Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: macstr1k3r on 10.01.2010, Sunday, 14:01:04

Title: Помош околу поларитет на звучници
Post by: macstr1k3r on 10.01.2010, Sunday, 14:01:04
Значи вака, татко ми растурил еден стар ТВ, неговите звучници се многу добри па барем тоа му текнало и не ги фрлил. Али кога растурал не гледал што како било поврзано па сега незнам која жица е +, а која е -! ако може малку помош како да откријам што е што.
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: BorceBT on 10.01.2010, Sunday, 15:33:12
Многу едноставно: Земи батерија од 9 волти што не е празна. Плус на батеријата е помалиот контакт а минус поголемиот контакт. Е сега, кога ќе го поврзиш звучникот директно на батеријата ако при поврзувањето мембраната излегува нанадвор значи каде што го ставаш плусот од батеријата на контактот на звучникот тоа е плус на звучникот а ако мембраната оди наназад значи е обратно. Се надевам дека е јасно.
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: SaleSk on 14.01.2010, Thursday, 02:19:57
Се е тоа фино као е објаснето, но јас не би пробал со 9 в батерија...Би го направил тоа со 1,5 в батерија...
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: BorceBT on 14.01.2010, Thursday, 02:29:22
Да, зависи од звучникот, ако пробуваш поларитет на мали звучници (под 5 вати) извадени од радија или компјутерски звучници со 9 волти има мала шанси да прегорат. Се што е над 5 вати може слободно бидејќи со батеријата од 1.5 волти едвај може да се забележи дали мембраната мрда, поготово на голем звучник (над 50W) или ако над звучникот има некоја мрежа. Со батерија од 9 волти е сосема друго и добро се гледа на каде излегува мембраната. Исто така батеријата од 9 волти нема доволна струја за да може да го изгори звучникот ако е појак од 5 вати. Значи пресметка: во најлош случај батеријата ќе биде поврзана на звучник од 4 оми. На 9 волти тоа би било 2.2А. Меѓутоа 9 волтната батерија макар и нова алкална над 1 ампер тешко дека ќе даде значи тоа е околу 4 вати максимум на 4 оми звучник.
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: SaleSk on 14.01.2010, Thursday, 08:18:29
Меѓутоа 9 волтната батерија макар и нова алкална над 1 ампер тешко дека ќе даде значи тоа е околу 4 вати максимум на 4 оми звучник.

За батерија од 1,5 в сум 100% сигурен дека дава струја над 4А, а за батерија од 9 в не сум баш сигурен дека дава баш до 1А струја...Немам при рака да проверам...Видиш не ми текнало  ;D
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: Devil on 14.01.2010, Thursday, 15:32:05
каква батерија е таа од 1.5V што дава 4А ??
оние нормалните АА батери нема шанси толку да дадат
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: SaleSk on 14.01.2010, Thursday, 16:13:22
Сакаш со слика и инструмент доказ?
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: BorceBT on 14.01.2010, Thursday, 16:16:54
Devil, дава на краток спој нова алкална АА батерија 4 ампери и повеќе, NiMh дава на краток спој и 10А а NiCd дава на краток спој дури 20А (ова се зборува за нови, полни и квалитетни батерии).
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: DX-er on 14.01.2010, Thursday, 17:35:45
Aма тие ампери се моментални а не ампер часови?
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: BorceBT on 14.01.2010, Thursday, 17:50:44
Моментални кога ќе направиш краток спој неколку секунди, амперажата потоа паѓа заради внатрешно греење на батеријата.
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: SaleSk on 14.01.2010, Thursday, 18:51:35
Благодарам Борче што ме претрка со одговорот...
Мислам дека се разјасни ситуацијата  ;)
@DX-er
Значи беше збор за течење на струја а не на капацитет од ампер часови....NiMH  батериите имаат свој дефиниран капацитет изразен во Ah, како на пример полнивите батерии од 2000mAh , 2200mAh итн, оловните акумулатори итн, а во затворено коло има течење на струја а не на струја изразена во амперчасови...
Бидејќи разговаравме за коло составено од намотка (од звучникот со отпорност од 4 оми) и извор на батерија од 1,5 V, односно 9 V.
Поздрав  ;)
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: macstr1k3r on 29.01.2010, Friday, 12:39:38
Извинете што каснам со одговорот. Али бев зафатен овој период и заборавив. Пробав со 4,5V батерија и функционираше. Со 9V не ни мрдна. Немам појма зошто. Фала на сите за одговорите!
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: BorceBT on 30.01.2010, Saturday, 01:38:33
Батеријата 9V најверојатно си ја извадил од далечинското и била толку слаба (во ампери) што не го ни подмрднала звучникот :) Иначе кога зборуваме за батерии мислиме на нови и алкални.
Title: Одг: Помош околу поларитет на звучници
Post by: Niccolla on 10.05.2010, Monday, 01:38:34
Боро - Сале од Скопје е во право. Кога пробуваш звучник со еднонасочен напон добиваш место звучник ," погоди шо" греач. бидејки звучнио калем не е во променливо поле тој ја троши енергијата од батеријата за да стигне до максимумот и потоа да си грее. со 9 волтна батерија можиш да прегориш и 200 ватен бас кога батеријата е нова, моментално тоа нема да се деси, треба најверојатно 1 минута за тоа.Бидеји при проверка на поларитет на звучнико не ни одзема време поке од 2 секунди нема причина за паника, а и 9 волтните батерии имаат поголем внатрешен отпор бидејки се сериски извор така да и една минута на 4 ома можи да ги испрасни оние нивни 200 милиамперсати. Се надевам дека сум јасен.