Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Z31GH on 30.11.2011, Wednesday, 18:50:43

Title: КТ радиостаница
Post by: Z31GH on 30.11.2011, Wednesday, 18:50:43
Во овој дел сакам да ви претставам една КТ станица. КТ (кратки таласи) полуларно наречена односно КБ (кратки бранови) е радиостаница што е најпопуларна кај радиоаматерите, поготово кај радиоаматерите со положена А-класа.
Во зависност од материјалните сретства кој што радиоаматерот може да ги одвоји за ова скапо хоби, зависи дали ќе купи постара радиостаница или посовремена радиостаница од поновата генерација.
Овде ќе ви го претставам легендарниот YAESU FT-101Z, една од најпокажаните радиостаници, иако е 30 години стара јас со неа го свртив светот. Мојте најдалечни радиоконтакти беа Австралија и Јапонија.

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0065.jpg)


(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/ft-101z.jpg)

ft-101z во акција

втората слика е малку постара и сликана со мобилен телефон.

Станицата го покрива подрачје од 160-10 метра бранова должина
Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: DX-er on 30.11.2011, Wednesday, 18:57:56
Спецификации

Опсег: 3,5-30 MHz (80/40/20/15/10 м) 160 метри, заедно со Б / Е / F серијата, 27,0-27,5 MHz (11/AUX-RX-Only), 10,0-10,5 MHz (WWV добијат само)
Модови: CW, USB, LSB, AM
Моќност: SSB 260 вати PEP DC во (130 вати), CW 180 вати PEP DC во (90 вати надвор), AM 80 вати PEP DC во (40 вати надвор).
Соединетите Американски Држави Freq Одговор: 300 - 2700 Hz
RX Freq Одговор: 300 - 2400 Hz Стандардна Yaesu SSB филтер, 500 Hz со опционална Yaesu CW филтер
Филтери по избор: 300 - 1800 Hz SSB тесен (Фокс Танго филтер), 250 Hz CW тесен (Фокс Танго филтер)
Аудио излез: 3 вати
AC напојување: 110-240V Rx 35 вати, TX 300 вати
DC моќност: 13,5 V Rx 0,5 засилувачи, TX 20,0 засилувачи
Тежина: £ 35
Големина: 13-1/2 "x 6" x 11-1/2 "

Извор и оригинално на англиски
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Yaesu_FT-101
Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: batka on 30.11.2011, Wednesday, 18:59:45
Стварно е *метузалем* ;D ;D Јас далечната 1974 година прв пат седнав на 101 -ата и работев на 3,7(SW i SSB) и 7,1 (CW) Mhz.Последна беше Icom IC-745 сите опсези.
Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: Z31GH on 30.11.2011, Wednesday, 19:04:55
Од FT-101 има повеќе серии, оваа е последната со аналоген дисплај, FT-101ZD е истата станица само со дигителен дисплеј. За разлика од другите серии од 101 оваа е најдобрата со доста измени

Споено мислење: [time]30 Ноември 2011, 19:56:17[/time]
Еве уште една КТ радиостаница, од поновата генерација, за ралика од постарите генерации, оваа станица не користи ламби туку транзистори. Оваа радиостаница се наоѓа во штипскиот радиоклуб Z37M кај спортскиот аеродром. Ова е најсовремената радиостаница што ја имам работено.

YAESU FT-1000MP

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/ft-1000mp.jpg)

радио контакт на Z31GH на 20 метри бранова должина (14 Mhz) со радиоаматерот PD1AH од Холандија

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/kontakt.jpg)

ОД ОВАА СТАНИЦА ГЛАВА БОЛИ БЕ!!!!!!!!!!   ;)

Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: Urahara on 30.11.2011, Wednesday, 20:35:24
Од FT-101 има повеќе серии, оваа е последната со аналоген дисплај, FT-101ZD е истата станица само со дигителен дисплеј. За разлика од другите серии од 101 оваа е најдобрата со доста измени

Споено мислење: [time]30 Ноември 2011, 19:56:17[/time]
Еве уште една КТ радиостаница, од поновата генерација, за ралика од постарите генерации, оваа станица не користи ламби туку транзистори. Оваа радиостаница се наоѓа во штипскиот радиоклуб Z37M кај спортскиот аеродром. Ова е најсовремената радиостаница што ја имам работено.

YAESU FT-1000MP

радио контакт на Z31GH на 20 метри бранова должина (14 Mhz) со радиоаматерот PD1AH од Холандија

ОД ОВАА СТАНИЦА ГЛАВА БОЛИ БЕ!!!!!!!!!!   ;)



Знам на што мислиш :) Неколку пати сум работел на истата. + опкружувањето од сите страни со линеарци го прави чуството комплетно :)
Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: Z31GH on 30.11.2011, Wednesday, 20:52:50
точно така Urahara. станицата е закон.

П.С. ако цитираш пост не мораш да ги цитираш сликите, можеш да ги отстраниш линковите со слики и само текстот ќе биде цитиран :)
Title: Одг: КТ радиостаница
Post by: DX-er on 30.11.2011, Wednesday, 20:57:47
Да, вака е подобро.