа работа си зезнал кога си го додал tag-от за YouTube user наместо за YouTube clip... изгледа нешто се збунила скриптата, не знаела што е како е и исплукала hex наместо UTF-8 карактери :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 30.11.2019, Saturday, 16:11:33
Го имам A830L, за парите е сосема солиден, иначе е олдскул со 7106 без микроконтролери и сл... :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 16:35:44
Ако немаат MCU, веќе ни под разно не ги гледам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 30.11.2019, Saturday, 16:48:15
Овој што го нарачав мултиметар ќе ми биде прв од ваков тип (Auto Range). :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 16:52:06
Нема друг да сакаш веќе да користиш, trust me ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Atanas on 30.11.2019, Saturday, 17:20:59
@krema Кој го порача, не сум во тек со темава?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 30.11.2019, Saturday, 17:23:25
@krema Кој го порача, не сум во тек со темава?

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/323972223416
(http://www.mediafire.com/convkey/08d5/bdvi3f16l57sycmzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/f482/1shbltaq0jefhm7zg.jpg)

И јас овој го нарачав ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 30.11.2019, Saturday, 17:33:03
@Atanas
Еве @GigaWatt одговори во мое име, да тој е и се надевам дека ќе се погоди, ќе пријавам овде кога ќе стигне. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.02.2020, Thursday, 00:16:30
Нарачан на 29.11 - конечно стигна денес. :) Цели 10 недели :)
Но имаше проблем со шипингот, после месец дена од нарачката продавачот ми јави дека пратката им ја вратиле од нивната царина заради некакви проблеми со поштата со која што ја шипнале, ме праша дали да ми ја препрати со друга пошта или да ми врати пари, му одговорив дека сакам да ја препрати и обавезно да ми даде тракинг бројче, експресно ја препрати на 3.01 и ми го даде бројчето, и за чудо го пратил со регистрирана кинеска пошта. :)

Први импресии, не очекував дека ќе биде голем како лопата, но ми прави ќеф што има голем дисплеј и користи блок батерија од 9v. Сондите ми изгледат како поквалитетни со не толку остри врвови и подебел кабел, но вероватно ќе ги користам сондите што ги постирав во друга  тема (http://elektronika.mk/index.php?topic=2783.msg130418#msg130418).
Сеуште не сум го тестирал, морам прво да се навикнам на auto range и да ги откријам цаките на дополнителните копчиња што се веднаш под дисплејот. Единствено што ме малку замара е тоа што при секое вртење од позиција на позиција на бирачот, бипнува звук кој што е доста гласен, но вероватно ќе се навикнам. :)
За почеток не можам да се снајдам како да мерам на диодно подрачје, т.е. дали тоа што го мерам е во кратка или отворена врска (ако е во кратка врска да свирне биперчето). :) Ова и највеќе го користам.

И да, за него платив цели $8. :)

Еве и некоја слика:

(https://i.imgur.com/3i6HT3K.jpg)

(https://i.imgur.com/ga4iuG2.jpg)

(https://i.imgur.com/9QxedYk.jpg)

(https://i.imgur.com/V1ciZwA.jpg)

(https://i.imgur.com/R0Fufdr.jpg)

(https://i.imgur.com/OTvS6s3.jpg)

Инаку со него дојде и сонда за мерење на температура.

(https://i.imgur.com/wLMhp7w.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2020, Thursday, 00:57:42
Вака изгледа прилично солидно за парите, со здравје да си го користиш :).

Околу копчињата. Range е за мануелно бирање на опсег. Hold е за држење на исчитаната вредност на дисплејот (нешто како меморија, ја прикажува исчитаната вредност во моментот кога било стиснато копчето, без разлика што мериш потоа). Rel (delta) е за прикажување на разлика меѓу исчитани вредности. Зависи од мултиметарот, некои имаат опција и да внесеш вредност, но овој најверојатно само пресметува разлика меѓу две исчитани вредности и ја прикажува. Hz % најверојатно прикажува разлика во проценти меѓу исчитани вредности во подрачјето за фреквенција... или процентуална разлика меѓу 1KHz  исчитаната вредност. Select е за бирање на останатите функции од бирачот на подрачја (преклопникот). На пример, со него се ротира меѓу омско подрачје, капацитивно подрачје и beeper и diode test на исти ист дел од селекторот на преклопникот. Max/Min се користи за прикажување на максималната и минималната вредност при определено мерење.

Имаат и некои дополнителни функции овие копчиња, на пример Hold има светло горе, што најверојатно значи дека со долго стискање на Hold се пали backlight. Со време и малку пракса, ќе почнеш добро да го „бараташ“ ;).

Отвори го и ѕирни ги лемовите внатре. Би требало да се ОК, но провери за секој случај, особено тие за буксните ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2020, Thursday, 01:29:55
Еве јас што си нарачав :). Првиот пат не стигна, ај да видиме од втор пат.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283217640622
(http://www.mediafire.com/convkey/662c/pws75axnm8d9jx4zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/40d7/uptrlhj9jtcinc4zg.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.02.2020, Thursday, 16:36:14
Фала @GigaWatt, да си земеш што ти е на ум. :)

Горе-долу ми е јасно за функциите, нормално после твоето објаснување е многу појасно.
Ме буни малку зошто кога ми е на подрачје за мерење на ~V а сондите се слободни (ништо не мерам), има некое отчитување  околу 0,345, во левиот ќош горе стои True RMS a под бројките стои AUTOAPO. Кога сум на подрачје за мерење на DC бројките се на 0,000.

Немам намера да го отварам за проверка пошто не гледам ниеден шраф како би го отворил, а нејќам да го отварам насилно бидејќи сигурно некои од пластиките ќе се искршат.
И да, имам идеја од стари сонди (буксните им се здрави) да направам кратки кабли (околу 10см долги) со мали крокодил штипки за мерење на кондензатори. :)

btw ... Тестерот за RJ45 и RJ11 е многу згодна алатка за тие што работат со монтажа на мрежи. И кога сме на темата, пред малку на телевизија кажаа дека све што е пошта за кина и од кина се блокира на неодредено време ради превенции.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2020, Thursday, 17:26:44
Ме буни малку зошто кога ми е на подрачје за мерење на ~V а сондите се слободни (ништо не мерам), има некое отчитување  околу 0,345, во левиот ќош горе стои True RMS a под бројките стои AUTOAPO. Кога сум на подрачје за мерење на DC бројките се на 0,000.

Сосема нормално, фаќа EMI од околината. Мери наизменичен напон меѓу фаза и нула на изгасена сијалица (некоја плафонска сијалица), ќе видиш дека ќе измери некои 50, 60V~. Тоа е од преслушување меѓу каблите. Фати ја фазата, ќе видиш дека нема да те удри струја ;). Краткоспои ги каблите на изгасена сијалица, мери кај прекинувачот, меѓу двата изводи, би требало да добиеш напон околу нула (можно е да измери некој волт, но далеку од 50, 60V~ ;)).

И кога сме на темата, пред малку на телевизија кажаа дека све што е пошта за кина и од кина се блокира на неодредено време ради превенции.

Коронава ни за*ба бизнис ;D.

Добро, барем мене лично не ми е проблем... ништо од тоа што имам нарачано последниве неколку месеци не ми е итно ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 13.02.2020, Thursday, 17:49:46
Мене па баш денес ми се јави поштарот за утре дали ќе бидам дома, се собрале повеќе пратки па да ги донесе сите наеднаш...!?
Тешка глупост би била ако ги запрат испораките, вирусот не може да живее подолго од неколку дена на пратките, додека да стигнат кај нас поминува и повеќе од месец дена.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.02.2020, Thursday, 19:20:18
Пратките што се во транзит ќе стигнат и ќе ги разнесат поштарите, но во наредниот период привремено нема да има шипинг од Кина.

Quote
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

Извор:
Code: [Select]
https://www.posta.com.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81/
@GigaWatt
Не би фаќал фаза искрено, мислев дека нешто не е како што треба со мултиметарот, но чим е тоа прикаската тогаш е ок. :)
Доколку не беше во ред ќе требаше да реагирам кај продавачот. :)

Инаку, колку долги да ги пуштам (DIY) каблите за мерење на капацитет? Колку што знам што пократко, тоа подобро. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.02.2020, Thursday, 23:01:44
Тешка глупост би била ако ги запрат испораките, вирусот не може да живее подолго од неколку дена на пратките, додека да стигнат кај нас поминува и повеќе од месец дена.

Колку што знам, ниеден вирус не живее подолго од минута, две во воздухот. Тоа не е негова нормална околина за развивање, му треба домаќин (host). Вирус е „нецелосно“ жив организам. Не може да живее без домаќин. Има само РНК, не ДНК. За да живее, му треба останатата половина, која си ја „склопува“ од домаќинот.

Пратките што се во транзит ќе стигнат и ќе ги разнесат поштарите, но во наредниот период привремено нема да има шипинг од Кина.

Quote
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

Извор:
Code: [Select]
https://www.posta.com.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81/

Ова е жива глупост и не знам кој со здрав ум воспоставил ваква мерка. Освен ако не се во прашање прехранбени производи (кои, се разбира, се прават од живи организми - животни и плодови), ниеден вирус нема да преживее, колку сака нека е добро спакувана пратката, дури и херметички нека е затворена, пак на крајот остранува фактот дека околу него е воздух или вакуум, едно од овие две, не жива материја и не може да живее, да се размножува и пренесува.

Наместо да се концентрираат на преносот на патници и прехранбени производи, се фатија за пратките ::). Типично за политичари кои појма немаат од билогија, хемија или било какви технички и/или природни науки... као демек да ја смират јавноста и за да не падне случајно некоја ризична пратка на контото на името на нивната авио-компанија... PR is such bull*hit ::).

Инаку, колку долги да ги пуштам (DIY) каблите за мерење на капацитет? Колку што знам што пократко, тоа подобро. :)

Ако планираш да мериш само off-board, до 10-тина сантима со крокодил штипки на краевите. Ако сакаш да мериш и on-board, немаш баш некоја опција, мораш да користиш класични сонди, при што грешката ќе биде мала за поголеми вредности, но не и за многу мали (од 10-тина nF па нагоре, грешката е занемарливо мала).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.02.2020, Thursday, 23:34:52
Така и мислев околу 10-тина сантима вклучувајки ги и крокодил штипките, секако ми е тоа за off-board :) инаку не знаев дека со класични сонди ќе има мали грешки, можеби кај мерењето на отпорници би било попрецизно со ваквите DIY крокодил сонди.
Фала :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.02.2020, Friday, 02:52:50
... можеби кај мерењето на отпорници би било попрецизно со ваквите DIY крокодил сонди.

Да, при мерење на отпорност, попрецизни резултати се добиваат со сонди со крокодил штипчиња, дури и ако сондите се долги ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 14.02.2020, Friday, 08:32:29
Quote from: МК пошти
Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период.

Поради тоа,  ги молиме корисниците на услугите на Пошта на Северна Македонија за разбирање, а за сите промени навремено ќе ве известиме.

Пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 14.02.2020, Friday, 11:58:23
Је*ига, грешка во чекори ;D.

(https://i.imgur.com/IjIKBJq.gif)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 16.02.2020, Sunday, 04:01:15
(https://i.imgur.com/UsBUNSQ.jpg)

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/152313609001
(http://www.mediafire.com/convkey/671d/qq80zoti3es2yl0zg.jpg)

Штипките 6.2$ претходно имав нарачано поефтино но не стигнаа.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/264481366881
(http://www.mediafire.com/convkey/bae1/qrkbeumyo0mavsmzg.jpg)

Овие плочкиве прв пат ги купувам 6.34$ 6 парчиња, сакам да пробам да ги поврзам за вентилаторче, кулер, за врз шпорет на дрва колку толку да ја разнесува топлината.
Сеуште ги немам пробано дали се исправни.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.02.2020, Sunday, 14:15:01
Интересно беше што, јас кога нарачував крокодил штипчиња за patch cords, поевтино беше да нарачаш patch cords со крокодил штипчиња на краевите отколку само крокодил штипчиња во различни бои ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 16.02.2020, Sunday, 21:03:28
На тие готовите кабелчиња со крокодилки контактите им се стегнати ради реда само, јас секогаш ги растурам и ги лемам споевите ;).
Иначе да, поефтино искача да се нарачаат готови такви отколку само крокодилки.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 16.02.2020, Sunday, 21:20:27
На тие готовите кабелчиња со крокодилки контактите им се стегнати ради реда само, јас секогаш ги растурам и ги лемам споевите ;).

Да де, затоа и јас сите ги растурив и каблиња им сменив, бидејќи и каблињата им се за никаде ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 16.02.2020, Sunday, 22:16:53
Мислам дека буквално по една единствена лицна има во кабелчињата :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 16.02.2020, Sunday, 22:21:28
Скап е бакарот, ако воопшто е тоа бакар. ;)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 16.02.2020, Sunday, 22:41:28
Бакар е, убаво се леми, ама ептен штеделе на него.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 17.02.2020, Monday, 18:11:38
Моментално според моите калкулации од ebay кај што ги купив само штипките ми излегува поефтино вака отколу со готов кабел, без рачун на времето што ќе го потрошам за да им ставам кабли.
Имам купено и од тие 10 готови крокодил кабли во различна боја околу 2$ се на ebay, пола ги изгорев пола на различни локации кабелот беше прекинат, од истегнување прецвикување на кабелот (тенок бакар).
Поефтино ми излегува и дека нема да купувам кабел, имам цели топови од CRT телевизори, монитори, машина за перење, микробранови печки итн.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.02.2020, Monday, 20:19:50
Моментално според моите калкулации од ebay кај што ги купив само штипките ми излегува поефтино вака отколу со готов кабел, без рачун на времето што ќе го потрошам за да им ставам кабли.

Да, овие само црни и црвени беа поевтини, ама не и оние што беа во повеќе бои (бела, зелена, жолта, црна, црвена... можно е да имаше уште некоја боја), поскапо излегуваше ако ги купуваш посебно, само крокодил штипчиња, а мене ми требаа во различни бои.

Поефтино ми излегува и дека нема да купувам кабел, имам цели топови од CRT телевизори, монитори, машина за перење, микробранови печки итн.

Аха ;D ;D ;D. Ај важи, покрај цела фурда што ја имам дома, да купувам кабли за краткоспојничиња ;D.

Еднаш видов еден пријател од средно во Loging, он купуваше таков тенок кабел, како за краткоспојници. Го прашувам „Абе... ова озбилно? Да не ти треба за во фирма, па да мораш да купиш?“. Ми вика „Не бе, озбилно ми треба.“ :o. Јас зачуден го прашувам пак „Ама ти треба поголема должина така? Да не бидат кратки, да не мора да ги надоврзуваш, така?“, он ми враќа „Не бе, ќе го сецкам, ќе ми требаат и пократки и малку подолги парчиња“... јас пак зачудено го прашувам „Добро... немаш нешто фурда по дома? Сите по нешто имаме по дома... нема тоерија да немаш некој стар телевизор во подрум да ти чмае, полни се кабелчиња тие.“. Ми вика „Да, еден куп фурда имам, ама кој ќе се замара сега ;).“. Се изначудив, си се завртев и си продолжив да си терам моја работа, она по што дојдов во Loging.

Никогаш нема да ми бидат јасни такви луѓе. Никогаш не сум гледал поента да фрлам пари за нешто што веќе го имам на располагање, особено ако само малку време ќе потрошам за да го најдам каде ми е она што ми треба (каблиња барем лесни се за наоѓање, дури и во купови фурда)... но, ОК, ете... секакви луѓе, секакви табиети... тоа е тоа :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 20.02.2020, Thursday, 15:18:54
Денес ми стигна.
Работи за сите пари... 8)
Се чудам како сум функционирал до сега без вакво нешто... :D

(https://i.postimg.cc/1zM4kDzt/WP-20200220-006.jpg) (https://postimages.org/)

(https://i.postimg.cc/cJdrkF02/WP-20200220-008.jpg) (https://postimages.org/)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Toma on 20.02.2020, Thursday, 17:31:40
Дали е од оние кои гровтаат како свиња.
Еден колега од соседството кога работел со него вели дека „прасето грухти“.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 20.02.2020, Thursday, 17:56:22
Не да гровта него растура, плус и чадот му излегува од позади низ “чурилката“, ама битно смука калај... :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 20.02.2020, Thursday, 22:46:25
Со здравје да си го користиш ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 20.02.2020, Thursday, 23:01:44
Фала, поубав да си купиш ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 26.03.2020, Thursday, 19:11:25
Појачаа на шипинг или така ми се чини?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Пријателот on 26.03.2020, Thursday, 21:42:26
Да , поштарината е зголемена.
 :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.03.2020, Thursday, 21:59:52
Добро де, не е страшно ;). Пак ќе падне кога ќе пројде ова со коронава ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 27.03.2020, Friday, 02:11:42
Велиш? Да не им се соарни?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.03.2020, Friday, 11:42:49
Не може да не падне. Просто правило во капитализмот е, конкуренција и голема количина намалува цена ;). Ќе треба можеби некое време да помине, ама ќе падне цената ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 27.03.2020, Friday, 22:24:07
или па ќе си се договорат масовно да си ја одржат цената... Што сум приметил во пракса...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Пријателот on 27.03.2020, Friday, 23:06:22
Добро де, не е страшно ;). Пак ќе падне кога ќе пројде ова со коронава ;).
Точно така. Ништо страшно.
Јас не сум намалил со интензитет на порачки. Дури сигурен сум дека и повеќе порачувам од порано. Затоа што поголем дел од времето  моментално го седам дома .  ;D ;D
Може единствено што сум забележал е дека пратките со R бројот ми стигаат дома , ... додека имам една пратка, на пример со UA почетен број, за која знам дека е во државава од 14 март, но нема други информации за пратката. (глупост купена , колку да видам каква ќе е услугата, на пример од Македонска пошта или од електронските сервисни услуги).  ;D
И вчера купив глупост, за повторно да ги тестирам услугите за доставата на пратки.  ;D
(Добивам перцепција ): Разликата е што откако се прогласија кризни мерки во Македонија, ми се чини дека не се ажурираат информациите за пратките кои стигаат во државава, за разлика пред кризната состојба. Пред прогласување на кризна состојба ги добивав (проверував) информациите за пратките од Македонска пошта, гледав дека се кај нив, па очекував за два дена да ја земам пратката. Што на пример за сериозен праќач и примач на пратката е значајно.  :)
Многу ми е глупо, да му пишам на праќаќот , дека пратката не е стигната  до мене, (во државава која спроведува кризни мерки,  не знам дали има контрола, но информации во моментов немам)....  Не сум му пишал на праќачот од причина што имав  пратки пред во јануари и февруари кои ми беа задржувани (веројатно како  карантин) по 40 денови во Европа. Ги гледав со бројчињата за следење, знаев каде се и што е со нив. Сите пратки ги добив со продолжено време на испорака. Не верувам дека во Македонска пошта ќе ги собираат пратките 40 денови. Оти се прогласени кризни мерки, само го бележам моменталното искустов на достава на пратки како се одвива.
Искуството при ваква состојба се: добивам информација дека пратката е стигната денес, утре ми е дома. (неколку пати се има ова случено). Тоа е единствената предност. Брзината за достава на пратка во моментов е дефинитивно поголема.
 :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.03.2020, Saturday, 09:57:34
или па ќе си се договорат масовно да си ја одржат цената... Што сум приметил во пракса...

Не е тоа Балкан бе bickle ;). Секогаш ќе се најде некој кој нема да сака да „игра по правилата“ и ќе сака да им украде дел од колачот ;). Нови играчи секогаш имало и ќе има ;). Милиони продавачи има, зар ќе успеат да се договорат баш сите ;D.

И мене друго ми кажува праксата. Цените континуирано паѓаат, но благо... така ќе биде и сега. Ќе им треба време да паднат до цените што беа, можеби и една година или две ќе паѓаат, ама на крајот, ќе си дојдат во нормала ;).

Плус, рачунај дека по ова коронава, кога се ќе се сталожи, ќе има економска криза, така да, ќе треба и тоа да чекаме да помине, па тек тогаш да почнат да се стабилизираат цените ;).

Искуството при ваква состојба се: добивам информација дека пратката е стигната денес, утре ми е дома. (неколку пати се има ова случено). Тоа е единствената предност. Брзината за достава на пратка во моментов е дефинитивно поголема.

Помал е бројот на нарачки, затоа. Кога ќе спадне прашината, пак ќе се вратат работите по старо ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 28.03.2020, Saturday, 12:11:39
судејќи по странциве, или по иселенициве, многу лесно се прифаќаат балкански работи xD
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 29.03.2020, Sunday, 11:18:25
Добро, да, тоа си во право ;D.

Ама па Кинези си се Кинези. Тие источњаците не прифаќаат баш лесно се од западњаците и од нас ;). Посебна сорта се они, не се како белците :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.03.2020, Sunday, 13:37:43
Јас мислам дека поштарините се покачени бидејки транспортните компании ги зголемија цените а не продавачите во кина.
Поради тоа што многу малку транспортни компании вршат испорака од Кина и ризикото од корона, тие што вршат испорака од Кина ги качуваат/качија цените. Од 1 април DHL ќе наплаќа (Emergency Situation Surcharge) дополнителна поштарина поради ризикот од корона. Некои веќе го направија тоа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 29.03.2020, Sunday, 13:45:43
Преку DHL не нарачувам ништо па последни да се, колку мали пратки по долар-два ми завршиле на царина заради нив... >:(
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 29.03.2020, Sunday, 14:19:43
И мене ми се има случувано истото со DHL во Македониа.
Преку Texas Instruments имам порачувано бесплатни примероци(пред неколку години) вработената во DHL vo Скопје ме малтертираше 2 недели и бараше да платам данок и царина на компонентите и 1200ден шпедитерски трошкови за DHL.
Имам порачувано пратки на адреса во Бугарија, DHL во Петрич ми нема направено никаков проблем и никогаш не платив ништо. Имам порачувано на адресас во Холандија пратки од Кина, Америка, Австралија, Индија и никоаш не сум плати царина данок или шпедитерски трошкови за пратки со вредност до 50евра.
Проблемот не е во DHL, проблемот е во тотално некомпетентните/лакомите вработени во DHL-Македониа.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 29.03.2020, Sunday, 15:54:08
Јас мислам дека поштарините се покачени бидејки транспортните компании ги зголемија цените а не продавачите во кина.
Поради тоа што многу малку транспортни компании вршат испорака од Кина и ризикото од корона, тие што вршат испорака од Кина ги качуваат/качија цените. Од 1 април DHL ќе наплаќа (Emergency Situation Surcharge) дополнителна поштарина поради ризикот од корона. Некои веќе го направија тоа.
Па да де, за шипинг беше муабетот.
Кај нас царината го вбројува и шипингот...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.04.2020, Sunday, 03:21:39
Хм, некој го разгледал ова?

Code: [Select]
https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/kako-da-kreiranje-na-biznis-smetka-na-paypal-za-prodazhba-na-proizvodi-uslugi-i-priem-na-pari
Знам, сајтот се отвора 100 години, бидете упорни :P :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 12.04.2020, Sunday, 03:37:15
Да продаваш сакаш ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.04.2020, Sunday, 04:10:37
Хм, некој го разгледал ова?

Чинам дека е само за правни лица ова, за физички лица не важи.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.04.2020, Sunday, 12:53:52
Да продаваш сакаш ?

Не, чисто само за дали навистина функционира.

Не знам за вас, ама мене на PP број ми бараше пред некое време, ама не можам да ставам број од МК бидејќи ми се води во Кипар :P :D. Ти бара број и ти праќа порака со код на тој број. Ако не внесеш код, не оди даље :-\. Само преку апликацијата можам да отворам PP сега... а и тоа верувам ќе го блокираат во иднина.

Чинам дека е само за правни лица ова, за физички лица не важи.

Не е тоа проблем, имам отворено за правни лица. Впрочем, мора таков да биде account-от за да можеш да примаш донации, така да, PayPal-от за форумов со линкот за донации е таков.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 12.04.2020, Sunday, 13:31:12
Да немаш подесено "2-step verification" па затоа да бара број за да прати порака?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.04.2020, Sunday, 14:11:54
Нееее, тоа сигурно немам ставено, знам дека нема како да го отворам потоа LOL ;D.

Хм, сега пак ми дозволи... можеби претходно го немам забележано тоа, но еве што ми пишуваше кога ќе пробам да се логирам.

(https://i.postimg.cc/wMS4Lfpf/SHOT0025.png)

Инаку, имам внесено некој непостоечки број. Е после, откако ќе стиснеш на Next, те носи на страна за phone number verification (не направив screen shot од неа) и таму има опција Confirm, ама изгледа не сум забележал, веднаш под неа, има и опција Skip. Епа треба на Skip :P :D.

Сега ме логираше... мада неколку пати пробував, менував IP, чистев cache и cookies, па тргав броеви, статавав други, па ова направи преку app-от, она смени и некако проработи, еве, пробав неколку пати ме логираше и одлогираше без проблем :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.04.2020, Sunday, 14:29:07
Skip обично го прават да биде незабележителен.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 12.04.2020, Sunday, 14:33:07
Да... намерно, претпоставувам.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.04.2020, Sunday, 15:29:29
Слично сум приметил и кај yahoo mail кога ќе побара повторно пасворд има skip.
Вероватно е намерно за да те натера да те води кон разно-разни верификации за потврда од твоја страна.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: spiritos on 12.04.2020, Sunday, 16:12:24
Колеги здраво,
Деновиве ме мачи една нарачка од Бугарија. До пред 2 месеци, редовно нарачував од shelly cloud работи. Деновиве има добар попуст но испораката е исклучиво преку DHL. За нарачката од 150 евра, dhl изнесува 18 евра. Проблемот што ме мачи е дали робата е подложна на царина. На dhl страната неможев да најдам конкретен одговор,  на телефонскиот број за контакт, никој не се јавува. Кажете искуства
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.04.2020, Sunday, 16:28:18
Над 90 евра има царина, данок + шпедитерски услуги доколку иде преку DHL апашите.
Во вкупната цена се пресметува и шипингот!
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 12.04.2020, Sunday, 17:05:19
Со DHL имам само лошо искуство, кај нив све под дифолт иде на царинење, така да рачунај дека скоро сигурно ќе имаш царина и шпедитерски трошоци.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 12.04.2020, Sunday, 18:42:36
Ако пратката доаѓа преку DHL во Македонија пратката ќе заврши на царина, дали ќе платиш царина и данок  зависи од пратката и царинарникот (дали му дала жена му пред да оди на работа).
Сигурно ќе платиш шпедитерски трошкови на DHL порано беа 1200ден за поштенски пратки, сега незнам колку се.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 12.04.2020, Sunday, 18:55:35
Пратки со вредност 1-2$ (семплови) пратени преку DHL ми завршуваа на царина, и тоа сите до една без исклучок. Никогаш повеќе ништо преку нив.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: spiritos on 12.04.2020, Sunday, 22:07:28
Фала дечки. Со овие ајдуци никогаш да не си на чисто  Иначе му пишав на администраторот на sheely во бугарија, ми вели до сега никаде никој  во европа не се пожалил дека праката завршила на царина и имал дополнителни трошоци
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.04.2020, Monday, 00:25:04
Нека ти прати по регистрирана пошта и ќе биде се` во ред.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 13.04.2020, Monday, 01:28:10
Со DHL јас имав проблеми само во Македонија, затоа еден период порачував на адресата на DHL во Петрич Бугарија, ѓи земав пратките од таму. Мислам дека DHL во Македонија намерно ѓи праќаат сите пратки на преглед за царина за да наплаќаат шпедитерски трошкови.
Пробај со некоја друга опција, регистрирана пошта, UPS или некокја друга, колку ќе ти се исплати незнам.
Немаш гаранција дека пратката нема да заврши на царина и/или дека ќе платиш царина.
Моето искуство со царината во Македонија се сведува на расположението на царинарникот кој ја прегледува пратката(дали му дала женаму пред да оди на работа).
Ако живееш во близина на Бугарија можеби поисплатливо и посигурно ќе ти биде да ја подигнеш од таму DHL/UPS имаат пунктови за подигање пратки во Петрич.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 13.04.2020, Monday, 04:31:23
Вероватно е намерно за да те натера да те води кон разно-разни верификации за потврда од твоја страна.

Хммм... држи вода... ама во тој случај, имаат или екстремно комплексен и тешко пробивен систем направено, или е крајно глуп и тотално за никаде ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 13.04.2020, Monday, 14:33:26
Паааа... мислам дека е за поголема заштита на корисниците.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.04.2020, Monday, 18:47:54
Колеги, како стоите со испораката на пратките од Кина?
Веќе два месеци ништо ми нема стигнато, не знам дали е до нашата пошта, дали не ги разнесуваат пристигнатите пратки, или воопшто не доаѓаат до МК... :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 27.04.2020, Monday, 20:34:42
Заглавени се по европа, малку трпение и обавезно договор со продавачите.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Пријателот on 27.04.2020, Monday, 22:41:46
Кај мене постојат пратки кои се заглавени 30 дена без податоци. Една од тие пратки на пред 6 дена мрдна , даде нови податоци каде се наоѓа. Инаку од н0овите пратки дел не се ни тргнати од Кина. Но имам понова пратка на која ја имам додадено поштарина , е таа си тера цело време и сега е во Прага ( не е дхл, упс, ...) .
Само тоа што го имам купено ( не вреди ни 100 денари, не ми треба и не ми значи ништо), знам (известен сум) дека е дојдено во Македонија , а не е доставенно веќе 40 денови.
Само глупост е , честитка да е Пошта треба да го донесе предметот. А не да се срамам, што да им кажам на луѓено кога ќе ме прашаат. Тоа е апла проблемот во пошта.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.04.2020, Monday, 22:57:03
Абе ај што не ги носат, барем да оставаат картонче за стигната пратка, сам ќе си ја подигнам од пошта, или ко што правеа едно време ми се јавуваа директно на телефон, имаш пратка дојди таму и таму да си ја земеш, ни картонче ни бутур... :P
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 27.04.2020, Monday, 23:21:52
Абе убаво реков јас, со лопата ќе треба да се откопувам кога ќе заврши карантинов.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.04.2020, Monday, 23:32:01
Што е најинтересно, кинезите више ми ги вратија парите за повеќето ???
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.04.2020, Tuesday, 21:47:38
И мене ;D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 17.07.2020, Friday, 21:51:00
Колеги да не имате информација дали нашиве банки имаат опција за wallet картица, пр. ми издаваат картица на која си префрлам одредена сума пари и таа ја користам во онлајн плаќање.. кога ќе ги потрошам тие пари, си префрлам пак од основната картица. Како новчаник.

Јас сум на тутунска, гледав на нивниот сајт ама не можам да најдам таква опција...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 17.07.2020, Friday, 21:54:06
Мислам дека го нема тоа кај нас.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 17.07.2020, Friday, 22:16:48
Јас имам извадено од Шпаркасе картица што ми е само за онлајн купување - ибеј, Али и сл., ставам пари на неа по потреба, колку што треба, останатото време е празна или со малку пари.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 17.07.2020, Friday, 22:31:34
Отвори сметка во било која банка и извади дебитна картичка, колку пари имаш на сметката толку можеш да потрошиш.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 17.07.2020, Friday, 22:34:22
Јас имам извадено од Шпаркасе картица што ми е само за онлајн купување - ибеј, Али и сл., ставам пари на неа по потреба, колку што треба, останатото време е празна или со малку пари.

А за префрлање во банка треба да се оди или има нешто онлајн? и што трошоци имаш према банката?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 17.07.2020, Friday, 22:53:59
Јас си префрлам онлајн, од Комерцијална на Шпаркасе, сабајле ако префрлиш обично истиот ден ти легнуваат парите, провизија сигурно има нешто ситно, не сум се заинтересирал да видам :).
Плус 30ден. месечно на Шпаркасе за „провизија на банки за услуги во платен промет“ ::).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Otpor on 17.07.2020, Friday, 23:12:28
Code: [Select]
https://www.stb.com.mk/naselenie/karticki/debitni-karticki/visa-internet/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 17.07.2020, Friday, 23:34:29
Code: [Select]
https://www.stb.com.mk/naselenie/karticki/debitni-karticki/visa-internet/

Оваа картичка сепак е поврзана со основната сметка, ама има некој 3D-Secure стандард за безбедност за интернет плаќања, што е во секој случај добро..
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 18.07.2020, Saturday, 00:01:31
Може да пробаш некоја од овие опции.
Code: [Select]
https://www.online-tech-tips.com/cool-websites/3-best-virtual-debit-card-services/
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Zan on 18.07.2020, Saturday, 19:24:58
Колеги да не имате информација дали нашиве банки имаат опција за wallet картица, пр. ми издаваат картица на која си префрлам одредена сума пари и таа ја користам во онлајн плаќање.. кога ќе ги потрошам тие пари, си префрлам пак од основната картица. Како новчаник.

Јас сум на тутунска, гледав на нивниот сајт ама не можам да најдам таква опција...

Јас си префрлам онлајн, од Комерцијална на Шпаркасе, сабајле ако префрлиш обично истиот ден ти легнуваат парите, провизија сигурно има нешто ситно, не сум се заинтересирал да видам :).
Плус 30ден. месечно на Шпаркасе за „провизија на банки за услуги во платен промет“ ::).

Стопанска банка има ваква опција. Има VISA картичка и VISA Internet картичка.
Како што опиша LordZi, може да се префрлаат средства од една на друга картичка (сметка) и тоа без провизија затоа што двете сметки се во иста банка.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 09.08.2020, Sunday, 23:33:43
Дали некој има нарачувано/користено од тие smd soldering tweezers, што мислите за нив колку се корисни/практични за работа со смд компоненти, да не се користи топол воздух и да се греат повеќе компоненти и  плочата ?
Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=smd+soldering+tweezers
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 10.08.2020, Monday, 00:36:20
Не сум користел вакви ниту сум ги видел во живо, ама од видеата на јутуб ми делуваат малце незграпно за користење. Можда се употребливи за одлемување покрупни работи, електролити, поголеми калеми или кондензатори, кој знае, ама за лемење смд компоненти не се сигурно  :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 10.08.2020, Monday, 00:59:07
Не мислев за лемење компоненти, туку за одлемување на компоненти(кондензатори диоди отпорници) смд компоненти кои треба да се загреат од 2 страни истовремено, со една лемилица/ајва многу полесно се уништуваат водови од одлемување компоненти. Не секогаш е практично да се користи топол воздуш за да се замени еден отпорник на плоча, а само со еден леткум/ајва е иритантно и не практично, особено ако компонентите се и лепени со лепак на плочата.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 10.08.2020, Monday, 01:42:37
Колега еден има земено нешто слично на ова од кај Кинезиве.

Баш го пробав. За одлемување се корисни, особено за LED диоди (малине индикациони се упропастуваат прилично брзо со класичен леткум, а и со дувалка). За лемење повторно назад, и за тоа се прилично добри.

Проблемот е што се корисни само за компоненти со два изводи... евентуално 3 изводи, но ќе треба пак да „маневрираш“ нив. Се останато, се знае, се одлемува со дувалка или комбинација од pre-heater и дувалка.

Ако работиш профи сервисирање или правиш дизајни, особено со голем број на компоненти со 2 изводи, да, корисно е. Ако ти треба само од време на време, на пример еднаш или два пати во година... јас лично, не би го нарачувал.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 13.08.2020, Thursday, 23:22:49
Дечки не знам кај вас, ама кај мене почнаа да стигаат пратките од Кина.. од почеток на месецов 3 пратки ми стигнаа, нарачани беа некаде средина на Април месец, а 4 месеца немаше ништо.
За едната поготово се изненадив пошто самите имаа ставено дека е испорачана во јуни, и немав можност за да отворам диспјут.. ама стигна и таа денес :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 09.11.2020, Monday, 19:17:59
Моменталната ситуација за нарачки каква е ? Имате нарачувано во последно време ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 09.11.2020, Monday, 19:45:31
Многу споро, нешто повеке од 2 месеци ја чекав пратката.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 09.11.2020, Monday, 19:49:16
Јас елементи нарачувам од LCSC си плаќам DHL плус увозни трошоци, немам проблем до сега
а од алиекспрес стигаат но многу чекање има
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 09.11.2020, Monday, 20:45:30
Многу каснат пратките, мене пред некој ден ми дојдоа нарачки од април месец што веќе и ги имав отпишано. Добар дел од вината за ова има и нашата пошта што не ги доставува иако со месеци се стигнати во земјата.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 10.11.2020, Tuesday, 11:17:45
Да, едан порача ми вратиле, а не добив известување. Копилина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 10.11.2020, Tuesday, 13:53:21
Едвај чекам да ја приватизираат и да профункционира ко што треба.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 10.11.2020, Tuesday, 13:55:54
Да. Или ќе ги доизбркаат и тие малкуте.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 10.11.2020, Tuesday, 22:35:35
Едвај чекам да ја приватизираат и да профункционира ко што треба.

Не мислам дека тоа ќе се случи... секоја држава мора да има национална пошта, тоа е според регулатива. Можно е дел да се приватизира, ама не целосно.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 10.11.2020, Tuesday, 23:12:04
Што сакаат нека и прават, само нека функционира како што треба.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.11.2020, Wednesday, 12:38:15
Претпоставувам дека пратките доцнат и не се ажурни поради ковидов. Идат на смени со намален број на вработени по смена и практично, не можат да постигнат како порано... а и времето за чекање е од прилика дупло (наместо 2, 4 месеци), така да, претпоставувам дека ова е главната причина.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 11.11.2020, Wednesday, 16:51:58
Да, сега почетно кога ќе направиш нарачка, од Алиекспрес ти дава 90 дена за испорака.. Порано ми се чини дека беше 60.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 11.11.2020, Wednesday, 23:05:14
Да, 60 беше... изгледа и они се свесни за меркиве и зголемиле за еден месец.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 12.11.2020, Thursday, 01:07:58
Одамна е сменето во 90 дена, можеби има повеќе од 3-4 месеца.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 25.11.2020, Wednesday, 00:11:25
Дали ви се случило да порачате нешто од Кина преку Алиекспрес и продавачот да ја испрати пратката и после 10 дена да му текне да ја повлече пратката без да ве извести и да не одгова на пораки? Мене така ми се случи, па отворив спор за да ми ги вратат парите. Сега сакам да му оставам 1 звезда и да пишам коментар за да знаат и другите купувачи. Како да го направам ова а без да треба да стиснам дека сум ја добил пратката? Бидејки и не сум ја добил. Како што можам да видам прво треба да стиснам дека сум ја добил пратката па дури после да може да ставам рејтинг и да пишам коментар.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 25.11.2020, Wednesday, 00:31:07
Како ја повлекол?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 25.11.2020, Wednesday, 00:58:13
Е таков безобразлук немам видено од кинез. Значи му купуваш, он ти праќа на седмиот ден од нарачката. Иначе рокот е 7 дена за да ти прати. Значи тактизира со време. Имаш број за следење и следиш до кај е. И на 12-14 ден (за точно треба да проверам) одеднаш гледаш на сајтот за следење дека пратката е откажана. Му пишам порака на и нема одговор, по два дена пак му пишам и пак игнорира.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 25.11.2020, Wednesday, 02:43:50
Хммм, не дум знаел за ова дека може
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.11.2020, Wednesday, 22:08:30
Покрени dispute, не гледам каде е проблемот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 25.11.2020, Wednesday, 22:17:42
Да покренав спор за враќање на средствата ама сакам да ку ставам рејтинг и да му оставам коментар но без да треба да стиснам за стигнат производ кој всушност нема ни да стигне.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 25.11.2020, Wednesday, 22:21:20
Можно е да се смени состојбата да може да оставиш коментар без притоа да мораш да стинеш дека ти стигнало, но откако ќе ги добиеш парите назад.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 27.11.2020, Friday, 09:48:42
Колеги, дали ве нервира на Алиекспрес, кога ги гледате цените, ставаат повеќе производи (како демек слични, да си одбереш боја и сл.) и убацуваат некој производ што е поефтин... На листата излегува најниската цена, а после кога ќе го отвориш гледаш дека реално производот што е на сликата е поскап..
На пример, бараш преносен осцилоскоп, ти излегуваат цени 1 $, кога ќе кликнеш ти излегува, пр. 1 - 30 $, а после кога ќе пробаш да нарачаш гледаш дека за 1 долар може само сонда да добиеш, а осцилоскопот е 30 .. :)
Ова мислам не е фер, јас им пишав, ама сигурно нема да ме послушаат :)
Ако веќе има повеќе цени нека излегува највисоката на пребарување, па тогаш да ги видам ..
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.11.2020, Friday, 11:12:26
Не е ништо ново ова, и на ибеј е исто ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 27.11.2020, Friday, 11:41:55
Знам.. на ибеј е дури и полошо, ако ги подредиш по цена, на почеток ти дава некој делчиња глупости, па после тек цел производ ..

Трговциве наоѓаат дупки и ги користат нивниот производ да излезе прв.. ама изгледа како сајтовиве за продажба да не се замараат многу (или им одговара и нив..)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 27.11.2020, Friday, 13:04:21
Маркетинг :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 28.11.2020, Saturday, 02:33:46
Трговциве наоѓаат дупки и ги користат нивниот производ да излезе прв.. ама изгледа како сајтовиве за продажба да не се замараат многу (или им одговара и нив..)

Хм... дали им одговара, не знам... дека нервира, нервира... дека на крај пак ќе го најдам она што ми треба, ќе го најдам :).

Абе види... како што викаат Американцине, of you wanna make an omelette, you gotta break some eggs :). Сакаш ефтини ствари да си купиш што кај нас може да коштаат и 10 пати повеќе? Ќе се помачиш :D.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 28.11.2020, Saturday, 15:12:14
Реално не крши никое правило, ја се ориентира према повисоката цена.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 28.11.2020, Saturday, 23:14:28
Трговциве наоѓаат дупки и ги користат нивниот производ да излезе прв.. ама изгледа како сајтовиве за продажба да не се замараат многу (или им одговара и нив..)

Хм... дали им одговара, не знам... дека нервира, нервира... дека на крај пак ќе го најдам она што ми треба, ќе го најдам :).

Абе види... како што викаат Американцине, of you wanna make an omelette, you gotta break some eggs :). Сакаш ефтини ствари да си купиш што кај нас може да коштаат и 10 пати повеќе? Ќе се помачиш :D.

Хахах,, во право си .. ако сакаш поевтино ќе се помачиш малце не може се на тацна ...
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 29.11.2020, Sunday, 14:21:07
Хахах,, во право си .. ако сакаш поевтино ќе се помачиш малце не може се на тацна ...

Старите имаат една многу убава поговорка за ова, викаат „господ дава, ама не принесува“ ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 26.02.2021, Friday, 20:45:10
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....

Да, било кое ладилно тело со било која компонента или друго ладилно тело ;). На крајот станува како силикон, само потврдо ;). Не знам дали си ги забележал оние белине „силикони“ кои ги користат во полначи за лаптопи за да одвојуваат компоненти една од друга (за да не се допираат компонентите). Едвај се вадат, а и кога се вадата, како тврда гума се крши и никако не можеш да го одвоиш од компонентите ::), колку и да пробуваш, не бе секогаш некое делче останува на плочката или компонентите ::). Епа таков лепак е овој ;).

Имав потреба да извадам мал хитсинк за да го заменам со поголем за подобро ладење.

Сликата е од интернет за пример!
(https://i.imgur.com/K6bHTGa.jpg)

Станува збор главен процесор од сателитски ресивер кој беше залепен со термален силикон (ужасно грееше пошто китајците ставиле многу мал хитсинк), уште што не направив за да го демонтирам, го загревав - ништо - мрда лево десно но никако да се одлепи. Пробав да му нанесам медицински алкохол, но и тоа не даде резултат. Некаде прочитав да се замрзне во длабоко (е ова некако не ми правеше мерак).

И на крај дојдов до идеја со конец за чистење заби, бев скептик пошто просторот меѓу процесорот и хитсинкот скоро на нула, но конецот без проблем влезе и со движење лево-десно практично како со жилет го исече и се одвои хитсинкот. Многу лесен е овој процес, се сеќавам дека @GigaWatt спомнуваше дека ги подигал со некоја од неговите алатки но не сакав да ризикувам за да не го напукнам процесорот.

Она малку што остана од лепакот многу тешко излезе со крпче и алкохол, но на крај се исчисти (некаде прочитав со ацетон но и тоа не сакав да го пробам). :)

Еве како изгледа исчистен. :)

(https://i.imgur.com/RdyXx6f.jpg)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 26.02.2021, Friday, 23:30:52
И на крај дојдов до идеја со конец за чистење заби, бев скептик пошто просторот меѓу процесорот и хитсинкот скоро на нула, но конецот без проблем влезе и со движење лево-десно практично како со жилет го исече и се одвои хитсинкот. Многу лесен е овој процес, се сеќавам дека @GigaWatt спомнуваше дека ги подигал со некоја од неговите алатки но не сакав да ризикувам за да не го напукнам процесорот.

Мммммм, браво за идејата, уште подобар од мојот метод :). Баш на работа има еден монитор, зеза, знае да углави (укочи) сред работа, се гледа, плочката под CPU сменила боја, така да, ќе да е од греење. И он има мало ладилниче, така да, баш ќе пробам ова со конецот за заби, би требало да биде уште побезболен метод од оној со моине алатчиња :P :D.

Кај ти текнало, алал ти вера :).

Она малку што остана од лепакот многу тешко излезе со крпче и алкохол, но на крај се исчисти (некаде прочитав со ацетон но и тоа не сакав да го пробам). :)

Мрсен (уљен) или нитор разредувач... но, има шанси да ги зезнеш лемните точки. Со мрсен имам вадено, нема проблем, со нитро чув од колега дека ваделе (не он, и он така чул :P :D), ама немам пробано. Потоа само зачисти се со контакт спреј, убаво истреси, да искапе тоа мрсното што останало од разредувачот и терај ;).

Најубаво се вади (барем од она што јас имам пробано) со сув контакт спреј (PRF 6-68), ама прилично скапи се боцичките (500 денари за 500ml), а може да потрошиш и пола боца на вакво чудо, зависи колку е добар лепакот :-\.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 28.02.2021, Sunday, 16:53:04
Еве што вадев со конец за чистење заби. :)
Хитсинкот беше фабрички накриво поставен, вероватно не било добро засушен лепакот па се изместил.

(https://i.imgur.com/l430uWd.jpg)

btw... Обичен конец би се скинал многу бргу па затоа одлучив со конец за чистење заби, кога завршив работа пробав да го скинам, не успеав. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 01.03.2021, Monday, 19:21:02
Знам, тие за заби се многу јаки ;). Попрво ќе си ја исечеш раката отколку што ќе го скинеш ;D.

Добра идеја, нема што :).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 25.03.2021, Thursday, 23:39:22
Дали некој има нарачувано од aliexpress  мали кутии за смд компоненти?
Дали се добри, дали се вадат компонентите од нив лесно, дали може да се пишува со маркер на нив или мора лепенки?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 25.03.2021, Thursday, 23:48:51
Пушти линк да видиме за што станува збор.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 26.03.2021, Friday, 00:18:06
Еве линк од еден модел.
Code: [Select]
https://a.aliexpress.com/_mPT1Xjp
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 26.03.2021, Friday, 00:52:14
Немам видено ваква во живо, ама ми делува ОК вака од сликите. Јас сепак кога би купувал за мене би земал од оние налик на папка што се, со страници со прегради внатре, пошто кога купувам SMD делови ми ги даваат во лента, не рефус како обичните.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 26.03.2021, Friday, 11:00:40
Дали мислиш на тое?
 
Code: [Select]
https://a.aliexpress.com/_mPvb3CFКолку што гледам собираат многу малку, на еден ред не собира повеке од 20 -25 компоненти.
 Не се практични, треба да се листа да се најде делот да се извади лентата па да се извади делот и пак да се врати лентата.
 Што би препорачале за поголеми смд компоненти?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: LordZi on 26.03.2021, Friday, 11:57:19
Еве на пр. си купил 100ком. 0805 1к отпорници, ти ги дале во лента, како ќе ги сместиш во тоа кутивчето од 10х18mm? Ќе треба или да ја сецкаш или да ги извадиш сите отпорници од лентата, во овој случај попрактична ми е оваа папката. Од друга страна пак папката не собира покрупни делови како електролити, поголеми калеми, ИК и сл.
Значи, најдобро и двете да ги имаш... :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 26.03.2021, Friday, 12:49:54
Колку што видов кај тие папки, не собираат повеке од 20-25 делови во еден ред.
Доколку купам 100 0805 отпорници пак ке треба да ја сечам лентата бидејки нема да ја собере цела бо еден ред.
Највероватно ке направам некоја комбинација од поголеми и помали кутии за складирање.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 01.04.2021, Thursday, 08:58:06
Јас користам кутии за сортирање, со папката имам чувство дека ќе се оштети за брзо а со овие што ги бараш ти проблемот е дека ќе треба да ги вадам од рејловите, а имам и друга проблематика тоа што нарачувам големи количини од исти елементи и нема да ми ги собира после по тие кутивчиња
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 01.04.2021, Thursday, 10:32:49
Линкот кој го постирав е како идеа за сортирање кое би ми одговарало. Нешто кое ке е соодветно за секојдневно коористење и ќе ми биде на дофат. Ми треба за сортирање на мал број компоненти, не порачувам големи количини (многу ретко повеќе од 100) и компоненти останати од проекти, компоненти кои се поретки/поскапи кои не се порачуваат во голем број.
Доколку порачуваш големи количини (1000+) тие кутивчиња сигурно не се соодветни (освен една цела кутија за еден дел )  ;D ;D. Обично смд компонентите во големи количини доаѓат на реил, не  е проблем да се чуваат така (намотани на реилот, освен ако се чувствителни на влага) или во некоја голема кутија да се стави реилот.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Devil on 08.04.2021, Thursday, 08:55:13
Вчера добив email од соработник од кина, со кој соработувам подолг период и ми кажа дека електрониката поскапува за минимум 25%, односно компонентите, и дека голем дел од производителиве поради кризата работаат нели со намален капацитет или воопшто неработаат посебно NXP, микрочип, тексас инструментс и ST
Ми даде предлог да си направам мала залиха на најчесто користените елементи, посебно интегралци, кристали и диоди.

Имајте во предвид доколку правите поголема количина на иста електроника дека ќе има поскапување на елементите, исто поскапено е и железот за некои си 30-35% а поскапени се и каблите за 20% во локалната продажба низ државава.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 08.04.2021, Thursday, 10:56:47
Ионака Aliexspress не е веќе тоа што беше порано, поготово со кризава со корона веќе имаат поскапено многу.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 08.04.2021, Thursday, 12:07:40
И јас имам приметено дека Алиекспрес се доста поскапени за разлика од пред година и пол. Веројатно и преку сите остансти сајтови за нарачка на електроника од Кина е поскапено купувањето.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 08.04.2021, Thursday, 13:20:21
Не е само Aliexpress или кинеските продавачи, насекаде поскапуваат електронските компоненти особено чиповите/интегрираните кола. Има огромен недостаток на силиконски плочи(silicon wafers) за производство на чипови, тоа најмногу влиае на зголемувањето на цените на електрониката/електронските компонент.
Цените во интернет продавниците се качени поради големата побарувачка и зголемените поштенки трошкови. 
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Hahahaha on 08.04.2021, Thursday, 20:16:07
Не зборев само за електрониката, општо за све земено покапено е Aliexspress
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 08.04.2021, Thursday, 20:18:48
Пандемијата си зима свој данок.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 12.04.2021, Monday, 21:57:17
Има огромен недостаток на силиконски плочи(silicon wafers) за производство на чипови

Во контекст со муабетот, налетав на ваков необичен оглас ;)

Code: [Select]
https://a.aliexpress.com/_mrMZttN
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 16.04.2021, Friday, 20:18:57
а што е поентава со шипонгов? На све ставија по мин 5$ шипинг.
ОВа со пандемијава беше намерно.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 16.04.2021, Friday, 20:35:51
Тежок заговор на Али за да качат шипинг па и цени. :)
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: dr-mr on 16.04.2021, Friday, 23:18:39
Поштарината се качи насекаде не само на aliexpress.  Поштенските/Шпедитерските компании за испорака особено интернационалните ги качија цените или додадоа екстра корона тарифа уште пред една година. Поради зголемениот online shopping имаат изговор да ги зголемат цените уште повеќе.
Цените на сите производи а и на поштенските/шпедитерските услуги ќе се зголемуваат, тоа е цената на модерниот начин на живеење.

Кој има ќе пржи, кој нема ќе си го др..   .
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 17.04.2021, Saturday, 01:47:55
Од кај конезите најмногу се купува т.е. најмногу се користи шипингот.
Епа тоа е модата, да се оделат богати пд сиромаси, кој има да приима, кој нема да рмба цел ден за парче леб.
Не ми требит модерен живоот, ми требит безплатен шипинг, ефтина кинрска роба и добро да су платен за што е можно полесна работа. Другото е помалце важно. Ама ко што кинисало ќе останиме да си го држиме со новите цени на масло ќе немат ни да прмиме. Јбг :D
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: Mkdsime on 21.10.2021, Thursday, 17:48:01
Во последно време имате нешто порачано од ebay или aliexpress ? Нашава пошта брзо и редовно ги носи пратките ?
Гледам на ebay цените се многу високи за ситните електронски делчиња, додека aliexpress има попристапни цени за ситните работи и кај повеќето е со "бесплатна" достава.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 21.10.2021, Thursday, 21:08:58
Во последно време само од Али пазарувам, нема никаков проблем.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: bicikle on 21.10.2021, Thursday, 22:16:21
немаш оти ен си СК, :D Овде е кога-како. еден број вели дека е пристигнат а ја немам добијано нишчо
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: krema on 21.10.2021, Thursday, 22:24:14
Можно е вакви работи да се случуват во метрополата. ;) j/k
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: GigaWatt on 22.10.2021, Friday, 20:04:35
Македонија и се е можно ;).
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: DX-er on 06.02.2022, Sunday, 11:41:26
Дали некој од вас нарачувал од Alibaba, какви е вашето искуство со нарачки од овој сајт ?
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: mikromk on 06.02.2022, Sunday, 12:02:45
Имам купувано само како правно лице, класична коресподенција дирекно со фирмата-продавачот,уплата преку банка на доставена профактура.
Незнам како е постапката со физички лица,но мислам дека не би требало да има некакви проблеми.
Title: Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
Post by: MarkoMK on 08.02.2022, Tuesday, 12:12:51
Дали некој од вас нарачувал од Alibaba, какви е вашето искуство со нарачки од овој сајт ?
Јас одамна нарачував, не сум пробал скоро, ама повеќе на големо мислам работеа