Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 05.10.2011, Wednesday, 08:21:48
-
Вчера ми донесоа КИТ -звучни кутии на база на ЕИ Ниш звучни единици.Од она што го видов се изненадив од квалитетот на новите серии звучници од Сврљиг .Значи комплет два баса,среднотонец и високотонец со свртница за едвај 40 ЕУ е добра прилика да направите звучна кутуја од средна класа.Кога велам средна,мислам на сериите од HSR со две бас единици,кои за воља на вистината јас лично не ги обожавам.Но,сооднос цена - квалитет сепак е на страна на купувачот и доколку имате можност за набавка во соседна Србија,а сакате да имате кутии за по дома,ама и за журки - еве прилика. Треба да составиме кутии да ги финализираме и да кажеме до кој степен се споредливи со некои стандарди.Засега ,од она што го имам во раце би дал оцена 3+ до 4- ;D ;D
-
браво батка, добиваш пиво за овоа кога ќе пројдам низ велес, а случајно да не имаш за со еден бас од 120вати :)
-
За нишки бас зборуваш,или..?? Каков бас 12 инчи или 10-ка?
-
да од 12инчи нишки бас иста е кутијата со овие :)
-
Земи ископирај една кутија од HSR 140 ;D ,а свртница ке ти дадам. Во ова кутија мислам дека место два баса може да се стави една дванаесетка ( има доволна литража!) и да се направи мала измена на свртницата.Сепак ке погледам дали имам нацрт на оригинална HSR kutija so 12 ka.
Споено мислење: [time]06 Октомври 2011, 07:33:51[/time]
Еве како би изгледала кутијата со 12-ка.Тука имаш и малку поупростена свртница за ХСР.Поупростена значи дека е работена по слух или * њух* што би рекол мојот цимер и колега Сале ,експерт за ХСР. ;D ;D Едно време ,во бивша ЈУ,овие кутии беа врв на она што се нарекува Хи-фи 8) Кој имаше вакви кутии беше *цар* и по денешен жаргон * нај кул фаца* :D :D : ;)
-
јас ги иман овие и многу се добри цел стан ми го тресат
-
Еве за новиот член Бошко_Ск ,ова е не многу стара тема за дискусија околу ЕИ - Ниш звучни кутии со два баса.Прочитај ја темава и ако има прашања ке дискутираме!
-
исто така и јас ги имам овие со 2 баса презадоволен сум само сакам да прашам дали може да се направат подобри скретници за обие кутии Поздрав
-
Ова последна свртница од Сале-Ниш е најдобрата што сум ја чул кај овие кутии .Спој ги двата баса паралелно.
-
дали би можело оваа скретница да се поврзат 2 та излеза за бас сериски и да се уклучи на 10 басс??
-
Oва свртница е работена за Нишките кутии за ХСР со два баса ,среднотонец и високотонец.За 10 ка нема простор тука,десетка во ХСР никогаш немало употребено! Ако сакаш свртница за 10-ка треба да знаеме карактеристики или барем модел па да видиме за што се работи!Прочитај ја целава статија по ред.На почетокот е дадена шема на најновата (сегашна) модификација на КИТ-от од Сврљиг,Р.Србија која сеуште ги произведува овие звучници!
-
Батка...не свакам од темава.....дека ти донеле нови неодпакувани звучници ?!?!?!?...бидејќи фабриката ја затворија во 1993...ја сум купувал директно од кај нив.....ама на крај ќив проблем без......
-
Да,се уште произведуваа фабриката во Сврљиг,ама сега се вика поинаку.Иначе ги има по Србија- Белград,Ниш....
-
Поздрав до сите на форумов и мило ми е што уште има некој што се интересира за електроникиве ;). Темава е малку стара ,ама имам едно прашање во врска со новата шема на скретницата. Кондензаторите за среднотонецот С2 и С3 да не треба да си ги заменат местата?