Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 11.03.2011, Friday, 19:58:57
-
Симни ја сликата за да можеш да ја видиш 100%та големина
(http://img62.imageshack.us/img62/8819/transmitterschematic.gif)
Coil less Am Transmitter (http://www.youtube.com/watch?v=VcUqRXoDQ30#)
-
воа вреди да се проба навистина е интересно
-
Oвој АМ предавател е супер, и според модулацијата многу личи на останатите АМ радио станици во етерот. Добро нешто е што можеш со ептен евтини транзистори да му направиш моќен засилувач и да постигнеш огромен (меѓудржавен) домет и без оптичка видливост. Да не речам со некој транзистор како 2N3055
-
Со 2н3055 ке пука тој е 100ватен
-
Чисто се сомневам дека ова би дало *чист* сигнал. Според изградбата ќе зрачи еден тон хармоници и друго ѓубренце по етер
-
Чист сигнал нема ниту еден предавател, колку за пример и скопското локално радио скај има хармоници, баш имам фатено на ТВ приемник на UHF. До душа неговиот предавател како што имам слушано е home made. Секој предавател има хармоници, но за тоа постојат филтри :)
-
Чист сигнал нема ниту еден предавател, колку за пример и скопското локално радио скај има хармоници, баш имам фатено на ТВ приемник на UHF. До душа неговиот предавател како што имам слушано е home made. Секој предавател има хармоници, но за тоа постојат филтри :)
Потполно се согласувам, но не гледам дека филтри имаат интеркорпорирано во ова предавателче :)
-
Филтрите се ставаат на крај, после излезниот засилувач пред антената ;)
-
Така е филтрите се поврзуваат пред антената кај излезниот транзистор тоест после него многу интересна е шемава браво а да не постои предавател кој не дава виши хармоници а комо ли АМ предавател секогаш сигналот на носителот треба да е позитивен носителот е втиснат во анвелопата тоест во амплитудата а анвелопа е самиот врв на амплитудата и секогаш кај кам-сигналот тоест сигналот што се користи во ам подрачјето треба да е со позитивна анвелопа бидејќи има загуби околу седумдесет посто кај ам предавателите ако беше негативна анвелопата како кај ам-2Б0 сигналот не праиме ништо се губи
-
Не знам кој и каде го тестирал предавателов ,ама сигурно прплец ги правел ТВ апаратите наоколу. Ова е само експериментален модул,далеку е за една озбилна градба,поготово со АМ модулација,којаима многу мал степен на искористување. Друго, овој тип модулација е премногу широк за квалитететн пренос на музика или говор ( како од бочва).Сватете го ова само како експеримент.