Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: BorceBT on 04.03.2010, Thursday, 15:35:25

Title: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: BorceBT on 04.03.2010, Thursday, 15:35:25
Најчесто од жештината во компјутерите први страдаат електролитските кондензатори во напојувањето и во матичната плоча. Во овој пост ќе видиме промена на електролитските кондензатори во напојувањето.

Симптоми: необично зуење, свирење на напојувањето или поекстремно: компјутерот сам се гаси по одредено време (кога ке загрее), трепери индикаторот за вклученост на компјутерот, нестабилна работа и понекогаш воошто не сака да се вклучи.

Решение: промена на електролитските филтер кондензатори на излезот од напојувањето.

На долната слика можете да видите отворено квалитетно напојување. Кондензаторите се лоцирани десно горе блиску каде што излегува снопот на жици (излезот).

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=662.0;attach=12749)

Кондензатори најчесто има два типа: од 1000uF (микрофаради) и од 2200uF (микрофаради). Колку и да бил нивниот напон (10V или 16V (волти)) на оригиналите вие од продавница за електронски компоненти си купувате неколку парчиња од 1000uF/16V и неколку парчиња од 2200uF/16V.

Ги одлемувате еден по еден кондензаторите кои се 1000uF, 1500uF или 2200uF и на нивно место ставате нови кондензатори (наместо 1500uF ставате 2200uF).

Многу битно! Електролитските кондензатори се поларизирани, имаат плус и минус. Минусот е обележан со црна линија на куќиштето на кондензаторот од страната на минус изводот. Многу е битно кога го ставате новиот кондензатор наместо стариот да го погодите плусот и минусот како што треба, во спротивно напојувањето нема да работи.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Zdravkovski on 04.03.2010, Thursday, 15:57:47
Ова е како добредојде за сите тред почеток на летото !
Само сум љубопитен постов го направи затоа што имаше проблеми со напојувањето или само како појаснување за членовите ?
И уште нешто околу ова зошто по неколку парчиња кога на сликата има само два лево ако убаво видов ?

Quote
Кондензатори најчесто има два типа: од 1000uF (микрофаради) и од 2200uF (микрофаради). Колку и да бил нивниот напон (10V или 16V (волти)) на оригиналите вие од продавница за електронски компоненти си купувате неколку парчиња од 1000uF/16V и неколку парчиња од 2200uF/16V./quote]
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Goce on 04.03.2010, Thursday, 17:08:29
Големите електролитите од левиот дел се на примарниот дел од напојувањето тие поретко се зезнуваат тие се со вредност 100uf/200v 220uf/200v 380uf/200v 470uf/200v зависи од напојувањето и  се споени во серија а има од десната страна помали електролити кој ги филтрираат напоните 12волтои 5волти 3.3волти  -12волти на секундарот од напојувањето они најчесто парават проблем.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Zdravkovski on 04.03.2010, Thursday, 17:33:45
А значи кондензаторите што се на секундар се тие кои повеќе се расипуваат јас си мислев дека оние што се на примар имаат повеќе мака поради мрежните отстапки ама не било така во секој случај фала за објаснувањето
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Cyberking on 04.03.2010, Thursday, 19:28:59
Мене ми рикна цело напојување од компјутерот го однесов на поправка ...ми рекоа дека не се правело ново ми ставија тоа.. го раштравиф за делови :)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: BorceBT on 04.03.2010, Thursday, 19:45:16
Ако може да примети некој на сликата еден електролитски кондензатор е истечен (кафеава течност над него) и два надуени меѓутоа најчесто кондензаторите не се гледаат дека се во дефект и затоа се препорачува да се заменат сите. А тоа по неколку парчиња за да имаш резерва за понатака бидејќи тие кондензатори што се нудат во нашите продавници за електронски компоненти може да траат уште помалку и од оригиналните.

Ова е како добредојде за сите тред почеток на летото !
Само сум љубопитен постов го направи затоа што имаше проблеми со напојувањето или само како појаснување за членовите ?
И уште нешто околу ова зошто по неколку парчиња кога на сликата има само два лево ако убаво видов ?/quote]
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Gestak on 31.03.2010, Wednesday, 11:00:49
Немора да значи дека ако има истечено кафеава течност по електролитот дека е изгорен може да биде и жолта,но сепак и каква и да биде  по боја ке биде и надуен малце.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: MAKEDONIA on 23.04.2010, Friday, 00:57:20
moze i plastikata da se zgrci od toplota i dase sobere na nekoi kondenzatori od dole nagore  a na drugi obratno
najvazno e da se do 105 celziusi da se nisko impedandni ida trpat golem rms struja obicno takvite dobri kondezatori imaat zelena, crvena ,lilava ,zlatna itn. D kolku e zagubnata struja ,za dobri  e 3mikroamperi
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 13:00:17
zosto namesto elektroliti so kapacitet od 1500uF da se stavat 2200uF?
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: BorceBT on 25.04.2010, Sunday, 13:11:42
Затоа што веројатно електролитите купени кај нас можеби не се со толку добар квалитет како оние купени на пример во германија што значи дека ако ставиме 2200uF наместо 1500uF ќе бидеме сигурни дека го имаат потребниот капацитет (и малку повеќе што не смета).

Сепак, некогаш просторот во напојувањето (големината на електролитите) е пресудна и електролити од 1500uF мора да се стават бидејќи оние од 2200uF нема да ги собере. Има мал ризик дека електролитите што сме ги купиле за да ги замениме оригиналните нема да се толку добри но мислам дека барем 1 година ќе работат добро.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 13:21:46
Капацитетот едноставно се проверува. Понатаму, не знам за другите, ама мене напојувањето ми е една од најбитните компоненти во системот. Сигурно нема да ставам електролити од 1 евро во напојување од 100-200 евра.

Елем, ме интересира дали можат да имаат негативни влијанија зголемените капцитети на електролитите.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Bojan on 25.04.2010, Sunday, 15:18:26
а гојдо кај ќе најдеш кај нас толку квалитетни електролити???
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Devil on 25.04.2010, Sunday, 15:25:23
нема да имаа никаков проблем ако се зголемат
ама не епотребно сето тоа, бидејќи напојувањето ти е импулсно
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 18:08:26
а гојдо кај ќе најдеш кај нас толку квалитетни електролити???
Пошто не се бавтам многу со електроника, не сум проверил дали има по нашиве бакалници за такви работи. Но не е проблем, ќе ги нарачам и ќе ги почекам неколку дена да пристигнат од странство.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Devil on 25.04.2010, Sunday, 18:16:18
има оние супер кап или како се викаат минијатурни се голем капацитет е сега незнам само за кој напон беа
ама некако цената им беше соленка
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Bojan on 25.04.2010, Sunday, 18:43:48
има за 5,5V 1F, ама па незнам кај може да се најдат...

а и гојдо....те знам и тебе од ИТ форумот и знам дека си мераклија за компјутери и (можеби) ти имаш пари, знаеш како се купува од интернет ама па некои го немаат тоа (ни пари ни знаат како се купува од интернет) како јас...па морам да се задоволам со тоа што го имам...
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 19:24:50
Тој делот со парите е малку да речам нерелевантен. Тој што има пари не се замара да поправа напојување, туку си купува ново. Парите нема да ти помогнат да научиш како се порачува од e-bay, amazon или друг онлајн шоп. Понатаму, многу работи се поевтини (и се разбира има неспоредливо поголем избор) да ги купиш од тие електронски продавници одошто од нашиве продавничиња.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: nCounTr on 25.04.2010, Sunday, 19:33:11
Тој делот со парите е малку да речам нерелевантен. Тој што има пари не се замара да поправа напојување, туку си купува ново. Парите нема да ти помогнат да научиш како се порачува од e-bay, amazon или друг онлајн шоп. Понатаму, многу работи се поевтини (и се разбира има неспоредливо поголем избор) да ги купиш од тие електронски продавници одошто од нашиве продавничиња.

Овде те поддржувам Кирил, се ти е на место кажано, имено имам сретнато лед диоди кои во странство ќе платиш 10 долари за пакет од 50-60 диоди а тука за тие пари ако земеш 10 ке бидеш среќен.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: gOJDO on 25.04.2010, Sunday, 20:56:27
Ај лед диоди може и ќе најдеш кај нас. Ама да не збориме за делови кои и да платиш 10 пати повеќе нема да ти ги донесе никој. Јас барав еден процесор за ноутбук, и скоро сите фирми ме откачија ко од пушка штом ќе спомнев процесор за ноутбук. Демек тоа немале, не носеле, и не ми рекоа ама го мислеа, дека немаат намера да донесат. Една фирма ми даде понуда од 430 евра и да чекам 30 до 90 дена. :D Истиот процесор во Амерка беше 370 долари, а јас на е-bay на старо го купив за 200 долари и со оглед на празниците и неработните денови ми стигна за 20 дена(требаше за 10).
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: nCounTr on 25.04.2010, Sunday, 21:09:26
Мене порачани делови за засилувачот ми стигнаа за 5 дена од кога ги порачав кој беа во вредност од 38 долари, но бидејки беше преку семплинг програмата на фирмата не платив ни денар, вчера ми стигна вториот пакет нарачан на ист начин од друга фирма па кога ке си идам дома вторник-среда ќе го сликам и него и ке го постирам на соодветната тема за семплирање.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: MAKEDONIA on 26.04.2010, Monday, 01:42:03
eve eden od 0,22faradi  5,5voltisto go imav doma izvaden e od eden star prenosen Toshiba od vremeto na 286 procesori ama ima vnatresna otpornost od 75 oma taka da moze da se koristi samo kako zamena za backup baterija
(http://www.pic.mk/images/dsc04694.jpg)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: SaleSk on 26.04.2010, Monday, 16:38:57
eve eden od 0,22faradi  5,5voltisto go imav doma izvaden e od eden star prenosen Toshiba od vremeto na 286 procesori ama ima vnatresna otpornost od 75 oma taka da moze da se koristi samo kako zamena za backup baterija

Па на тие електролити и тоа им е намената...  ;)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: MarkoMK on 04.05.2010, Tuesday, 20:39:23
А дали може да се користат половни електролити што не биле изложени на толку високи температури? Бидејќи имам дома еден куп (сигурно над 100) плочи од ЦРТ монитори, а исто така и многу стари телевизори и видеа?
Уствари, генерално, како да одредам дали е добар електролитот?
Имаше една шема во „Емитер“ за ESR - meter. Дали е тоа тоа?
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Devil on 04.05.2010, Tuesday, 20:44:33
Може да се користат такви електролити
за ЕСР тоа ти мери дали се исушени електролитите и може да се проверува со него
на форумов има шема од Борче која ти е мн поедноставна и е погодна за такви брзи тестови побарај ќе ај најдеш во Аналогна електроника во темите
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: SaleSk on 04.05.2010, Tuesday, 20:59:16
Уствари, генерално, како да одредам дали е добар електролитот?
Имаше една шема во „Емитер“ за ESR - meter. Дали е тоа тоа?

Tоа е тоа...Најдобриот инструмент некогаш направен за електролитчиња...Само има една маана. Мери електролити над 1 микрофарад и максимум 470 микрофаради...Се што е во овој опсег не промашува...Да не е он, јас искрено не би знаел што да правам...Права алатка, инструмент боли глава народски кажано.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: LordZi on 04.05.2010, Tuesday, 22:47:35
Кој го имаш правено - тој првиот што беше, аналогниот или оној поновиот, дигиталниот?
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: PCService on 10.05.2010, Monday, 01:43:12
klaj kondenzatori nekvalitetni i ke go prajs pa za edno 2 meseci

Едит (администратор): Фаворизирање или навредување на фирми е забрането и пишувањето на кирилица е задолжително.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: batka on 22.07.2010, Thursday, 15:01:14
Од искуство -  прво не се исплати секое напојување да се прави.Второ,ако немате доволно искуство не влегувајте во тој процес бидејки можете да ја средите матичната,РАМ-от,а богами и ХДД може да настрада. Ако ги замените електролитите ( не навлегувам нови - стари -скапи - евтини) следното е да го измерите напонот ( проблематичен е 12 в,иако страдаат повеке кондензатори во 5 в линија).На празно( само со вклучен кулер) напојувањето треба да се движи од 11,9 до 12,2 в .Ако по вклучувањето напонот паѓа под 11,7 веројатно е дека на 11,6 ке се рестартира компјутерот,а ако се качува над 12,2 в и оди до 12,5 веројатноста да се рестартира е голема.Проблемот е што зголемениот напон асоцира на квар на матичната ( може и ХДД!).Неисправната матична плоча го зголемува напонот и на сосема ново напојување! Тука нема лек - сменете ја матичната пред да ви откаже РАМ,ХДД, графичката,дури и ЦД ромот.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Devil on 22.07.2010, Thursday, 17:51:50
а како успева да го зголеми напонот, кога на излез од напојувањето има стабилизатор кој не дозволува да се зголемува од одредено ниво
доколку се зголеми тогаш колото се „рестартира“ и го паѓа напонот пак на одредено дозволено ниво, сето ова се одвива со огромна брзина така да не се ни осеќава дали имало пад или раст на напонот, за тоа се подобри импулсните напојувања од обичните :)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: batka on 29.07.2010, Thursday, 15:07:44
Како успева да го зголеми,тоа е прашање за една поширока тема.Верувајте,ако матичната не  е во ред,првото мерило е зголемувањето на напонот 12 в.Доколку ставите ново напојување и повторно напонот започнува прогресивно да расте кон 12,5 в - 90% матичната е *тргната*.Пронајдете на интернет има интересни објаснувања за импулсните напојувања.Тука не вреди ниту ограничување,ни стабилизација.Точно е дека во прво време компјутерот ке се рестартира,ке исклучува,ама што ке ти е таков.Друго беше зборот: кога ке го поправате напојувањето или заменувате со ново напојување,сепак мерете го напонот,бар неколку часа( ако имате време) за да бидете сигурни.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: SaleSk on 29.07.2010, Thursday, 22:27:12
Како успева да го зголеми,тоа е прашање за една поширока тема.Верувајте,ако матичната не  е во ред,првото мерило е зголемувањето на напонот 12 в.Доколку ставите ново напојување и повторно напонот започнува прогресивно да расте кон 12,5 в - 90% матичната е *тргната*.Пронајдете на интернет има интересни објаснувања за импулсните напојувања.

Batka, Прашањето е малку комплексно...И во 80% од случаите најчесто страдаат 6,3 волтните електролити, оние од 1500, 2200 или 3300 микрофаради...Барем така било во 80% од случаите до сега што сум ги имал, а оние 20% остануваат на електролити од 12 волти кои настрадале, а притоа матичната останала читава заради некоја голема среќа.
А зошто напојувањата го зголемуваат напонот, и тоа е многу повеќе од јасно...Секогаш кога има проблем со електролити на матична, прво го проверувам напојувањето и сум сигурен дека тоа е изворот за проблемот. Квалитетот на вградените делови е ужасен...Проблемот лежи во електролитите во примарниот дел на напојувањето, а не во секундарниот... оние малите, од ред на големина од 1-10 микрофаради...И да не разглабам понатаму, мислам дека на сите им е ова познато..

Кој го имаш правено - тој првиот што беше, аналогниот или оној поновиот, дигиталниот?

Тој првиот, аналогниот...Презадоволен сум...
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: danix01 on 26.07.2011, Tuesday, 12:43:10
дали би било во ред да  ги заменам кондензаторите на влез едниот од 200микроф е подуен и двете диоди од грцовиот спој ги покажува како кратка врска и пред малку пукна осигурувачот.дали мозе да се поправи?
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: batka on 26.07.2011, Tuesday, 12:53:12
Тоа е наједноставна грешка.Поради греење или  зголемен напон доаѓа до *подување* на електролитите во влезниот дел и се ствара краток спој од кој страдаат диодите во грецот и тоа мислам почесто оние кон - полот.Смени ги двата електролита  и  двете диоди,како и осигурувачот и треба да тргне напојувањето.Барем најчесто е така.Што се однесува до тоа кои елко најчесто страдаат убедливо се оние на 5В линија ,најчесто со 6,3В работен напон кои не се квалитетни.Често пати ги менувам со 16В -ни,кои многу повеке траат.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: danix01 on 26.07.2011, Tuesday, 13:04:43
фала ти батка ...ке пробам
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: ZareBt on 26.07.2011, Tuesday, 20:19:28
Вака да прашам..На брачеда ми комп. ќе стартува, се грева Виндовсот. Се убо сите тие работи.
Арно ама во последно време не се гаси ко шо треба. Исклучен е, а уствари работи. Го слуша како работи куќиштето. Келерот на матичната(тој малио) и на графичката ВООПШТО не вртеа. Тие ги среди.
По одредено време(месец 2), од ко ќе го исклучи комп., следниот ден воопшто не можи да го пушти.
Или па ќе стартува и оппп одма се гаси.
Се случи еднаш и воопшто да неможи да се кредни виндовсот.
Го однесла кај некој другар, тој му рекол дека кога го однесла да се појача комп. не соодветни компоненти му ставиле внатре.
Исто така, му рекле и дека слабо му е напојувањето за тој комп.
Требало да има напојување од 550W ама реални.
Дали ако ги промени електролитите во напојувањето ќе го реши овај проблем?!
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Bojan on 26.07.2011, Tuesday, 21:10:41

друже што компјутер има братучед ти жити се...550W напојување да му треба...
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: GigaWatt on 26.07.2011, Tuesday, 21:23:41
Можно е да му треба само чистење и подмачкување на кулерите, ништо повеќе ;).
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: batka on 26.07.2011, Tuesday, 21:38:12
Постојат повеке програми за тестирање на целокупниот РС .Од интернет симнете 3DMARK  или Хајренс ( било која варијанта!) и истестирајте го.Тоа е најсигурен метод.Сепак по некои симптоми покажува дека матичната плоча е при крај.Но,сепак треба да се направат тестовите.
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: ZareBt on 27.07.2011, Wednesday, 01:43:12
Delux му е куќиштето. Купен му е од Амц.
Така му кажале неа, така јас кажвам овде  ;D
Исто, тој чоекот му кажам програми 2 за чистење на комп.
Е сеа дали ќе кажи некој дали ако ги смени кондензаторите ќе стани појако напојувањето?!
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Bojan on 27.07.2011, Wednesday, 01:45:55
Delux му е куќиштето. Купен му е од Амц.
Така му кажале неа, така јас кажвам овде  ;D
Исто, тој чоекот му кажам програми 2 за чистење на комп.
Е сеа дали ќе кажи некој дали ако ги смени кондензаторите ќе стани појако напојувањето?!

нема да му стане појако напојувањето што сака нека прави, ако и напојувањето му е DELUX завршил работа...пиши што делови има па да видиме што  напојување ке треба :)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: ZareBt on 27.07.2011, Wednesday, 01:47:21
Дада. И напојувањето му е Делукс.
А да делој, ко ќе одам Скопје тогаш..  ;D
сепак фала за одговоро  ;)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: GigaWatt on 27.07.2011, Wednesday, 02:07:15
нема да му стане појако напојувањето што сака нека прави, ако и напојувањето му е DELUX завршил работа...пиши што делови има па да видиме што  напојување ке треба :)

Може со промена на прекинувачките елементи во напојувањето со појаки, но нема да му се исплати, повеќе ќе му се исплати да купи ново напојување.

Сепак, во право е Бојан, пиши што компоненти има куќиштето, па ќе ти кажеме какво и колку моќно напојување треба другар ти да купи ;).
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: ZareBt on 27.07.2011, Wednesday, 02:09:43
За компонентите треба да одам до Ск оти таму живеј брачеда ми.
Ако се разберам по телефон да ми кажи арно  ;D
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: Bojan on 27.07.2011, Wednesday, 02:12:45
нема да му стане појако напојувањето што сака нека прави, ако и напојувањето му е DELUX завршил работа...пиши што делови има па да видиме што  напојување ке треба :)

Може со промена на прекинувачките елементи во напојувањето со појаки, но нема да му се исплати, повеќе ќе му се исплати да купи ново напојување.

Сепак, во право е Бојан, пиши што компоненти има куќиштето, па ќе ти кажеме какво и колку моќно напојување треба другар ти да купи ;).

DELUX ли напојување да преправа...ни заштити има некои ни ништо, убаво дај си 2-3000 денари за напојување асално и шибај си немај си гајле :)
Title: Одг: Поправка на компјутерско напојување (замена на електролити)
Post by: ZareBt on 27.07.2011, Wednesday, 02:19:09
Ама дури не ги дознајме компонентите неможиме да знајме колку ватно напојување ќе треба.
А со то и цената на напојувањето.