Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 03.07.2011, Sunday, 15:45:39
-
Доста пријатели имаат проблем со малите компјутерски звучници на кои најчесто им прегорува мрежниот трансформатор.Проблемот е што овој трафо е минијатурен и тешко се наоѓа адекватен на пазарот.И цената е скоро 1/2 од цената на новите звучници.Решението го баравме во вградување УСБ кабел на самата плочка,но постоечките ИК ( обично ТДА 2822 !) на 5 V слабо работат! Затоа започнав со *производство * на вакви уредчиња на кои се прикачуваат 3,5 мм џек со кабел и самите звучници.Имам неколку направено и залиено со аралдит ( забарска пластика) па изгледаат сосема пристојно.Еве шема,но внимавајте на димензиите на плочката бидејки таа директно влегува во УСБ портот :D Водовите е пожелно да се посребрени или барем калајдисани ! 8) (Да не биде реклама - проводно сребро може да се набави во Алфа електроника!)
-
Батка, малце офтопик, да не знаеш кај има да се купи аралдит кај нас, мене порано некои роднини ми носеа од охис , од нивниот што им беше за интерна употреба, ама го затворија.
-
Јас го позајмувам од еден другар ,заболекар.Мислам дека го купува во некоја продавница на РЕПЛЕК (барем така мислам се викаше!?) некаде спроти Градежен факултет.Таму продаваат заботехнички материјали.Иначе и во Велес има близу до мене фирма која работи со такви работи,ке прашам.
-
Овој уредов што го имате ставено за изработка го има во Еми медиа, и мислам дека целиот е околу 300 до 400 денари. Сеа баш и не знам дали ќе се исплати да се прави. Тоа интегралното коло ТДА колку ќе те кошта да го купиш, а и прашање е дали го има кај нас.
-
Здраво
Ме интересира до кои мили амепери ке дава УСБ конекторот? која снага ќе се извлече ?
-
максимална струја што може да ја даде USB порт е 0,5А или 500mA..повеќе од тоа и ке ти цркне матичната...
-
Цената на интегралчето на големо е 40 денари,а целата конструкција не чини (за 10 парчиња!!) повеке од 800 денари.Најефтиниот пар звучници кај мене е 240 денари. ЕМИ се малку скапечки! :D
-
Здраво
Ме интересира до кои мили амепери ке дава УСБ конекторот? која снага ќе се извлече ?
максимална струја што може да ја даде USB порт е 0,5А или 500mA..повеќе од тоа и ке ти цркне матичната...
Зависи од матична плоча до матична плоча, некои може да дадат и 1.5A, нема баш некое правило. Најпрецизно можете да определите доколку ги видите ознаките на MOSFET драјверите за USB портите на матичната плоча, да симнете datasheet и да видите која им е максималната струја која може да протече низ нив ;).